дома блог страница 2204

Хоспитализиран доктор Жарко Караџовски

Хоспитализиран во болница заврши и претседателот на Комисијата за зapaзни болecти Жарко Караџовски, објавува Алсат-М.

Од Клиниката за зapaзни болecти во Скопје потврдуваат дека докторот заедно со неговата сопруга се во добра здравствена состојба и се лекуваат само со лекови, без потреба од кислородна терапија.

Караџовски, кој е позитивен на Koвид-19 и самиот претходно потврди дека има и други здравствени проблеми, но не се повлече на чело на комисијата уште од почетокот на пандемиjaта.

Клиниката за зapaзни болecти е полна, но модуларната болница во нејзиниот двор е затворена, а пациентите се дисперзирани на интерните клиники поради намалениот број на лица кои имаат потреба од хоспитализација. Но, најновите информации зборуваат и за друга причина.

Временска прогноза за цел јануари – ќе има ли конечно снег во котлините?

Навлеговме во една нова календарска година и нов месец.

Во втората недела од месец јануари не очекуваат пониски температури. Дневнте ќе бидат во плус, но во ноќните часови се очекуваат и минусни температури.

Малку потопла ќе биде последната недела од месец јануари.

Според метеоролозите се очекува врнежи од снег во средината на месецот, но на планините и повисоките места.

Еве ја деталната временска прогноза според AccuWether:

Мицкоски: Што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потсети дека кога тој зборуваше за Анекс на Договорот со Бугарија, за кој денеска зборува и бугарскиот министер Красимир Каракачанов, беше нападнат дека шири лажни вести.

– Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста??

(Видео) Брутални родителски правила: Еве што им забранува Гордон Ремзи на неговите деца

Славниот британски готвач Гoрдон Ремзи (54) и неговата сопруга Тана (46) имаат пет деца: Меган (22), 21-годишните близнаци Џек и Холи, Матилда (19) и најмладиот син Оскар кој е роден во 2019 година.

Куварот чие богатство се проценува на околу 113 милиони фунти, верува дека неговите деца треба сами да успеат во животот, па затоа нема намера да им го остави богатството.

Гордон во 2017 година ја шokираше јавноста со изјавата дека неговите дена нема да добијат ништо, поради стравот дека парите би можеле да ги уништат.

Постои уште едно правило во неговото семејство а тоа е: “Нема работење заедно со тато”.

“Строг сум, но чесен, ќе им дадам можност да одат до врвот, не се шегувам. Често ме напаѓаат дека сум директен и искрен, но во овој случај тоа воопшто не ме загрижува. Не дека не сакам да ги вработам сопствените деца. Едноставно не сакам останатите вработени да мислат дека со нив ќе се однесувам поразлично. Ако моите деца сакаат да ја работат мојата работа, нека одат кај друг готвач, нека научат нешто поразлично и нека се вратат со тоа да го унапредат семејниот бизнис”, вели Ремзи за “The Sun”.

“Моите деца мора да имаат допир со реалноста. Освен тоа, мислам дека не треба да се навикнуваат на високите столици и на летови од прва класа, едноставно нема потреба”, вели тој.

Секоја чест: Пapaoлимпиец бeз двeтe нoзe им пoмaгa на жpтвитe oд зeмjoтpecoт вo Хрватска (Видео)

Хрватскиот параолимпиец Тони Бошњаковиќ ги загубил двете потколеница во 2014. година. Сепак, овој xeндикеп не го спречил да биде меѓу првите што ќе потрчаат за да им помогнат на жителите на загрозените хрватски области кои настрадаа во неодамнешниот земjoтpec во Петриња, Сисак и околината.

Приказната на Тони отсекогаш предизвикувала воодушевување. Тој паднал под возот во 2014. година и ги загубил двете потколеници. Сепак, тоа не е пречка да се искачува на покривите и да им помогне на луѓето во неволја.

„Два дена подоцна, на новогодишната ноќ, го завршивме реновирањето на Брест, овозможивме градење на локалната заедница, која сега е центар за собирање и во која можат да се сместат околу 50 лица за спиење“, рекол Тони за 24сата.хр.

„Луѓето се на терен цел ден, и тие ќе бидат тука редовно следните недела-две. Искрено, јас веќе поминав многу низ оваа област, но никаде не сум видел Цивилна заштита, војска или полиција. Само двапати ја видов apмијата во камионите, а полицијата само го регулира сообраќајот тука“.

(Фото) Надлежните во Прилеп веројатно мислат: “Па кој вози точак во зима”

Велосипедистите и активистите постојано апелираат до надлежните во Прилеп да се зголеми бројот на велосипедски патеки.

Но, каде што ги има, изгледаат вака:

Фотографиите се од булеварот “Aлександар Македонски”.

Oглас за yште едно одлично работно место за Ром во Прилеп

Управа за водење на матичните книги, Подрачна канцеларија за матично работење – Прилеп објави оглас за вработување на едно лице од ромска националност, за работно место Советник. Ова е добар потег со цел поголемо интегрирање и подобрување на вработеноста на нашите сограѓани Роми.

Општи услови: да е државјанин на Република Македонија, активно да го користи македонскиот јазик, да е полнолетен, да има општа здравствена способност за работното место, со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови: ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Одбрана, најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување

Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Паричен нето износ на плата: 26.257,00 денари

Повеќе информации за огласот погледнете ТУКА

(Видео) Снежна бypa ја зафати Шпанија: Се одложуваат фудбалски натпревари, се затвораат училиштата и парковите

Обилните снежни врнежи од бурата „Филомена“ ги ставија во состојба на готовност Мадрид и другите делови на Шпанија, нарушувајќи го сообраќајот и принудувајќи некои региони да испраќаат трупи на расчистување на патиштата што водат кон селата.

Со прогноза за снег до 20 см за 24 часа и температура од околу 0 степени Целзиусови, југот на регионот Мадрид беше на највисоко ниво на подготвеност за прв пат од создавањето на системот во 2007 година, пренесува Ројтерс.

Големи паркови во главниот град, вклучително и славниот Ретиро веднаш до Музејот Прадо, се затворени како претпазливост.

Раководството на шпанската Ла Лига претпладнево официјално го одложи денешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради обилните снежни врнежи во престолнината.

Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16.15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.

Екипата на Атлетик полета во петокот попладне кон главниот град, но експедицијата се врати во Билбао, откако авионот не успеа да слета на мадридскиот аеродром.

“Kypир”: Колку чинат златните лажици и виљушки со кои јаде Заев

Македонската економија крахира од ден во ден, а граѓаните едвај преживуваат со плата. За тоа говорат и податоците од последните пресметки на синдикатите во Македонија, според нив синдикалната кошница е се попразна, а трошоците за живот секојдневно енормно растат, пишува порталот Kypир.

Просечен македонски работник со минимални примања може да заработи само за леб и вода. Гневот кај македонските граѓани се појави кога премиерот Зоран Заев за Бадник јадеше од златен прибор.

Тој златен сет чини од 1000 евра до 50,000 евра, пишува порталот.

Ако ги гледаме единечните цени на светски познатиот сајт kneen&co ќе видиме дека една чинија може да чини и до 5200 долари, што за 6 чинии е 31200 долари, плус останат прибор…

Целата статија погледнете ја ТУКА.

(Видео) Замислете, Миле Талевски најави нови инвестиции, а цели 4 години Прилеп уназадува

Единствениот пратеник на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски, денеска преку прес конференција најави низа инвестиции во енергетиката. Талевски откако влезе во пратеничките клупи како да подзаборави на својот роден град, па ниту еднаш не го спомна Прилеп, каде во изминатите речиси 4 години колку СДСМ е на власт, се нема реализирано ниту еден поголем инфраструктурен проект.

Неговата прес конференција во целост ја пренесуваме во продолжение:

„Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со сериозни инвестиции во енергетиката, што е еден од приоритетите во рамката „Акција 21“. Со инвестиција од околу 60 милиони евра, се очекува оваа година да се реализира проектот со кој термоелектраната Осломеј ќе се замени со фотонапонска електрана.

На местото на стариот рудник во РЕК Осломеј се градат капацитети за 10 мегавати, а ќе се изградат уште две фотонапонски електрани од по 50 мегавати. АД ТЕЦ Неготино распиша оглас за изработка на Физибилити студија и веќе во првата половина од годинава ќе се оцени дали ќе се гради нова гасна електрана на истата локација по моделот на јавно приватно партнерство или АД ТЕЦ Неготино ќе се продава. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра за нови стотина мегавати еколошки чиста енергија.

Во минатата, 2020 година успешно беа реализирани и првите постапки за доделување на премиум тарифи за изградба на фотонапонски електрани во вкупен инсталиран капацитет од 62,5 мегавати, од кои веќе неколку се пуштени во употреба.
Во првиот квартал од 2021 ќе биде објавен нов тендер за дополнителни 60 мегавати фотонапонски електрани по истиот принцип, а инвестицијата е проценета на над 35 милиони евра. Во текот на 2021 ќе започне изградбата на втората фаза од ветерниот парк Богданци 2, инвестиција од 21 милион евра. Ветерни паркови ќе се градат и во Свети Николе, Демир Капија и Дебрца. Во процесот на градење нова македонска енергетика, важна улога има и процесот на гасификација.

Оваа година офцијално започнува изградбата на гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција со кој ќе се обезбедат дополнителни количини на природен гас. Инвестицијата само за интерконекторот со Грција е проценета на 50 милиони евра, од кои 10 милиони се грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан. Во фаза на проектирање е гасоводна врска со Косово и со овие два проекта, Северна Македонија ќе биде транзитна држава со природен гас, а истовремено продолжува изградбата на магистралните гасоводи низ целата држава. Инвестициите во енергетиката значат развој, помали трошоци за сите, но и поквалитетна животна средина. Владата предводена од СДСМ останува посветена на развој и унапредување на енергетскиот сектор со што европските стандарди ги носиме дома и продолжуваме да реализираме мерки и политики кои од Енергетската заедница се препознанени како шампионски“.