Мицкоски: Што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потсети дека кога тој зборуваше за Анекс на Договорот со Бугарија, за кој денеска зборува и бугарскиот министер Красимир Каракачанов, беше нападнат дека шири лажни вести.

– Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини.

Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста??




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.