дома блог страница 2203

Исчезна еден од најбогатите луѓе на светот?! Нема трага откако ја критикуваше кинеската власт

Гласините за исчезнувањето на еден од најбогатите луѓе во Кина, основачот на компанијата „Алибаба“, милијардерот Џек Ма, се шират на кинеските социјални мрежи и веќе се појавија на страниците на светските медиуми. Тој последен пат се појави во јавноста кон крајот на октомври, откако се спротивстави на кинеската политика кон технолошките компании.

„Исчезнување на милијардерот“, „Каде е Џек Ма“, „Исчезна Џек Ма“ – насловите се „Телеграф“, „Форбс“, „Фајненшл тајмс“, „Си-Ен-Ен“, „Фокс“, „АБ“ „Блесок“ и други.

Според телевизијата АБЦ, милијардерот не се појавил во јавноста повеќе од два месеци. Последен пат беше виден на 31 октомври на настан организиран од „Алибаба“.

Според некои најави, според телевизијата, тој го пропуштил големото финале на сопственото реално шоу „Африкански деловни херои“, иако требало да биде главниот судија. Џек Ма претходно изјави дека со нетрпение го очекува овој настан.

„Гласините за неговата локација брзо се проширија низ кинеските социјални мрежи, бидејќи неговото исчезнување следеше по скандалозниот говор на самитот на 24 октомври“, пренесува телевизијата.

Во декември, Генералниот директорат за антимонопол и регулирање на пазарот на Кина започна истрага против компанијата „Алибаба“.

Прилепчанец го загyби животот на автопатот Велес-Скопје

На 10.01.2021 околу 09,35 часот на автопатот Велес – Скопје патничко моторно возило „мазда“ со прилепски peгистарски ознаки, yпpaвyванo од В.С.(66) од Прилеп во кое сопатник била Д.С.(88) од Прилеп излетало од коловозот.

-На местото на настанот починал возачот В.С., додека во Општа болница Велес од доктop на Д.С. и се конcтатиpaни повpeди.

Телото на починатиот по наредба на jaвен обвинител е пpeдадено на обдyкциja. Извршен е yвид на мecтото на нacтанот од jaвен обвинител и екипа од СВР Велес – информираат од МВР.

Невеста се омажила со еден од гостите, откако младоженецот одлучил да избега од свадбата

Невестата се омажила со еден од гостите, откако младоженецот во последен момент се исплашил и избегал од свадбата.

Свадбаената церемонија била закажана заедно со венчавката на братот од младоженецот, па семејствата одлучиле на ист ден да имаат две веселби.

Големиот ден требало да биде 3 јануари, а ден претходно младоженецот Навин и невестата Синдху биле дел од предсвадбените настани.

Но, на денот на свадбата Навин одлучил да не го каже судбоносното “да” и заминал кај неговата девојка.

Како што пренесува “Bangalore Mirror”, oткако младоженецот избегал, семејството на невестата не сакало да си замине дома без свадба, па одлучиле да побараат нов младоженец меѓу гостите. За среќа имало еден “волонтер” кој доброволно се пријавил да се ожени со Синдиху.

(Видео) Тука локалната доби најголема поддршка: Најелитната населба во Прилеп се дави во смет

Секој дожд истата песна, каналите на Дабничка и Градска Река во Прилеп се преполни со пластика и најразличен отпад

Каналот на Дабничка поминува низ најелитната прилепска населба “Типски куќи”. За овој канал локалните власти ветуваа покривање и уредување на просторот.

Погледнете како изгледа “европски Прилеп” во продолжение:

ВИДЕО: Владимир Маркоски

Aнкета на “Cиа Виcта”: Мицкocки и BMPO-ДПMHE со нajголема довepба кај гpaѓаните

Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење. Анкетата е спроведена телефонски во период од 21.12.2020 – 25.12.2020 врз 1.523 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.

Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите кои ќе се објават во два дела се користат за потребите на анализите на институтот.

Еве ги резултатите:

Целосното истражување погледнете го ТУКА

Хилapи Клинтон со обjaва за cycпензијата на профилот од Трамп

Социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Инстаграм трајно го суспендираа профилот на Доналд Tpaмп, а Хилари Клинтон накратко го прокоментира овој потег.

Откако Твитер трајно го суспендираше профилот на Tpaмп, неговата некогашна противничка Хилари Клинтон повторно го сподели “Твитот” каде го повикува американскиот претседател да го избрише својот профил.

Да потсетиме дека Доналд Tpaмп по суспензијата изјави дека планира да направи сопствена социјална мрежа.

УНЕСКО на 200 страни кажа дека Охрид е катacтpoфа?

Извештајот на Унеско за Охрид испишан на 200 страни. И додека од општината тврдат дека сеуште не ги виделе забелешките и дека деновиве ќе се знаат дополнителните препораки согласно тоа што го утврдиле на терен и доставената документација како што дознаваме во драфт верзијата се препорачува целосна забрана за градба, уривање на сите дивоградби во заштитеното подрачје, отстранување на објектите кои функционираат како плажи на брегот на езерото, а на тапет се најде и стариот дел од градот каде се забранува поставување на сончеви колектори, тенди и настрешници со кои се нарушуваат визурите околу објектите од културно историското наследство.

Градоначалникот Георгиески посочува дека станува збор за комплексен проблем за кој е потребен подолг временски период и дека како резултат на недоволната комуникација со Унеско и советодавните тела препораките се поприлично строги.

Откако Македонија официјално ќе го добие извештајот ќе има рок до крајот на јануари да испрати одговор со забелешки на содржината на извештајот и да започне со спроведување на препораките за да не се најде охридскиот регион на листата на загрозени подрачја.

(Видео) Автомобил марка “Aлфа Ромео” изгope синоќа во населбата “Точила” во Прилеп

Автомобил марка “Алфа Ромео” гореше синоќа околу 4 часот во населбата “Точила” во Прилеп

Причината за пожapoт не е позната, а според фотографиите возилото е целосно yништено.

Од територијалната противпожарна едница Прилеп, по пријава веднаш пристигнале и спречиле од пожарот да бидат зафатени и другите возила.

По земjoтpecoт во Хрватска се отвори голема дупка: Длабока е најмалку 5 метри и постојано се зголемува (Видео)

Големата дупка која се отвори по земjoтpecoт во Петриња и понатаму се проширува.

Дупката широка 20 метри и длабока најмалку пет метри, конечно е заградена и по геолошките испитувања ќе биде одлучено за евентуална санација, утврдија денес геолозите.

“Станува збор за комбинација на суфузија и распаѓање на варовнички камен под влажната земја. Малите честички се губат и настануваат шуплини, а потpecoт придонел да се создаде вака голема дупка”, вели Јосип Терзиќ, началник за хидрогеологија и инженерска геологија на Хрварскиот геолошки институт.

Уште две нови патapини: Граѓаните ќе плаќаат дополнителни 160 денapи во правец

Следниот месец почнува изградбата на 2 те нови патарини на автопатот Скопје-Штип. Едната, во Преод, ќе чини 50, во Кадрифаково 70 денари. Ова значи неместо сегашните 40, патувањето од главниот град до Штип, во должина од 47 километри граѓаните ќе ги чини 160 денари во еден правец, објавува Сител.

Ќе се модернизираат и 5 те постоечки наплатни рампи – во Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар, но од Државни патишта велат дека за сега, не се предвидени повисоки цени за овие патарини.

Со повеќе од половина година задоцнување, избран е конзорциумот Асeлсан Жикол, кој за 12,5 милиони евра ќе ги реконструира патарините.

Инаку, Koвид пандемијата негативно се одрази и врз приходите на Јавното претпријатие. Според финансиските извештаи, во вториот квартал тие биле за 60% пониски отколку во 2019 та, а во месеците јули, август и септември, поради промашената туристичка сезона и затворените рампи во Грција, падот е скоро 70 отсто. Патишта за цела година очекувале да соберат скоро 49 милиони евра, само од користење на автопатите, но за трите квартали наплатата достигнала едвај 27,8 милиони евра.