(Видео) Брутални родителски правила: Еве што им забранува Гордон Ремзи на неговите деца

Славниот британски готвач Гoрдон Ремзи (54) и неговата сопруга Тана (46) имаат пет деца: Меган (22), 21-годишните близнаци Џек и Холи, Матилда (19) и најмладиот син Оскар кој е роден во 2019 година.

Куварот чие богатство се проценува на околу 113 милиони фунти, верува дека неговите деца треба сами да успеат во животот, па затоа нема намера да им го остави богатството.

Гордон во 2017 година ја шokираше јавноста со изјавата дека неговите дена нема да добијат ништо, поради стравот дека парите би можеле да ги уништат.

Постои уште едно правило во неговото семејство а тоа е: “Нема работење заедно со тато”.

“Строг сум, но чесен, ќе им дадам можност да одат до врвот, не се шегувам. Често ме напаѓаат дека сум директен и искрен, но во овој случај тоа воопшто не ме загрижува. Не дека не сакам да ги вработам сопствените деца. Едноставно не сакам останатите вработени да мислат дека со нив ќе се однесувам поразлично. Ако моите деца сакаат да ја работат мојата работа, нека одат кај друг готвач, нека научат нешто поразлично и нека се вратат со тоа да го унапредат семејниот бизнис”, вели Ремзи за “The Sun”.

“Моите деца мора да имаат допир со реалноста. Освен тоа, мислам дека не треба да се навикнуваат на високите столици и на летови од прва класа, едноставно нема потреба”, вели тој.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.