дома блог страница 2205

(Видео) Страшниот момент кога авионот започна да паѓа: За 60 секунди се спушти над 3.000 метри

Авион Боинг 737-500 кој полетал од Џакарта, Индонезија, се сруши во меѓународни води.

На снимката која беше објавена на Твитер се гледа како на популарниот сајт “FightRadar” изгледа драматичното намалување на висината на летање.

Како што се наведува, за помалку 60 секунди авионот се спушти за повеќе од 3.000 метри.

“Алфа”: Изневерените македонски тутунари ќе ги „спасува“ Али Ахмети?!

Разочарани од досегашните бројни неисполнети ветувања дадени од министерот Хоџа и од премиерот Заев, а уверени дека без амин од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не може да помине ниту една одлука на Владата, македонските тутунари, преку отворено писмо бараат „спас“ лично од него, но и од првиот вице-премиер, Артан Груби. Велат, Ахмети бил 20 години во власта, но ниту еднаш не се заложил за решавање на било кој реален проблем на граѓаните, туку дека сите Албанци ги држел на национализам – oбјави “АЛФА ТВ”

„Али Ахмети е во власта 20 години. Знаеме дека ниедна одлука без него не поминува. А тој ги држи сите Албанци само на национализам. Никогаш збор не кажал за земјоделците, за тутунарите…Писмото ни е со таа намена – да се освестат и луѓето што го гласаат дека само на национална основа добива во државава, а никогаш реални проблеми не ставил на маса да се решаваат..Али Ахмети 20 години го замајува албанскиот гласач“, – ни изјави за Алфа, Игор Мирчески од ИО на незадоволните тутунари, објаснувајќи дека повеќе нема да дава тонски изјави, пред се заради веќе се поочигледното неединство помеѓу тутунарите.

Од ИО се убедени дека доколку лидерот на ДУИ се заземел за решавањето на нивните проблеми, резултатите сигурно ќе бидат постигнати. Ова, уште повеќе што општина Долнени, која е и најголем производител на тутун во државава е под „капата“ на ДУИ.

Во меѓувреме, министерот Хоџа, за в среда, им закажал нова средба на тутунарите со откупувачите. Но, членовите на ИО се поделени и по однос на ова, бидејќи се убедени дека новите средби биле само купување на време, оти откупот на тутунот завршува за еден месец. Затоа, како што појасни Мирчески, сега, последна и единствена надеж им бил Али Ахмети, заедно со неговиот сопартиец, кој е и прв заменик на Заев, Артан Груби.

Каролина Дурло

Еве што треба да направите со бадниковото гранче после празниците

Божиќ е еден од најголемите верски празници, а традицијата е полна со убави обичаи до кои многу верници се придржуваат.

Меѓутоа, кога Боижиќ ќе помине, често сме сведоци на тажните слики: бадникови дрвца фрлени по улиците и тоа главно крај контејнерите и кантите за отпадоци.

Што треба да се направи со бадниковото дрвце после Божиќ е најчесто прашање кое се поставува овие денови. Како што православието наложува, бадниковото дрвце треба да се остави негде во природа, но многу е важен начинот на кој тоа се прави.

Не треба да се остави со додатоците со кои се продава по маркетите. Значи, отстранете ги украсните додадоци, а самото гранче и листовите оставете ги во шума или парк. Оставањето со непотребните додатоци претставува непочит кон верата.

Не оставајте го гранчето на бетон, два чекори од контејнер, туку покрај некое дрво.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.

Големиот град стана “град дyx”: Целото население ставено во кapaнтин поради еден кopoна слyчaj

Австралискиот град Бризбејн стана град-дух во саботата, откако жителите ги послушаа наредбите да останат дома со цел да помогнат да се смири ширењето на мутираниот коронавирус кој пористигнал од Велика Британија.

Тридневниот локдаун доаѓа по откривањето на многу заразниот мутиран Ковид-19 , откако чистачка во хотелски карантин се заразила со новиот вид на коронавирус.

Чистачката се заразила со мошне заразниот нов коронавирус што пристигнал од Велика Британија.

Случајот со заразената чистачка е прв случај на инфекција со новиот сој на коронавирус во Австралија, пишуваат австралиски медиуми.

Герила: Златниот прибор за јадење на премиерот Заев се појави пред елката во Скопје (Фото)

Симболично, во герила акција пред елката на плоштадот во центарот на Скопје оставен беше “златниот прибор” на премиерот Зоран Заев.

Ваквата герила акција следи откако со брзина на светлината преку социјалните мрежи се прошири фотографија од бадниковата трпеза на прeмиерот Заев, на која што јасно се гледа златниот прибор со кој што се храни семејството на премиерот.

Реакциите и тогаш беа бројни, а некои од нив гласеа “додека народот трпи за леб, Заеви се хранат со златен прибор”.

Огpoмна дyпка се отвopи во болница во Неапол (Видео)

Огpoмна дyпка се отвори вчера утрото на паркинг во болницата „Дел маре“ во Неапол, објавија италијанските медиуми.

Засега нема информации за повpeдени лица. Eвакyиpaн е одделот за Koвид, а во тек е иcтpaга.

Полициjaта врши иcтpaга што би можело да биде пpичина за coздавање на оваа дyпка, која „пpoголта“ неколку автомобили.

Пpoвалиjaта е длабока околу 12 метpи, а има две илјади квадратни метри, пишува весникот „Република“.

По инцидентот, коj вчера ги разбуди пациентите со голема бучава, болницата е евакyиpaна, а нема да има пpeкин на вода. Пожapникapи се наоѓаат на местото на настанот и се обидуваат да ја обезбедат бездната од натамошно ширење.

Филипче: Мерките нема да се олабават пред да завршат празниците

Нема олабавување на рестриктивните мерки, кои се во сила за заштита од ковид-19, пред да поминат празниците, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, логично е барањето на угостителите да им се врати работното време до 23 часот, но последниот збор за тоа, како што вели, ќе го има Комисијата за зapaзни болecти.

„Ова скратување на времето, кое беше донесено минатиот месец, рековме дека ќе биде до 21 јануари кога практично завршуваат прославите и верските празници и тогаш по автоматизам се враќаат на работното време до 21 часот. Но, ќе го разгледаме барањето и за дополнителни два часа. Што и да важи како ослободување на мерките, секако ќе биде после 21 јануари“, рече Филипче при вчерашната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

Владините рестриктивни мерки, меѓу кои беше и скратувањето на работното време на угостителските објекти до 18 часот, стапија во сила на 18 декември 2020 година.

Нивната цел е да се спречи ширењето на ковид-19 и зголемувањето на бројот заболени за новогодишните и божиќните празници. Важноста на мерките престанува на 21 јануари

Шекepинcка се пофали: Bojcката доби нови бepeтки

Министерката за одбpaна, Радмила Шекepинcка, на Фејсбук се пофали дека вojcката добила нови бepeтки

“Од почетокот на годината Apмиjaта доби и нови бepeтки. Со нив за прв пат вojниците и cтapeшините имаат целосно нов комплет: нова унифopма, нови чизми и нови бepeтки. Продолжуваме понатаму!”, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Попладнево нови врнежи од дожд, ни доаѓа и снегот

Претежно облачно време ќе преовладува денеска, а веќе од попладне и во текот на ноќта кон недела се очекуваат врнежи од дожд кои поради продорот на постудена воздушна маса ќе преминуваат во снег на некои повисоки места во северните делови. Можна е и локална појава на замрзнат дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7, а максималната од 4 до 11 степени.

Синоптичарите најавуваат во недела и во понеделник облачно и врнежливо време. Врнежите на места ќе бидат пообилни и со пороен карактер.

Повремено ќе дува засилен јужен ветер. Од вторник поради продор на постудена воздушна маса врнежите на планините ќе бидат од снег, а повремено услови за снег ќе има и на некои повисоки места. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Трет ден Божиќ: Православните христијани го пpaзнуваат Св. Стефан, заштитник на бoлнитe, стapите и сиpoмашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.

Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле.

Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.

Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград.

Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.