Колку е дезориентирана СДСМ во Прилеп говори и фактот што наместо говор, членовите коментираат дека тоа во саботата било стенд ап комедија, во која на бината го качиле и сега веќе бившиот градоначалник Јованоски, дали да го понижат, или од други причини не знаеме. Битно, Сугарески е кандидат без точен датум….налик на Македонија во времето на СДСМ…
Сугаре не знае кога се изборите, ќе гласал во декември, комедија на прилепскиот плоштад pic.twitter.com/zFn6KSj5LF
Ништо од ветувањата дадени уште пред три години за изградба на обиколница околу Прилеп, а наменета за повеќетонските товарни возила кои сега транзитираат низ центарот на градот – oбјави “АЛФА ТВ”
Актуелниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, без конкретен одговор на прашањето на Алфа – кога ќе биде реализирано ова ветување, кое беше дадено уште од неговиот претходник Горан Сугарески, а кој сега пак, екандидат за градоначалник на Прилеп.
„Во однос на ова прашање ќе ги направие сите подготвителни работи, урбанистички, проектантски, статички и ќе направиме план и динамика за реализација на најважните проекти за Прилеп и регионот, така што и тоа е еден од важните приоритети. Секако дека и со идната локална самоуправа ќе работиме за да придонесеме за брз развој на настаните за ова прашање и да иј помогнеме на граѓаните на Прилеп, а секако и на бизнис-секторот со таа обиколница“, – рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Оваа обиколница, која инаку е од суштествено значење за градот, според тогашните ветувања, требаше да почне да се гради уште во 2018-та година и да биде завршена до крајот на мандатот на оваа локална власт. Меѓутоа, до ден-денес, таа не е ни започната, заради што жителите од улиците каде што поминуваат повеќетонските товарни возила, протестираа на неколку наврати. Се жалаа дека освен што им била загрозена личната безбедност, огромни штети трпеле и врз своите домови, а и загадувањето било на опасно високо ниво.
„Многу камиони има пуштено по улицава да поминуваат, со голема тежина. Кога ќе врват, куќите се тресат. Испукано има ѕидови на постари куќи што се…Големи камиони…со голема тежина од 30-40 тони, нон-стоп во текот на денот по 50-60 поминуваат, и ноќе, некој во 4-5 часот поминува овде, те разбудува дури, кога ќе почнат да лупаат“, – реагираше тогаш еден жител.(25.04.20210)
„Тоа е ветено многу одамна, дека ќе излегува од Езеро на автопат. И стварно жалосно е како не можат да изградат 5 км пат….“ – коментираше друг. (25.04.2021)
Иронијата да биде уште поголема, деновиве, предизборно, наместо очекуваната обиколница во должина од 6 км, од Рудникот „Сивец“ до регионалниот пат кај Плетвар, жителите од најексплоатираната улица од овој сообраќаен хаос „Мице Козар“, добија само асфалт, во што увид изврши дури лично и министерот Бочварски.
Инаку, со цел намалување на аеро-загадувањето во градот, оваа локална власт набави и 4 градски автобуси на метан, вредни неверојатни еден милион евра. Но тешките товарни возила останаа и понатаму да транзитираат низ најстрогиот центар на градот.
Натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина, кој требаше да се одигра вечерва во Сао Пауло во рамките на јужноамериканските квалификации за Светското првенство во Катар, беше прекината само неколку минути откако започна.
Причината за тоа беа четворица аргентински фудбалери кои го прекршиле правилото за кapaнтин.
Со оглед на тоа дека делта варијантата на кopoнавиpycoт е раширена во Велика Британија, секој кој доаѓа од оваа земја во Бразил мора да оди 14 дена во кapaнтин, а играчите од Астон Вила и Тотенхем, Емилијано Мартинез, Кристијан Ромеро, Џио Ло Селсо и Емилијано Буендиа, тоа не го направиле.
Поради тоа бразилскиот здравствен регулатор одлучи да ја прекине утакмицата и да ги протера овие играчи од земјата.
Она што ги чуди многумина е зошто тоа не било направено претходно, а истото прашање го постави и Лионел Меси во разговор со судиите пред прекинот на утакмицата.
“Овде сме три дена, зарем требаше да чекаат утакмицата да започне? Зошто на тоа не не’ предупредија порано, или во хотелот? Можеа да ни кажат и се’ ќе беше решено. Сега ова цел свет го гледа”, рече Меси.
Бојкот на наставата од утре во сите основни училишта во Македонија најавија родителите преку граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“. Незадоволни од образовните реформи кои министерството ги спроведува и од игнорантскиот однос на властите, на Денот на независноста ќе организираат трибина и ќе ги испорачаат уште еднаш нивните барања.
Реформите се наметнати, противуставни и противзаконски и со тоа се кршат родителските права за избор на образованието за сопствените деца. За тоа ние родителите во интерес на нашите деца на 6-ти септември ќе одржиме предупредувачки протест за кои се известени сите основни училишта на нивните официјални емајл адреси рече Драгана Спасевска.
Во меѓувреме родители сведочат дека се приморани да ги купуваат учебниците сами и покрај бесплатното образование кое треба да го гарантира државата.
„Наставниците им кажале на децата да ги принтаат учебниците, а принтањето, печатењето и фотокопирањето на авторски дела е против законско. Спаѓа во пиратерија. Со тоа МОН преку наставниците, не тера нас родителите да го кршиме законот“, се пожали родител во реадакцијата на Алфа.
Од друга страна пак на социјалните мрежи се нудат принтани учебници за четврто одделение.
„Почитувани, учебниците за четтврто одделение по новата програма ги имате во фотокопирница, со боја окоричени 1650 денари, цел комплет, црно-бело цел комплет 700 денари“стои во објава на ФБ.
Министерката Царовска тврдеше дека, наставата во четврто оделение ќе се одвива со електронски уреди, а доколку некој ученик нема таква можност, училиштата имаат должност да им ги доделат во печатена форма. Откако почна учебната година не е познато дали сите четвртоодделенци имаат електронски уреди. Судејќи според реакциите на родителите не сите деца имаат таблети, па се приморани учебниците по новата наставна програма да ги принтаат сами.
Овој десерт може да се јаде ладен, но првично се служи и е многу повкусен кога се јаде топол.
Состојки: 1 векна стар леб, 300 мл млеко, 300 гр сушено мешано овошје, 1 дуња или јаболко (со лушпа), 1 лажица кафеав шеќер, 40 гр прашок за пециво, 2 јајца, неколку капки исцеден лимон, 1 лажичка цимет, 100 гр стопен путер, шеќер во прав за сервирање, сладолед.
Загрејте ја рерната на 170 степени. Подмачкајте го плехот, по можност најдобро би било да има квадратна форма.
Прво треба да исечете стар леб, со целата кора. Потоа потопете мали парчиња леб во млеко и чувајте околу 10 минути додека не се формира кремаста смеса.
Во оваа смеса додадете рендан дуња или јаболко, потоа останатите состојки и половина од растопениот путер и потоа добро измешајте.
Истурете ја смесата во плех за печење и истурете го остатокот од растопениот путер врз површината. Печете во средината на рерната помеѓу час и 15 минути до час и половина.
Кога десертот ќе се испече, посипете со шеќер во прав и послужете го топло со сладолед или крем (по желба).
Поранешниот американски претседател е решен да се врати во Белата куќа и наскоро ќе ја објави кандидатурата, тврдат двајца негови блиски соработници.
Поранешниот американски претседател Доналд Tpaмп речиси сигурно ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, и тоа наскоро ќе го објави! Како што пренесува Дејли меил, двајцата негови соработници, советникот Џејсон Милер и Џим Џордан, републиканец од Охајо, неодамна разговарале со поранешниот шеф на Белата куќа и тие тврдат дека неговата кандидатура е сигурна.
– Доналд Tpaмп дефинитивно ќе се кандидира на изборите во 2024 година. Разговарав со него вчера. Тој е подготвен наскоро да ја објави својата кандидатура, по ова лудило во Авганистан, вели Џим Џордан.
Масло на огнот додаде Џејсон Милер, поранешниот советник на Tpaмп, кој во емисијата “None of the Above” изјави дека е 100% сиурен дека неговиот поранешен шеф ќе се кандидира на изборите и нема да се помири со изборниот пораз: “Мислам дека Tpaмп дефинитивно се подготвува за кандидирање на наредните претседателски избори. Вчера имавме долг и исцрпен разговор и повторно ќе се видиме во наредниве неколку дена. Тој ќе го соопшти ова многу брзо.
Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ.
“Возвишено беше чувството да се застане на бината покрај моите драги пријатели, пред огромниот број приврзаници на социјалдемократската идеја и поддржувачи на мојата кандидатура за градоначалник на општина Прилеп.
Му благодарам на моето семејство кое безрезервно ме поддржува сите овие години, чија љубов и доверба ми даваат сила и верба да истраам во тоа што го работам и на кое сум максимално и безрезервно посветен.
Вечерашниот настан беше сосем нов и уникатен пристап во начинот на мојата промоција првенствено како личност, а потоа и како политичар. Промоција гледана низ призмата на луѓето кои долго и добро ме познаваат.
Доколку ја добијам довербата, ќе бидам градоначалник на сите граѓани. Без исклучок. Бидејќи и моето сфаќање на животот, мојата животна филозофија е да обединувам, не да делам.
Убеден сум дека победата на СДСМ на претстојните локални избори е извесна, од причина што граѓаните ја препознаваат нашата искрена заложба за создавање еднакво општество за сите граѓани, земја во која младите гледаат перспектива и ја планираат својата иднина”.
Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.
Ги повика граѓаните да соработуваат за да се добијат релевантни податоци и да не подлегнуваат на иницијативите кои повикуваат да не им се отвара врата на попишувачите. Повтори дека попишувањето е безбедно во однос на ширењето на вирусот и нагласи дека попишувачите имаат соодветни легитимации со кои мора да се излегитимираат.
– После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата, изјави Симовски.
Со бојкотирањето на пописот, како што рече, граѓаните прават штета на самите себеси.
– Ова се податоци за вас и за вашите идни поколенија. Следните 10 години кој било да е во државата треба да гради политики за развој врз основа на овие податоци, порача Симовски.
Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан, сакаат Германија да воспостави дипломатски односи со нив и да им помогне. Ова за весникот „Велт ам Зонтаг” го изјави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид, јави ДПА.
„Сакаме силни и формални дипломатски односи со Германија”, рече тој.
Талибанците исто така би сакале да добијат финансиска поддршка и хуманитарна помош од Германија, како и други земји, за да соработуваат во здравството, земјоделството и образованието.
„Во минатото, Германците секогаш биле добредојдени во Авганистан, рече Муџахид. За жал, тогаш тие им се придружија на Американците. Но, сега им е простено”, рече тој.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, изјави дека Берлин може да ја продолжи помошта за развој за Авганистан, но еден услов е Талибанците да формираат широка влада. Другите се дека треба да обезбедат да не ги засолнат тepopистите, да ги почитуваат човековите права, а особено женските права, да не го попречуваат пристапот до хуманитарна помош и да дозволат странци и ранливи Авганистанци да ја напуштат земјата.
Германија ја затвори својата амбасада во Кабул и ја прекина помошта откако талибанците ја преземаа власта минатиот месец. Сепак, Берлин вети дека ќе обезбеди хуманитарна и итна помош за поддршка на бегалците – и во Авганистан и во странство. Оваа помош ќе биде обезбедена преку хуманитарни организации.