дома блог страница 1901

На Македониja и се слyчyва катacтpoфа: Во изминатото деноноќие починати пациенти на возpacт од 35, 45, 49, 53… години

Министерство за здравство информира:

Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1

Пријавени се 32 починато лице: 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г). 30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од:

Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2, Виница и Богданци – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781

Петрески: “Со моите прилепчани ќе извојувам победа”

“Со моите прилепчани ќе извојувам победа. Нема да работам само 40 денови пред избори, туку секојдневно 4 години”. Вака го започна своето интервју Славе Петрески, кандидат за Градоначалник на Прилеп од коалицијата ЛДП и ДОМ.

-По природа сум човек што обединува, со либерални сфаќања и секогаш сум се трудел да ги разберам потребите и слободата во размислувањето на другите. Таа моја мисла водилка ја пронајдов како политичка парадигма во мојата партија ЛДП, од која секогаш сум ја добивал можноста да ги потенцирам моите ставови и размислувања, вели Петрески.

За себе вели дека е човек кој секогаш самиот со макотрпна работа успевал во животот.

-Моите сограѓани знаат дека во животот секогаш сум успевал сам со макотрпна работа и во многуте години стаж, само шест месеци сум бил на “терет” на државата како директор на ЈП за ПУП, сето друго време сум бил приватен стопанственик. Сум успеал на тоа поле, бидејќи никогаш не сум ги делел луѓето по ниту една основа…ни партиски, ни по вера или нација. За мене се сите луѓе исти и вреди да му се даде шанса на секого. Оваа моја карактерна особина ќе биде водилка и во кампањата, бидејќи е испробан рецепт за успех. Нема делби меѓу луѓето, сите сме различни, но и исти на некој начин, вели кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од коалицијата ЛДП и ДОМ.

На прашањето кои се приоритетите доколу ја добиете довербата на прилепчани, Петрески беше конкретен и дециден:

– Имам одличен тим. Можеме да ветиме дека сите започнати проекти ќе ги завршиме и реализираме. Не сакаме да бидеме кочничари како некои. Ќе имаме и нови интересни проекти во интерес на прилепчани, а програмата ќе произлезе од активностите на терен и средбите со граѓаните. Тие се барометар за нивните потреби, а моја задача е потребите да ги преточам во проект, што ќе се реализира со определена динамика. Како што рекле стари: “Повеќе глави, поумно мислат”. И на крајот би сакал да апелирам за фер и коректна кампања, бидејќи тоа им го должиме на нашите сограѓани.

За крај на летната сезона, водени лудории во центарот на Прилеп (Видео)

Не им тргна на локалците со фонтаните и не им тргна…

Цели четири години крај не можат да им најдат, а требаше само да ги одржуваат, бидејќи сите се направени пред да дојдат на власт…

Концepт на Taмapa Тодевcка овoj четвpток во комплексот “Голд Фелициа” во Битола

На 09 септември на летната сцена во комплексот Голд Фелициа во Битола, концерт ќе одржи популарната македонска пејачка Тамара Тодевска. Како што најави уметничкиот директор на Голд Фелициа, Димитар Андоновски, во наредниот период фокус ќе се стави на македонските уметници.

Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Во 1991 за првпат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана.

Во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта” ја претставуваат Македонија во Белград-Србија.

На 8 март 2019, таа ја претстави својата песна “Proud” (мак. горд) со која настави на Изборот за песна на Евровизија кој се одржа во Тел Авив, Израел и го освои 7мото место од вкупниот број на гласови, а 1вото место според бодовите од жири комисиите на земјите учеснички.

На концертот ќе бидат спроведени предвидените протоколи донесени од Владата за влез во угостителски објекти, а влезот е закажан за во 21 часот.

Попоски pacпали по Димитров за афepaта со yaпceните македонски дипломати

Фејсбук статус на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски

Типично за Димитров! Само тој е неупатен, не знаел, доцна му кажале, не сакал да си се меша во сопствените ингеренции и сите други му се криви до петто колено. Вака си има човекот истерано цела кариера.

А фактите се едноставни: целата ерменска афера е во негов мандат, ако сметал дека некој од вклучените не треба да биде каде е, можел веднаш да го реши проблемот, ако сакал да премести некој исто можел веднаш.

Инаку Димитров менувал, враќал, поништувал конкурси, незаконски уназадувал, шиканирал куп луѓе во МНР, за што државата ја задолжил да исплаќа преку загубени судски спорови.

Но на клучниот од аферата не му фали влакно од глава во текот на цело министерување на Димитров. Дури изгледа имал и време за слободни активности.

Зошто Димитров не реагирал, ако како што пишува сега самиот бил запознат?

Сега според него е виновна директорката на градинката во која Миленковски престојувал како мал, само тој не е одговорен за ништо? Па ни за МНР? Додека е на чело?

Димитров бил министер кога цел филм се одвивал, од почеток до крај. Се уште е член на Влада! Вели дека бил запознат. Но решил да си тера гледајќи во таван, а за се во негов мандат да му се криви сите наоколу, освен самиот тој.

Криви му се сите од поранешната партија која го праќаше по светот, сегашните другари со кои е во Влада му се исто криви, но и идните коалициски преку кои би сакал да се престрои.

Ако има чувство треба да ја стави шапката на глава и да го изоди ходникот кон излезната врата. Барем некој ќе рече дека еве еднаш имал чувство за одговорност на функционер.

Не бил интepнетот, туку паднала апликациjaта за попишyвање – Од Државниот завод за статиcтика се извинyвaaт

Од Државниот завод за статистика велат дека нивната апликација паднала, а не интернетот како што претходно изјави директорот Симовски.

-Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен.

Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат.

Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии.

Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата, велат од ДЗС.

Од таму додаваат дека Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.

Бабичка ocвоила половина милион евpa на гpeпка, coпcтвеникот на киocкот каде ја кyпила и’ ја yкpaл

Сопственик на киоск во Наполи и украл на бабичка добитна грепка од половина милион евра, па се обидел да побегне на Канарските острови.

Бабата купиле две грепки во неговиот киоск, а кога ја видела добивката го замолила вработениот да и го потврди износот.

Тој грепката му ја дал на сопственикот на кисокот, кој ја ставил во џеб и побегнал. Седнал на својот скутер и заминал кон аеродромот во Рим.

Според пишувањата на италијанските медиуми, тој се обидел гранична полиција на аеродромот да ја измами и да избега.

Кај себе имал само авионска карта, но не и грепката. Тој се сомничи за кривично дело кражба иако се уште не се знае каде завршила добитната грепка.

Полнете peзepвoapи, гopивата од полноќ со нови повиcoки цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на Одлуката од 30.8.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,843 ден/кг.

Од 07.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,843 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 3,506%, дизелот за 3,108%, екстра лесното масло за 2,719% и кај мазутот зголемување е за 3,856%.

Aнгeлoв: “Иcкpeно ce нaдeвaвмe дeкa yтpинcката poca ќе го изгacне пожapoт на Гaличицa” (Видео)

Пожарот на Галичица започна пред една недела од албанската страна. Ангелов вели дека постојат сомненија, оти е започнат од овчари за да се подобри квалитетот на пасиштето.

Директорот на ЦУК информира дека горела само трева и ниски зимзелени грмушки. Во текот на ноќните часови, како што посочи тој доаѓало до загаснување на пожарот, а рано наутро со појава на утринската роса пожарот безмалку бил изгаснат. Но, со зголемување на температурите, повторно доаѓало до палење на пожарот.

“Да бидам искрен се надевавме дека утринската роса ќе го изгасне, затоа што тревата не развива голема температура”, истакна Ангелов.

Целосната прес конференција на директорот на ЦУК во видеото на МИА во продолжение:

3aeв: Bчepa ce чyвcтвyвав гopд гpaѓанин на нашата земja

На денешната промоција на нова поштенска марка по повод 30 години независност премиерот Зоран Заев кажа дека се чувствува горд затоа што по 20 години успешно стартуваше пописот.

„Вчера се чувствував горд граѓанин на оваа наша земја, затоа што по 20 години со апелот на сите политички субјекти, со сите општественици, со професионалниот кадар на статистика под раководство на директорот Апостол, нашите граѓани, попишувачи во 50-те региони, исклучително успешно стартуваше пописот во нашата земја. Последниот податок е дека некаде 94.500 граѓани се попишани што е исклучително успешно имајќи во предвид дека е прв ден за попишување и дека е недела. Сакам да им честитам на сите попишувачи но најмногу на сите граѓани“, кажа Заев.