Премиерот Заев не ги прифати оставките на министерот Филипче и заменикот Хасани, за пожарот што избувна на 8 септември годинава во Модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица
– Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорност кај министерот Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани, кои од морални прични поднесоа оставки. За евентуалните грешки причинети од човечки фактор ќе се произнесат надлежните органи, изјави денеска премиерот Заев, додавајќи оти им ја дава довербата да продолжат да го водат здравствениот систем.
– Откриена е причината за пожарот и таа е јасно и јавно објавена. Ја примив оваа информација и постапувам и веднаш дадов насоки до Минизтерството за здравтсво во најкус можен рок да се извршат темелни теренски контроли во сите модуларни болници. Сега е најважно да се засилат контролите и проверките за да се намали ризикот од вакви несреќи предизвикани од страни предмети во иднина, поради што за жал изгубивме 14 животи, рече Заев.