дома блог страница 1903

Изјавата на Сугарески која предизвикува огpoмен peволт кај неговите coгpaѓани

Додека политичарите се растрчани на терен и бараат поддршка и гласови, граѓаните се потсетуваат на нивните ветувања и на тоа колку сработиле во изминатите години.

Деновиве на социјалните мрежи најактуелен е кандидатото за градоначалник на СДСМ за општина Прилеп, Горан Сугарески, кој зад себе има 20-годишна политичка кариера и редица функции.

Најзначајна му е онаа кога беше прв човек во Министерството за транспорт и врски, каде како прилепчанец од него се очекуваше доизградба на експресниот пат Прилеп-Градско.

Сугарески во 2018 вети дека изградбата на овој патен правец ќе заврши во 2020 година, а еве поминува и 2021, а од нов експресен пат нема ништо.

Овој ФБ статус на Сугарески од 18 мај 2018г. деновиве масовно се споделува помеѓу корисниците на социјалните мрежи и предизвикува огромен револт, како кај граѓаните, така и кај стопанствениците.

Симовcки: Попиcoт започна, дoceга нема бojкoт (Видео)

Директорот на ДЗС вели дека досега не се соочиле со никаков бојкот или технички проблем со пописот, апелираше граѓаните масовно да се вклучат во статистичката операција и рече дека не сакаат да поведуваат прекршочни постапки за оние кои ќе одбијат да се попишат и затоа ќе се обидат да ги убедат сите да учествуваат во пописот.

Пописот утрово стартуваше успешно, во првите два-три часа попишувачите не се соочиле со никаков бојкот или некој технички проблем, а директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, очекува дека истото ќе го каже и на 30 септември кога ќе заврши оваа статистичка операција.

Тој порача дека податоците од пописот ќе служат да се соберат информации за граѓаните, станбениот фонд и сè што е важно за домаќинствата со единствена цел успешно да се креираат и спроведуваат развојните политики.

-Пописот нема поинаква цел, не служи ниту на една политичка партија, не случи ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата.Ве повикувам сите да се вклучите масовно во оваа операција бидејќи податоците се за вас. Не собираме податоци за да правиме некакви други работи, да ги чуваме во некои архиви и слично туку за да бидат употребени во онаа насока во која кажав. Не подлегнувајте на сите оние иницијативи да се бојкотира пописот бидејќи правите штета на себе си и на своите деца. Ова се податоци за вас и за вашите идни поколенија. Следните десет години, кој било да е во државата, треба да гради политики на развој врз основа на овие податоци, ние не ги правиме за оние што се денеска или што ќе бидат утре на власт, туку за вас – порача Симовски.

На терен од утрово се 5 000 попишувачи, во секое домаќинство влегува по еден попишувач, сите носат брендирани маици и треба да имаат закачена легитимација околу вратот на која го пишува неговото име и презиме и други податоци кои домаќинствата може да ги проверат и споредат со документот за неговата лична идентификација.

-Сите останати кои немаат ваква легитимација, нека сметаат граѓаните дека се некои провокатори кои сакаат да направат нешто поинаку. Да не пуштаат ниту еден човек дома ако ја нема оваа легитимација и да проверат дека таа се однесува на тие лица. Свесни сме каква антикампања имаме и можно е секогаш да има некои што ќе се обидат да го злоупотребат овој попис – рече директорот на ДЗС.

Симовски вели дека на една врата ќе се тропне и илјада пати ако треба за да се соберат податоците лично од секој полнолетен член на домаќинството. Тој уверува дека процесот ќе се одвива безбедно односно без опасност од ширење на ковид-19, по сите протоколи. Повеќето попишувачи се вакцинирани, а ако некој не сака да прими невакциниран попишувач, тогаш во тоа домаќинство ќе се испрати некој што ја примил вакцината.

Директорот порача и дека немаат намера да поведуваат прекршочни постапки за оние кои ќе одбијат да се попишат. Тоа, како што вели, би се направило во исклучителни ситуации.

Која paca на кyче спopeд кapaктepoт им одговapa на xopocкопcките знаци

Астролозите, исто така, се занимаваат со прашањето која раса на кучиња одговара на знаците во хороскопот врз основа на нивните карактеристики!

За Овен, тоа е Џек Расел териер, а за Близнаците, тоа е секогаш љубопитниот и пријателски настроен -златен ретривер …

Овен

Џек Расел териер е идеален избор за миленичиња од овој знак. Како раса, тој е жив, независен, паметен, агилен и идеален за учество во спортски настани. Им одговара и енергичен шнауцер бидејќи е одлично куче чувар со блага природа.

Бик

Овој хороскопски знак е најсоодветен за стабилен и темпераментен Бернардинец, кој сака да игра на отворено. Биковите, исто така, би уживале во дружењето со шкотскиот териер.

Близнаци

Секогаш љубопитните и пријателски настроени златни ретривери ќе одговараат на Близнаците. Никогаш нема да им биде здодевно со нив. Лабрадорот има сличен карактер, па и тој ќе им одговара.

Рак

Овој хороскопски знак одговара на малите раси кои сакаат да се галат. Џуџест Шпиц и Чивава совршено се вклопуваат на емотивниот Рак.

Лав

Силниот Лав бара ист вид милениче. Најдобро би им одговарал Ротвајлер или Германски овчар.

Девица

На овој хороскопски знак му треба интелигентно и ненаметливо куче, а тоа е кучето Ст. Хуберт, кое се користи за полициски активности и за спроведување на законот.

Вага

Ирскиот или англискиот сетер е идеално милениче за припадниците на овој знак бидејќи сакаат да играат и се полни со живот.

Шкорпија

Мирно и добро воспитано куче, како што е пиринејското планинско куче, им одговара на Шкорпиите, на кои совршено би им се вклопило и португалско куче.

Стрелец

Овој хороскопски знак има потреба од издржливо куче кое може да го придружува на долги прошетки и се качува по планините, а тоа е хртот – активно куче со блага природа.

Јарец

Боксерите и Далматинците се идеални кучиња за овој хороскопски знак бидејќи се лојални и тоа е особина која Јарците ја ценат.

Водолија

Тие би сакале Маламут од Алјаска, кој е многу внимателен со новите луѓе, но им дава безусловна љубов на сопствениците кога ќе ги запознае.

Риби

Разиграни, живи и грациозни кучиња одговараат на овој знак, а кокер шпаниелите и мопсите се токму такви.

Пропуштеното во Скопје ќе се надокнадува во Исланд: Македонија вечерва пред нов предизвик

По дебито на Благоја Милевски како селектор на домашен терен против Ерменија (0-0), Македонија во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година во Катарсе соочува со првото септемвриско гостување и тоа против Исланд.

Исланд оваа година има само три победи на последните 15 средби имаат избраниците на Арнар Видарсон. А, сè уште во тимот се играчи како Сигурдсон, Гунарсон, Халфредсон… „Рибарите“ во изминатите 365 дена успеаја да победат против Романија (2-1) во квалификациите за Европско првенство, против Литхенштајн (4-1) во квалификациите за Светско првенство и против Фарски Острови (1-0) во пријателски натпревар.

За Македонија и Исланд ова ќе биде прва меѓусебна средба по дванаесет години. Последен пат двете селекции играа во 2009 година во рамки на мундијалските квалификации. Во Скопје победи Македонија со головите на Аце Стојков и Филип Ивановски (2-0), додека во Рејкјавик се доживеа минимален пораз (0-1).

Овие тимови играа еден против друг и во квалификациите за СП 1998, а билансот беше домашна победа на Македонија и гостинско реми (1-0 и 1-1).

Членовите изненадени? Филипче, а не Заев, дојде да го фали Сугарески, овојпат без хеликоптер

СДСМ вечерва во центарот на Прилеп го промовираше Горан Сугарески за кандидат за градоначалник на општината.

Но, челновите беа изненадени кога на бината наместо премиерот Зоран Заев се појави само министерот за здравство Венко Филипче, чија задача беше да го пофали Сугарески пред насобраните социјалдемократи.

Венко Филипче вечерва зборуваше колку била успешна власта во градот, кој е апсолутен рекордер по cмpтнocт од Ковид-19.

Градот кој е отсечен од целата држава, бидејќи власта ја заглави изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско и не изгради ниту еден километар од ветениот автопат кон Битола.

Во изминатите 5 години не е донесена ниту една нова фабрика во индустриските зони и не е отворено ниту едно ново работно место, а за ветувањата од претходните локални избори да не зборуваме, речиси ништо не е реализирано.

Можеби затоа Зоран Заев вечерва не дојде во Прилеп и го прати Филипче да зборува и да бара гласови од прилепчани.

Пред само неколку месеци Филипче заедно со Заев со хеликоптер слетаа во Прилеп, денеска барем заборавија на тој луксуз.

Останува да видиме како ќе се одвива изборната трка за Прилеп и дали Сугарески ќе успее да му парира на засега фаворитот за победник, Д-р Борче Јовчески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Џабе попис: Страницата за доделување на 4.750 германски визи за Македонци, за само неколку часа отворена повеќе од 50.000 пати

Страницата за добивање работна виза за Германија била прегледана 50.000 пати за само неколку часа откако беше отворена пред два дена, објави Германската амбасада во Скопје. Таа беше отворена откако на 1 септември во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан, со која германската влада и по истекот на 2020 година им овозможи на државјаните на Македонија, Косово, Србија, Албанија, БиХ и Црна Гора да имаат привилегиран пристап до германскиот пазар на труд. За целиот Западен Балкан биле обезбедни 25.000 работни визи годишно, од кои 4.750 за Македонија.

“Почитувани дами и господа, драги пријатели на Германија,

Изминатите денови добивме многу повратни реакции од Вас за доделувањето на термини за визи за Западен Балкан. За жал, Вашите реакции беа претежно негативни и од тие причини сакам уште еднаш да Ви ја претставам ситуацијата:

Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд.

Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи.

Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика.

Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.

Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас” – напиша на Фејсбук германската амбасадорка во Македонија, Анке Холштајн.

Ja намаливме невpaботенocта на младите на 29 отcто, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите чаре бараа во странство и масовно се иселуваа во потрага по подобар живот – велат во соопштение од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ

СДСМ континуирано креира и реализира мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард.

Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 отсто, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов седми пораз од граѓаните.

Се’ е подготвено за презентацијата на Сугарески во Прилеп (Видео)

СДСМ вечерва во центарот на Прилеп ќе го промовира кандидатот за градоначалник Горан Сугарески

Поранешниот советник во Советот на општината, пратеник, коодринатор на пратеничка група, министер, директор на царина, сега ќе ја трча градоначалничката трка за Прилеп.

Во центарот на градот се’ е спремно за неговата презентација. Наместана е бина и столчиња, па граѓаните очекуваат со какви ветувања пред нив ќе излезе Сугарески.

Глоби за оние кои нема да се попишат, вели министерот Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека сите граѓани треба да бидат попишани бидејќи државата веќе ги има најголем дел од податоците преку различните регистри на институциите.

Граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани, ќе бидат соодветно казнети.

-Тоа што ни треба е верификација на тие податоци за да добиеме една целосна, вистинита и реална слика. Нормално постојат и прекршочни мерки, односно глоби за оние кои би одбиле попишувачи, меѓутоа ние не сакаме како институција и како Влада воопшто да посегнуваме по тие методи. Сакаме да ги мотивираме и затоа и ја правиме оваа кампања, и јавно ги повикуваме граѓаните да се попишат бидејќи нема никаков интерес да не се попишат. Не се прави никаква политичка изјава со тоа што нема да се потпишат. Пописот е важен за сите, посочи Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Германски доктор со ново предвидување: “Пандемиjaта ќе заврши на пролет”

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен.

Оние кои не се вakцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат зapaзени со Koвид-19.

Тој вели дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вakцинација ќе се зголеми, како и дека бројот на излекувани лица со антитела ќе биде многу поголем.

– Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемиjaта со кopoнавиpycoт, а тогаш животот повторно ќе се нормализира. Оние кои не се вakцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат зapaзeни со Koвид-19 – рече Гасен.

Со неговите предвидувања се согласуваат и други познати научници од Германија.