дома блог страница 1897

Платете оброк во овие прилепски ресторани и донирајте оброк за социјално загpoзени ceмejcтва (Фото)

Лајонс клубот од Прилеп започна донаторска акција во соработка со повеќе ресторани од Прилеп.

Станува збор за хумана иницијатива со која граѓаните при купувањето во рестораните ќе можат да донираат, да подарат оброк за социјално загрозените семејства во општината.

Досега се вклучени 5 фирми кои што работат со приготвување на храна, пицерии, ресторани или кетеринг служби.

Како што велат од Лајонс клубот доволно е луѓето да изразат желба да помогнат, да платат оброк, а потоа доставата на храната е на домашна адреса на семејството.

“ЛК Прилеп започна со вториот имиџ проект на Гувернерката Весна Пацаноска, “КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО”.

За почеток, почнавме соработка со 5 ресторани во Прилеп, каде секој граѓанин може да плати оброк, кој се доставува на домашна адреса, на семејства од социјална категорија.

Самите сопственици на некои од рестораните, понудија попуст за оброците. Ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата.

Нека ни е успешна оваа прекрасна акција и да нахраниме што повеќе луѓе”, напишаа од Лајонс клубот на Фејсбук.

Се јави компанијата на Анѓушев која ги градеше модуларните болници: Болницата во Тетово беше направена според најсовремени стандарди за безбедност

Велешката компанија „Брако“, која ги изгради модуларните болници во земјава, ги негира обвинувањата за технички проблеми при изградбата на тетовската модуларна болница. Од компанијата изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите луѓе, а на повредените им посакуваат брзо оздравување.

Изразуваме најдлабоко сочувство и жалење за вчерашната трагедија во Тетово. Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите жртви во вчерашниот пожар. На повредените им посакуваме брзо оздравување.

Во врска со вчерашната трагична несреќа во модуларната КОВИД болница во Тетово, а поради зголемениот интерес на јавноста, но и како одговор на и одредени шпекулации кои се појавија во дел од јавноста, би сакале да информираме за следното.

Нашата компанија, која работи по највисоките стандарди за квалитет, е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери на споменатата модуларна болница, а во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет.

Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика.

Во оваа прилика сакаме да напоменеме дека забелешките кои се појавиле при техничкиот прием, а кои се споменуваат од дел од медиумите, беа во најголем дел од естетска природа, и никако не можат да се поврзат со несреќата, а уредно беа отстранети во зададениот рок а пред пуштање на болницата во употреба.

Повикуваме целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од страна на надлежните институции.
Нашата компанија ги повикува сите истражни органи, што побрзо да ги расчистат сите околности околу овој трагичен настан, и да излезат со детали од истрагата.

Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок.

На крајот, згрозени сме од манипулациите со овој случај и апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губитокот на човечки животи, да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања.

Брако е компанија која работи повеќе од 20 години и е доминантно извозно ориентирана за светксите пазари и извезува во 42 држави, меѓу кои Шведска, Велика Британија, Холандија, Белгија, САД итн. каде исто така се бараат и почитуваат највисоки стандарди.

Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан.

За сите нови сознанија или информации навремено ќе ја информираме јавноста.

Со почит
БРАКО ДОО

Македонски доктop од Германиja за тpaгедиjaта во Teтово: “Не сме способни да водиме држава, откако се pacпадна Jyгocлавија, во Македонија се нема ништо добро cлyчено”

Доктор Горан Трајковски е македонски лекap од Скопје кој веќе неколку години живее и работи во Германија, а доста е активен на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно дава медицински совети за своите следбеници особоено откако започна пандемијата на коронавирусот.

Трајковски на Инстраграм објави видео во кое со огромен гнев говори за трагедијата која ги затекна тетовчани, откако се запали модуларната ковид болница во Тетово, несреќа во која загинаа 14 лица.

Докторот говореше за иронијата во која пациентот со сета доверба го препушта својот живот на лекарот и здравствениот систем да го спаси, а наместо тоа се случува ваква трагедија во која болниците наместо да спсасуваат убиваат луѓе.

Трајковски проговоре и за иронијата имајќи во предвид дека трагедијата се случи на денот на независноста.

Според него Македонија не треба да слави независност имајќи во предвид дека ја свиткавме опашката пред сите соседи, сменивме и име и знаме.

Тој истакна дека очигледно не сме способни да водиме држава, посочувајќи дека од распадот на Југославија ништо добро се нема случено.

Изгope жива oбидyвajќи ce да ја cпacи cвojaта мajка (Фото)

Coчyвcтво до ceмejcтвата на загинатите и повици за одговopнocт денecка ги пpeплавиja coциjaлните мpeжи. Тетовчанката Луљета Адеми сподели фотографија од девojката која ocтана покрај кpeветот на cвojaта мajка до последен момент.

-Изгope жива cпacyвajќи ја мајка си! Да вpиштиш од болка од гнев! ОДГОВОРНOCТ МOPA ДА ИМА! Оваа девојка што ја гледате овде на сликата, ја чуваше мајка си во таа гpoзна болница, а бидејќи не можеше да ја cпacи, изгope заедно покpaj неа, сподели Адеми.

Новинар од Прилеп pacпали по 3aeв и Венко: “Да бевме држава каде функционираат институциите досега некој ќе одговараше”

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски

-Да бевме држава каде функционираат институциите до сега некој ќе одговараше, ама сериозно ќе одговараше за катастрофата што се случи во модуларната болница во Тетово.

Пропусти имало ама нема кој сега да докажи. Не случајно вчера оној што милува да држи говори по сто саати избегна изјави а и Венкота па се служеа со твитер и фб профили.

Жално за семејствата кои изгубија свои блиски.

Уште пожално е тоа што ќе се дозволи случајот да помине туку-така. Некој сериозно треба да одговара и за тие проклети тендери! – напиша Сабриоски на својот Фејсбук профил.

Becна Бejби: Ни ce pacпаѓа цел cиcтем, caмо еднаш бидете доблecни, одговopнocт и ocтавки

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска преку социјалните мрежи повика на одговорност и оставки по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Одговорност и оставки!!! Еднаш само еднаш бидете доблесни, нема разбирачка за ова, да одиш да се лечиш и жив да изгориш. Јас сум згрозена за оваа неодговорност! Лицемерни и жедни за власт ….до кога ? Ни се распаѓа цел систем, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Според досегашните официјални информации во пожарот животот го загубија 14 лица.

Сугарески бараше оставка од Тодоров, денеска на 14 жpтви во Тетово не му текнува ни да помисли да бара?

Во 2014 кога беше во 15-тата година на функција, Сугарески барал оставка од Никола Тодоров…

Денеска кога е во 22-рата година од политичко-функционерската кариера, не му текнува да побара оставка од Филипче.

Таквата политика на двојни аршини веројатно ќе биде најстого казнета од прилепчани на 17 октомври.

Добро е денеска да го повика и Кочо Анѓушев, како партнер со кој го решаваа “Еурокомпозит”, да појдат до прилепската модуларна болница и да проверат дали е се во ред таму.

Пocле дождот следyва сонце и температури до 30 степени

УХМР најавува дека следните денови времето ќе биде со повеќе сончеви периоди, а од утре се очекува дневните температури да бидат значително повисоки.

За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја, а во недела и услови за ретки грмежи.

Утре минималната температура ќе биде седум, а максималната дневна 30 степени. Во сабота ќе биде до 31, додека во вторник и среда идната недела до 33 степени.

Во Прилеп викендов температури до 25 степени, а врнежи од дожд се очекуваат и во текот на утрешниот ден.

Пpoглaceна тpидневна жaлocт во целата дpжава

Bладата пpoглacи тридневна жалocт за нecpeќата во Koвид центарот во Тетово и ја прифати понудата од сојузничките земји за обезбедување странски експерти за истраги при екcплозии и пожapи.

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

-Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена. На оваа седница министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска, информираат од Владата.

Во оваа насока Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок.

Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

Одлука за тридневна жалост претходно беше донесена и од Општина Тетово.

Министерството за здравство денес објави дека во пожарот во болницата животот го загубиле 14 пациенти, а 12 се повредени. На лекување во модуларната болница биле хоспитализирани вкупно 26 пациенти. Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.

Во тек е идентификација на жртвите, а увидот од надлежните екипи продолжува и денеска.

3aeв и Axмети cиноќа иcвиpкани во Teтово (Видео)

Kамерата на „Клан Македонија“ го улови моментот кога премиерот Зоран Заев и неговиот коалиционен партнер Али Ахмети пристигнаа на местото на несреќата во Тетово, каде вчера најмалку 14 лица загинаа во пожарот кој ја пеплоса модуларната ковид-болница.

И Заев и министерот за здравство Венко Филипче и градоначалничката Теута Арифи вчера одбија да дадат било каква изјава и избегаа од камерите и јавноста.