дома блог страница 1898

3aeв на македонски и албански на Фејсбук: “Сите служби peaгиpaa пожpтвyвано и cпacyвaaт лyѓе”

Премиерот Зоран Заев напиша статус на Фејсбук после вечерашната тpaгедиja во тетовската ковид болница

-Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.

Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.

Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.

Бројката на активни cлyчаи со кopoнавиpyc во Прилеп се ближи кон 300, денеска загyбивме уште еден млад живот

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 6.480 тестирања, а регистрирани се 702 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 280, Струмица – 49, Куманово – 47, Штип – 37, Гостивар – 33, Тетово – 28, Охрид – 26, Кичево – 19, Битола – 17, Прилеп, Велес и Кавадарци – по 16, Свети Николе – 14, Радовиш -13, Струга – 10, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Виница и Пробиштип – по 9, Дебар – 8, Гевгелија и Берово – по 5, Кочани, Неготино и Кратово – по 4, Валандово и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 1.119 оздравени пациенти од:

Скопје – 512, Струмица – 104, Гостивар – 102, Куманово – 79, Кичево – 56, Велес – 25, Прилеп – 24, Штип – 23, Дебар – 22, Битола – 21, Кавадарци – 18, Кочани и Ресен – по 16, Радовиш 15, Свети Николе – 13, Гевгелија – 11, Картово – 10, Пробиштип – 8, Делчево – 7, Тетово – 6, Неготино, Богданци и Македонски Брод – по 5, Виница – 4, Берово – 3, Валандово – 2, Струга, Крива Паланка, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Дојран и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 24 починати лица:

10 починати лица од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 починати лица од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).

Од пријавените 21 е починат во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Направени се 6.480 тестови преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-61, ЦЈЗ Тетово–122, ЦЈЗ Куманово–109, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 12 ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–350, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-336, Биотек-331, Систина-99, лабораторија Лаор-376, Синлаб-102, Ремедика-17, Плодност–79, Генеа -40, Никоб лаб-824, ВФВ Медикал-119, Ели Медика-132, Ројал Медика –68, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.662.

Досега во земјата се направени вкупно 1.203.819 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.620, бројката на оздравени пациенти е 161.515, на починати е 6.153, а бројот на активни случаи изнесува 13.952.

Во Прилеп во моментов активни се 272 слyчаи.

(Видeo) Пожap целocно ја пеплoca Koвид болницата во Teтово, лyѓе изгopeле co ce кpeвети

Исклучително cepиозен е пожapoт кој повеќе од 40 минути беснее во тетовската модуларна Koвид болница.

Од МВР велат дека нивни екипи веќе се на терен но не можат да потврдат ниту да демантираат дали и колку жpтви има во огнената cтиxиja.

Поради силниот интензитет на пожapoт, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово.

На видео објавено пак на Фејсбук се гледа дека починатите веќе се изнесени надвор од опожарената зграда и се покриени со бели чаршафи.

Очевидци велат дека докторите вложувале максимални напори да ги евакуираат пациентите и со кревети и колички ги извлекувале од запалената зграда. Според последните информации, зградата е целосно изгорена.

Ѓорчев за прославата на 8-ми Септември: Тажен помен, музика за погpeб и пapacтoc (Видео)

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на Фејсбук го прокоментира празнувањето на 30-годишнината од независноста на Македонија.

-Тажен помен. Музика за погреб и парастос. Празна пустелија. Плус гробарите. Македонијо, заслужуваш подобро – напиша Ѓорчев.

Пpeдлог: Да им ce одземе бyгapcкото дpжавjaнcтво на оние граѓани кои на попиcoт нема да се изjacнат како Бyгapи

Бугарија предлага да им се одземе бугарското државјанство на оние кои нема да се изјаснат како Бугари на пописот во Македонија.

Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство, пишуваат бугарски „Факти“.

„Да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во С.Македонија се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, а имаат добиено бугарско државјанство врз база на етничката свест како Бугари. Тоа е прикажување на невистините информации пред службите и органите на Бугарија“, изјави за БНР, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.

Но, од друга страна има реакции затоа што во Бугарија на попис воопшто нема графа за Македонци. Од денеска почнува електронскиот попис во Бугарија.

Извор: “press24.mk”

Се раситни коалицијата, од 25 минатата година, СДСМ на локални ќе оди во коалиција со 20 партии

Aко минатата година на предвремените парламентарни избори, коалицијата предводена од СДСМ “Можеме” броеше 25 политички партии, оваа година за локалните бројката се намали на 20.

“СДСМ ја предводи најголемата, најразнолика и најсилна коалиција составена од 25 политички партии која е апсолутен фаворит на изборите. За првпат имаме целосно мултиетничка коалиција, а 60% од нашите кандидати се жени”, пишува на веб странта mozeme.mk, која и денеска е се уште активна.

Денеска пак премиерот Зоран Заев истакна дека коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, која СДСМ ја предводи за локалните избори во октомври брои 20 партии.

Договорот за коалицијата беше потпишан попладнево на средба во штабот на СДСМ. Дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници.

Како што рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, коалицијата на изборите ќе има широка кадровска понуда и принципиелна соработка во првиот и вториот изборен круг. Вака поставена, нагласи, коалицијата е гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, развојот на регионите и општините.

– Ова е коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, фаворит, победник на изборите. Имаме знаење, волја и мотивација, план и програма за решавање на проблемите на граѓаните. Принципите зад кои заеднички застануваме се препознатливиот печат – работа во интерес на сите, на граѓаните, општините и државата за напредок и развој на секој наш град, секое село и населено место, истакна Заев по потпишувањето на Договорот.

Со нас, дополни, граѓаните се на чисто. Нашата понуда не е „мачка во вреќа“, туку реалност која зборува за најдоброто сама по себе.

Според Заев, вредносниот граѓански концепт на „едно општество за сите“, значи продолжување на успешната коалициска соработка со партнерите ДУИ, БЕСА и ДПА на локалните избори, преку изградени критериуми за заемна поддршка на кандидатите со најдобра програма и најголема доверба кај граѓаните.

-СДСМ е прогресивна и модерна партија која своите партнерства ги гради на идеолошки заложби и програмски концепти, а не со меници и притисоци својствени за едно друго режимско време. Ме радува што нашите партнери ги делат истите вредности. Искрено вложуваме во нашата цврста определба дека сите граѓани се еднакви, без разлика на нивната етничка, верска и политичка припадност. Цврсто веруваме дека владеењето на правото, почитувањето на човековите слободи и права, економскиот прогрес, меѓуетничкиот соживот и толеранција, се столбовите на кои почива модерната македонска држава, напомена Заев.

Тој оцени и дека четири години работите се менуваат на подобро, и на централно и на локално ниво.

-Наследивме општини заглавени во долгови, без визија за развој, но веднаш почнавме да работиме на нивна трансформација. Директно од Буџетот насочивме 50 милиони евра, им помогнавме да се раздолжат, обезбедивме и дополнителни 500 милиони евра за нови проекти на локално ниво, нагласи Заев.

Осврнувајќи се на реализираното, Заев потенцира дека никогаш досега не се инвестирале толку многу средства во општините, рамномерно, а спроведени се, рече, над 7.000 проекти.

-Наместо во барок, споменици и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Се што зналчи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, истакна Заев, додавајќи дека и на централно ниво е направен голем исчекор, и во меѓународните односи и во економските текови.

Лидерот на СДСМ подвлече и дека денешното потпишување на Договорот има симболика.

-На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност, подвлече Заев.

Дедо co aвтoмoбил yдpил вo мaлoлeтeн вeлocипeдиcт и избeгaл

На 07.09.2021 во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место, а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар, информира МВР.

По нecpeќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телecни повpeди.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.

(Видео) Најстресното искуство во македонски ресторан во Америка

Изворнедните Киган Мајкл Кеј и Џордан Пил во нивното ултрапопуларно шоу на “Комеди централ” издвоија време да го опишат искуството во македонските и албанските ресторани во Америка.

Видеото е од 2019 година, но вреди да се погледа повторно и сигурни сме дека ќе ви го разубави денот.

Особено ќе бидете изненадени од “добриот македонски нагласок” на популарните актери.

Сугарески не смее да напише Македонија, ниту на Денот на независноста?

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ.

“Во чест на еден од најсветлите датуми во историјата на македонската држава, положивме свежо цвеќе и се поклонивме пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто и пред Могилата на непобедените, каде почиваат останките на над 600 учесници во антифашистичката револуција.

Со должна почит и огромен пиетет кон паднатите борци и херои, градиме соживот, инвестираме во денешницата во име на посреќна иднина за генерациите кои доаѓаат. Честит да е Денот на независноста, 8 Септември!”

И тука останува да прашаме: На која држава Сугарески?

Пред cpцев удap се појавува оваа промена на телото: Симптом кој може да ви го спаси животот

Најчестите симптоми на срцев напад вклучуваат болка во градите, отежнато дишење и чувство на мачнина. Меѓутоа, научниците утврдиле дека постои еден симптом што се јавува порано и кој може да помогне да се спречат фаталните последици.

Срцевиот удар настанува поради недоволен доток на крвта до срцето, но и како последица на насобирање масни наслаги во артериите кои исто така го блокираат дотокот на крвта.

Инфарктот може да има и фатални последици, а за да се одбегнат тие, потребно е навреме да се реагира. Пациентот кому ќе му се укаже лекарска помош навреме има значително поголеми шанси да преживее.

Истражувањето покажало дека осипот на кожата може да биде најран знак кој укажува на тоа дека ви претстои срцев удар. Оваа промена изгледа исто како осип, но всушност станува збор за наслаги на холестерол, според тврдењата на Американската академија за дерматологија.

Кога масните наслаги ќе ги затнат артериите, вишокот холестерол се складира во некој друг дел од телото.

„Знаците може да се појават на кожата или ноктите. Ненадејните промени на кожата, како што се ситните испакнатини или осипи, говорат дека имате нагол пораст на холестерол. Овие промени се случуваат како последица на високите нивоа на триглицериди во крвта“, вели доктор Мајк Морис.

„Може да се јават и црвени или виолетови линии на прстите, под ноктите. Тоа се всушност оштетувања на крвните садови, кои настануваат пред инфарктната состојба.“

Ако ја забележите оваа необична промена, најдобро би било да посетите кардиолог и да го проверите здравјето на срцето, советуваат лекарите.

Извор: press24