Мицкocки од Прилеп со поддpшка за тyтyнapите: 3eмjoделcките cyбвенции, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја пpeдводи владата, ќе бидат нajмалку 5% од бyџетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од средбата со граѓаните во општина Прилеп изрази огромна поддршка за земјоделците, особено за тутунопроизводителите, при која прилика вети дека во првиот момент кога партијата ќе го преземе раководството на владата, земјоделските субвенции ќе изнесуваат 5% од државниот буџет.

Мицкоски, ова го истакна одговарајќи на новинарски прашања за став по однос на тоа што се уште не е исплатен петтиот пакет антикризни мерки, од кој што исплата на финансиски средства чекаат и тутунарите од прилепско, без кои средства може да се рачуна дека тутунопроизводителите годината ја обработиле на вересија.

Тој истакна дека во Македонија треба да се зголеми вложувањето и инвестирањето во земјоделието затоа што државата е производител на навистина квалитетна храна и производи, како и производител на квалитетен тутун.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме и тоа ќе го направиме веднаш кога ќе ја имаме можноста да ја водиме владата во Македонија, субвенциите за земјоделците, во кои што посебно место ќе имаат тутунопроизводителите, да изнесуваат 5% од буџетот и тие 5% практично, директно да ги вложиме во земјоделието, во храната, бидејќи Македонија е производител на навистина квалитетна храна, производител е на квалитетен тутун, овде регионот на Прилеп и прилепско. И ќе дадеме се од себе, преку методологија и механизми со кои што ги имаме предвидено во програмата „Обнова за Македонија“, да не ни се случуваат вакви работи какви што денеска се случуваат во Прилеп, односно како што се случуваше минатата година при откупот на тутунот на минатата сезона. Така што, мојата порака и до земјоделците и до тутунопроизводителите е да бидат спокојни, да не се обесхрабруваат, крајот доаѓа на овие криминалци и политички измамници. Најмалку пет проценти од државниот буџет директно ќе биде вложен во земјоделието, со посебен акцент на тутунопроизводителите, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека во изминатиот период бевме сведоци, како се шверцуваше тутун, а во јавноста се шпекулираше дека тоа го прават фирми блиски до Љупчо Николовски, при што царинската управа тоа го потврди додека домашниот тутун остануваше во амбарите непродаден.

Мицкоски додаде дека тој изразува жалење и поддршка и дека навистина сочувствува со болка и мака која што во моментов ја чувствуваат и живеат тутунарите затоа што во континуитет се лажени од оваа Влада, предводена од Зоран Заев

-Како човек, изразувам жалење и поддршка за луѓето кои што се тутунопроизводители и кои што континуирано се лажени од оваа Влада, и од Љупчо Николовски, и од Зоран Заев. Минатата година беше историски најлошата за нив, голем број трауми и лични искуства слушав и навистина сето тоа, мене како човек, ме погоди. И сочувствувам со сета нивна болка, со сета нивна мака која што тие луѓе во моментот ја чувствуваат и ја живеат. Самите рековте дека оној, би рекол егзибионистички донесен петти пакет и не е исплатен, тоа го кажуваат и тутунопроизводителите овдека во прилепско, истакна Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.