дома блог страница 1830

Влада: Спортските коментари да бидат и на македонски и на албански јазик

Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Македонија, најдоцна до 31 декември да почнат да ги применуваат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.

Овој заклучок Владата го донесе по разгледувањето на извештајот на работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и на албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, оваа препорака е донесена на денешната 117-та седница на Владата.

Работат во модуларната ковид болница во Прилеп, а 9 месеци не зеле пapи и се оставени без здравcтвено ocигypyвање (Видео)

Медицински сестри и болничари ангажирани во ковид кризата во болницата со општа надлежност „Борка Талески“ во Прилеп, со работни обврски во модуларната болница и на другите одделенија повеќе од девет месеци не добиваат ниту пари, ниту имаат некаков договор за работа, а најмалку здравствено осигурување. Тие денеска пред Ургентниот центар во болницата излегоа со реакции и бараат одговори од Министерството за здравство.

Според Симона Петреска, ангажирана медицинска сестра, револтот е голем, а имале најава дека ќе им се реши статусот, но досега нема ништо.

-Ние сме револтирани медицински сестри и болничари од прилепската болница. Повикани за работа во ковид-пандемијата, сѐ уште сме без решен статус и без никаков финансиски надомест. Повеќе од осум месеци слушаме само ветувања, а никој нема слух за нашиот проблем. Секојдневно изложени на ризик од зараза со вирусот, без здравствено осигурување, а во моментов една од нас е позитивна. Сестрите пуштени на транспорт е кривично дело, без никој да се запраша дека нашата лиценца може да биде одземена. Сакаме да се обратиме до министерот за здравство, Венко Филипче и да го запрашаме дали е запознат со нашиот случај. Ве замолуваме да ни одговорите за нашата деградација зошто има поделба: на дел од персоналот дадовте договори, а на друг дел не. И не сме повикани како волонтери, доброволци, туку сме повикани за работа. Свесни сме дека може да бидеме избркани од работа, истакнаа револтирани медицински сестри и болничари.

Директорот на болницата, Кети Смилеска вели дека се сретнале во текот на вчерашниот ден со здравствените работници. Станува збор за вкупно 16 здравствени работници. Посочи дека чекаат да им биде одобрен новиот акт за систематизација од надлежните министерства.

– Чекаме на новата систематизација која мораше да биде одобрена од надлежните министерства: за информатичко општество и за здравство. Тоа беше неопходно по процесот на спојување на Здравствениот дом и на Болницата. Се чека одобрувањето на актот, зашто претходно помина на Управниот одбор на болницата. Наскоро очекуваме да го добиеме, за потоа да се бараат согласности за евентуални договори за работа. Тоа е што може ние да го направиме од болницата, вели Смилеска.

Здравствените работници бараат одговоори од Министерството за здравство.

Уaпceн 36 годишен прилепчанец – пpeвезyвал дpва во автомобилот без дозвола

На 01.11.2021 во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(36) од Прилеп, затоа што во негово возило превезувал огревни дрва без соодветна документација.

Од МВР денеска соопштија дека тој бил приведен во полициска станица, а дрвата биле одземени и предадени во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Фото) Македонски уметник изработува уникатни патики за НБА ѕвездите

Името на Сатја Грабуловски е добро познато за македонската јавност. Се работи за талентирано момче, кое се занимава со креирање уникатни дизајни на патики. Неговиот талент можевме да ги видиме во повеќе соработки.

Членот на Хјустон Рокетс, Џе’Шон Тејт, се пофали на социјалните мрежи со најновото ремек-дело на македонскиот уметник.

Наставнички пленум бара да се зголемат платите во образованието

Наставничкиот пленум бара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари 2022 година, повикувајќи се на растот на цените на производите за секојдневни потреби и на растот на минималната плата во државава.

Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека на анкетата што ја спровел, големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции.

Вработените во образованието заслужуваат подобар животен стандард и повеќе средства за егзистенција и поради тоа бараме од Вас сериозно да пристапите кон нашето барање и да го реализирате, наведува Пленумот во барањето до Царовска.

Прогласени добитниците на наградите „3-ти Ноември“

Како што беше соопштено оваа година по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат три награди за животно дело – Златна плакета. Постхумно награда за животно дело им се доделува на Драган Попоски-Дада, доајен на македонската современа скулптура, Тачко Локвенец, новинар, писател и публицист и на Илија Адамоски, истакнат општествен работник.

Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници покрај наградата за животно дело, додели и 4 плакети и 7 дипломи.

„На денешната седница на Совет беше формирана Комисија за одбележување на значајни настани, личности и празници. Веднаш после завршувањето на седницата се состана комисијата и одлучи веќе донесената одлука на комисијата од претходен состав на советници да ја измени и дополни Одлуката за доделување на награди и признанија по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп“, истакна Игор Николоски, претседател на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници.

Награди – плакети по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:

Младост 96, за достигнувања во областа на спортот;

Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница;

Здружение за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права;

Фирма МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството;

Награди – дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп им се доделуваат на:

Георги Стале Поповски, за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност;

Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата;

Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија;

Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата;

Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство;

Пулексенија Јованоска, за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки;

Јовица Нешкоски-Фризерот (постхумно), за негување на фризерскиот занает;

Како што потенцираше претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, на објавениот конкурс за доделување на наградите „3-ти Ноември“, пристигнале 14 апликации.

Наградите на годинешните добитници ќе им бидат доделени на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, која ќе се одржи во среда, 3-ти ноември, во големата сала на Општина Прилеп.

Оваа година се навршуваат точно 77 години од остварувањето на вековните стремежи за национална слобода, еден од најзначајните датуми за градот Прилеп – 3-ти Ноември.

Крушево – патоказот на убавините

Во прегратките на Бушева планина, мирно спие градот-музеј, градот-херој, највисокиот град на Балканот, градот со поглед кон Пелагонија, кон Солунска глава, градот гнездо на историјата, мултикултурата, занаетчиството, поезијата и музиката. Богато е Крушево, богато со Илинденското востание, богато со бочварите, чевларите, шнајдерите , власите, со Тоше Проески, Васил Иљоски, Никола Мартиноски.

Тие се само дел од ризницата на таленти, кои го цртаат ликот на градот, успешниот град кој во минатото повторно го дигнале од темели, повторно оживеала една стара приказна за нови навики и вистинска иднина без препреки, без болки. За тоа сведочи востанието, кое низ крв и борба, донело надеж за подобро утре, надеж за слобода, жед за пријателски прегратки, жед за само поубави денови.

Како низ бура го погледнувам сонцето кое повторно изгреало над небото, тоа ја отсликува природната убавина на градот, градот со бујната корија, низ чистиот воздух доживеана, во песна раскажана,на лист хартија оставена.
Ќе тргнеш по калдрмите на градот, калдрми поврзани со сокаци кои таинствено молчат за младоста,за сите погледи, бакнежи и насмевки. Тие калдрми прелиени со украсни каменчиња, чекорот го забавуваат и те оставаат да уживаш во несекојдневната слика која градот ја отсликува.

Кога ќе продолжиш да чекориш, ќе налеташ на крушевските одаи, влашките одаи, кои говорат за мултикултурата, за еден град- повеќе народи, за власите, кои гордо чекорат низ крушево, власите – нашите чорбаџии. Таму ќе сретнеш прегрнат влав со македонец, благо кафе и малку локум, локум од тој најубавиот, на Тагас Балкан. Ќе ги слушниш нивните чаршиски муабети, тие говорат за чевларот, кој заедно со шнајдерот среде чаршија со дуќанот долги години ги средува своите крушевчани. Да не го заборавам и бочварот кој за секој има по нешто, посебна изработка од чисто дрво, единствена од некогашното време.

Кога ќе продолжиш да одиш ќе мораш да застаниш покрај спомен куќата на големиот, најголемиот Тоше, тој кој докажа дека хуманоста и добрината можеш да ги имаш, можеш да ги покажеш каде и да отидеш. Неговите спомени, собрани во таа соба за тага, секогаш ќе го оживуваат споменот за него, секогаш ќе не потсетуваат на големината на човекот од малиот град, но најубавиот град во Македонија. Неговата музика ќе говори за неговите дела, тивко секој ќош ќе потсетува на момчето кое судбината го зеде далеку од нас, момчето кое физички го нема, но со душата и спомените засекогаш ќе биде тука.

Но, да не застанувам тука, кога ќе продолжиш да чекориш ќе отидеш на Гумење, таа ширина која води кон езерото, тоа мало езеро на кое блеснува сонцето, потоа кон музеите кои ја сликаат историјата и чуваат богатство од некогаш, од вековите на прадедовците, од деновите кога учителот Карев говорел за смрт или слобода без себичност, со храброст.
Од таму погледни со погледот кон манастирот, духовното на градот, заедно со црквите каде мирот е сигурен и најголем.

Од таму продолжи да одиш кон скитерените, за да ја доживееш зимската слика на градот, градот кој важи за зимска идила, градот кој нуди снег до колена, со скии разгазен и со топло чајче растопен. Се можеш да најдеш низ Крушево.

За да одмориш ќе мораш да седнеш во крушевските кафани, во одајата која со своето овчко сирење од поднебјето на Крушево, од арилевско, плени и повторно те повикува, повикува да се вратиш повторно и да посакаш се што е најдобро.
Од Крушево не можеш да заминеш без да отидеш на Мечкин Камен, без да застанеш на полетувалиштето кое црта поглед на цела Пелагонија, а можеби и подалеку. Таму ќе најдеш мир, без џагор, рај кој ќе посакаш секогаш да го имаш.

Тука не завршува приказната за градот кој има многу повеќе да даде, од кој има повеќе да се чуе, каде можеш повеќе да видиш. Градот со душа како планина, со мирис на бука, градот со чист воздух секогаш ќе биде таму и секогаш ќе чека на нас, ќе чека на повторно чекорени улици, на повторни средби кои некој некаде сигурно ќе ги раскажува низ силни насмевки.

Ирена Блажеска Дончева

Павле Трајанов: Кампањата која ја водеа партиите на власт, беше школски пример како да се загубат избopите

Мислам дека кампањата што ја водеа партиите на власт беше школски пример како да се изгубат изборите, вели Павле Трајанов во емисијата „Студио 10“ на “ТВ 24”.

-Имавме средба вчера во Владата каде сите едногласно се согласивме дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека нема потреба за нови избори.

Локалните избори се за избор на градоначалници и советници, тие не треба да ги мешаме со централната власt. Прoблемите настанаа по оставката на Заев.

Нов мандатор ќе отвoри нови прашања, мој заклучок е дека Заев останува цврсто на својата одлука – рече Трајанов.

Концертна промоција на албумот “Крик и Прашина” на Сашо Костов во Прилеп

На 4 ноември 2021/ четврток/ од 20.00 ч. во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи алтернативен рок концерт на Сашко Костов, при што ќе има концертна промоција на албумот „Крик и Прашина“.

Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања. Сашко Костов со овој албум отвара ново поглавје во неговото истражување на музиката.

Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно – експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија…..На концертот Костов ќе свири со бенд составен од: Сашко Костов (Вокал, гитара, семплинг) Симон Облешевски – Клавијатури Симеон Ангеловски – Бас гитара Дамјан Грујо – Тапани Филип Бошевски – Гитара

Сашко Костов е мулти-инструменталист, композитор, изведувач и продуцент чија музичка инспирација е тесно врзана за неговите влијанија и потекло. Со првото слушање, и покрај сложеноста на неговите композиции, тие допираат до публиката и не ја оставаат рамнодушна.

Изминативе неколку години се занимава со производство на сопствени инструменти кои имаат уникатен звук а кои се изработени од рециклирани материјали (дрво, пластика, метал) сечење – штимање метални, пластични цевки… Работејќи на музичката сцена од 1995-та година, Сашко наоѓа место во индустријата, за фокусирање на неговата соло кариера, а воедно и компонирањето на музика за театарски претстави стана негова пасија.

Костов твори интригантен звук и во исто време останува верен на сопствените творечки стремежи. Посветен на својот занает и полн со еклектични идеи, овој уметник знае како се користи поетскиот стих за да ги разубави своите музички тонови и ритмови.

Вокалите се неговото најмоќно оружје. Еден од ретките кои потпирајќи се на сопственото авторско кредо и на стекнатите свирачки вештини зад себе има пристојно долга кариера документирана во некаде петнаесеттина објави, многу театарска музика и уште повеќе концертни настапи со групите чиј предводник бил (BAD SECTOR, SASKO KOSTOV and THE WAITING WAITS), но и со дузина каде се јавува како редовен или „дописен“ член (МУГЕР ФУГЕР, ЛАСТ ЕКСПЕДИШН, ЧИСТА ОКОЛИНА, Горан Трајковски…).

Формалната наобразба ја заокружува на Џез академијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Ова подразбира дека тој подеднакво е успешен како тапанар, перкусионист, вокалист, гитарист, клавијатурист кој со леснотија плови во творештвото и зад себе остава парчиња музика која е показ за неговото патешествие во кое поодамна се избришани формалните жанровски рамки што е доблест на оние кои размислуваат со универзалниот јазик и ги претпочитаат потрагите наспроти удобноста со веќе постигнатото.

Милевски со пopaка до 3aeв: Некој кога ќе caка да земе се, на кpajoт ocтанyва без ништо

Некој кога ќе сака да земе се, може на крајот да остане ништо и тоа е пораката која што граѓаните ја испорачаа на овие избори, нагласи Горан Милевски, претседател на ЛДП во „Утрински Брифинг“.

Милевски додаде дека и покрај големите притисоци за да не победи кандидатот на ЛДП во Шуто Оризари, сепак ЛДП победи.

– Направија повеќе грешки од власта и поради тоа се овие резултати кои што ги добија на овие избори, рече Милевски.

Милевски посочи дека дојде време кога треба повеќе гласот да се слуша на ЛДП. Од Владата ЛДП беше доведувана пред свршен чин за некои работи, кои што ги дознаваа од новинарите еден ден или неколку часа претходно. Но на тоа веќе е завршена работа.

– Даваме последна шанса, како да ја наречам да се поправи Владата. Влада ќе има нова сега бидејќи премиерот си даде оставка. А, тоа значи дека Владата е во оставка. Значи не може да си замине премиерот, а министрите да си останат, заклучи Милевски.

Милевски рече дека дефинитивно е дека Заев ќе си замине. И не треба веќе за тоа да се занимаваат политичарите или да говорат за тоа, тоа треба да биде морален чин за кој јавно си кажа Заев. Залудно е да се дебатира на таа тема.