дома блог страница 1831

Собранието доби 6 нови пратеници

Собранието на Република Македонија ќе добие двајца нови пратеници на местото на Кирил Пецаков и Биљал Касами кои ќе дседнат во градоначалничките фотејли. Се работи за Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на местото новиот градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков. На местото на Биљал Касами, пак, кој победи во трката за Тетово, пред досегашната градоначалничка Теута Арифи, ќе дојде Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Изменет состав собранието доби и во првиот круг, кога Тимчо Муцунски, Иван Јорданов, Дарко Костовски, Коста Костадинов однесоа победи во своите општини.

На местото на Тимчо Муцунски, кој беше во првата изборна единица, дојде Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ. На местото на Иван Јорданов, дојде полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Ангелова Емилија, исто така од ВМРО-ДПМНЕ, ќе дојде на местото на Дарко Костовски од таа партија. Коста Костадинов од СДСМ, кој е идниот градоначалник на Струмица, ќе го замени Драгица Спасова од СДСМ.

Да му помогнеме на Дејанчо од Прилеп и неговата болна мајка чиј дом целocно изгope (Фото)

Дејанчо Настески живееше со неговата болна мајка во социјалните бараки во населбата Варош во Прилеп, кои на 05.08. беа зафатени од голем пожap.

Во пожapoт целосно изгopea домовите на четири социјално загрозени семејства, меѓу кои и домот на Дејанчо.

Во допис до нашиот портал, Дејанчо вели дека е оставен без никаква помош и дека има итна потреба од помош од хумани граѓани.

Секој кој е во можност да донира тоа може да го направи на следната трансакциска сметка:

240287115528329 – Уни Банка, со цел на дознака “за донација”, или може да го контактира Дејанчо на следниот телефонски број: 075/751-714

Барбара им се врати на медалите: Трето место за младата прилепчанка од Медитеранските игри во Грција

Може да се рече “скромно” трето место за Барбара Стојкоска на Медитеранските игри во Ксанти Грција, но одличен бронзен медал за Прилеп, кој го добива за прв пат во историјата.

Медитеранските игри беа продолжение на Балканското првенство, кое исто така викендов се одржуваше во Ксанти.

Барбара се борeше во категорија до 61кг и со 2 победи против натпреварувачки од Грција и Србија, успешно се враќа на борачката сцена по краткото отсуство.

Претходно на Балканското првенство, младата Ангела Трајкоска во силна конкуренција со две победи и два порази, стигна до бронзата во категорија до 36кг.

Честитки за Ангела и Барбара, како и за нивниот матичен клуб БК “7-ми Мај” од Прилеп.

И Миле Талевски ќе го спасува Зоран Заев? Изгуби со 7.600 разлика

Претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Зоран Заев. Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во СДСМ

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, апелира Костовски.

Останува да видиме дали и останатите претседатели на општински организации ќе го поддржат Заев. Во Прилеп претседател на ОО СДСМ беше актуелниот пратеник Миле Талевски, под чие водство партијата загуби со 7.600 гласа разлика во првиот изборен круг на локалните избори.

Директорот од битолски Водовод си даде оставка по само 18 часови од поразот

Победата на Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја донесе првата оставка

Денеска оставка поднесе директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Козаров. Козаров четири години со успех го водеше јавното претпријатие Водовод и по неговото доаѓање во Битола почна да се гради новата управна зграда – oбјави “Нова Македонија”

На вчерашниот втор круг од локалните избори во Битола, Коњановски освои 24.708 гласови, а неговиот противкандидат од СДСМ, Христо Кондовски, доби 21.978.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата добија најмногу советници во новиот Совет на општина Битола, каде граѓаните ќе ги застапуваат 12 претставници.

Еве за колку време ќе се состави новата Влада во Македонија

Со чинот на поднесување на оставка на Заев до Собранието, паѓа целата Влада. Се’ уште не е познато кој ќе го наследи Заев во позициите. Дали тоа ќе биде Сања Лукаревска, бидејќи е заменик-претседател се уште немаат изјаснето од партијата.

Уставот наложува, веднаш кога Заев ќе ја реализира премиерската оставка до Џафери, претседателот на собранието го известува шефот на државата Пендаровски. Од тој момент Пендаровски има 10 денови за одлука. Во тие денови се консултира со партиите за кого да припадне мандатот за нова Влада.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Дали е ова во Прилеп: Директор самиот си се вработил во претпријатието во кое директорувал

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска на седница разгледуваше прв случај – предмет пристигнат кај нив, на вработување кога едно лице директор во Јавно претпријатие се вработува самиот себе, во истото ЈП. Антикорупција ќе покрене иницијатива за кривична одговорност пред Јавното обвинителство за повреда на член 353 од Кривичниот законик, односно иницијатива за утврдување одговорност. Пред новиот градоначалник и на новиот Совет на општината ќе достави иницијатива за одговорност на директорот и на в.д. директорот на Јавното претпријатие, пренесува Република.

ДКСК по разгледување на документите кои им се доставени и, како што рече Катица Николовска, член на Антикорупција, која го образложи овој предмет, недвосмислено упатуваат на планирано сценарио, но и одредбите од Законот за спречување на корупција, директно ги поврзува како злоупотреба на службена положба за остварување корист за себе или за друг.

Таа појасни дека директорот за себе обезбедил корист на начин што си се вработил во јавната администрација, а в.д. директорот на ЈП и градоначалникот користејќи ја својата функција и положба, обезбедиле корист за друго лице односно за актуелниот директор.

На денешната седница на Антикорупциска, Николовска информираше дека директор на Јавно претпријатие користејќи ја својата положба како директор, обезбедувал услови преку јавен објавување оглас за вработување на стручно лице во јавната администрација на ЈП, да си обезбеди за себе работно место, така што после завршувањето на неговиот мандат како директор, би можел да се врати во институцијата како вработено лице.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

Цената на бензините повторно се зголемува, ова е новата одлука на Регулаторна

Регулаторната комисија за енергетика ја соопшти одлуката за новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.10.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,135 ден/кг.

Од 2.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,135 (денари/килограм)

Нови ликови во “Водовод” и “Комуналец”

По катастрофалниот пораз на СДСМ во Прилеп и разликата од 7.500 гласови, логична е пораката на прилепчани.

Тие се незадоволни од функционерите на СДСМ на локално и централно ниво и бараат нови кадри на сите позиции во сите нивоа на властa.

Се чини дека пораката ја сфати и Борче Јовчески, кој ќе преферира исклучиво нови лица, а тоа ќе е тенденција и за понатаму се до парламентарните избори.

Најпрво е најавена РЕВИЗИЈА на работата на претходните директори на ЈП, сумливите набавки и финансикото работење.

Според неофицијални сознанија деновиве ќе биде назначен нов директор на “Комуналец”, а тоа треба да биде Абрашоски Рубин, искусен кадар од редот на вработените, човек кој треба да го врати сјајот и хигиената во Прилеп, по што беше препознатлив градот до 2017та.

Исто така негова задача е да ја стави во функција и фабриката за отпад во Алинци, но и да ги провери сомнителните вработувања.

Нов лик во “Водовод” треба да е Игор Гулабоски искусен професионалец за кој оваа проблематика е позната.

Очекуваме информација и за останатите две ЈП, но и за прилепските училишта. Не се сомневаме во добриот избор на Јовчески. Прилеп мора да е лидер во Македонија по добрата работа.

Еве што значи ocтавката на Заев според македонскиот Уcтав

Уставот на Македонија и собранискиот Деловник ја регулираат постапката во случај на оставка на претседателот на Владата.

Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта. Владата на која и е изгласана недоверба, која поднела оставка или на која мандатот и престанал поради распуштање на Собранието, останува на должност до изборот на нова Влада“.

Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Премиерот Зоран Заев и претседател на владејачката СДСМ вчера по поразот што го претрпе партијата на локалните избори на завршната прес-конференција по затворањето на гласачките места изјави дека поднесува оставка од двете функции.

–Ја преземам одговорноста за лошите резултати од овие избори, истакна Заев, честитајќи им на политичките опоненти на изборната победа.

Заев прес-конференцијата во седиштето на партијата не најави што понатаму, кој би го презел кормилото во партијата, ниту пак кој би ја презел челната позиција во Владата.

Тој е претседател на СДСМ од 2013 година. Партијата има и заменик-претседател, Сања Лукаревска и четворица потпретседатели Мила Царовска, Венко Филипче, Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски.

На премиерската функција е од 31 мај 2017 година, а втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година.

Заев вчера, сепак, нагласи дека останува на ставот дека не треба да има предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што рече, претстојат две и пол одлични и неповторливи години за државата од кои корист ќе има целиот народ и држава.

–Ќе останам периодов додека треба, за да помогнам, да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече Заев.