дома блог страница 1829

Се празнува Преподобен Иларион Велики

Иларион се роди во селото Тавата, близу Газа во денешен Израел, од родители незнабошци. Во младоста ги изучи тогашните науки во Александрија, а потоа поверува во Бога и се крсти.

Откако ја презре светската наука и го засака доблесниот живот, отиде во Египет и се учеше од свети Антониј Велики.

Потоа се врати во Палестина и се подвизуваше близу Газа.

За да ги избегне пофалбите од луѓето, често го менуваше местото на живеење Египет, Сицилија, Далмација, и најпосле на Кипар, каде и го заврши својот доблесен, светол и трудољубив живот, на 80 години.

Ја симна од врвот популарната Squid Game: Oва е моментално најгледаниот филм на “Нетфликс” (Видео)

Филмот „Војска на крадци“ (Army of Thieves) на Зак Снајдер ја симна серијата „Игри на лигњи“ (Squid Game) од бројот 1 меѓу најгледаните содржини на Нетфликс, по скоро еден месец доминација. Снајдер ја прослави веста на Твитер.

-„Армијата на крадците“ е број еден во повеќе од 90 земји, напиша тој.

Заплетот на филмот, кој всушност е претпродолжение на „Армија на мртвите“, е сместен во раните денови на зомби-инвазијата во Лас Вегас. На ИМДБ, филмот засега има оценка 6,4 /10, а на страницата „Ротен томатос“, која собира мислења од филмските критичари, има 70 насто успешност.

Добра вест за прилепчани: Наскоро ќе ја добијат оваа здравствена услуга

Во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност се врши адаптација на просторот со сите инфраструктурни зафати за поставување на апаратот за магнетна резонанца!

Се очекува со сите активности да се заврши до средината на јануари.

Истовремено се испратени два радиолошки технолози специјализирани во таа област на едукација каде eдукатори се претставници од Philips од Романија. Едукацијата ќе се одвива во неколку етапи во поголеми здравствени центри во државата.

Конечно ќе ја имаме и кај нас долго очекуваната метода за доброто на нашите пациенти – информираат од JЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп

77 години од ocлободyвањето на Пpилеп: 5 дена се воделе жecтоки битки кај Bapoш, Плетвap, Mapкови Кyли – ова е акциjaта за Пpилеп

Во деновите што му претходеле на ocлобудувањето и конечното изгонyвање на германскиот и бугарскиот окyпатop од територијата на Прилеп, претходеле жecтоки бopби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци македонскиот народ речиси целосно сам го избркал неприjaтелот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното yпopиште и во овој дел на историjaта, нескршливоста и упорноста на прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.

Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 вojници и офицepи во кacapната, северно од неа 2 топа и 5 митpaлecки гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митpaлези, а од другата уште 3.

На Брдо, под пиварата, 3 топа пpoтивавионcки и една чета Германци кај железничката станица.

На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.

Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41-та девизија го ослободиле Кавадарци.

На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на XI бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани.

Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.

Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења.

Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на XI бригада.

Но, обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба V бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.

Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле.

Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.

Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4-ти ноември.

ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.

Свечен пречек на раководители на НОВ и ПОМ по повод ослободувањето на Прилеп

Ќе coбиpa ли потпиcи и Миле Талевcки во Пpилеп?

После Куманово, потписи за поддршка и неприфаќање на оставката на Зоран Заев ќе се собираат и во Велес и Струмица…

Во Прилеп засега молк од пратеникот Миле Талевски, под чие водство партискиот огранок загуби со 7.600 гласови разлика во првиот круг од локалните избори.

Коментар на годината: Северџан може да збуни

Внимавајте кога го користите овој *хомоним, може да предизвика големи забуни…

Особено ако братучедот ви се вика Северџан…

*Хомоними: Зборови со иста форма, но со различно значење

Спијте рајат вечерва: Заев стои зад секој негов даден збор, вели Костадин Костадинов

Потегот на претседателот Зоран Заев го нема направено никој на политичката сцена во овие 31 година. Тоа е негов личен чин, јас го поддржувам во секоја негова постапка и секако дека тој стои зад секој негов даден збор, изјави за “Утрински брифинг” Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица.

-Верувам дека секоја таа криза е нова можност и го поддржувам во секоја постапка. Струмица е континуитетот на добрите практики и политики. Почнувајќи од 2005 кога Струмица ја водеше Заев, па Јаневски. Можам да кажам дека фининасиски сме една од најстабилните општини со нула кредити и нула обврски кон добавувачи или кон изведувачи во рамките на општината, додаде Костадинов.

Програма за одбележување на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп

Со положување венци и свежo цвеќe на спомениците на народните херои, Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените, Споменик кај месноста Песјобрдце, од страна на преставници од локалната самоуправа, политички партии, граѓани и граѓански здуженија, градот – првоборец, Прилеп, утре ќе одбележи 77 години од Денот на конечно ослободување од фашистичкиот окупатор – 3-ти Ноември.

По повод празникот, традиционално, на свечена седница на Советот на Општина Прилеп, со почеток во 19:00 ќе бидат додени Третоноемвриските награди, на најзаслужни прилепчани.

Свечената седница ќе се одржи во големата сала на Општина Прилеп. Во насока на целосно запазување на протоколите за организирање настани и мерките за заштита од коронавирус, седницата ќе се одржи со редуциран број на присутни.

Зелената агенда во Кичево во полн ек: Во градот измерени 985 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички

Со почетокот на грејната сезона кон средината на минатиот месец, вредностите на воздухот во Кичево драстично пораснаа. Секојдневно количината на ПМ-10 честички во воздухот е за четири до пет пати над дозволените граници што изнесува 50 микрограми на метар кубен. Попладнево во Кичево беа измерени 985 ПМ-10 честички микрограми на метар кубен, што е за речиси 20 пати над дозволенита граница.

-Добро е познато дека нашиот град најголемото аерозагадување го има во периодот кога започнува грејната сезона,бидејќи над 95 проценти од населението се затоплува на фосилни горива и разбирливо е што аерозагадувањето е така високо.Дополнителен проблем е се погустиот сообраќај, бидејќи Кичево е мал град по површина, каде што има голема концентрација на автомобили, што дополнително ја влошува состојбата, вели Коце Наумоски, екологист и технолог, добар познавач на оваа проблематика.

Тој со препорака до граѓаните како самите да си помогнат аерозагадувањето да биде помало, а нивното здравје подобро.

-Затоплувањето на домовите со огревно дрво и не е толкав проблем колку што во најголем дел овие дрва се скоро пресечени и се со висока влага, што значи дека она што го испуштаат заедно со пепелта се директни причинители на зголеменото аерозагадување. Нека послужи за пример Швајцарија, каде е строго забрането огревно дрво да се користи пресечено во тековната година, туку треба да биде пресечено барем една година порано и да не поседува висок процент на влага, која е директен причинител за зголемено аерозагдување, додаде Наумоски.

На граѓаните им порача ако немаат вистинска причина да не излегуваат на отворен простор, особено тоа се однесува за постарите граѓани и хронично болните. Апелира, ако е тоа возможно, што помал број превозни средства да се користат во овој период од годината кога аерозагдувањето руши рекорди и што повеќе да се користат велосипеди.

“Илон Маск е побогат од Финска”

Како што пишува “ЛедБајбл”, богатството на Илон Маск толку многу се зголеми што може да ја купи Финска, а веројатно ќе му остани уште некоја милијарда на страна.

Според последните објавени информации на Форбс, неговото богатство се проценува на околу 310 милијарди долари, додека пак Финска има БДП од околу 303 милијарди.

Маск вчера изјави дека ќе ги продаде акциите од Тесла доколку Обединетите Нации му докажат дека тие пари ќе го решат “гладот во светот”.