Oдлична вecт за Македонците: Германија конечно ќе дозволи двојно дpжaвjaнcтво

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

Повеќе информации за добивање германско државјанство можете да погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.