дома блог страница 1827

Во тетовска гостилница се служи ексклузивна “3аев салата” (Фото)

Наш читател ни испрати фотографија за која вели дека е од неименувана гостилница во Тетово

Името на оваа ексклузивна даска со салата и мезе во менито на гостилницата е “Заев салата”.

Одлично мезе за двајца за една квалитетна седенка, која одлично би одела со било кој пијалок.

Наздравје!

Aмepиканец дивeeл во Скопје, со бокcoви натепал тpojца полицajци во полициcка станица

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишен државјанин на САД за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Утринава странскиот државјанин бил приведен во Полициската станица Кисела Вода поради претходно сторен прекршок против јавниот ред и мир. Додека влегувал во ходникот на станицата, започнал агресивно да се однесува и да удира со раце и нозе по инвентарот. Кога еден од полициските службеници го предупредил да престане со насилното однесување, осомничениот се свртел кон него и му задал повеќе удари со бокс по лицето, нанесувајќи му телесни повреди. Во тој момент уште двајца полицајци се обиделе да го совладаат, но осомничениот и нив започнал да ги удира со боксови, нанесувајќи им телесни повреди. По извесно време, полициските службеници успеале да го совладаат осомничениот.

Бидејќи во конкретниот случај не постои друга можност за обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. ​​

Aнѓушев: Цената на cтpyjaта ќе pacте, дpжавата да се подготвyва да им помогне на нajpaнливите категopии

Цената на струјата на светските берзи расте и ќе расте, а по нова година ќе има нова цена на струјата, државата треба да се подготвува да им помогне на најранливите категории – рече во “Студио 10” на ТВ 24 стопанственикот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев.

„Ние како држава ќе ја делиме ценовната судбина на Европа. Политичка одлука е колку ќе се заштити, но може да се заштити до таму да не се уништи Електростопанство на Северна Македонија. Дури ЕСМ да дава електрична енергија и по нула денари, само увозната компонента, кога ќе се направи просек, таа повторно би била повисока од сегашната“, изјави Анѓушев за ТВ 24 во емисијата Студио 10.

„Не треба да сте многу голем визионер, до Нова година до кога цените се заштитени, се заштитени, потоа ќе ја делиме судбината на целиот свет и тука ние не можеме да бидеме исклучок од тоа“, изјави Анѓушев.
Во однос на влијанието кое ќе го имаат идните повисоки цен на струјата врз граѓаните, тој вели дека државата има други механизми, односно постојат пакети за енергетска сиромаштија.

„За тие што се најранливи категории граѓани, потребно е да се зголеми износот во буџетот за на тие луѓе да им се плаќаат сметките на струја. Во светот така се справуваат со овој проблем“, изјави Анѓушев за ТВ 24.

Ременски: Рeaлни ce шaнcитe ВМРО-ДПМНЕ да фopмира пapлaмeнтаpно мнoзинcтвo

Фросина Ременски која е поранешен висок партиски функционер на Социјалдемократскиот сојуз и носител на високи јавни функции во владата на Зоран Заев, која важеше и за негов многу близок соработник, смета дека реални се шансите на ВМРО-ДПМНЕ да формира ново парламентарно мнозинство затоа што одлуките за тоа ги носат лушето кои што имаат интереси во постоечката владина коалиција.

Овие нејзини ставови таа ги истакна во нејзиното синоќешно гостување на телевизија Шења каде што за поразот на СДСМ на овие локални избори вината ја посочи и во тоа што Заев освен некои реформи на хартија, не споведе суштински ниедни реформи.
„Кога размислувам на ова прашање, шансите за формирање на парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ се 50-50.

Пеесет – пеесет се шансите на сите ако гледаме реално, ако сакаме да гледаме реално. Нормално, јас имам социјалдемократска провиниенција и сум за тоа дека, владиното мнозинство треба да остане. Но, повторно велам, ние може да мислиме што сакаме, но одлуките ги носат луѓето кои што имаат интереси во таа владина коалиција“, рече Ременски.

Веднаш почнуваме со ревизија на работата од претходниот Градоначалник

„Од овој момент ќе започне санирањето на актуелната ситуација на општина Тетово. Ќе ангажираме специјалисти, за да се спроведе целосна ревизија на општината. Граѓаните треба да знаат како работела нивната општина.’ – рече денес новоизбраниот градоначалник на Тетово Билал Касами, инаку и лидер на Движењето Беса, при примањето на оваа должност од нејзиниот досегашен вршител Теута Арифи.“ – информираше порталот на албански јазик „Тетова сот“ („Тетово денес“).

-Граѓаните на Тетово мора да знаат точно колкав долг има нивната општина и како е создаден. Транспарентноста почнува од тука. Кој злоупотребил јавни средства ќе одговара. Веднаш ќе почнеме да ја скенираме работата на јавните претпријатија и може да поставуваме нови раководни лица на овие претпријатија. Денеска сакам да ја потврдам заложбата што ја дадов во кампањата, дека членовите на администрацијата кои професионално си вршат работата не само што ќе ја имаат мојата целосна поддршка, туку ќе се заложам за нивно унапредување за да го добијат местото што го заслужуваат. Сите останатите кои никогаш не се појавиле на работните места и земале плати ќе ги повикувам сами да се повлечат и да се одјават од нивните работни места. Се надевам до крајот на неделата дека ќе имаме стодневен акциски план кој ќе го објавиме во јавноста. Од утре сме на терен и ќе реализираме ветено во кампањата, рече Касами.

Фатени двајца дpвокpaдци кај “Пештерница” во Прилеп, едниот малолетник

Oд дневниот билтен на МВР

-На 03.11.2021 на место викано „Пештерица“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп одзеле запрежно возило натоварено со нежигосани огревни дрва, сопственост на Е.Ќ.(22) од Прилеп. Одземените дрва биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 03.11.2021 на место викано „Пештерица“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп одзеле запрежно возило од малолетник од Прилеп, затоа што превезувал нежигосани огревни дрва. Одземените дрва биле предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Прилеп повтopно пламнyва кopoната

Од извештајот кој доцна синоќа го објавија од здравство

Направени се 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 230, Куманово – 44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 26, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово, Македонски Брод, и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 293 оздравени пациент од: Скопје – 173, Куманово – 28, Струмица – 11, Велес – 10, Прилеп – 9, Битола и Гевгелија – по 8, Кавадарци и Штип – по 7, Крива Паланка – 6, Богданци и Пробиштип – по 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Кочани – 3, Охрид, Неготино, Радовиш, Валандово и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (44г, 74г, 75г, 82г и 82г), 2 лица од Кавадарци (69г и 87г) и по едно починато лице од Тетово (16г), Неготино (77г), Куманово (79г), Кочани (77г) и Демир Хисар (90г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 14.10.2021 до 31.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2), Куманово(2), Кичево(1), Делчево(1) и Велес (1) на возраст од 61 до 75 години, од кои 5 се починати во болнички услови ,а 2 се починати во домашни услови.

Направени се 3.594 тестови преку: ИЈЗ-321, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-41,

ЦЈЗ Тетово–66, ЦЈЗ Куманово-65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–152, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-153, Биотек-163, Систина-65, лабораторија Лаор-121, Синлаб-22, Ремедика-19, Плодност–45, Генеа-4, Никоб лаб-265, ВФВ Медикал-42, Ели Медика-33, Ројал Медика –16, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.749.

Досега во земјата се направени вкупно 1.393.963 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.866, бројот на оздравени пациенти е 189.557, на починати е 7.178, а бројот на активни случаи изнесува 7.131.

Во Прилеп во моментов активни се 327 случаи.

Kиpaцовcки: Очекyвав целocна ocтавка од paководcтвото пpeд сe од coлидapнocт кон 3aeв

Очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев, изјави за “Утрински брифинг” Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ.

-Партијата треба да биде отоврена за нови личности кои ќе умеаат и сакаат да придонесат , но тоа треба да се заснова на принципиелност.Лидер од политички калибар не се создава преку ноќ.Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија.Заев со своите атрибути според мојата лична проценка е повеќе од 70 проценти од перцепцијата и персонификацијата за СДСМ, ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев.Иако лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата не е единствено одговорен, вели Кирацовски.

Зекири: Заев е многу pазочаpaн и тешко некој ќе го yбеди да ја пpeиcпита ocтавката

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Мухамед Зекири, вели дека и покрај настојувањата на коалициските партнери, Зоран Заев тешко ќе ја преиспита одлуката да поднесе оставка на премиерската функција.

Во изјава за косовската агенција Косова прес, Зекири вели дека сѐ се очекува да се разјасни во следните денови, кога Заев ќе ја предаде оставката во Собранието.

Според потпретседателот на СДСМ, не само партнерите од коалицијата, туку и „пријатели од меѓународната заедница“ се обидуваат да го убедат Заев да ја повлече оставката. Но, Зекири вели дека Заев е разочаран од резултатот од локалните избори и од неотворањето на преговорите за членство на земјава во Европската унија.

„Ќе биде тешко да се убеди, бидејќи е разочаран од исходот на изборите, но и од неколкугодишниот процес на напори за отворање преговори со ЕУ. Македонија ги исполнува сите услови, ја направи промената на името, но тогаш се појави Бугарија како пречка и она што го направи ЕУ не ги рефлектираше сите оние храбри одлуки кои ги донесе Заев во надворешната политика. Сево ова имало и има влијание врз неговата личност и ќе биде тешко за секого да го убеди, иако барањата се упорни, и во партијата и од коалициските партнери“, вели Зекири

Претседателот на Регулаторна: Cтpyja има, ама е cкапа

Нема недостаток од струја, туку електричната енергија сега се продава по повисока цена, рече првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.

Според него, оваа криза е пред сѐ ценовна криза, затоа што дошло до нагло растење на цените на струјата, пред сѐ во земјите членки на ЕУ, кое понатаму се проширило и во нашиот регион.

„Она што најодговорно го кажувам е дека сите механизми коишто ѝ стојат на располагање на Регулаторната комисија за енергетика ќе бидат искористени. Факт е дека ни престои тешка и кризна година, каде што има надворешни фактори коишто влијаат на цената на електрична енергија и според мене, сите тие чинители и оператори на системи и производители и снабдувачи и потрошувачи заеднички треба да го понесат тој товар“, вели Бислимовски.

Тој додаде дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата, целосно да се исклучат или да се редуцираат маржата и профитите на енергетските компании.