дома блог страница 1828

Ордановски го сакал Зоран Заев, имал причини јаки (Видео)

Новинарот Сашо Ордановски екс уредник во 1тв проектот на Боки 13 а сега уредник на провладиниот мултимедијален медиумски проект Слободен Печат изјави дека го сака Зоран Заев а за тоа имал јаки причини.

Во дебата на ТВ 24 со Сафет Бишевац и Насер Селмани, Ордановски чиј брат доби огромна сума пари за проект од владиниот Фонд за иновации, јавно изјави дека има јаки причини да го сака Зоран Заев.

Предходно во дебатата тој го обвини Бишевац дека го критикува Заев затоа што сите знаеле дека не го сакал.

Ордановски во дебатата вели дека не ги брани Заев и владата туку го брани здравиот разум.

Видеото на овој линк.

Делот од дебатата каде што Ордановски вели дека го сака Заев по 49 минута.

Видеото од емисијата ТУКА

Известување за Задушница од црковните храмови во Прилеп

Известување за престојната Задушница

Црква Св. Благовештение (Стара црква):

Вo ПЕТОК И САБОТА на 5ти и 6ти, во црквата СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) ќе се пејат блудци од 7.30 до 10.00 часот и од 15.00 до 17.00 часот, двата дена.

На НОВИТЕ ГРОБИШТА во 12.00 часот, а на СТАРИТЕ ГРОБИШТА во 13.00 часот, двата дена.

Во Свето Преображение (Грчка) за време на Богослужбите.

Црква Св. Кирил и Методиј (Параклис) и црква Св. Петка во Точила:

НА 05.11.2021г. (ПЕТОК) И 06.11.2021г. (САБОТА), ЗДУШНИЦАТА СПЕВАЊЕТО ВО ХРАМОВИТЕ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС) И СВЕТА ПЕТКА ТОЧИЛА, ЌЕ СЕ ИЗВРШУВА УТРОТО ОД 07 ДО 10 ЧАСОТ И ПОПЛАДНЕТО ОД 15-17 ЧАСОТ.

Синдикатот бара повисоки плати за полициjaта

Синдикатот на полиција во Македонија денеска преку соопштение прашува зошто со новиот предлог буџет за идната година не е предвидено покачување на платите за полицијата. Бараат покачување на платите во полицијата, поздравувајќи го истовремено предлог буџетот за идната година што го претстави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Од овој Синдикат упатуваат реакција и до Собранието и до Владата и бараат зголемува на платите во полицијата, а сметаат и дека се мали и ветени проценти за зголемување на платите за наведената категорија работници односно на дел од админситрацијата.

– Она што не загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените ништо денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, како награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи, се наведува меѓу другото во пишата реакција од СПМ.

Изразуваат верување дека сите заедно ќе смогнат сила и без разлика на политиките ќе донесат одлука која, како што стои, можеби ќе ја врати довербата во професијата полицаец.

Твит на денот: Најкорисно нешто направено од Д У И во последните 20 години

Tвит на денот

– Најкорисно нешто од ДУИ направено во последните 20 години

Koга си рајат од умот: Од СДСМ велат дека победиле на изборите

Соопштение за јавност од Центарот за комуникации на СДСМ

Уште еднаш се потврди дека најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни кон граѓаните. Денеска тие паднаа во вода.

Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска.

Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се повикуваат на изборните резултати, еве им ја математиката. Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или изразено во освоени советнички мандати, СДСМ и владината коалиција имаат 664 советнички места, што е 61 повеќе од советничките места кои ги освоија ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата.

Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Христијан Мицкоски не може да направи парламентарно мнозинство бидејќи има опасни планови за државата.

Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори.

СДСМ, коалицијата и демократското мнозинство граѓани нема на бранот на еуфоријата да му дадат на Мицкоски поголема власт од оваа која ја освои на локалните избори. Државата е многу поважна од разулавеноста на Мицкоски и неговата желба за власт.

На граѓаните им е потребна Влада која испорачува резултат, особено во време на пандемија и енергетска криза, Влада која има евроатлански курс на дејствување и која нема да го закочи евроинтегративниот процес.

СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го поништуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и да поништат сѐ што постигнавме заедно во овие четири години.

Уште еден прилепчанец пpиведен за дpвокpaдcтво

На 02.11.2021 во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода М.А.(27) од Прилеп, затоа што во неговото патничко возило пpeвезyвал огpeвни дpва без cooдветна докyментациja.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница, а дpвата биле одземени и пpeдадени во Министepcтво за земjoделcтво, шумарство и водостопанство.

По целосно документирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Уaпceн 36 годишен прилепчанец – пpeвезyвал дpва во автомобилот без дозвола

Ужac во Maкедониja: Ја cилyвал својата полycecтpa

По cпpoведена иcтpaжна постапка, Ocновното jaвно обвинителcтво Гостивар поднесе Обвинителен акт пpoтив 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товapи дека cтopил кpивично дело – Poдocквepнавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Kpивичниот законик.

На 15 јули, обвинетиот со yпотpeба на cила извpшил обљyба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљyба со yпотpeба на физичка cила. Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

(Видео) Чудо во породилното одделение: Новороденче прооди неколку минути по раѓањето

Ова видео стана вирално oткако бебе од Бразил ги покажува првите чекори.

Не е вообичаен пример кога бебе или новороденче може да се види како ги прави првите чекори неколку минути по раѓањето. Затоа ова видео е многу необично.

Видеото го снимила бабица и го погледнале над 80 милиони луѓе. Овие акушерки биле зачудени кога го виделе бебето како стабилно оди.

Погледнете како тоа изгледаше.

Заев се попишмани? Уште не доставил ocтавка ниту во партијата?

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се уште не ја доставил оставката од лидерската позиција ниту од партијата

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се уште не ја доставил оставката од лидерската позиција ниту од партијата, пренесуваат од „Фокус“.

-Органите на партијата, заедно со претседателот, работат на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата, велат од СДСМ.

Одлуката за распишување предвремени партиски избори ја носи Извршниот одбор на СДСМ, а со носењето на таа одлука се одредува и датумот за нивно одржување.

Мицкоски: “Брзи избори за стабилна влада”

Во овој момент најдобро решение за Македонија е, без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна. Изборите се светлото од крајот на тунелот и патот до промените кои само тогаш ќе бидат целосни, истакна на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во продолжение интегрален текст од прес конференцијата на Мицкоски:

Неспорен факт е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводевме на локалните избори е апсолутен победник.

Победивме во 42 општини, плус градот Скопје, ако се има во предвид дека во Маврово Ростуше водевме, но таму не успеаја изборите поради цензусот, тогаш се 43 општини плус градот Скопје. Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови, доколку се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика.

Надежта за нова иднина е родена и тоа нам ни дава енергија да продолжиме со промените позади кои застанаа огромно мнозинство на граѓани.

Статистиката која ја прочитав не е со цел да покажам некаква доминација, туку истото го разбирам како огромна обврска да не ги изневериме граѓаните, но и да продолжиме по нашиот пат на промени.

Освен што е наша обврска тоа е и јасна порака до сите нас, до целокупното општество за новата реалност која што се случува. А, таа е дека владата е целосно делегитимирана и нејзините политики го немаат повеќе кредибилитетот помеѓу народот. Меѓу другото, скептиците кои нема да се согласат со овој факт, ги демантираат бројките кои погоре ги споменав, затоа што тоа е волјата на народот.

Јасно дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го преставуваат неговиот корумпиран систем кој на овие избори доживеа на два пати неуспех, два пати беше поразен. Дури и Зоран Заев да си оди, но владата да остане, Венко Филипче и понатаму ќе биде неуспешен министер кој што е рекордер по бројот на луѓе кои што ја изгубија битката со КОВИД пандемијата, Љупче Николовски и понатаму ќе биде нефункционален министер, а Македонија најкриминална и најкорумпирана држава во Европа, Мила Царовска и понатаму ќе продолжи да го уништува образованието, а Македонија ќе нема ниту еден универзитет во првите 2.000 според Шангајската лист, и така натаму, можам да ги редам сите неуспеси и сите неуспешни министри во оваа криминална влада која што до скоро ја предводеше и се уште Зоран Заев. На крајот и самиот Зоран Заев ја стави во влог неговата кариера, а самите локални избори се доживеаја како референдум за актуелната влада, и народот жестоко ги казни. Се ставам на страната на народот и неговите интереси.

Оттука прашањето кое легитимно се поставува е дали ќе има ново парламентарно мнозинство и без избори да се формира нова влада, или пак нови избори за влада со нов кредибилитет која ќе одговара на фактичната реалност.

Пред да дадам одговор на овие две прашања, ново мнозинство или избори, потребно е да се има во предвид дека Македонија ја очекуваат кризни времиња каде стабилизирањето на институциите е од клучно значење.

Многу е загрижувачка состојбата во енергетиката. Ни следува ценовен енергетски шок, каде прашањето не е дали, туку колку ќе поскапи цената на струјата? Поскапувањето на цената на струјата ќе значи и ценовен шок кој ќе се прелее и врз останатите производи, а сето ова ќе значи зголемена инфлација, намален стандард и зголемена сиромаштија. Покрај тоа морам да предупредам дека се можни и рестрикции на струјата. Како дојдовме до сето ова? Предупредував уште пред неколку месеци дека начинот со кој што се управува со енергетските ресурси во Македонија неминовно ќе дојде до ваков крах и ситуација која што денеска кулминира како што можев да видам со кризна состојба, енергетска кризна состојба. А, тоа е така поради лошото управување на РЕК, трчањето по тендери, трчањето по тендери ради криминал, а денеска таквото однесување резултира недоволно количество на јаглен за производство на струја, акумулации и хидро потенцијал кој што е еднаков на нула, а на крај гледаме дека владата нема никаков посериозен план да се справи со сето ова.

Понатаму очекувам засилување на последиците од КОВИД вирусот. Се покажа и докажа дека институциите се неефикасни во справувањето со кризата, а воедно има целосно потфрлање во менаџирањето на процесите во тој план. Ова го потврдуваат како што кажав за жал повеќе од 7 илјади починати и фактот што земјава руши неславни рекорди на тој план.

Од друга страна пак интеграциите кон Европската Унија се во целосен застој. Дури и да се добие датум за преговори за што ВМРО-ДПМНЕ целосно се залага, потребни се коренити реформи кои ќе ги спроведуваат институции со слаб квалитет и без кредибилитет, како што е сегашната фактичка состојба.

Воедно економијата влегува во сериозни и нестабилни води. Индустриското производство во септември месец падна за 8 проценти, споредено со септември месец минатата година. Бројот на вработени во индустријата се намали за повеќе од два проценти во септември месец споредено со септември месец 2020-тата година.Или пластично кажано од лошо полошо.

Ова се најмалку 4 причини кои говорат дека де потребни се крупни одлуки кои мора да се носат во овој период.

Народот јасно кажа дека не верува во тоа дека оваа влада може да се справи со овие последици, со тоа не само што легитимитетот е доведен во прашање туку и под прашање е мотивацијата на оваа влада да се справи со овие проблеми.

Затоа сметам дека првата опција формирање на ново парламентарно мнозинство нема да даде нова енергија потребна за реформите, новата иднина која ќе ја градиме и решавање на овие наталожени проблеми, тоа само ќе не внесе во нови разговори, преговори, понуди и слично, кои ќе го разводенат капацитетот за управување на институциите и ќе се креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои што туку завршија.

Затоа почитувани сограѓани, во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна.

Брзи избори за кои нема да има алтернатива, затоа што потребна е стабилна влада и надминување на кризите со кои ќе се соочиме.

Изборите се светлото од крајот на тунелот и патот до промените кои само тогаш ќе бидат целосни.

Брзите избори ќе треба да обезбедат влада која ќе спроведува политики кои ќе решаваат проблеми и ќе ја донесат новата иднина во која веруваме и за која се бориме.

Воедно нова влада треба да ги релаксира и односите во општеството. Да се стави крај на поделбите и конфликтите, на омразата посеана која што е во функција на заштита на криминалот. Да се донесе правда и сигурност кај граѓаните. Да зачекориме во подобри времиња и иднина каква што секој еден граѓанин заслужува.

Во име на народот кој ни даде поддршка, а со цел успешно справување со кризните времиња и заштита на интересите на народот барам веднаш брзи предвремени парламентарни избори. Ајде на избори заедно уште еднаш да се избориме за иднината во која веруваме, за промените кои мора да бидат целосни. Со чист образ за енергијата која и потребна за обнова на Македонија во која веруваме.

Заеднички се бориме, заеднички заедно со народот ќе успееме, рече Мицкоски.