Македонија се разбуди под снежна покpивка: Вистинска зимска идила (Фото)

Македонија утрово се разбуди под снег.

Утрово речиси на сите повисоки места, но и на пониските врнеше снег.

Според камерите на „skimacedonia.mk“ снег во моментов врне без престан на Попова Шапка како и во Нижо Поле на Пелистер.

Инаку утрово под снег е и Маврово, планината Водно, Галичица, Пониква како и Крушево.

Метеоролозите најавуваат снег и денес во текот на денов.

Снег врне и на некои пониски места во земјава, а моментално снежи и во Прилеп и Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.