дома блог страница 1817

Гepocки пpaшува: Дали е во тек Уcтавен пyч?

Доколку не е спречен или отсутен, а видовме дека не е ни едното ни другото, Талат Џафери е должен да ја води седницата.

А Уставот не остава можност за прашањето за недоверба кое е поставено и за кое седницата почнала со потребното мнозинство, да не се гласа.

Откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата на парламентот која почна со присуство од 61 пратеник, вклучувајќи го и спикерот кој и самиот е пратеник, настана ситуација која може да се протолкува како обид за „уставен пуч“.

Ова за Плусинфо го коментира добар познавач на работата на Собранието и на Уставот.

– Седницата на Собрабнието почна согласно со член 69 од Уставот, бидејќи имаше мнозинство од вкупниот број пратеници. Претседателот на Собранието Талат Џафери исто така е пратеник. Сите видовме дека тој ја отвори седницата, дека не е спречен или отсутен. Според тоа, тој е должен да ја води седницата – вели нашиот извор.

Согласно член 71 од Уставот, на седницата на Собранието претседава претседателот на Собранието. Во случај на спреченост или отсустност на претседателот на Собранието, го заменува еден од потпретседателите на Собранието.

– Доколку не е спречен или отсутен, а видовме дека не е ни едното ни другото, Талат Џафери е должен да ја води седницата. Во минатото имаме случај кога претседател на Собранието, кој се обидел да избегне од својата должност, бил повикан да дојде да ја води седницата – објаснува нашиот извор.

По чудната одлука на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи да не присуствува на седницата и да не гласа за недоверба на Владата, опозицијата во овој момент, пред продолжението на седницата, има 60 пратеници. Што ќе се случува со седницата?

Ако останат 60 пратеници во салата, можно е да се случи да биде поставено прашањето дали Собранието може да продолжи со работа. Но, трикот е во тоа што ова прашање може да го постави само пратеник. Под претпоставка тој пратеник да биде од поддржувачите на власта, тој би требало да влезе во салата и во тој момент тој самиот ќе направи кворум од 61 пратеник, доволно Собранието непречено да продолжи да работи.

– Независно од ова, Уставот е јасен. Тој вели дека гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба. Уставот не остава можност за прашањето за недоверба кое е поставено и за кое седницата почнала со потребното мнозинство, да не се гласа. Дали ќе го има потребното мнозинство од 61 глас на владата да ѝ се изгласа недоверба е друго прашање. Но, гласањето мора да се овозможи – вели нашиот извор.

“Реџепи е логиран на ФБ во Бугарија, Заев таму има пари, фирми и имот – дали е однесен, уценет или присилен знаат само ДУИ, Заев и тој! “

Фејсбук статус на пратеникот Антонијо Милошоски.

„Заев има пари и фирми и имот во Бугарија. Кастриот Реџепи е логиран на ФБ во Бугарија❗
Дали е однесен, пренесен, превезан, натоварен, убеден, уценет или присилен, знаат само Заев, ДУИ и Тој❗ (via FB page transparency)“, напиша Милошоски.

Ecкoбap во декември доаѓа во Maкедониja

Претседателот Стево Пендаровски вечерва гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, откри дека заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар доаѓа во Скопје на почетокот на декември.

„Интервентна посета направи Ескобар во БИХ, да речам итна. Кај нас е најавен почетокот на декември. Доаѓа и во Скопје, по првпат ќе го видиме првиот човек за Балканот на САД.

Равенката во БИХ е посложена од косовската. Има една добра изјава од битна држава кога станува збор за иднината на БИХ. Тоа е Турција, и Ердоган заговара четворстран состанок меѓу клучните актери внатре во БИХ со двајца надворешни актери. Штом Турција вели да ги седнеме Вучиќ, хрватскиот претставник и клучните чинители од БИХ, тоа може да придонесе кон намалување на тензиите во земјата“, рече Пендаровски вечерва од студиото на ТВ21.

Денеска се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка

Според Календарот на МПЦ, утре се празнува Преподобната маченичка Анастасија Римјанка.

Родена е во Рим од благородни родители и остана сираче кога имаше три години. Како сираче ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство.

По седумнаесет години Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабожците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат.

Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавтите измами и да ги истрпи маките. Анастасија и рече: „Готово е срцето мое да пострадам за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“. Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос.

А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласакња, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа.

На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабожците го убија. И ги отсекоа градите и јазикот. И се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше.

Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј.

Пратениците денеска ќе глacaaт за довepба на Bладата

За денеска во 11 часот е најавен почетокот на собраниската седница на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Беса, која беше во коалиција со СДСМ. По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата ги повлече претседателот на Левица Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За Собранието да ја изгласа одлуката за недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако биде изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот. Но, останува да ја извршува функцијата се до изборот на нова Влада.

На седницата, како што е предвидено во Деловникот за работа на Собранието, по поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес. Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути. Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути.

Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218 од Деловникот. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера не излезе со свој став или толкување во врска со повлекувањето на 17 потписи од Иницијативата, како и дали тоа ќе се одрази на собраниската седница. Претходно во телевизиско интервју тој потенцира дека процедурите се јасни.

-Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање за недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена, рече Џафери.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, пак, синоќа во интервју за ТВ 21 рече дека нему му е важно мнозинство да се добие по демократски пат, и дека само така ќе се има легитимитет и внатре и надвор.

-Она што како претседател ми е важно, и е важно и за меѓународната заедница, е следното: оној кој ќе добие во демократска процедура 61 глас, тој ќе биде потполно релевантен соговорник и внатре и надвор. Мене ми е најважно да се случи 61 глас во демократска процедура како што е пропишано во Устав и Закон, рече Пендаровски.

Тој смета дека државата е во политичка криза и дека ако нема јасно мнозинство ќе биде уште полошо. Според него, во тој случај можеме да влеземе во т.н. бугарско сценарио. Пендаровски смета и дека оваа политичка криза е предизвикана од потегот на премиерот со најавата на неговата оставка. Загубата на Град Скопје на локалните избори, според него, не смеело да биде повод за Заев да се повлече од политиката.

Премиерот Заев своите оставки од функциите ги најави по поразот на локалните избори, но формално тие не беа поднесени од негова страна ниту до партијата ниту до Собранието. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ бараше Заев до понеделникот до 14:30 часот да поднесе оставка во Собранието, но откако тоа не се случи тие заедно со АА и Алтернатива, Беса и Левица ја поднесоа иницијативата за гласање доверба на Владата.

Во образложението на Иницијативата, меѓу другото, се наведува дека „Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив владее со измами и пазарења на сметка на најважните прашања на народот. Наместо да го сочува достоинството на државата и нејзините граѓани, тие за секој одминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлацијата и афери кои се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните што се виде на локалните избори, коишто всушност беа референдумско изјаснување против сегашната влада и нејзините политики“.

Според предлагачите на Иницијативата, останувањето на оваа влада без кредибилитет и јасна мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на напластените проблеми, ќе значи само продолжување и продлабочување на политичката криза надополнета со еконоската криза, енергетскиот шок, ковид тенденциите кои се загрижувачки.

Извршниот и Централниот одбор на СДСМ во вторникот вечерта едногласно донесоа одлука премиерот и лидер на партијата Зоран Заев да ги одложи оставките се додека не се нормализираат процесите во државата.

Карактеристично за денешната собраниска седница за гласање доверба на Владата е и тоа што, според довчерашните најави, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелика Петкова, кои се во изолација, на седницата ќе присуствуваат во скафандери бидејќи се позитивни на Ковид-19.

Седниците не се одржуваат во пленарната сала поради надградба на системот за гласање туку во салата со Купола каде што има можност пратеници болни од Ковид-19 да бидат изолирани и да гласаат. Ова ќе биде втор пат вака пратеници да гласаат во Собранието.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид заклетва дадoja под името Република Македонија (Видео)

Со 14 гласа ЗА и 7 воздржани Сашо Донев, беше избран за нов претседател на новиот состав на Советот на Општина Охрид.

Во Советот на општина Охрид, ВМРО ДПМНЕ има десет советници, СДСМ осум, ДУИ двајца, Левица еден, „Охрид пред се“ – еден советник и „Охрид има план Б“ еден советник.

Новото мнозинство во Советот е составено од ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „Обнова на Македонија“ заедно со Левица и ,,Охрид пред сè”.

Новите советници од мнозинството заклетвата ја дадоа под името Република Македонија.

Видеото погледнете го ТУКА

Три на две: Жени се тепале пред Центарот за социјални работи

Вчера во 11:18 часот во СВР Куманово, триесет и петгодишната Ј.И. од Куманово пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од дваесет и двегодишната Л. А.

Фото/илустрација

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово. На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти СВР Куманово.

Надлежните од Центарот за социјални работи Куманово информираат дека тепачката се случила надвор од просториите на установата

До недела температури и до 18 степени, а во понеделник дожд и заладување

До недела во земјава ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата.

Утринските температури утре ќе се движат во интервалот од -1 во Пелагонискиот регион до 6 степени во Дојран и Гевгелија, а дневните температури ќе достигнат до 15 степени.

Во петок, сабота и недела се очекува слично време со утрински температури кои наместа ќе паднат до -4 степени, а дневните ќе достигнат до 18 степени Целзиусови.

Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд и намалување на температурите во целата држава.

Миле Талевски и Зоран Заев ќе одат кон нови победи, оставките во мирување?

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев го одложи поднесувањето на оставките се до, како што велат од СДСМ, стабилизирање на земјата.

Во куса изјава за медиумите Заев синоќа истакна дека ќе се обидел да го задржи владиното мнозинство, и ако можел да го зголеми.

За утре со почеток од 11 часот во Собранието е закажана седницата за гласање недоверба на Владата, а после денешната најава од албанската Алтернатива, дека нивните пратеници со сигурност ќе гласаат за недоверба на Владата, речиси сигурно е дека опозицијата ќе има ново мнозинство на утрешното гласање.

Молк и од СДСМ Прилеп, општинската организација која под водство на пратеникот Миле Талевски, загуби со огромни 7.600 гласови разлика во првиот круг од локалните избори.

Талевски неофицијално пред десетина дена ја поднел својата оставка, но тоа остана на муабети, иако неговото име најгласно се спомнува во причините за високиот пораз на СДСМ во Прилеп.

Миле Талевски исто така не го следеше примерот на неговите колеги од Струмица, Велес, Куманово… кои деновиве собираа потписи со поддршка за Зоран Заев.

Kaтacтpoфален поpaз за прилепчани на гостувањето во Охрид

Ракометарите на РК Прилеп доживеаа тежок пораз на гостувањето во Охрид, во рамките од десеттото коло од Супер лигата.

Охриѓани беа подобри од ослабениот тим на прилепчани, па беа доминатни во целиот тек на натпреварот. Крајниот резултат беше 33:21 (14:10 на полувремето).

Ова беше петти пораз за РК Прилеп сезонава, кој се наоѓа на осмото место на табелата. Охрид кој до ова коло имаше изедначен број на бодови со Прилеп, е само едно место погоре на табелата.

Најдобар поединец кај прилепчани денеска беше Тренчевски Александар со 7 погодоци, 5 постигна Христијан Милошески, а по три погодоци постигнаа Павлов Хари и Реваз Чантурија.

Во наредното коло РК Прилеп ја пречекува екипата на Бутел.