дома блог страница 1816

Стари директори, нов Градоначалник, проектите тапкаат во место

Поминаа повеќе од 25 денови од огромната победата на Јовчески на локалните избори.

Но, за жал до денес се е останато по старо, без ниту една промена на раководните кадри, на ниту еден директор во јавните претпријатија и училиштата.

Иако во другите општини експресно се поднесоа оставките на старите и се поставија нови директори, во Прилеп тоа не е случај за жал.

Се е исто, само него го нема… се подбиваат прилепчани, мислејќи на Илија Јованоски. Едно е јасно, прилепчани сакаат НОВИ лица на раководни места во сите институции и тим со кој Јовчески ќе ги реализира ветените проекти.

Нормално, очекуваме Јовчески сам да го избере својот тим, бидејќи на крајот одговорноста ќе е негова.

Автомобил yдpи во дрво на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп (Фото)

Автомобил марка “ауди А3” рано утрово yдpил во дрво на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп

Од yдapoт пpeдизвикана е голема материјална штета на возилото, а засега не е познато дали има повpeдени.

Уништено е и дрвото во кое yдpил автомобилот и истото е пpeceчено од комуналните служби.

Повеќе информации во текот на денот.

Се јави Kacтpиот: Во понеделник ќе кажам што се cлyчи вчepa

Пратеникот Кастриот Реџепи најави дека во понеделник ќе има прес-конференција.

Тој ја повика неговата партија, Движењето БЕСА, да не презема избрзани чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активисти.

„Почитувани пријатели и семејство, без разлика на вашите политички убедувања. Ви благодарам за грижата и поддршката што ми ја давате. Следниве денови ќе имаме можност подиректно да се информираме за се. Во однос на медиумите и интересот ги разбирам и ги информирам дека мојот прв настап ќе биде во понеделник преку прес-конференција. На крајот апелирам до раководството на Движењето БЕСА да не презема забрзани чекори кои ќе им наштетат на нашите структури и активисти. Треба да се постапува внимателно“, напиша Реџепи на неговиот приватен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Сега е се’ во наши раце: Романија се сопна на Исланд, Македонија има историска шанса да игра плеј-оф за Светско првенство

Фудбалерите на Исланд ѝ направија услуга на Македонија и одиграа реми без голови во Букурешт против Романија (0-0), во пресметката од претпоследното коло во квалификациите за Светското првенство.

Сега Македонија сама одлучува и има историска шанса да игра плеј-оф натпревар за настап на Светско првенство.

Само победа токму против Исланд во недела е опција за нашите момци и се друго ќе значи прокоцкување на оваа единствена шанса, со оглед на тоа дека Романија му гостува на Лихтенштајн и речиси сигурно ќе триумфира на овој натпревар.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја победи Ерменија со убедливи 5:0 во дуел од 9. коло во Мундијалските квалификации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски во Ереван демонстрираа моќ и со сигурна игра во текот на целиот натпревар заслужено стигнаа до трите бода.

Резултатот го отвори Александар Трајковски во 22. минута по асистенцијата на Стефан Ашковски. До крајот на првото полувреме Енис Барди постигна гол по асистенцијата на Елиф Елмас за зголемување на предноста на 2:0. Барди погоди уште два пати од пенал во второто полувреме. Најпрво го реализира пеналот во 66. минута направен токму врз него, а во 89. минута го погоди пеналот направен над Езѓан Алиоски. Во меѓувреме гол даде и Милан Ристовски во 79. минута по втората асистенција на Елмас.

Николоски: Бараме брзи предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата бараат брзи предвремени избори за излез од политичката криза во која се наоѓа државата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва пред Собранието во име на целата коалиција изјави дека ова е единственото решение во моментот.

– Погазена е демократијата, беше киднапиран пратеник. За тоа ќе има одговорност, рече Николовски, додавајќи дека СДСМ и коалицијата се обидуваат по секоја цена да останат на власт.

Во изјавата за медиумите, Николоски рече дека сите пратеници од опозицијата вечерва заминуваат од Собранието.

Cpeдcтвата за чиcтење на бањата можат да бидат cмpтoнocни: Никако немојте да ги мешате

Кога користите која било опасна хемикалија, прво прочитајте ги основните информации за нејзините опасности. Повеќето луѓе се трујат во сопственото домаќинство, а главниот виновник е непознавањето на својствата на опасните хемикалии.

Просечно домаќинство содржи околу 62 отровни хемикалии, велат експертите за животна средина, а ние сме секојдневно изложени на нив – од фталати, синтетички мириси до штетни гасови од средствата за чистење на рерните. Сите овие состојки во вообичаените производи за домаќинството се поврзани со астма, рак, репродуктивни и хормонални нарушувања, па дури и невротоксичност.

Хлорот се наоѓа во средствата за чистење тоалети, отстранувачите на мувла и избелувачите на ткаенината. Иако го земаме со вода од чешма, може да предизвика проблеми со дишните патишта но и со тироидната жлезда.

Експертите предупредуваат дека никогаш не е дозволено мешање на различни средства за чистење, бидејќи тоа може да доведе дури и до фатален исход. Познат е случајот кој ја потресе Велика Британија кога почина младата Селија Сејмур поради несовесно користење на варикината. Имено, таа измешала избелувач со средство за чистење бања на база на амонијак, што предизвикало жестока хемиска реакција.

Таа вдишувала опасна мешавина од гасови кои се формирале додека не завршила со чистење на подот во бањата, а тоа предизвикало тежок напад на астма. Таа била хоспитализирана, но лекарите не можеле да се изборат за нејзиниот живот. Починала четири дена подоцна.

Вдишување на гасови создадени со мешање на средства за чистење може да предизвика оток на грлото, сериозно оштетување на белите дробови, па дури и кома или смрт. Ако проголтате и најмала количина од производот, може да се појави оток и болка на усните, во усната шуплина како и во хранопроводникот. Се јавуваат и гадење, повраќање, па дури и крв во столицата.

Алкохолот и избелувачот не треба да се мешаат, бидејќи производите од хемиската реакција можат да бидат опасни за нервниот систем, очите, белите дробови, кожата, црниот дроб и бубрезите.

Природни замени

Сокот од лимон може да се користи за чистење на стакло, а добар е и за отстранување на дамки и непријатни мириси. Пченкарниот скроб е добар за миење прозорци, теписи и за полирање мебел. Етеричните масла се добра замена за вештачките мириси, а можат да имаат и антибактериски својства. За проблематични масни наслаги, можете да користите алкохолен оцет во комбинација со топла вода.

Повторно се јави “иcчезнатиот” пpaтеник од БECA: Сега излезе со видео изјава

На социјалната мрежа Фејсбук се појави селфи видео од самиот пратеник Кастриот Реџепи кој од утрово е недостапен.

Тој вели дека е добро и откако ќе поминат заканите ќе раскаже се што се случило.

Лидерот на БECA го пpиjaви пpaтеникот Peџепи за иcчeзнат: Додека не го видам ќе сметам дека киднaпиpaн

Лидерот на Движењето БЕСА Билал Касами откако во Полициска станица го пријави пратеникот Кастриот Реџепи за исчезнат изјави дека со вакви методи власта може да собере и 120 пратеници.

-Додека не го видам ќе сметам дека е киднапиран, рече Касами додавајќи дека се сомнева оти изјавата на Реџепи која ја даде преку социјалната мрежа Фејсбук е дадена под присила

Касами смета дека ова не се НАТО и ЕУ вредности.

-Ова веќе не се работи за власт и опозиција, се работи за животот на луѓе. Човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи, како што обезбедува Уставот, рече Касами додавајќи дека пријавил Реџепи и неговите мајка, сопруга и син се исчезнати.

Ванковска: Тие купија осуммина, па за еден ќе било проблeм

Тие купија осуммина, па за еден ќе било проблем, коментира професорката Билјана Ванковска, по денешното непојавување на седницата на која треба да се гласа за доверба на влада на пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи.

„Но, неовозможувањето на почетокот на седницата на Собрание за едно од најважните прашања за секоја парламентарна демократија (прашање на недоверба на влада – легитимен механизам на политичка контрола врз власта), со саботажа на кворумот, е најкукавичкиот чин на една „владејачка“ коалиција. Заедно со медиумската темнина – непренесување на седницата на ТВ …

Нека манифестираат мнозинство, нека пропадне иницијативата за гласање недоверба, ама нека се соочат (до полноќ) со критиките на опозицијата… Тоа е минимум политичка пристојност и знак на политичка култура.

На мојата драга пријателка од парламентот одамна ѝ велев: зошто им давате легитимитет, зошто седите внатре? Која е смислата на тоа собрание? Дека е прашањето ми било реторичко, а одговорот самоевидентен се покажува токму денес…

П.С. Седницата сепак почнала – во мрак, тишина, неизвесност… Она што и слепец го гледа е дека во ваква состојба не може да функционира ни собранието ни владата, па затоа единствено решение е самораспуштање на парламентот и нови брзи избори (со надеж дека ќе се свестиме и дека единствен начин да се излезе од заложништвото во кое сме ставени е формирање на опозициски фронт). Друг излез нема.

Овде нема веќе ни луксуз да се разговара за идеологија, за програмски определби, и сл. Ова е да се биде или не! Софија гледа сеир, Брисел и Вашингтон исто така… чекаат да се дозаврши работата од оној што им ветил“, анализира Ванковска.

Го злоупотребуваат името на Амбасадорката Брнз, ја срамат Америка

Струмичанецот Стевче Стојанов кој важи за близок на градоначалникот на Струмица и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов и на семејството Заеви тврди дека пратеникот на БЕСА Кастриот Реџепи се откажал од гласање за пад на владата откако утринава му се јавила американската амбасадорка Кеј Мари Брнз.

“Ексклузивно и официјално: утрово амбасадорката на САД во Скопје телефонски го замолила г-ин Кастриот Реџепи од БЕСА да не оди на гласање во Собранието бидејќи ако не падне Владата Република Северна Македонија на 15 – ти декември добива датум за преговори со ЕУ. Господинот Реџепи и ветил дека денес нема да оди во Собранието”, пишува Стојанов кој предходно во неколку наврати објавувал информации.

Стојанов кој во Струмица често пати може да се види во друштво со Костадинов во повеќе наврати на фејсбук објавувал информации кои се достапни на луѓе блиски на групата околу Зоран Заев.