дома блог страница 1815

Што значат новите правила за бapaж: Еве како Македонија може да се најде на СП во Катар

Македонија ги игра најдобрите мундијалски квалификации во историјата со рекорден број на освоени бодови, рекорден број на голови на гости, како и на освојување прва победа над велесила како Германија. Во квалификациите за ЕП најдобриот пласман е третото место од минатата година.

Класичниот бараж за Светско во кој се добиваше само еден противник повеќе не важи, а новиот потсеќа на финишот за пласман на Европското до кое стигнавме преку Косово и Грузија.

Исто ќе биде и сега со плејоф, во кој за да испишеме нова историја ќе треба да совладаме два противника, кои ќе бидат многу потешки.

Во бараж битките за Светско ќе играат сите 10 второпласирани репрезентации од квалификациите, плус најдобрите две селекции од Лига на нации. Тоа се оние две кои ќе бидат освојувачи во своите групи, а не се наоѓаат меѓу првите две преку редовните квалификации.

Тие 12 репрезентации ќе бидат поделени на носители и неносители. Шесте најдобри ќе бидат носители, а преостанатите четири и двете од Лига на нации неносители.

Потоа ќе бидат поделени во три мини турнири со по четири селекции кои ќе играат полуфинале и финале. Трите земји кои ќе ги освојат финалињата одат на Светско.

Вака стојат засега работите во останатите групи:

Од тие причини не е исклучено во бараж да одат селекции како Италија, Шпанија, Португалија Холандија, а и Хрватска која не е ниту прва во група.

Од директните дуели уште едно коло до крај имаат:

ГРУПА А
Португалија – Србија (14 ноември)

ГРУПА Б
Шпанија – Шведска (14 ноември)

ГРУПА Х
Хрватска – Русија (14 ноември)

А со директи дуели и две кола до крај се:

ГРУПА Г
Норвешка – Летонија (13 ноември)
Црна Гора – Холандија (13 ноември)
Холандија – Норвешка (16 ноември)

ГРУПА Ц
Италија – Швајцарија (12 ноември)
Северна Ирска – Италија (15 ноември)
Швајцарија – Бугарија (15 ноември)

Реџепи во полициcка cтаница: Бев кај пpиjaтел

Министерството за внатрешни работи информира дека пратеникот Кастриот Реџепи се појавил во полициската станица Бит Пазар, каде претходно беше пријавен за исчезнат, по што изјавил дека не бил исчезнат туку бил заминат кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница.

– Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница, велат од МВР.

Aрената ќе гpми во недела пpoтив Иcланд: Отворени сите тpибини, а еве колку чинат влезниците

Македонските фудбалери ќе имаат голема поддршка в недела против Исланд, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи навивачите завршниот натпревар од мундијалските квалификации да можат да го следат и од Источната и Западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите за Источната и Западната трибина можат да се купат од денеска преку продажната мрежа MkTickets по цена од 100 денари.

Претходно ФФМ одлучи за неделниот натпревар против Исланд да бидат отворени само Јужната и Северната трибина, а влезниците се продаваат по цена од 150 и 300 денари.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски со триумф против Исланд првпат во историјата ќе обезбедат бараж за пласман на Мундијалот што идната година ќе се одржи во Катар, откако вчера со 5-0 триумфираа над Ерменија во Ереван, а Романија одигра без голови во Букурешт против неделниот противник на „црвено – жолтите“.

(Видео) Студира на два факултети, а има просек 10: Има и совет како да се направи баланс

“Но како?!”, oва е прашањето што студентот од Ниш, Вук Бибиќ го слуша речиси секој ден, а особено од новите колеги.

Вук никогаш не се ставал себе си во центарот на вниманието. Завршил на Природно-математички факултет, кој трае 3 години, а сеуште студира на “Електро”, бидејќи студиите на овој факултет се 4 години.

– Мене ми е чудно тоа што на сите им е чудно. Планирав да го запишам “ПМФ” вонредно, а не знаев дека таа опција не постои, па морав да присуствувам на предавањата и на вежбите. Многу професори беа кореткни со мене, а имаше и такви кои немаат разбирање. Некои ми дозволуваа отсуство, а некои не, раскажува Вук за “Телеграф”.

– Тешко е, но не е невозможно. Всушност, клучот е организацијата.

– Јас не можам да замислам дури ни еден ден, а да немам социјални контакти надвор од дома. Сметам дека тоа е неопходно за да се одржи балансот. Кога на вечер би учел и би останувал дома, тоа учење ќе биде се полошо и полошо, вели тој.

Голем интерес за инвестирање во фотоволтаични централи во општина Новаци (Фото)

Во услови на енергетска криза која се повеќе е актуелна не само во нашата држава туку и во светски рамки, се повеќе се зголемува интересот кај приватните инвеститори за вложување во фотоволтаични централи, биогасни централи и други слични начини на поизводство на енергија од обновливи алтернативни извори. Во изминатата недела, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски оствари неколку средби со заинтересирани приватни инвеститори.

„Интересот за изградба на фотоволтаици, биогасна централа и сл. е особено голем заради местоположбата на општината. Според разни мерења и истражувања кои се направени се покажало дека Новаци има најголем број на сончеви денови во годината. Нема ден а да не се актуелизира ова прашање во нашите служби. Само во текот на оваа недела остварив три четири средби со потенцијални инвеститори кои сакаат да се информираат за постапката, парцелите, логистиката на локалната самоуправа и сл. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски.

Како локална самоуправа наша должност е на сите заинтересирани инвеститори да му обезбедиме комплетна логистичка поддршка, потребна документација, решенија за градба, урбанистичка документација, да им помогнеме во воспоставување на линковите со другите институции како ЕВН и други одлуки од наша надлежност и сл, рече Стевановски.

„Деновите остварив средба со претставници од Механотехника и инвеститорот Солар Ват Доо Битола кои кај нас имаат поднесено барање за изградба на две биогасни централи до 1 MW кои ќе се градат на КП 222/37 и КП 222/38 КО Добромири. Во моментот работиме на проблематиката околу спроведување на среднонапонски кабел до локациите. Исто така имаме една локација за изградба на фотоволтаична централа која има одобрение за градба на КП 658/2 КО Новаци и се чека наскоро инвеститорот да започни со градба а уште една инвестиција е во постапка за изработка на урбанистичка документација “ рече градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски.

Во општина Новаци од пред десеттина години успешно функционира фотоволтаичната централа Мегасолар од Скопје со капацитет од 1 мегават инвестиција вредна 3 милиони евра , која беше прва од ваков тип во Македонија.

Локалните власти од општина Новаци очекуваат ваквиот интерес и постоечките инвестиции кои се покажаа како успешни да мотивираат и други инвеститори, посебно за изградба на ветерници за произведство на електрична енергија а кои беа претставени како предлог проекти во изборната програма на градоначалникот Стевановски.

Помага за болки во желyдникот, отоци, намален pизик од cpцев и мозочен yдap – Paкиjaта може да биде чyдотвopeн напиток

-Напиј се малку ракија, ќе ти биде подобро – е реченица што сигурно сте ја чуле барем еднаш во животот.

Добрата стара ракија се смета за традиционален пијалак на нашите простори, а приказните за нејзината лековитост се пренесуваат од колено на колено. Со оглед на високиот процент на алкохолот во ракијата, сепак треба да бидете внимателни со нејзината консумација, но повременото внесување мала количина на ракија може да излечи одредени здравствени проблеми.

Еве кои потешкотии може да ги излечите со ракија:

1. Болка во желудникот

Сте изеле масен и тежок оброк кој ви предизвикал болка во желудникот? Прстофат жолта или лозова ракија, веднаш ќе ви го смири стомакот.

2. Забоболка

Држете голтка ракија десетина секунди на болниот заб, промучкајте и плукнете. Повторете го ова два-три пати со мали пауза за да не го надразните непцето со ракијата.

3. Болка во грлото

Ако воспалението на грлото е предизвикано од бактериска инфекција, неколкуте капки ракија успешно може да го дезинфицираат грлото. Освен тоа, може да ви помогне и топлиот билен чај со неколку лажички ракија.

4. Болка во грбот

Земете малку ракија и внимателно измасирајте го болниот и вкочанет грб. Повторете ја постапката по неколку часа. За оваа намена особено се препорачува лозовата ракија, но ќе ви послужат и други видови ракија.

5. Вкочанет врат

Исто како и вкочанетиот грб, така и вкочанетиот врат може да го санирате со ракија на ист начин.

6. Болки предизвикани од ревматски болести

Кај луѓето што имаат артритис, масажата со ракија е често средство за ублажување на болките во зглобовите.

7. Отоци

Ракијата докажано ја лади кожата, па затоа добро делува и на отоците. Земете ракија и измасирајте го отеченото место со неа, или ставете облоги на него. Имајте на ум дека ракијата по само неколку минути може да ја надразни кожата, па затоа држете ги облогите кратко на отечениот дел од телото.

8. Лоша циркулација

Нашите баби и дедовци многу често пиеле чашка ракија веднаш по будењето за да ја поттикнат забавената утринска циркулација.

9. Уролошки проблеми

Ракијата се магдонос е одличен сојузник во борбата против бактериски инфекции на уринарниот тракт.

10. Мачнина за време на возење

Овде ракијата помага само кај полнолетните совозачи, бидејќи возачите секако не смеат да пијат алкохол додека возат. Многу возрасни луѓе имаат проблеми со мачнина за време на возење, а ракијата може да го реши и овој проблем.

11. Намален ризик од мозочен и срцев удар

Ракијата спречува создавање слоеви холестерол во кардиоваскуларниот систем и со тоа помага да се намали количината на холестеролот. А, тоа драстично ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

12. Не дебелее

Одличен аргумент, за разлика од газираните и некои „природни„ сокови ракијата е алкохол со мал број калории! Ракијата го намалува холестеролот во крвта и не ја крева килажата.

Секако пијте малку и одговорно!

Cpeдба на гpaдоначалникот Јовчecки со амбacaдopите на Гepманија и Фpaнција

Градоначалникот Борче Јовчески, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорите на СР Германија, Анке Холштајн и на Република Франција, Сирил Бомгартнер.

Ова е прва посета на дипломатски претставници во Општина Прилеп по назначувањето на Јовчески за градоначалник.

За време на средбата се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка и размена на искуства со тенденција истите да се продлабочуваат со уште понагласена динамика .

„Остваривме една работна средба во кабинетот на Општина Прилеп каде остваривме продуктивен разговор на кој ги запознав со сите идни проекти во програмата за разубавување и унапредување на градот. Се надевам дека во иднина ќе оствариме и други средби и со нивна помош ќе можеме соработката да ја унапредиме до тоа ниво за да се побратимиме со нивни градови“, изјави градоначалникот Јовчески.

Високите гости во придружба на градоначалникот Јовчески претходно според востановената традиција на германските гробишта положија цвеќе во спомен на паднатите војници во Првата светска војна.

(Видео) 3аев изгледаше чyдно после завpшyвањето на седницата за глacaње недовepба на Bладата

Драматичниот ден вчера во Собранието заврши со неуспешниот обид на опозицијата да ја урне владата. Отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи беше пресудно иницијативата за гласање на доверба на Владата да пропадне.

На затворањето на седницата вечерва беа присутни само неколку владини министри и премиерот Зоран Заев, кои по затворањето на седницата си честитаа преживување на владата.

Но она што загрижува беше расположението на премиерот Зоран Заев, за разлика од него претставниците на Д У И беа видно расположени.

Погледнете:

Министерот за земјоделие од БECA поднece ocтавка

Министерот за земјоделство и генерален секретар на Движењето БЕСА, Аријанит Хоџа поднесе оставка од функцијата заедно со другите двајца заменици министри од партијата.

Рече дека тоа што вчера се случи во Собранието е срамно. Хоџа смета дека Беса сака да биде дел од власта, но не по секоја цена.

-Одлуката за оставка е морален чин почитување на органите на Движењето БЕСА, рече Хоџа.

Слави никако да не правите, вели Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција говореше за состојбата со коронавирусот во Македонија.

Бројот на заразени овој период се движи од 400 до 700 случаи дневно, а тој апелираше на внимателност кај граѓаните во овие зимски месеци.

-Доаѓа период на заладување на времето и почести собири на граѓаните во затворени простории. Сега доаѓаат и семејните слави, а ги замолувам граѓаните да не ги организираат славите, или да ги организираат во што помал број. Мора да бидеме претпазливи. Многу мини бранови тргнаа од тие прослави, истакна Филипче.