Еве каде ќе врне cнег денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка.

Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималната температура се движи во интервалот од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 Целзиусовите степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот во повисоките делови од Скопската Котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 Целзиусови степени.

Во среда и во четврток претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.