дома блог страница 1804

ИСТОРИЈА! Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското првенство во Дубаи

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското карате првенство во Дубаи, откако во финалето загуби од олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција со 0-8.

Сепак, ова е најголем успех на македонското карате и втор медал за Македонија на светските првенства. Првиот го освои Жарко Арсовски во 2010 година.

Повеќе за патот на Емил до сребрениот медал можете да прочитате на ИПОН.

(Видео) Xaoc на автопат: Испаднаа пари од блиндирано комбе, возачите во натпревар кој ќе собере повеќе

Недалеку од Сан Диего, од блиндирано комбе испаднаа голема сума на пари, со што кај возачите и луѓето предизвика голем шok, но и сите истрчаа да ги соберат истите, пренесува Би-би-си.

Дејството се случило по автопатот „Интерстејт 5“.

Може да се забележат повеќе полициски автомобили, а службениците дури уапсиле неколку лица, при што во станица завршиле сите кои не сакале да ги вратат парите.

Сообраќајка во Прилеп: 71-годишен возач со автомобил удрил во пешак

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

На 18.11.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ч.(71) од Прилеп, удрило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп. Во несреќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телecни повpeди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Градоначалникот Стојкоски ги израдува родителите на новороденчињата во Ѓорче

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска потпиша 40 нови решенија за доделување еднократна парична помош во висина од 5000 денари за новороденчиња на територија на општината.

Станува збор за барања поднесени пред изборниот процес и во периодот кога исплатите беа забранети, согласно законската регулатива. Сите претходни барања за новороденче од пред септември 2021 година се исплатени.

Општина Ѓорче Петров на овој начин продолжува со стимулирање на родителите во насока на поддршка на наталитетот во населбата.

Децата се нашата иднина – стои во предизборната програма на Стојкоски. Проектот еднократна парична помош за новороденче ќе продолжи да се реализира и во наредните години.

Кога сме кај пpoceкот: Босна замина 500 евpa пpoceчна плата

Просечната месечна нето-плата по вработен во Босна и Херцеговина за септември 2021 година изнесува 1.006 КМ (514 евра) и е номинално повисока за 4,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Агенцијата за статистика на БиХ.

Најниска плата имала во дејноста обезбедување сместување и подготвување и подготовка на храна – 625 КМ (319 евра), потоа во градежништвото 715 КМ (365 евра), а во административни и помошни услужни дејности 760 КМ (388 евра).

Во финансиските и осигурителните дејности, просечната нето плата во септември изнесува 1.623 КМ (830 евра), во производството и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 1.529 КМ (околу 782 евра), додека во секторот информации и комуникации изнесуваше 1.449 КМ (741 евро).

Вработените во здравството и социјалната заштита во септември имале просечна нето плата од 1.353 KM (692 евра), а во образовниот сектор 1.031 KM (527 евра).

Според Државниот завод за статистика во Македонија пак во септември 2021 година, просечната исплатена нето-плата по вработен изнесувала 28.869 денари.

Цената е загapaнтиpaна до декемвpи, од јануари ќе пocкапи cтpyjaта, вели диpeктopoт на ЕСМ

Цената на струјата е загарантирана до декември. Од јануари следи покачување и за тоа треба да сме свесни, но за колку никој не знае- вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски за ТВ21. Рестрикции додева нема да има. Нема простор за паника како што се прикажува ситуацијата во јавност според него, бидејќи двата блока на РЕК Битола работат, а можеме да сметаме и на ТЕЦ Неготино.

-Во декември треба да направиме план, програма за производство за следната година. Ќе се ориентираме според трошоците зголемени во однос на зголемената енергија на ресурси, репроматеријали и ќе формираме цена која ќе ја доставиме до Владата.

Владата ќе ни даде задолжение. Цената на електричната енергија ја одредува регулаторна комисија.

Ние 33% учествуваме во цената. Ние ќе гледаме да одиме со најниска производна цена, но да бидеме свесни дека нема да одиме со истата цена од оваа година.

Ќе има покачување на цената но не можам ни јас да кажам, ниту некој друг колку проценти ќе биде, истакна Васко Ковачевски.

Денеска облачно, од понеделник ни следува голем влажен бpaн

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, а попладнево облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје, рано наутро ќе биде облачно, а веќе до пладне облачноста ќе се намали и попладне ќе биде сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Намирници кои помагаат за детокcикациja на opганизмот од никотин

Без оглед на тоа дали сте успеале да се одвикнете од пушењето или допрва планирате да го направите тоа, детоксикацијата е одлична идеја.

Овие намирници имаат одлично влијание и се препорачуваат за детоксикација по пушење.

Сок од цеден портокал

Ова е многу ефикасен домашен лек за исфрлување на никотинот од организмот, особено за оние кои сакаат да престанат со пушењето.

Брокули

Нивото на никотин во организмот може да се намали и така што ќе јадете брокули. Овој зелен зеленчук е богат со витамините Б5 и Ц кои ефикасно ќе ги заменат витамините кои се губат при пушењето цигари.

Сок од моркови

Кога ќе влезе во организмот, никотинот влегува во крвотокот и во телото се задржува три дена. Сокот од моркови може да го намали негативното влијание на цигарите на организмот. Овој напиток е богат со витамините А, Ц, К, и Б кои се ефикасни во исфрлувањето на токсините од телото.

Вода

Водата може да ги исфрли речиси сите штетни материи од организмот, вклучувајќи го и никотинот. Ако дневно внесувате по 8 чаши вода, можете значително да го намалите негативното влијание на пушењето.

На обичната вода можете да и додадете неколку кришки лимон или портокал со цел да и го подобрите вкусот.

Познат нумеролог од Србија открива: Тешки денови за Македонија во 2022 година, но ќе ни тргнело од месец мај

За нејзе ќе кажат дека е нумеролог на кој му се верува, нејзините прогнози се обиствинуваат па баш поради тоа најгледаниот естраден магазин Бекстејџ од нејзе реши да помара одговор на прашања кои секој од нас го интересираат.

Гордана Гоца Драгишиќ одговори што ја очекува нашата земја и кога ќе дојдат подобри денови, се гледа ли крај на целава ситуација со пандемијата,одговорите ги дознавате во видеото:

Страв од враќање на успешните од дијаспората! – Отворено писмо на брачен пар од Прилеп кои живеат и работат во Германија

Отворено писмо од Габриела и Златко Јаков, прилепчани кои живеат и работат во Германија

Ви ја претставуваме нашата приказна!

Решението да заминеме во Германија во 2014 година, за нас беше најтешката одлука, но системот во државата не оспоруваше во напредокот заради политичката припадност. Доаѓањето на СДСМ на власт ни даде надеж за подобро утре и си рековме ќе не биде. Му благодариме на Зоран Заев што го реши спорот со името и не внесе во НАТО(знам дека на повеќето ич не ви е гајле, оти не разбирате што значи), ама мене ми е, бидејќи како студент во 2007 година јас го имав ова решение како предлог на практична конференција и еве се случи.

И да не ве замарам преминувам на главното. Мојот сопруг исто така ја заврши успешно една од најтешките гранки во медицината висцерален хирург (абдоминален, торакален, васкуларен, детски хирург) и после две години(заради корона) летово си дојдовме. Нашите 3 недели одмор ги поминавме по адвокати и општини во Прилеп, а се заради тоа што на некој му текнало дека е до толку моќен што си постави рампа на државно земјиште и нам ни го оспори правото да стигнеме до нашата куќа.

Заканите одеа до таму што го инволвираа државниот правобранител, кој по разгледување на предметот, реши дека сме во право и го архивира случајот (инаку тој и така немаше право да се инволвира во овој случај, поради тоа што не е државен интерес) и тука веќе си рековме ете владее правото, значи системот се подобрува, може да се враќаме.

И така ние како слепци си рековме ајде да му се најдеме на народот ќе си работиме во Прилеп, и со помалку пари (не се продадовме за пари во Германија, а за систем) ама дома ќе сме си. Се изгледаше добро, арно ама само што заминавме испадна да сепак законов не е закон. Општината не ја отстрани рампата од паркингот зад зграда Македонија, заради изборите.

Ајде рековме ќе почекаме ( за ко ќе изгубат СДСМ во Прилеп, да не бидеме ние виновни, оти единствената мака им беше кој ми бил мене грбот за да бидам кандидат за пратеник на дијаспора, минатата година), одма да ви одговорам, сигурно честа ми беше укажана, заради способност и добри дела. И така си доаѓаме на 2.11. и не чека известување за отстранување на рампата, ама пазете решението не ми го даваат и не ја отстрануваат рампата, наводно имале право на жалба. Е сега како можи да имаат право на жалба за нешто за кое немале дозвола ни да го постават?!

И сега вториот шок од нашиот “пријател“ екс градоначалник Илија Јованоски (кој кажа дека немал појма што потпишал), издава дозвола за градба која ја потпишува на последниот ден од мандатот(не знам зошто брзаше толку), која по никој закон не смеела да се потпиши, и нам ни го одзема последното небо, сонце, воздух. На оддалеченост од 1,20 метри од нашата куќа, станбена зграда висока исто колку нашата куќа, без наша согласност. Побарала инвеститорката дозвола и за лепенка до нас, која нормално не и ја дадовме, на што на нашите родители им рекла, тогаш ќе ви го земам сонцето.

Нам не ни останува ништо друго освен да му се заблагодариме на екс градоначалникот за “поддршката” и “пријателството” да се вратиме во Прилеп и да работиме за доброто на народот. Прашањето ни е: Ако немал појма што потпишува, тогаш требало да не превзема таква функција. Поздрав за градоначалникот што нема појма што потпишува и да не ми го праќа шоферот да ми гарантира дека тој објект ќе се изгради…???!!!!

Вие нема да ни го земете правото да бидеме СДСМ, заради тоа што ние за разлика од повеќето знаеме што е социјална демократија, Сугаре мислеше дека му барам работа, друже Горан да ми ти кажам, јас за мене за работа не се плашам, ама ти изгледа се исплаши од мојата докажана способност, па затоа со баграта што го уништивте СДСМ и Заев во Прилеп ни го оспоривте ажурирањето на членството. Затоа за овие избори немаме грижа на совест, што не бевме во можност да си дојдиме и да гласаме за тебе.

Народе мој мил издржете, ние не сме откажани, само ќе почекаме подобри времиња и пак ќе бидиме тука за вас, како и досега.

Срдечни поздрави
Габриела и Златко Јаков

Во продолжение и пропратните документи за случајот кои ни ги испратија:

Известување од општина Прилеп дека немаат одобрение за поставување на рампа зад зграда “Македонија”

Решение дека треба да се отстрани рампата, а не се постапува по него

“Одобрение за градба на друг објект, кое е издадено на 26.10, односно последниот ден како градоначалник на Илија Јованоски. Наредниот ден Д-р Борче ја презеде функација. Зошто би дал одобрување на последен ден? Освен ако нема некоја корист?” – стои во дописот.