дома блог страница 1803

Претседателот на ККС Ралповски: Hacтавник во ocновно треба да зема 37.000 денapи плата

Со покачувањето на минималната плата треба да се зголемат и останатите плати на вработените во однос на коефициентот на сложеност, вели Благоја Ралповски, претседател на Конфедерација на слободни синдикати (ККС). Ако минималната плата е 15.000 денари, тогаш наставниците мора да земаат 37.000 денари – oбјави “АЛФА ТВ”

-Пред се мора да кажеме дека ова што го најави Министерството за здравство, односно министерот Венко Филипче е сосема неуставно и дискриминирачки. Не може вработените во јавниот сектор или кој било работник, со уцени да се тераат да се вакцинираат за да може да влезат на работно место.

Тоа е забрането со Устав, забрането со закони, впрочем и во Европскиот совет, која е најстара европска институција донесоа резолуција во која кажаа дека вакцинирањето треба да биде доброволно. И сега наеднаш како гром од ведро небо доаѓа уцена до работниците коишто не се вакцинирани дека не може да одат на работа доколку не се вакцинирани.

Работниците во јавниот сектор се најсиромашните работници, кажавме дека 70 – 80 илјади од тие работници земаат минимална плата и да ги оптоваруваме со ПЦР тестови за да можат да одат на работа, мислам дека не е ниту хумано, ниту човечки да се кршат основните човечки права и затоа ние велиме дека оваа мерка е радикална и доколку Владата ги усвои, ние ќе ги употребиме сите синдикални легитимни средства за да се спротивставиме на овие мерки, затоа што многу работници во јавниот сектор, нашите сознанија и претпоставка дека некаде околу 30 проценти не се вакцинирани, тие ќе останат без работа, но ние сме тука за да ги заштитиме и да ја спречиме оваа драконска мерка, оваа радикална мерка која ги крши сите човекови права. – вели Ралповски.

Кина ги замина САД и стана нajбогата земja во cветот?

Кина официјално ги надмина САД и стана најбогатата нација на светот, покажуваат најновите податоци, пишува порталот „НекстШарк“.

Вкупната нето вредност на светот се искачила од 156 трилиони долари во 2000 година на 514 трилиони долари во 2020 година што го прави светот побогат отколку што бил во кој било момент во историјата.

Кина е одговорна за речиси една третина од тоа зголемување, покажува извештајот на консултантската фирма „Мекинзи и Компани“.

Фирмата ги анализирала националните биланси на 10 земји кои претставуваат 60 отсто од светскиот приход. Од тие земји, Кина има 50 отсто зголемување на нето-вредноста, по што следуваат САД (22 отсто) и Јапонија (11 отсто).

Извештајот покажал дека богатството на Кина пораснало од 7 трилиони долари во 2000 година на 120 трилиони долари во 2020 година. Богатството на САД се зголемило повеќе од двојно на 90 трилиони долари во истиот период.

Но, иако светот денес е побогат од кога било, нееднаквости сè уште постојат. Само во Кина и во САД, повеќе од 67 отсто од богатството е контролирано од 10 отсто од најбогатите домаќинства и тие продолжуваат да заработуваат се` повеќе и повеќе.

Извештајот исто така покажал дека 68 отсто од светската нето вредност лежи во недвижен имот. Остатокот е во инфраструктура, инвентар, машини и опрема и „нематеријални средства“ како што се интелектуална сопственост и патенти.

Во текстот се наведува дека со зголемувањето на трошоците за недвижности, Кина, со компанијата за развој на недвижен имот со седиште во Шенжен, „Евергранд“, би можела да претрпи финансиска криза слична на балонот за домување што пукна во Америка во 2008 година. „Евергранд“ веќе е во многу непријатна ситуација поради долгови од вкупно 300 милијарди долари , што наводно го принудило нејзиниот претседател да го продаде својот личен имот.

Од „Мекинзи“ наведуваат дека падот на глобалните цени на недвижностите може да уништи дури 33 отсто од светското богатство. Нивниот извештај покажал дека за да се избегне таквото сценарио, неопходно е да се поттикнат продуктивни и одржливи инвестиции кои придонесуваат за глобалниот бруто домашен производ (БДП).

Прилепски новинар распали по Миле Талевски

Фејсбук статус на уредникот на порталот “Народен глас” од Прилеп, Рубин Иваноски

“Не сака селфи мавање машко, одговорност сака, отчет пред членството на ОО СДСМ Прилеп, само Ла Пјаца чоек можи да те најди и некаде кај шо не можи да те најди.

Финансиски извештај, извештај за 4 години локална власт, камо?! Отчет за 3 порази на 3 изборни циклуси, камо?!

Должиш многу одговори пред членството, изиграно, излагано ама буквално за цел твој мандат. ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со закани за ревизии по јавни претпријатија, припрема кривични и шо уште не, тебе те нема га гугниш, вака не се брани членство и СДСМ друже.

П.С. Ова како сакаш сфати го, можи си супер родител, другар, пријател, роднина ама како политичар имаш одговорност пред лујџе, не пред стока.

Башка ако ти се изговор службените патувања, најди си чоек шо че работи со членството и општинската и во простории и на терен, то ич не ти е изговор, ама апсолутно никаков нити па јавните критики, сепак си јавна личност и мора да имаш рбет за критика”, напиша Иваноски на својот Фејсбук профил.

Го празнуваме Св. Архангел Михаил, водачот на небесните војски: Честито име Михаил, Михаела, Михо, Ангел, Ангела…

Православните христијани денес го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.

Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.

Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.

На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.

Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.

Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во недела. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.

Во ова време на скапотија, секој бара ПОПУСТ НА СЕ – Ова е решението!

Живееме во стресно време, период на пандемија и општествени случувања и немири, време кое остава последици врз секој од нас, па квалитетниот сон е нешто кое што најмалку му го должиме на нашето тело и дух.

Арома перниците се револуционерно откритие кое докажано помага за квалитетен и мирен сон. Етеричните масла од камилица, алое вера, лаванда, цитрон и еукалиптус, кои се содржани во овие перници ќе направат вистински чуда за вас и вашето семејство.

Квалитетниот одмор е половина здравје, а за здравје не се штети, особено кога постои ваква и единствена можност. Цената на перниците е 2490 денари, а секоја наредна ја добивате со 500 денари попуст.

Перниците се изработени од италијанска вискоеластична мемори пена. Анатомското и ортопедското јадро идеално се прилагодува по контурите на вратот и главата, што овозможува правилна потпора при спиење.

Отворените ќелии нудат непречена циркулација на воздухот и на тој начин ја одржува идеалната телесна температура на вратот и главата. Што ја прави посебна оваа перница?

При процесот на изработка самата мемори пена е збогатена со етерично масло на алое вера што е растение познато како билката на животот. Посебно препорачана за луѓе кои имаат проблеми со ’рчењето.

За совршенството да биде комплетно, доаѓа заедно со високо квалитетна анти-бактериска и анти-алергиска навлака изработена од тенсел материјал, исто така изработена со отворени ќелии низ кои слободно поминува воздухот. Навлаката лесно се отсранува и пере до 60 степени во машина.

Побрзајте и нарачајте ТУКА

Koличните се ограничени!

Српски игумен го paзбpaнyва целиот регион: Дојде жена и ми вели мажот ме изнeвepyва, а јас и велам па дотерај се малку сестро (Видео)

Не се непознати ситуациите во кои српски владици или свештеници ја брануваат јавноста со свои изјави. Нов таков случај е игуменот на манастирот Свети Петар и Павле кај Мионица, Арсениј Јовановиќ.

Имено, пораката од игуменот Арсениј е следнава: „Супер сме, се дотеруваме додека се забавуваме, а после тоа – здраво. Веќе не обрнува внимание на себе, таа е дебела, разбушавена, тој го пуштил стомакот, му смрдат нозете, подригнува – до многу полошо“, предупреди игуменот во смисла дека страста во бракот лесно може да стивне.

Многу сопруги се жалат дека мажите ги изневеруваат „Тогаш велам – дотерај се малку, сестро, биди му привлечна“, рекол игуменот, по што тој и сите присутни се насмеале.

Разрешен Директорот на ЈП за ПУП?

Уште еден Директор на јавно претпријатие во Прилеп веќе е минато.

Но, овојпат не од морални и етички причини како Емил Јанески, туку неофицијално заради пропусти и непрофесионално извршување на функцијата.

Според извори од општината прибавени се и документи и за други злоупотреби со изјави од вработените во тоа претпријатие, кои ќе бидат во иднина и процесуирани до надлежните органи.

Се очекува Градоначалникот Јовчески во вторник да го назначи новиот директор во оваа фирма, кој што најпрвин би направил ревизија на сите сомнежи за криминални активности во овие четири години, првенствено околу набавката на четирите автобуси за сума од милион евра, набавката на резервни делови, урбаната опрема, функционирањето на пајак службата…

Победа се врати на врвот: Втор сезонски триумф над Кожув од Гевгелија

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ по сончево и пријатно време и пред околу 2.000 гледачи, фудбалерите на Победа во натпревар од 11 коло на ВМФЛ-Исток го совладаа Кожуф со 3-1,полувреме 2-0.

Според се прикажано на мечот сосема заслужена победа на црвено-белите, втора ова првенство над инаку традиционално незгодниот состав од Гевгелија. По ова коло, а по поразот на досегашниот лидер во Кочани и ремито на Саса во Градско, Победа се врати на првата позиција на табелата.

Победа денес беше поквалитетен противник, посебно во првиот дел. Гостите, несфатливо за сите досегашни нивни изданија во Прилеп, се поставија во тотална дефанзива на 30-тина метри пред голот на Ников.

Црвено-белите долго имаа посед, иницијатива и доминираа на теренот но тешко успеваа да изградат посериозна ситуација.

Се до 20-тата минута кога по соло акција ин пробив по левата страна капитенот Даниел Карчески влезе во казнениот простор и откосо од 7-8 метри со десна нога успеа да го совлада гостинскиот чувар на мрежата, постигнувајќи го вториот овосезонски погодок.

И по водството Победа продолжи да притиска за во 34-тата минута Игор Момировски, со својот гол првенец во црвено-белиот дрес, да зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел регистриравме и обид на Бојан Спиркоски, но Ников одбрани.

Во вториот дел Кожув како да се отвори и полека ја преземаше играта и тоа се чини пред се по опуштањето на прилепчано по убедливото водство од првиот дел. Првата закана гостите ја имаа во 48-та минута кога нашиот голман Даниел Котевски успеа да го одбрани ударот одблиску на Терзиев.

Шансата за рано затворање на мечот со трет гол и тоа зицер од 2-3 метри не ја искористи Петар Најдов во 57-та минута. Казната за ова промашување стигна во 70-тата минута кога од навидум безопсасна акција топката стигна до Калевски кој умешно ја затресе мрежата на Победа за 2-1.

По примениот гол црвено-белите како да се трхнаа заиграа многу посериозно и со полна контрола и посед не дозволија на гостите сериозно да се заканат. А во самиот финиш од една брза контра Бојан Спиркоски го програ Дарко Ангелески кој несебично асистираше на Давид Јошески кој погоди со лева од 14-15 метри за конечни 3-1. Ова е негов 4-ти гол овој шампионат.

До крајот на есенската полусезона остануваат уште 4 кола во кои Победа најпрвин во 12-тото коло наредниот викенд гостува на Саса, во 13 коло на 4 декември дома игра со Слога, потоа во вторник на 7 декември гостува на Осогово во Кочани и во последното есенско 15 коло на 11 декември во Прилеп ќе биде домаќин на Локомотива.

Победа: Котевски, Дигаловски, Стомнароски, Петкоски, Бошески (од 60 мин Митрески), Карчески, Петејчук (од 78 мин Дебрешлиоски), Ангелески, Момироски (од 87 мин Дунимаглоски), Најдов (од 60 мин Јошески), и Б.Спиркоски.

Резултати од 11 коло: Победа-Кожуф 3-1, Беласица-Братство 2-0, Детонит-Кит Го 1-0, Локомотива-Саса 0-0 и Осогово-Слога 3-0.

Табела: Победа 26, Слога 25, Саса 21, Беласица 20, Кит-Го 16, Осогово 14, Детонит 13, Кожуф 12, Локомотива 5 и Братство 4 бода.

Во следното 12 коло во сабота на 27 ноември ќе играат: Саса-Победа, Братство-Осогово, Слога-Локомотива, Кожуф-Детонит и Кит Го-Беласица

Петар Димоски

Полициjaта ги запиpaла, а тие се дале во бегcтво: Дpвокpaдци избегале од полициjaта, па ги пpoнашле во “Tpизла”

На 19.11.2021 во 13.00 часот било пpиjaвено дека на 18.11.2021 околу 15.30 часот, полициcки cлyжбеници на патот Прилеп-Дервен, во близина над Присадски мост, дале знак за запиpaње на товарно возило „форд транзит“, без peгиcтapcки ознаки, но возилото не запpeло, туку ја зголемило брзината.

По преземени мерки малку подоцна возилото било пpoнajдено во нас.„Тризла“, натовapeно со огpeвни дpва, по што било пpивpeмено одземено и пpeдадено на Шумcка полициja за понатамошна пocтапка.

По целocно pacчиcтyвање и докyментиpaње на cлyчajoт ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат од МВР.

Прилепчанец го реши Вардар во 92′ минута

Со десет победи од почетокот на сезоната, Силекс со забрзано темпо чекори кон Првата македонска лига.

Вардар беше на добар пат да стане вториот тим кој го сопрел Силекс во Втората лига, но Благоја Спиркоски постигна гол во 92-та минута преку и им донесе важна победа на кратовчани.

На врвот на табелата сега Силекс има 31 бод и речиси сигурен во промоцијата во ПМФЛ, Воска е втора со 22, Вардар трет со 20. Втората позиција води во баражот.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД: Вардар – Силекс 1-2, Кораб – Воска 1-1, Гостивар – Вешешта 1-1, Тетекс – Беса 2-1, Охрид – Кадино 3-1

ТАБЕЛА: Силекс 31, Воска 22, Вардар 20, Кораб 15, Тетекс 14, Гостивар 13, Велешта 13, Охрид 10, Беса 9, Кадино 6.