Денеска со почеток од 18:30 часот на програмата е 15. коло од ракометната Суперлига, во чии рамки Прилеп го пречекува Скопје.
За тимот на тренерот Горан Кузманоски ова е шанса за победоносна мини-серија, со оглед на претходната победа, во саботата, над Пролет.
Во овој случај прилепскиот состав ја има улогата фаворит, ако се има предвид билансот од 5 победи и 9 порази, наспроти Скопје, кои имаат 1 победа и 13 порази.
Но, потценување не смее да се случи, бидејќи и Скопје не игра без мотиви, а тоа го покажа на последниот дуел кога забележа триумф над Радовиш.
Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ судии се: Димитар Ѓорѓиевски и Дејан Ѓорѓиевски, делегат Љупчо Јаневски, сите од Скопје.
Натпреварот вечерва од 18:30 часот може да се гледа на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=-HRe62AAsH0
Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата.
Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.
Задолжитено е носење на заштитна маска.
На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!