Општина Прилеп започна со реализација на многу важен проект за „Реконструкција на цевковод со главен довод на вода од извориште во местото викано „Пашоски ливади“ до собирна шахта во КО Прилеп“.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески денеска ја посети локацијата и изврши увид во градежните активности околу реализација на проектот.
Реконструкцијата на доводниот цевковод од изворот викан „Пашоски Ливади“ во близина на с.Оревоец е во вкупна должина од 3850 метри. Како најповолен изведувач за извршување на градежните работи избрана е фирмата Маркоски К – 73 од Струга. Предвидено е реконструкцијата на цевководот за водоснабдување да се одвива во две фази, од кои во првата би се реконструирале 3045м.
Со реконструктивниот зафат ќе биде заменет стариот дотраен челичен цевковод со дијаметар f300 мм со нови дуктилни цевки со дијаметар F 300 мм од светски познатиот произведувач „Понтамусон“ со што ќе се овозможи зголемен проток на вода од 25 литри во секунда.
Цевковод е изграден во 50-те год од минатиот век и поради оштетувањата кои ги претпрел истиот е причина за намалено снабдување со вода на потенцијалните корисниците.
Реализацијата на овој проект значително ќе придонесе во решавање на долгогодишните проблеми и ќе обезбеди континуирана екплоатација на вода до крајните корисници во текот на целата година . Со тоа ќе се надминат проблемите со водоснабдувањето на локалното население.
Средствата за имплементација на овој проект се обезбедени од ТАВ програмата.
Жители на населените места во прилепско и битолско секојдневно информираат за присуство на мечки, не само во планинските региони, туку и во атарот на селата низ Пелагонија.
Денеска такви фотографии испратија и од населеното место Врбјани во општина Кривогаштани. Жител на ова село вели дека забележал стапалки од мечка и нејзиното младенче, па препорачува мештаните од Врбјани и околните села да бидат внимателни.
Поранешниот полушпиц на Челси, Бразилецот Оскар, на кого сите му предвидуваа блескава кариера, веќе 4 години настапува за клубот од Кина, Шангај Порт.
Оскар во 2017 година за дебела плата го напушти тимот од Лондон и се пресели во Кина, а неговиот учинок за Шангај досега е 31 погодок на 100 натпревари.
Замислете, Оскар се плашел да не остане сиромашен на старост и затоа заминал за Кина.
„Доаѓам од сиромашно семејство. Тоа што заминав во Кина ми дава чувство на победник. Кина има финансиска моќ и фудбалерите не можат да одбијат такви понуди. Не ме интересираат критиките, јас размислувам за моето семејство и иднината. Не сакам да бидам сиромашен кога ќе остарам и да живеам во спомени“, вели Оскар.
Во клубот на сините од Лондон, Оскар имаше учинок од 21 погодок на 131 натпревар, а во својата кариера настапуваше уште и за бразилските Интернационал и Сао Пауло.
Во пресрет на избор на стара-нова Влада, Демократскиот сојуз укажува на потребата од радикални промени во поставеноста, дејствувањето и приоритетите.
Во оваа насока освен реформите сврзани со евроинтеграциските процеси, Демократскиот сојуз инсистира и на: Прво, робусна борба против организираниот криминал и високата корупција, преку системски промени и формирање на Агенција за борба против криманалот, со висок степен на самостојност и посебни права и овластувања (ФБИ). Второ, испорачување на правдата преку законска можност за фер судење за монтираните судски процеси (Нема правда, Нема мир).
Трето, реформа на судскиот и правниот систем во целина, преку ревизија на работата на секој судија, обвинител и припадник на МВР, департизација на службите за безбедност и администрацијата. Четврто, коренити реформи на изборните правила, укинување на системскиот монопол на четирите партии и Македонија да биде една изборна единица.
Само со конкретни и радикалнии чекори можат да се придвижат процесите во позитивна насока и да се отворат перспективи за развој на државата.
Едно од предизборните ветувања во првите 100 дена на градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски започна да се реализира. Денеска е објавен јавниот повик за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди на кој можат да аплицираат само жителите на оваа општина.
„Тоа беше едно од моите ветувања во предизборната кампања односно во мојата програма со која излегов пред граѓаните на Општина Новаци дека во првите 100 дена ќе започнам со реализација на три проекти а обезбедувањето на високоефикасни клима уреди беше едно од моите три ветувања кое ќе биде реализирано во 100 дена од преземањето на мандатот во Општина Новаци. Впрочем ќе претставува проект со кој ќе ги субвенционираме нашите жители во висина од околу 20 000 денари бруто износ за обезбедување на високоефикасни инвертер клима уреди . Сумата ќе биди подеднаква за сите поднесени барања без разлика колкава ќе биде вредноста на обезбедениот клима уред.“ рече градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевавски.
Распределбата на средствата за субвенционирање на овој јавен повик ќе се врши врз основа на уредна и комплетна документација според редоследот на поднесување на пријавите. Неуредните и некомплетните документации ќе бидат отфрлени и нема да бидат земени предвид при одлучувањето и распределувањето на средствата за субвенционирање.
„Ќе треба да ги задоволат соодветните критериуми кои ќе ги бараме во јавниот повик кој денес ќе биде јавно објавен и граѓаните ќе треба да ги исполнат соодветните услови пропишани во повикот и ќе може да аплицираат во просториите на Општина Новаци, каде што ќе формираме и Комисија која ќе ги разгледува тие барања и ќе излези на терен ќе ја увиди фактичката состојба при вградувањето на климатизерите и врз основа на целокупната таа документација ќе донесиме одлука за субвенционирање на поднесеното барање. “ рече Стевановски.
Максималниот износ на субвенцијата што може да го искористи еден барател – носител на домаќинството изнесува 20.000,00 денари во бруто износ со вклучен персонален данок. Доколку трошоците за набавка се повисоки од максималниот износ на субвенцијата , разликата над тој износ останува на трошок на барателот.
„Вкупната сума на обезбедени средства ќе изнесува 1 милион денари за овај повик и се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци , тоа го направивме како ребаланс на буџетот за оваа година , ако заинтересираноста и ефикасноста на овај проект е позитивна во наредната година ќе предвидиме мерка која исто така ќе ја продолжиме во насока на заштита на животната средина и субвенционирање на набавка на високоефикасни инвертер клима уреди “ рече Стевановски.
Целта на јавниот повик е да ги стимулира домаќинствата во општина Новаци за користење на извори на енергија за затоплување на своите домови кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, да ги заменат печките на тврди и фосилни горива кои ги користат за затоплување на станбениот простор во кој што живеат, преку субвенција за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.
Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица – жители на општина Новаци, кои се носители на нивните домаќинства кои жителството ќе го докажат со поднесување на копија од важечка лична карта или патна исправа, барање, имотен лист, изјава заверена на нотар и фактура или фискална сметка за набавка на високоефикасен инвертер клима уред во периодот од денот на објавувањето на јавниот повик до крајниот рок за пријавување односно 19.11-19.12.2021 година.
Пријавувањето за јавниот повик ќе биде лично со доставување на документите во плик во архивата на општина Новаци.
Просечната плата континуирано расте. Во септември 2021 година, просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.869 денари, што е за 5,3 отсто повеќе во однос на истиот месецлани, објави Зоран Заев, премиерот кој поднесе оставка па се попишмани.
– Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (13,2%), Рударство и вадење на камен (12,8%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата даваат резултат. Според трендот и реалните очекувања, просечната плата планираме да ја донесеме до ниво од 34.000 денари до средината на 2024 година, објави Заев на Фејсбук.
Заев дојде на власт со ветување дека ќе ја зголеми просечната плата на 500 евра, но го троши вториот мандат и во најава е нова влада „Заев тројка“, а се уште е далеку исполнувањето на ветената просечна плата.
– Една 74-годишна жителка на Израел ставила банкноти во сад со белило, па потоа и во микробранова печка, како што известува и Националната банка на оваа земја – зашто жената се плашела од коронавирусот.
Банкнотите со вкупна вредност од речиси 2.900 евра – изгореле. Жената во писмо до банката објаснила дека со оваа процедура сакала да ги дезинфицира парите што ги добила од своите станари. Притоа испратила повеќе од 70 оштетени банкноти во банката, заедно со писмото.
„Се чувствувам многу виновна, бидејќи ова не се мои пари. Јас сум чесен граѓанин кој никогаш не уништил пари“, се вели во пораката.
Истрагата на надлежните покажа дека банкнотите се вистински и банката одлучила да ги замени со неоштетени.
На 18.11.2021 во 13.00 часот во Полициcката cтаница Прилеп било пpиjaвено дека на 16.11.2021 во 16.45 часот на пешачки премин на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „бмв“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од К.Ч.(71) од Прилеп, yдpило во пешакот Д.Ѓ.(68) од Прилеп.
Во нecpeќата, Д.Ѓ. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градската болница Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од МВР.
Денешниот е посебен ден, бидејќи се случува по подолго време да има ракометен натпревар во Универзалната сала во Прилеп.
Вечерва со почеток од 18:30 часот се игра мечот Прилеп – Еурофарм Пелистер, од 11. коло на Супер лигата.
Битолчаните, кои се на врвот од табелата, а во меѓувреме во рамките на Европската лига го совладаа АЕК во Атина, секако се големи фаворити и во Прилеп. За прилепскиот тим е мошне важно што игра со квалитетен противник.
Оттука и се очекува тренерот Горан Кузманоски да им даде шанса и на најмладите првотимци, за и тие да почувствуваат што значи дуел со моќен противник. Се разбира се очекува и голема помош на публиката на овој натпревар.
Мечот ќе го судат Димитар Георгиевски и Дејан Георгиевски, а делегат е Камер Металари, сите од Скопје.
Дозволено е присуство на гледачи до 50% од вкупниот капацитет на салата.
Потребно ќе биде да покажете сертификат/потврда за извршена имунизација или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена заедно со документ за лична идентификација.
Задолжитено е носење на заштитна маска.
На нашите ракометари им посакуваме многу среќа на денешниот натпревар!
Кожувчанка ДОО е пример како една компанија треба да се однесува во општеството во која работи и дејствува. Тие секогаш се грижат за граѓаните и помагаат онаму каде што е најпотребно.
Така, во овој период го посетија Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас “Кочо Рацин”од Битола каде со одговорните збореа за недостатоците и проблемите со кои се соочува овој завод за деца.
“По нашата прва средба na иницијатива на сопругата на амбасадорот на Словачка амбасада во Скопје, г-ѓа Жанет Маркушова и Здружение Добредојде Македонија – Велком Центар, договоривме дека ова е релација која само што започна. Денес, донираме 3 лаптопи и монитор на допир, а во иднина ќе се потрудиме да ги следиме потребите за подобрување на функциоирањето на децата во Заводот, но и да ги повикаме останатите компании да ни се приклучат во креирањето на заедничко, подобро општество за сите!” изјави, Митко Јовановски, од Маркетинг секторот на Кожувчанка од Кавадарци.
Нека биде ова еден убав пример и потсетник до сите нас, дека за подобра наша иднина треба да се грижиме таа да биде таква и за другите!