дома блог страница 1766

Дац, Александаp, “Витаминка” и гласот на овие прекрасни дечиња во најубавата досега Новогодишна честитка (Видео)

Прекрасно музичко пакетче на Дац, Александар и “Гласот на децата на Скопје”, сето тоа помогнато од светот на вкусови “Витаминка”.

-Ова е нашето новогодишно музичко пакетче со кое сакаме да ги израдуваме сите деца и да донесеме празнична магија.

Благодарност до “Витаминка” која ја помогна оваа наша идеја да го посетиме детскиот хор “Гласот на децата на Скопје”, и да им подариме пакетчиња заедно со Дедо Мраз.

Голема благодарност до ЈУ “Детски Културен Центар Карпош” и Билјана Лалчевска Серафимовска, до детскиот хор “Гласот на децата на Скопје” со нивните родители, како и нивниот ментор Борислав Јоргушески.

Ова е сплет на класици како “Let it snow” (на текст на Симона Јовчевска), потоа вечната “Елко, елко” (Тодор Скаловски/Србо Ивановски) и “Jingle Bells” – напишаа Дац и Александар.

Видеото погледнет го ТУКА

Заев разочаран од Пендаровски? “Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите”

Премиерот Зоран Заев изрази изненадување од ставот, кој претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го изнесе во Приштина во врска со иницијативата „Отворен Балкан“.

– Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите, против зближување на младите и народите од Западен Балкан и против полесна и побрза економска размена меѓу земјите од регионот, изјави Заев за ТВ21 и додаде дека минатото покажало што значи затворен Балкан и оти е неоправдано кое било заговарање против „Отворен Балкан“.

Според Заев, особено е неразбирливо кога „ваквата негативна реакција доаѓа од првиот човек во државата кој би требало да биде и прв во заштитата на интересите на граѓаните“.

– Во Северна Македонија претседателот на државата нема никакви ингеренции во делот на олеснување на царинските процедури, во делот на воведувањето One Stop Shop премини за брз проток на границите, во делот на признавање на работни дозволи и дипломи, изјави Заев.

Тој нагласи дека не е загрижен, туку е уверен оти институциите посветено ќе работат на обезбедување на бенефитите од оваа иницијатива за граѓаните.

– Јас сум изненаден што Пендаровски ги промени своите ставови за оваа пред сѐ економска иницијатива, но нема да бидам изненаден кога повторно ќе се премисли за да даде поддршка во периодот што доаѓа, а во интерес на граѓаните, државата и регионот, истакна Заев за ТВ 21.

Претседателот Пендаровски вчера за време на посетата на Косово, на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи, рече дека „Отворен Балкан“ е фалична иницијатива од самиот почеток, бидејќи наместо да учествуваат сите шест држави од Западен Балкан во неа се само половината. Тој напомена дека се додека иницијатива не ги опфати сите шест држави на Западен Балкан нема да биде успешна.

Според него, „Отворен Балкан“ треба да биде само еден аспект од Берлинскиот процес, кој има институции и ресурси, а оваа иницијатива тоа засега го нема.

– Добронамерни иницијативи се разбира може да бидат само дел, не може да бидат супституција на Берлинскиот процес кој продуцираше одлични резултати досега и кој трае веќе 7-8 години со тенденции да се проширува и обогатува со нови содржини, рече Пендаровски.

Тој потсети дека на почетокот изразил резерви за „Отворен Балкан“ во 2019 година, бидејќи сметал оти ако тоа е обид за реставрација на некаква Југославија или за алтернатива за членство во ЕУ ќе бил против, но откако добил уверување од премиерите вклучени во иницијативата дека нивната идеја не е таква, ја поддржал иницијативата.

(Видео) Србите во паникa: Црн пантер избегал од унгарска зоолошка, забележан на српската граница

Полицијата на југот на Унгарија трага по црн пантер кој е виден недалеку од градот Кискунхалас, во близина на границата со Србија.

Градоначалникот на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како големо црно животно поминува низ нива.

Градоначалникот Роберт Филеп рече дека вработените од паркот Сегед и помагаат на полицијата во потрагата. Властите го повикаа локалното население да биде внимателно.

Пантерите се хранат со кучиња, мачки и ситен добиток. Тие се многу внимателни и ги избегнуваат населените места.

(Видео) Во Серверна Кореја е забрането смеењето и пиењето за 10-годишнината од cмpттa на Ким Јонг-Ил

Додека Северна Кореја утре (17 декември) ја одбележува 10-годишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил, граѓаните ќе бидат принудени да следат строги правила како дел од 11-дневната жалост.

Радио Слободна Азија (РФА) известува дека жителите мора да се воздржуваат од пиење алкoxoл, шопинг, па дури и смеење во тој временски период.

Ким Џонг-ил беше вториот врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.

Иако владата вообичаено спроведува десетдневна жалост, оваа година тој е продолжен за дополнителни 24 часа за да се одбележи десетгодишнината од cmpтта на поранешниот лидер.

Кастриот ја дувна од новинарот на “Лајм” откако доби прашање за новото бугapcко вето (Видео)

Пратеникот Кастриот Реџепи, иако ја потпиша опозициската иницијатива за недоверба на Владата, не се појави на собраниската седница да гласа.

Поради оваа причина, тој беше исклучен од неговата матична партија, Движењето Беса, кое постапката на Кастриот Реџепи ја нарече предавство.

Во честите настапи пред медиумите за да ја оправда својата постапка, Реџепи изрази уверување дека Македонија на 14 декември ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Но, сега кога земјава не го доби датумот, тој ги избегнува медиумите. Екипата на весникот ЛАЈМ се сретнала со пратеникот Реџепи пред кафеана во Скопје и се обидела да добие став како ќе постапи сега кога земјава не успеала да добие датум, но тој го избегнал новинарот со образложение дека имал средба. Во меѓувреме, Реџепи продолжува да го обезбедуваат полициски службеници.

Видеото погледнете го ТУКА

Како што вети: Јовчески на средби со граѓани, ова ќе биде пракса и во иднина (Фото)

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески како што беше најавено, попладнево оствари средби со граѓани.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Јовчески заедно со вработените во општинската администрација ќе се трудат во рамките на своите надлежности да им излезат во пресрет на граѓаните.

Средбите ќе продолжат и во иднина се со цел да се слушнат потребите на граѓаните.

Бектеши cмиpyва: Пocкапувањето на стpyjата ќе биде најмногу до 10%

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа дека електричната енергија поскапува за речиси 38%, истакна дека претходно дал изјава и целосно стои зад неа.

Тој вели дека право на компаниите е, не само 100%, туку и 2000% да бараат, но само Регулаторната комисија за енергетија ја носи конечната одлука.

Претходно, министерот посочи дека поскапување ќе изнесува најмногу 10%.

Финалната цена за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јануари до средина на следната година, кога треба и да се донесе нова одлука, нема да биде повеќе од 10%, како што покажуваат сите анализи, проекциите и од разни експерти и партии чии проекции изнесуваа над 30, 40 и 50%“, истакна Бектеши.„За првите шест месеци дадов изјава и стојам целосно зад таа изјава“, порача Бектеши.

Утре, на два дена пред Св. Никола, празнуваме уште еден голем празник

Според Календарот на МПЦ утре се празнува Светата великомаченичка Варвара.

Таткото на оваа славна Христова следбеничка, којашто на млади години се вневести за Христа, се викаше Диоскор и беше познат според положбата и богатството во градот Илиопол Мисирски, а во верата беше незнабожец.

Својата ќерка единица, мудра во умот и убава во ликот, Диоскор ја затвори во висока кула, ја опкружи со секакви удобности, ѝ даде слугинки да ја служат, ѝ постави идоли за поклонување, ѝ изгради бања со два прозорци. Гледајќи ги низ прозорецот земјата долу и ѕвезденото небо во висините, на Варвара ѝ се отвори умот со Божествената благодат, па Го позна единствениот вистински Бог и Создател, иако немаше никого од луѓето за учител во тоа. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос.

Таа нареди да се пресече и трет прозорец на бањата за да бидат трите прозорци симбол на Света Троица; на една карпа во бањата нацрта со прстот крст и крстот се вдлаби во каменот како врежан со железо; од нејзините стапала на подот од бањата избиваше извор со вода којашто подоцна на мнозина им донесе исцеление од болестите. Кога дозна Диоскор за верата на својата ќерка, сурово ја биеше, ја протера од кулата и ја гонеше за да ја убие. Карпата се отвори и ја скри Вравара од суровиот татко.

Кога му се јави повторно, татко ѝ ја однесе пред началникот Мартијан, на кого што му ја предаде за мачење. Невината Варвара ја расоблекоа и ја биеја, додека целото тело не ѝ го прекрија во рани и крв. Во затворот ѝ се јави Самиот Господ со ангели и ја исцели. Кога го виде тоа една жена Јулијанија и самата посака мачеништво. Обете беа ужасно мачени и со исмевање ги водеа по градот. Им ги отсекоа градите и од нив истече многу крв.

Најпосле ги изведоа на губилиште, каде што таткото самиот си ја закла ќерката, а војниците ја заклаа Јулијанија. Истиот тој ден удри гом во куќата на Диоскор и ги уби него и Мартијан. Света Варвара пострада во 306 година. Нејзините чудотворни мошти почиваат во Киев. Прославена во Небесното Царство, Св. Варвара многупати им се јавува на мнозина, понекогаш сама, а понекогаш со Пресвета Богородица.

Покана до граѓаните за празнувањето на заштитникот на градот Светиот Николај Чудотворец

По повод празнувањето на верскиот празник Св. Никола, патронот заштитник на Прилеп, домаќинот, Тони Тарунџиоски и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат на чествувањето на градската слава на ден 19.12.2021 година (недела).

Одбележувањето на верскиот празник Св. Никола ќе започне во 08.00 часот со свечена литургија во Црквата Св. Благовештение, по што во 12.00 часот пред Параклисот на Св. Никола во центарот на градот ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач, а во 12.30 часот е предвиден благослов на градската трпеза на плоштадот „Александрија“ пред камената бина.

Кузманоски на колена пред Будимир и Алтхаус: Прилеп на домашен терен претрпи тежок пopaз

Наместо сигурна победа како што очекуваа сите, РК Прилеп синоќа загуби минимално на домашен терен од последниот на табелата, екипата на Скопје.

После триумфот над фаворитот Пролет изминатиот викенд, вљубениците во ракомететот очекуваат сигурна победа на прилепчани против РК Скопје, но фенерџијата на суперлигашката табела ја освои салата во “Ристе Ристески-Ричко” и триумфираше со 26:27 (14:15 на полувремето).

За тимот на Скопје кој е предводен од двете дами Андријана Будимир и Ања Алтхаус, ова беше само втора победа во досегашниот дел од сезоната, а дури десетти пораз за прилепчани, кои ги предводи Горан Кузманоски – Таста.

Најдобар поединец во редовите на РК Прилеп беше ветеранот Реваз Чантурија, кој постигна 11 погодоци

Во идното коло Прилеп е гостин на Еурофарм Пелистер 2 во Битола.