дома блог страница 1765

Шеќеринска поднece ocтавка – „Не се согласував со дел од политиките во СДСМ“

Министерката за одбрана објави дека нема да биде дел од новата влада, поради „принципиелни причини“, односно, поради тоа што не се согласува со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. На почетокот на годината, се повлече и партиското раководство.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новата влада, што се очекува наскоро да ја формира новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, откако Зоран Заев ќе ја поднесе премиерската оставка во парламентот.

Шекеринска денес објави дека се повлекува од Владата, поради, како што прече, принципиелни причини, затоа што не се согласува со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. Таа посочи дека поради тоа, во почетокот на годинава, решила да се повлече и од раководството на СДСМ, каде што до последниот конгрес беше заменик-претседателка, во два мандати.

„Тогаш најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори. За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнавме или не ги разбравме. Затоа мислам дека единственото чесно или принципиелно поведение, единствената чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната Влада“,

Изјави Шекеринска, на прес-конференција во Министерството за Одбрана, додавајќи дека за оваа своја одлука ги известила и „колегите“.

Toп 10 дecтинации во Maкедониja кои мopaте да ги пoceтите во 2022 година – две се нaoѓaaт во околината на Пpилеп (Фото)

Тимот на најголемата туристичка група во Република Македонија “Патувања низ Македонија” специјално за вас подготви и направи селекција на десет помалку познати места и скриени убавини на Македонија кои морате да ги посетите задолжително следната 2022 година.

ДЕБАРСКО ЕЗЕРО, ПЛАЖА “ПЕРЛА”

Дебарското Езеро се наоѓа во западниот дел на Македонија во близина на македонско-албанската граница, јужно од Дебар, на местото каде што Радика се влева во реката Црн Дрим. Максималната температура на водата е 23.9°С што ја прави погодна за капење. Во близина на источниот брег на езерото се наоѓа и Дебарскиот Остров.

ДОЛИНАТА НА КАКТУСИТЕ

Долина на кактусите се наоѓа над селото Клисура, во близина на Демир Капија каде се наоѓаат бројни кактуси засадени од семето, кое го донеле птиците преселници. Месноста плени со шаренилото на кактусите, кои расцутуваат летно време со жолти цветови. Цутењето трае долго и може да се повторува повеќе пати во текот на годината. Посебно интересно е тоа што кактусите не само што успеале на овој простор, туку и почнале да зафаќаат и голема површина.

ТУНЕЛИТЕ ВО КРАТОВО

Кулите се особена гордост на Кратово. Градени се во средниот век и некогаш биле 13 на број. Денес, во добра состојба се само шест. Кулите некогаш биле во сопственост на закупците на рудниците. Тие тука живееле, заедно со семејствата, но и со работниците и нивните семејства. Тука живееле и чуварите што ги чувале кулите, всушност парите (ковани од рудата во рудниците), па затоа кулите биле поврзани и со тунели. Еден од влезовите на тунелите се наоѓа кај Грофчанскиот мост, додека излезот е на другата страна, кај Радин мост, од каде што лесно можело да се пребегне во густата шума позната само за мештаните.

МАНАСТИР “СВ. НИКОЛА”, СЕЛО МАНАСТИР, МАРИОВО

Манастиот започнал да се гради 1095 година. Во црквата се насликани значајни претстави на житието на св. Никола, големите празници посветени на Исус и на Богородица, на пророците и на други светители.
Црквата е живописана во 1271 година и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период, кој содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Овој тип на сликарство е застапен само во црквата во Курбиново и во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид.

МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

На глобално ниво постојат многу ‘натпревари’ за најзелен град на планетава. Секоја година избираат по еден таков, но изгледа не ја виделе нашата Македонска Каменица. Македонска Каменица се наоѓа во источниот дел на Република Македонија. Се наоѓа во подножјето на Осоговските Планини и познат е како рударски град. Најпознатиот македонски рудник за олово и цинк Саса е во неговата непосредна близина. Како град е прогласен во 2004 година. Седиште е на истоимената општина, која има 9 населени места со вкупно 8.110 жители. Според пописот од 2002 година, градот има 5.147 жители.Мир, спокој и одмор за очи и душа.

СОЛЕНИЦА, ИЗВОР НА СОЛЕНА ВОДА

Соленица е извор на солена вода кој се наоѓа веднаш до течението на Сланска (или позната и како Дренска) Река, во самото нејзино течение од десната страна, близу до селото Сланско и Македонски Брод. Изворот е соѕидан во бетонска каптажа која е отворена од горната страна, со можност за црпење и полнење на вода и мала истека во самата река.
Водата од изворот е многу солена и се одликува со голема проѕирност. Според мерења извршени по Првата балканска војна од Хемиската лабораторија од Белград, водата од овој извор содржела 36 грама чиста готварска сол во еден литар вода. Во текот на светските војни многу селани од околината и од Прилепско доаѓале на изворот Соленица да полнат вода за месење на леб.

СЕЛО ПУСТА РЕКА, КРУШЕВО

Пуста Река е планинско село оддалечено 15 километри северозападно од Крушево.
Се наоѓа на околу 1119 метри надморска висина и e опколено со средновисоки планини и има многу убави терени исполнети со борови, букови и дабови шуми. Надморската височина и околните шуми го прават селото да има многу пријатна клима и во лето температурите не се многу високи. Во Пуста Река можат да се видат многу убави пејзажи во сите годишни времиња. Низ селото тече мала рекичка која во лето пресушува а повисок водостој има само во рана пролет кога се топи снегот од планините. Патот до селото од минатата година е целосно реконструиран.

МУЗЕЈ НА ВИНОТО, КАВАДАРЦИ

Историјата на тиквешкиот регион во производството на грозје и вино е претставена низ неколку поставки во музејот на виното кој беше отворен минатата година во Кавадарци. Меѓу експонатите се наоѓа апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, т.н фрижидер-ледара од 1934 година, во кој своевремено се носел лед од т.н ледари од месноста ,,Мечкина дупка” кај Кавадарци и.т.н.

АРХЕОЛОШКИ ЛОКАЛИТЕТ “СВЕТА ПЕТКА”, ПЕХЧЕВО

Археолошкиот локалитет “Св. Петка” се наоѓа на 4.5км, односно во непосредна близина на градот Пехчево.
Некогаш на ова место порано постоел манастирски комплекс со старохристијанска црква која била градена со камен и вар. Звукот од камбанаријата се слушал дури до Берово. Поради одличната местоположба и височината од 1.045 м.н.в од местото има одличен поглед кон Пијанец на север и Малеш на југ. Во 2001 година на ова место се изградила црква посветена на Св. Петка. Црквата е изградена на темелите на некогашната црква што била тука. Внатре во црквата има многу икони кои се оставени од верниците. До местото во 2016 година е направен асфалтен пат.

СЕЛЕЧКА ПЛАНИНА

Селечка Планина е средновисока планина која се наоѓа јужно од градот Прилеп помеѓу Пелагонија на запад и Мариово на исток. Највисок врв е Висока кој е висок 1.471 метри. Планина е богата со наоѓалишта на јаглен, а во нејзиното подножје се наоѓаат и најголемите рудници за ископ на јаглен во Македонија. Источната падина во Мариово е богата со голем број на гранитни карпи со мошне интересни облици. На планината се среќаваат голем број на мали извори од кои потекуваат мали реки кои во летинот сув период во најголем дел пресушуваат. Шумскиот фонд е мошне редок и е претставен со листопадни шуми од даб и леска, а на зарамнетите падини има и ниска тревна вегетација.

Тука ќе ги видите и спомениците на природата, карпи во форма на врапче, желка, девојка и.т.н

“Комуналец” ги “поздрави” дуќанџиите кои после работа го оставаат ѓубрето пред врата (Фото)

ЈКП “Комуналец” Прилеп синоќа реагираше до дуќанџиите во прилепската чаршија, кои го оставаат ѓубрето пред дуќаните после завршувањето на работното време.

-Фотографиите се направени вечерва во 20 часот по затворањето на дуќаните само на еден потег од семафорите до кружниот кај поштата. Дуќанџиите по затворањето си го оставиле отпадот до корпите за отпадоци наменети за минувачите. Но, не само вечерва, ова е секојдневие кое се случува по булеварот и Старата чаршија.

Иако , ЈКП ,,Комуналец,, – Прилеп, до соптвениците на дуќани испрати дописи да ги користат контејнерите за одлагање на отпад, тие и понатаму секоја вечер оставаат отпад од распакувана стока.

Дали е тешко отпадот по затворањето да се одложи во контејнерите поставени на паркингот кај општината, до поштата, и уредот, проценете сами.

До утре, во 05:00 часот наутро, кога започнува со работа Одделението за одржување на ЈПП, кутиите, целофаните, најлоните и другиот отпад ќе го нарушуваат впечатокот за чист град.

Пред извесно време наша совесна сограѓанка која редовно објавува поучни стории со порака за чиста животна средина, објави фотографија за извесен дуќан каде по распакувањето на многу пристигната стока, го изнесле сиот отпад , со што го блокирале и целото шеталиште во центарот на градот, и го оставиле цела ноќ. Истата фотографија ја објавуваме.

Од друга страна, им благодариме на граѓаните што ги користат корпите за отпадоци, секако со исклучоци. Фотографиравме и состојба пред еден банкомат. Дали е тешко ливченцето од извештајот за сметка да се пикне вџеб, или да се идфрли во корпата за отпадоци која ја има само на 5 метри. За да не се развие дебата дека ние сме платени да чистиме, Ве информираме дека дуќаните се должни отпадот да го одложуваат во најблиските контејнери. Што би се случило кога и граѓаните би изнесувале секој ден отпад пред портите, како дуќанџиите?!

Законските надлежности на ,,Комуналец,, се да одржува чисто, да моли и едуцира, ние други ингиренции немаме. Останува на граѓаните да ни помогнат во заложбите за чиста животна средина и заеднички да го подигнеме нивото на културно однесување .

Јовчески и Локвенец во контрола на посните сармички за Св.Никола (Фото)

Вредните домаќинки од Здружението “Преродба” во Прилеп, и оваа година ја продолжуваат традицијата на подготовка мали посни светиниколски сармички, вкусно гравче и останати посни специјалитети.

Се подготвува трпезата за празнувањето на заштитникот на градот во недела, ден кој за прилепчани е посебен.

Градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески и неговата заменичка Ирена Стерјоска Локвенец, ги посетија жените на Здружението “Преродба” и се восхитуваа на нивната позитивна енергија и трудољубивост.

Одбележувањето на верскиот празник Св. Николај Чудотворец во недела (19.12), ќе започне во 08.00 часот со свечена литургија во Црквата Св. Благовештение, по што во 12.00 часот пред Параклисот на Св. Никола во центарот на градот ќе следи водоосветување и прережување на празничниот колач, а во 12.30 часот е предвиден благослов на градската трпеза на плоштадот „Александрија“ пред камената бина.

Мицкоски: Кој му дал право на Бујар Османи да преговара за мојот идентитет, јазик, за мојот народ, за Гоце Делчев…?

Христијан Мицкоски, лидерот на „ВМРО-ДПМНЕ“ синоќа од студиото на ТВ21, во дебатниот магазин „Клик Плус“ искажа замерки кон тоа министерот за надворешни работи Бујар Османи да преговара со Бугарија за идентитетот, јазикот и за Гоце Делчев.

„Ако имаме поделби во општеството, најслаби сме во ковид, и да не ги набројувам другите. Сега наместо да работиме на ова, ние ја толкуваме изјавата на Петков, новиот премиер на Бугарија. Тој дал малку покомотна изјава. Никаде не вели дека ја напушта Резолуцијата на бугарскиот парламент, а таа е катастрофална. Вели ние сме обединети околу Резолуцијата и ќе ја надградиме, со тоа што ќе формираме комисија и ќе преговараме во следните шест месеци.

За следниот ден да биде надсинхронизиран од Радев, од Вигенин и од познатиот за македонската јавност, најголемиот македономрзец Џамбаски. За да каже тој дека Македонија била втора бугарска држава. И вие со такви политичари очекувате да добиеме датум?“, прашува Мицкоски.

Тој кажа дека колку повеќе молиме и колку повеќе го губиме нашиот преговарачки маневарски простор, толку поголеми ќе бидат барањата.

„Да преговараме за тоа кое ќе не однесе два века напред. Треба да сме сериозни. Политиката е сериозна работа, ова не е циркус. Треба повторно ќе кажам да имаме јасен правец и стратегија. Овие луѓе немаат. На аеродроми зборуваат за иднината на македонскиот народ. Никој нема право да зборува за мојот идентитет. Кој е тој политичар кој ќе бара решение за македонскиот јазик? Тоа е мојот идентитет. Како смее да се дрзне некој да го спори мојот јазик? Тоа не се преговара. Ви кажува Бујар Османи дека имал решение за македонски јазик. Со кое право се дрзнува? Без гласот да го слушне на мнозинскиот етникум, да преговараш за идентитет, право, јазик. Кој му го дал тоа право? Јас не сум му го дал“, рече Мицкоски и додаде:

„Еве една парадоксална ситуација. Од една страна наметнуваме едноцентрична теза премиер Албанец, од друга страна Албанец преговара за мојот јазик. Немам против да има премиер Албанец. Зошто има тој против мојот јазик да преговара? Зошто не рече дека тоа не е предмет на преговори? Кој е тој да преговара за мојот јазик, идентитет, Гоце Делчев?“, прашува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

(Видео) Оваа песна на раперот Лоџик спасила стотици животи

Во април 2017 година, раперот Лоџик објави песна со наслов „1-800-273-8255“ и почна да спасува животи на луѓе.

Можеби се прашувате како е тоа возможно. Причината е затоа е името на песната, односно бројот на Националната телефонска линија за спречување самоybиствa на САД.

Едно истражување сега ги процени промените во дневниот волумен на повици за време на одреден период, со што се утврди дека како резултат на музиката од Логик значително се зголемил бројот на повици.

Студијата покажа дека во периодот од 34 дена по трите настани со најсилно внимание на јавноста – објавувањето на песната, МТВ Видео наградите 2017 година и Греми наградите 2018 година – националната телефонска линија имала преку 9.915 повици.

Груби: “Доволни се само 6 дена за да ги решиме прашањата со Бугарија”

Вицепремиерот Артан Груби во вечерашното гостување во дмисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5 истакна дека не е разорачан што Македонија повторно не доби датум за преговори со ЕУ.

-Воопшто не сум разочаран, зашто европскиот пат нема алтернатива. Затоа ќе продолжиме. Беа охрабрувачки пораките од новата влада на Бугарија. Бугарија 8 месеци немаше политичка влада. Ги подгревавме очекувањата, и сметам дека немаме потфрлување. Ги видовте ставовите на бугарската влада за планот со шест месеци. Ние мислиме дека не се потребни шест месеци, туку шест дена, да седнеме да ги решиме прашањата и да почнеме преговори, смета Груби.

Груби посочи дека новото бугарско вето не е дебакл ниту пак е вина на шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

-Бујар направи максимум од тоа што можеше да го направи и го прави. Најискрено да ви кажам, ние не очекувавме на 14-ти,15-ти декември да биде заокружено се, туку да започне процесот со новата бугарска влада, рече Груби.

Ваква легенда може да биде само од Балканот: Се преправал дека е вработен и наплаќал за кopиcтење на тoaлет на железничка во Гepманиja

Германската полиција уапси 24-годишен српски државјанин и негов 16-годишен соработник поради измама на железничка станица во градот Бохум.

Како што пишува порталот 24sata.hr, Србинот мамел луѓе на железничката станица и им наплаќал за користење на тоалет. Од германската полиција велат дека „не паметат таков случај“.

Се наведува и дека измамникот имал соработник тинејџер, кој има германско државјанство, а двајцата ја негирале вината, тврделе дека не се познавале и дека случајно се сретнале во тоалетот.

Имено, тие сакале да заработат така што се преправале дека се вработени и на патниците им наплатувале влез во тоалетот.

Според порталот waz.de, двајцата биле забележани на станицата во понеделникот околу 14 часот, кога вработените повикале полиција бидејќи патниците пријавиле дека некои сомнителни мажи им наплаќаат за користење на тоалетот.

Патниците им пријавиле на вработените дека двајца мажи се претставувале како вработени во станицата задолжена да се грижат за тоалетите. На патниците им било кажано дека главниот влез е искршен и дека можат да влезат во тоалетот на задниот влез, но со плаќање.

„Никогаш не сме забележале ваков случај на измама во Германија“, изјави портпаролот на полицијата во Бохум.

Maкедонија ќе ја учи Бугарија фудбалски лекции: Жребот одлучи, двете репрезентации ќе се сретнат во Лигата на нации

Предмалку во Нион се одржа жребот за најновото издание на Лигата на нации.

Македонија ќе игра во четвртата група во сегментот Ц, а нејзини противници ќе бидат: Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Имајќи ги во предвид моменталните сили на репрезентациите, Македонија со сигурност би можела да го освои првото место во оваа група и да се пласира сегмент погоре, каде во иднина ќе не чекаат посилни репрезентации.

Натпреварите во најновата Лига на нации, започнуваат во јуни идната година.

Ова се останатите групи:

Мицкocки по cpeдбата со Axмети: Tpeба да пpecтанеме со коленичење кон Бугapиja

На средбата со Али Ахмети генерално разговаравме на две теми, еден час траеше средбата. Првата тема беше спорот со нашиот источен сосед каде ги повторив нашите тези, принципиелниот став да се почитува резолуцијата усвоена од парламентот. Изразив загриженост од фактот дека колку повеќе ги напуштаме нашите преговарачки позиции толку повеќе барањата од Бугарија се поголеми и на тој начин се уништува преговарачката позиција на државата. Ценам, јас лично дека треба да се напушти принципот на коленичење и сервилност, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Треба да покажеме карактер и треба да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер. Тоа е мојата порака. Доста е веќе од понижување, доста е од срамови, народот е фрустриран. Многу остапки направи оваа 30 годишна независнот, а всушност уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори, рече Мицкоски“.

Тој додава дека другата тема на која разговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети се предвремените парламентарни избори.

„Имајќи предвид дека како ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период бевме предмет на критика од страна на јавноста бидејќи бевме молчаливи и не бевме присутни во јавноста.Тоа беше со причина да не се најде изговор дека ВМРО-ДПМНЕ е виновна бидејќи ние не добиваме датум за преговори“, рече Мицкоски.