дома блог страница 1764

3eмjoтpec со jaчина од 5,4 cтепени утpoво ја погоди Гpциja

3eмjoтpec со магнитyда од 5,4 cтепени според Pиxтepoвата cкала, го погоди утрово jyжниот дел на Грција. Епицентapoт на потpecoт бил помеѓу Пелoпонез и Крит.

Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центapoт на потpecoт бил на длабочина од 58 километpи.

Грчките медиyми јавуваат дека земjoтpecoт се почyвcтвyвал од Атина до Крит. Нема информации за повpeдени и за матepиjaлна штета.

Денеска го празнуваме Свети Сава Осветен: За многу години!

Незначајното село Муталаск во Кападокија стана славно поради ова големо светило на Црквата. Овде Сава се роди од татко Јован и мајка Софија. Родителскиот дом го напушти кога имаше осум години и се замонаши во блиската обител наречена Флавијанова. После десет години премина во Палестинските манастири и таму најдолго се задржа во обителта на Светите Ефтимиј Велики (се слави на 20 јануари) и Теоктист. прозорливиот Ефтимиј за него прорече дека ќе стане славен монах и наставник на монасите и дека ќе основа лавра поголема од сите лаври на сите времиња.

По смртта на свети Ефтимиј, Сава се оддалечи во пустина, каде што во една пештера, којашто му ја покажа Ангел Божји, помина како отшелник пет години. Потоа, кога стана совршен монах, по Божја Промисла околу него почнаа да се собираат многумина ревнители за духовниот живот. Набрзо се собраа во толкав број, што Сава мораше да изгради црква и многубројни келии. Дојдоа и некои Ерменци, на коишто тој им одреди пештера за во неа да служат на ерменски јазик.

Кога умре татко му, кај него дојде неговата остарена мајка Софија, којашто тој ја замонаши и ѝ даде келија подалеку од неговиот манастир, па во неа таа се подвизуваше до крајот на животот. Овој свет отец претрпе многу напасти од ближните, од еретиците и од демоните. Но, тој сите ги победуваше, блиските со благост и попустливост, еретиците со непоколебливо православно исповедање, а демоните со крсниот знак и повикувајќи Го на помош Бога. Особено голема борба имаше со демоните на гората Кастела, каде што го основа својот втор манастир.

Тој и неговиот сосед Теодосиј Велики се сметани за најголеми светила и столбови на Православието на Исток. Тие ги исправаа царевите и патријарсите во верата, а на сите им служеа како пример на светителско смирение и на чудесната Божја сила. После трудољубивиот и многуплоден живот свети Сава се упокои во 532 година, во деведесет и четвртата година од својот живот. Меѓу другото, тој го устрои манастирскиот типик на богослужење, којшто подоцна се рашири по целото Православие и стана познат како Јерусалимски устав.

За прв пат после долги години: Новогодишна прилепска песна во која ќе уживаат сите (Видео)

Прилепскиот бенд The Dreamers ја објавија нивната прва Новогодишна песна и видео спот.

За прв пат после долго време од Прилеп излегува една ваква разиграна и певлива новогодишна песна, која со сигурност ќе се слуша и преслушува илјадници пати.

Музиката и текстот се дело на Душко Темелкоски, аранжманот на Рубин Димкоски, а за видео спотот се погрижија од Фан продукција – Оливер Ангелески.

Уживајте во продолжение:

Тимот кој го состави ова прекрасно новогодишно дело упатува и благодарност до Стибера – Living Home Center, од каде ја поддржаа реализацијата на целиот проект.

Директорот Абрашоски ве повикува на средба

Известување од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” – Прилеп

-ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, Ве известува дека в.д, директорот Рубинчо Абрашоски, приемен ден за граѓаните ќе има секој вторник во терминот од 12:00 до 14:00 часот. Седиштето на ,,Комуналец’’, е на ул ,,Питу Гули’’ бр.2а, позади зградата на старата општина.

Битолчани утре го празнуваат заштитникот на градот: Ќе се одржи и свечена литија низ битолските улици

На 17 декември, кога го славиме споменот на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола, со почеток во 17.00 часот, во Соборниот храм „Свети Великочаченик Димитриј“, ќе се отслужи Празнична Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

На 18 декември, празнувањето ќе продолжи со Утринска богослужба, која ќе започне во 07:00 ч., а потоа ќе се отслужи Света Божествената Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.

После Светата Божествена Литургија, во 11.00 часот, од храмот Св. вмч. Димитриј, ќе тргне и ќе се изврши свечена Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, а во чест на нашиот патрон и Заштитник на градот Битола – Свети Нектариј Битолски.

За значењето на Литијата

Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Литија, во превод од грчки, означува усрдно сенародно молење. Една од особеностите на литијата е тоа, што таа се извршува околу храмот, манастирот или градот. Зошто? На ова прашање, свети Симеон Солунски одговара на следниот начин: „Потребно е да се знае, дека сите литии, се извршуваат надвор, или во притворот, или околу обителта, или градот, а се извршуваат во спомен на нашето отпаѓање, дека ние, отпаднатите грешници се наоѓаме надвор од Едем, и дека сме должни да се научиме на смирение и да размислуваме дека сме недостојни за светите места – рајот и небото, и да се угледаме на митарот, кој според длабокото смирение на својата гревовност стоеше во далечината, и на Адама, изгонетиот од рајот“. Осветување на сите стихии на природата е првата побуда за извршување на Литијата. Свети Симеон Солунски говори: „На патиштата и на раскрсниците ние извршуваме молитва, за да ги очистиме сите патишта, осквернети со нашите гревови. Ги подигаме од храмот светите икони, ги изнесуваме чесните крстови, а понекогаш каде што има, и светите мошти на светиите, за со нив да се осветат луѓето и сè што им е потребно во животот, – дом, вода, воздух и самата земја, како изгазена и осквернета од стапалата на грешниците. Сето тоа го правиме со една цел, населениот град и целата земја да станат причасници на Божествената благодат, да го отфрлат од себеси сè она што е штетно и погубно; се молиме, да биде милостив кон нас Оној, Кој се воплоти за нас и прими облик на слуга, Кого го претставуваат божествените икони и образите на Неговите светии“.

Свети Филарет Московски вели: „Кога земаш учество во Литијата, помисли, дека одиш под водство на светиите, чии икони со нас одат, и се приближуваш кон Господа. Земната светиња ја повикува Небесната светиња“.

Литијата има библиско потекло. Во Стариот Завет, старозаветните праведници често извршувале торжествени и сенародни поворки со песни, труби и свети предмети. Сведоштво за тоа наоѓаме со свештените книги на Светото Писмо. Првите праобрази на Литијата ги наоѓаме во Стариот Завет и тие се: патувањето на синовите Израилеви од Египет во Ветената Земја; потоа, патувањето на Израилскиот народ заедно со Ковчегот на Заветот, при што се случило чудесното разделување на реката Јордан; торжественото седумкратно обиколување околу ѕидините Ерихонски со Ковчегот на Заветот, при што се случило чудесното паѓање на непристапните ѕидови на градот Ерихон од гласот на свештените труби; а исто така и сенародното пренесување на Ковчегот Господов од царевите Давид и Соломон. Овие примери од животот на избраниот народ, кои ние ги наоѓаме во Светото Писмо, се пример за востановување на благочестивите Литии или поворки во христијанската црква. Исто така, и Самиот Спасител Господ наш Исус Христос ни покажал пример на торжествена поворка, кога Он влезе во Ерусалим во придружба на многуброен народ кој му воскликнуваше: „Осана на Давидовиот син“ (Мат. 21, 9).

Во првите векови од своето постоење, христијанската Црква, не можела слободно да ја исповеда својата вера, а уште помалку да извршува сенародни свечени Литии. Во тоа тешко време за христијаните, тие поворки се ограничувале на случајни пренесувања на мошти на маченици, кои се извршувале ноќе. Така на пример, телото на свештеномаченикот Кипријан, епископот Картагински, било пренесено ноќе, со торжествена Литија со светилки, во домот на Макробиј. Во 290 год., телото на маченикот Бонифациј било пренесено од Тарс во Рим, а римската сестра Аглија, кај која што тој бил слуга, му излегла нему во пресрет со торжествена Литија, со мноштво на свештеници и народ кои пееле духовни химни.

Посебен развој во христијанската црква, Литиите добиле во Ерусалимската црква, каде се извршувале за време на празничните денови.

Со текот на времето, литиите добиле широка примена и развој во Византија.

Свети Јован Златоуст организирал, против аријаните, ноќни Литии по улиците на Константинопол. За таа намена специјално се правеле крстови, кои торжествено биле носени по градот заедно со светите икони. Луѓето носеле и запалени свеќи.

Подоцна во борба против ереста на Несториј, специјални Литии организирал и свети Кирил Александриски. Исто така, Литии биле организирани и за избавување од масовни епидемии, поплави, суши, несреќи, ропства и.т.н. Може да се каже дека, секој голем настан од животот на Црквата бил проследен со заедничка молитва и Литија.

Литиите во Православната Црква, од древни времиња, според својата појава биле разнообразни и се карактеризирле како: умилителни, покајни, благодарствени и торжествени.

Првите, умилителни Литии, посебен развој добиле на Исток. Тие биле извршувани со посебна подготовка и посебно торжество од страна на христијаните, при посебни настани од животот на Црквата или државата, а исто така и во случај на опасност за Православието.

Другите Литии, кои се извршувале при изградба на храм или негово обновување, носеле благодарствен характер.

Во историјата на Источната Православна Црква, ние имаме примери и на покајни литии кои се извршувале: за време на суши, поплави, земјотреси, пожари и.т.н.

Литијата може да има и торжествен характер и да да се извршува во чест на некој торжествен настан од животот на Црквата. Таквите Литии се извршуваат еднаш годишно, во чест на некој светител или во чест на некоја чудотворна икона на Божјата Мајка.

Од сите наброени видови на Литии, ние гледаме, дека човекот осознавајќи ја својата немоќ, Го повикува на помош Бога и Неговите угодници.

Така и ние, чествувајќи го споменот на нашиот сограѓанин и заштитник на градот Битола, да му оддадеме достојна почит на Светителот, просејќи го неговиот благослов, со чист ум и срце, да можеме да испросиме од Бога: „…благорастворување на воздухот, времиња мирни, и благосостојба на светите Божји Цркви“, кои се народот Божји, пеејќи ја химната:

„Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос. Си го осветлил карејскиот скит, те воспита, градот Битола, оче наш Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестајно моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прославил, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној што преку тебе, ни даде нам исцеление“.
(Тропар, глас 1. )

Снежна бајка и најмузикалниот Дедо Мраз во Прилеп, ве очекуваат во “Фото Дано” (Видео)

Новогодишните фотографии со вашите најмили се спомени кои остануваат вечно да зборуваат.

Во “ФОТО ДАНО” и оваа година царува вистинска снежна бајка, која посебно ќе ги израдува најмалите. За фотографиите и квалитетот на услугата да не правиме збор – “ФОТО ДАНО” со години се меѓу најдобрите и знаат само за задоволни муштерии.

Плус го имаат и најталентираниот Дедо Мраз кој децата го обожаваат. Слушнете го како музицира во продолжение:

Ќе ги најдете на улица “11-Октомври” – во новата зграда “Табана”. Вашиот семеен албум дополнете го со прекрасни новогодишни фотографии изработени од професионалци.

(Видео) Американски туристи ја погрешија улицата во Мексико: Залутаа во територија на кapтелите

Двајцата млади Американци Арон и Логан успеале некако да залутаат на патот кон Исидро Кортес во мексиканската држава Табаско, каде што биле забележани, пресретнати и опколени од група вoopyжени лица.

Кутрите Американци се исплашија во секунда како никогаш во животот, и двајцата беа буквално на работ да се онесвестат од страв, но судбината сепак им се насмевна.

Кога ги видоа толку исплашени, Мексиканците почнаа да ги тешат и да ги уверуваат дека нема да им прават проблеми.

„Ве молам, не ybивајте, на пат сме да ја видиме мајка ми“, извика кутриот Арон, кој од секунда во секунда му снемуваше паника и шok.

„Нема проблем, нема проблем, но не доаѓајте повеќе во овие краишта“, им рече на крајот Мексиканецот Фелипе на туристите.

(Видео) Марс има своја верзија од Големиот Кањон: Научниците пронајдоа што се крие во него – количините се многу поголеми од очекуваното

Марс има своја верзија на Големиот Кањон, а научниците открија дека оваа огромна клисура крие „значителни количества вода“, пренесува CNN.

За откритието заслужен е Марс Експрес, орбитер кој орбитира околу Марс, објави Европската вселенска агенција (ESA).

Имено, орбитерот ExoMars Trace Gas, кој беше лансиран во 2016 година во заедничка мисија на ЕСА и руската вселенска агенција Роскосмос, откри вода во долината Валес Маринерис на Марс. Тоа е кањон 10 пати подолг, пет пати подлабок и 20 пати поширок од Големиот Кањон.

Откриената вода е под површината на кањонскиот систем и е откриена со инструмент наречен FREND (Fine-Resolution Epithermal Neutron Detector). Овој инструмент го мери нивото на водород во првиот метар од површината на Марс.

Она што е интересно е дека поголемиот дел од водата на Марс е во форма на мраз во поларните региони. Vales Marineris се наоѓа малку јужно од екваторот на планетата, каде што температурите обично не се доволно ниски за водата да остане замрзната во форма на мраз.

Платата е 6.000 евра, а никој не сака да работи: На Австрија и недостигаат туристички работници – и покрај големата плата нема заинтересирани

Во Австрија се нуди работа за плата од 6.000 евра, но никој не е заинтересиран. Во моментов има голема потреба од персонал во домашните скијачки центри, особено по карантинот, а карта за скијање, наводно, можат да купат само вakцинираните, пренесува rtl.hr.

Од друга страна, тензијата на пазарот на трудот расте, поради недостигот на работна сила, а притисокот го чувствува и Австрија. Според порталот heute.at, Питер Мајер се обидува да посредува со својата агенција, а компаниите од градовите Ишгл, Зелден и Кицбил оваа сезона нудат од 4.500 до 6.000 евра за добар готвач кој течно зборува германски.

Повторното затворање на земјата предизвика бран на откази во хотелиерството и со тоа „ладен почеток“ на скијачката сезона. Со отворањето, пак, треба повторно да започне зимската сезона. За разлика од минатата година, рестораните ќе бидат отворени, но познатите Aprés-Ski-Partys забави не се дозволени. Сепак, тоа не ги одвраќа туристите да планираат одмори и скијање. И додека резервациите полека се зголемуваат, бројот на вработени во скијачките центри продолжува да се намалува.

Генералниот директор на секторот за туризам и рекреација во Тиролската стопанска комора, Томас Гајгер, е загрижен поради зголемениот недостиг на кадар. Тој вели дека „предизвикот за компаниите е подраматичен од кога било“. Само во службата АМС се регистрирани речиси 4.500 слободни работни места, а реално потребата од вработени е многу поголема.

– Во моментов апликациите не се ниту од Германија, ниту од странство. Многу постојани вработени, исто така, ја напуштија индустријата поради недостаток на безбедност на планирањето. Постојаното отворање и затворање е „отров“ за индустријата – рече тој.

Прекрасна прослава на патронатот во “Блаже Конески” (Фото/Видео)

Основното училиште „Блаже Конески“ денеска со пригодна програма го одбележа својот патрон празник. На програма која вработените и учениците ја подготвиле по повод одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески освен градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески присуствуваа и претставници од институциите, ученици, родители и врабатотени во оваа образовна установа.

Ангелка Баракоска, директор на ООУ „Блаже Конески“, рече дека училиштето го карактеризира посебен дух и дека тоа е препознатливо по квалитетот на работата, образовните услуги и постигнатите успеси.

„Оваа година нашето училиште ја помина во знакот на 100 годишнината од раѓањето на овој великан заедно со фондацијата „Небрегово“. Се зборуваше многу за делото на нашиот великан, се зборува и уште многу ќе се зборува. Тоа не прави да бидеме силни и горди што го носиме името на овој великан. Пред нас е предизвикот да вложуваме како тим и од оваа установа да пласираме млади индивидуи кои достојно ќе не претставуваат преку нивните професии и секако ќе раскажуваат за нашето училиште, за нашите вработени кои се секогаш на ниво на професионализам бидејќи без нив нема да сме тоа што сме како институција. Личности кои ќе знаат како да го зачуваат и негуваат светото во нашата татковина“, рече директор на ООУ „Блаже Конески“,Ангелка Баракоска.

Честитајќи им го патрониот празник, градоначалникот Борче Јовчески порача дека чест и привилегија за сите нас, современиците на великанот на македонската култура, јазик и книжевност е да ја одбележиме 100 годишнината од неговото раѓање.

„Конески бил прв претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Добитник е на бројни награди во светот. Поетската мисла на Конески е преведена на многу светски јазици и е најголем амбасадор на македонската книжевност ширум светот. Затоа изразувајќи ја мојата длабока почит, испраќам порака дека неговиот аманет не задолжува да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што како што кажал Конески „Тој е нашата единствена татковина“.Почитувани ви посакувам уште многу успешни години поминати во оваа зграда, многу успех на учениците и многу успешни генерации на кои сите треба да се гордееме.“, истакна градоначалникот Јовчески.

Во знак на почит кон ликот и делото на Конески пред почетокот на пригодната програма со која беше одбележан патрониот празни на ова основно училиште делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Јовчески и од основното училиште положија свежо цвеќе пред бистата поставен аво холот на училишната зграда.