дома блог страница 1763

Традиција која започна пред 16 години и прерасна во бренд на Прилеп (Фото)

Градот под “Марковите Кули” уште еднаш ќе го прослави својот заштитник Св. Никола. Големиот христијански празник, кој за своја куќна слава го празнуваат во речиси секоја трета куќа во Прилеп, и оваа година со богат празничен ручек ќе биде одбележан во центарот на градот.

Традицијата на одбележување на празникот започна пред 16 години, па досега повеќе компании од градот приредија богати посни трпези во центарот на градот, а гости секоја година (со исклучок на минатата) им се голем број прилепчани и посетители од соседните градови.

Традицијата на празнување во централното градско подрачје ја започна поранешниот градоначалник на општината, Марјан Ристески, кој заедно со локалната самоуправа направија бренд од оваа манифестација.

Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест.

Вештите раце на прилепските домаќинки секоја година виткаат илјадници посни сармички, а воздухот во Прилеп мириса на вкусно приготвена риба и гравче, и сето тоа залеано со квалитетна ракија и вино.

Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.

Стотици граѓани денеска одново ќе се соберат во центарот на градот, во храмовите и домовите, со молитва за добро здравје, ќе се поклонат пред големиот Светец и ќе вкусат од посните специјалитети.

За Св. Никола се поврзани голем број верувања и обичаи, па на трпезите се спомнува и за големите чуда и добри дела на заштитникот на морнарите, како што се нарекува светецот.

Постои верување дека на тој ден никој не треба да го потсетувате на долг, ниту додатно да му ја отежнувате положбата затоа што е должник.

Треба да се носат подароци за оние кои го слават Свети Никола. Меѓутоа и оние кои го слават празникот по некои обичаи на некои места во земјава своите гости не треба да ги пуштат со празни раце, туку мора да им дадат дарови пред да си одат дома.

Според преданието, Свети Никола бил роден во градот Патара, Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како дете на богатите и угледни родители Теофан и Нина. Уште со самото негово раѓање му се припишуваат чуда.

Неговата мајка, Нона, чудесно се излечила од болестите откако го родила. На денот на неговото крштевање, без човечка помош стоел на своите нозе три часа, за што подостојно да ја прослави пресветата троица.

Уште од најрана возраст, го почитувал и се придржувал на постот, во среда и петок. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо, преку ден не го напуштал храмот.

По смртта на родителите Никола им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара, тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3).

Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сè и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некој денар и да може да се прехранат.

Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт.

Чувар на Божествената вистина, овој чудесен Божји светител бил и одважен заштитник на правдата меѓу луѓето, насекаде сеејќи мир и благодат.

Двапати спасил по тројца луѓе од незаслужена смртна казна. Милостив, вистинољубив и праведен, уште за време на животот луѓето го сметле за светител и го повикувале на помош во маки и неволји; им се јавувал во сон и на јаве на тие што го повикувале, еднакво лесно дали се блиску или далеку и им помагал. Многу пати им помагал и на давениците, затворениците и ги избавувал од неволји морепловците.

Доживеал длабока старост и умрел во 342 година, откако скоро шест децении му служел на својот народ и на својот Господ.

Бил погребан во соборната црква во Мир, а подоцна кога пред налетот на Исламот биле прогонувани христијаните, кога многу цркви настрадале и кога биле уништувани гробовите на светителите, св. Никола му се јавил во сонот на некој свештеник од Бари (Италија) и го замолил моштите да му ги пренесат во Италија.

Црква Св. Никола во населбата Варош во Прилеп

Во тоа време црквите во јужна Италија и’ припаѓале на цариградската патријаршија. Потоа со многу свечености неговите мошти биле пренесени од Мир (Ликија) во Бари (Италија) во 1087 година, поради што и овој датум (22/9 мај) се смета за празник на Св. Никола.(св. Николај – летен).

Преданието раскажува дека светите мошти во Бари биле пречекани од мноштво народ меѓу кои имало и многу болни, слепи, глуви, сакати, душевно болни и сл. коишто доживеале исцелување.

Неговите мошти се сè уште мироточиви и многу луѓе и до ден денес имаат најдено спас преку нив.

Пола Македонија слави, пола оди на слава: За многу години Свети Никола

Свети Никола е голем празник кој го чествуваме денеска, а како слава го има речиси секое трето македонско семејство. Трпезата е посна, а Свети Никола се смета за заштитник на морињата.

Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите.

Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави на 6 декември според стариот Јулијански календар т.е. на 19 декември, според новиот Грегоријански календар.

И во прозните народни умотворби еднаш се раскажува како Св. Никола ги помага сиромасите, друг пат како добил два празника во годината.

Така на пример во една приказна запишана од ѓаконот Јосиф, од манастирот Пречиста Кичевска, објавена во цариградскиот весник “Новини” кон крајот на минатиот век, се раскажува дека едно време другите светци му завиделе на Св. Никола, затоа што многу бил почитуван и се поплакале на Бога.

Бог ја примил поплаката и веднаш испратил два ангела да го повикаат Св. Никола. Тие откако не го нашле по небото и по земјата го здогледале стреде море како крепи една гемија готова да потоне.

Му ја пренесле заповедта, а тој ги замолил да му помогнат да ја извадат ѓемијата на суво.

Виделе-не виделе ангелите му помогнале, а потоа така накиснат и со искинати алишта го одвеле пред Господа.

Тука во тој момент биле собрани и сите светци што се оплакувале на него. Господ само ги погледнал и ништо не рекол, а тие од погледот разбрале дека ако сакаат да бидат почитувани како Свети Никола треба да прават добри дела како што правел тој.

Тогаш, се вели во оваа приказна, Господ заповедал за сите светци да има по еден ден во годината, за Свети Никола два, а за преподобниот Касијан кој најмногу го кодошел на четири години еднаш да му се празнува денот на 29 февруари.

Датум за ЕУ немаме, но датум за ОСТАВКА имаме: Заев си заминува во среда

Заев во среда се повлекува од премиерската функција. Извори од СДСМ потврдуваат дека веднаш по новогодшиното обраќање на претседателот Пендаровски пред пратениците, Заев ќе го извести законодавниот дом за својата оставка, со што во оставка е и целата Влада, пренесува Сител.

Од тој ден почнуваат да течат уставните рокови од 10 дена во кој Пендаровски ќе треба да го довери мандатот на политичките партии кои имаат мнозинство во Собранието, додека пак новиот мандатар во рок од 20 дена пред пратениците треба да достави програма и состав на новиот владин кабинет.

Според сите овие рокови, Македонија до средината на јануари ќе ја добие новата влада, во која Алтернатива влегува на местото на БЕСА, а СДСМ најавува смена на речиси сите свои кадри. Сосема извесно е дека ресорите здравство, образование, труд и социјална политика, правда и одбрана ќе ги водат нови лица.

И додека власта се подготвува за нов владин кабинет, опозицијата не отстапува од барањето за предвремени избори. Ден откако Македонија ја пропушти и последната шанса годинава за старт на преговорите со Унијата, ВМРО-ДПМНЕ бара власта да го одржи ветувањето за повлекување, а граѓаните да решат кој сакаат да ја води државата. Ниту зголеменото мнозинство на 64 пратеници според нив не е одржливо решение.

Предвремени избори пред почетокот на летото вчера побара и опозицискиот лидер. До овој период Мицкоски предложи новата Влада да ја предводи лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, наместо наследникот на Заев, Ковачевски.

Ваквиот предлог на Мицкоски експресно беше одбиен и од ДУИ и од Алтернатива, додека пак СДСМ и натаму тврди дека зголеменото мнозинство ќе биде одржливо до редовните избори во 2024 година.

Од први јануари нови повисоки цени за полагање за возачка дозвола

Автошколите дадоа известување дека обуката за возачка дозвола поскапува. Тие со образложение соопштија дека покачувањето на цената е донесена од интерес, туку со цел да се покријат трошоците што ги имаат автошколите.

Цената за обука за возачка дозвола за автомобил, Б-категорија, во Скопје, од 1 јануари 2022 година ќе се покачи на 24.500 денари. Ваквата одлука ја донеле 30-ина скопски автошколи на состанокот кој го имале неодамна. Сегашната минимална цена за обука за возачка дозвола изнесува 19.300 денари.

Дел од автошколите се изјасниле и дека во другите градови ова поскапување се случило уште пред некое време и дека истото некаде достигнало цена и до 25.000 денари.

Со секоја уплата до 31.12.2021 година обуката за возачкиот испит се наплаќа како и досега, со можност за користење на услугите и во 2022 година, а веќе од 1-ви јануари стапува на сила новиот договор во однос на цената. Повеќе информации за новитетите и условите може да добиете на контакт број: 072 228 195

30 пати е побогат од Меси, а досега е избркан од сите клубови каде настапуваше: Ова е најбогатиот фудбалер на светот (Видео)

Фудбалерот за кој се проценува дека е најбогат во светот доби отказ без одиграна минута за сениорскиот тим. Тоа е Фаик Болкија и внук на принцот од Брунеи.

Се проценува дека е „тежок“ повеќе од 20 милијарди долари, но понекогаш ни парите не се доволни да го исполни тоа што го сака.

За споредба, Болкија е 30 пати побогат од Лионел Меси, 50 пати побогат од Нејмар.

Неговата најголема желба беше да стане фудбалска ѕвезда, а сега доживеа едно од најголемите понижувања. Португалскиот Маритимо го раскина договорот без одиграна минута за сениорскиот тим

Челниците на клубот се обидоа да му дадат шанса, го испратија во друга екипа, но и таму не се снајде. Најблиску дебитираше минатата сезона кога беше на клупата на мечот против Спортинг Лисабон.

– Постигнавме договор за раскин на договорот со Фаик Болкија. Му благодариме за трудот и залагањето и му посакуваме сè најдобро во понатамошната кариера – пишува во соопштението клубот кој моментално е на 15. место во лигата.

Болкија со фудбалот почна да се занимава во Англија, беше во младинските тимови на Арсенал, Стоук, Челзи, а во Лестер дојде во 2016 година. Сепак, тој и „лисиците“ набрзо сфатија дека Премиер лигата е премногу за него, па реши да замине во Маритимо.

“Јас сум играч кој сака да создава работи на теренот. Ги покривам крилните позиции и играм како офанзивен играч за врска. Сакам да постигнувам голови”, објасни во една прилика фудбалерот.

(Видео) Чудо од дете: Го повторувал трето одделение, а на 15 години има две факултетски дипломи

Џек Рико е вистинско чудо од дете – со само 15 години стана најмладиот човек кој некогаш дипломирал на Универзитетот во Невада во Лас Вегас!

Рико ја доби својата додипломска диплома оваа недела и ја додаде на дипломите што веќе ги има од Универзитетот Фулертон, кој го дипломира на 13-годишна возраст и каде што е и најмладиот човек што некогаш дипломирал.

Тој нагласи дека бил многу добро прифатен од другите студенти и професори на факултетот и дека не бил третиран како дете. Џек сега ги завршил студиите по историја и се уште не е сигурен која област ќе ја избере на постдипломските студии.

Интересно е што Џек, кој има такви академски достигнувања, го повторувал трето одделение од основното училиште. Постигна натпросечни резултати на училишните тестови за интелигенција, но некои предмети едноставно не му “оделе”. Неговите родители тогаш решиле да го школуваат дома.

Шест лица тепале жител на Галичани во угостителски објект во Прилеп

На 17.12.2021 во 19.00 часот во ОВР Прилеп, М.Д.(49) од с.Галичани, прилепско, пpиjaвил дека околу 18.40 часот во yгocтителcки обjeкт во Прилеп бил физички нападнат од А.С., К.К. и четири други лица.

Се работи на pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат во дневниот билтен на МВР.

Tрадицијата продолжува: Жителите на Жабино Маало го одбележаа заштитникот на градот Св. Никола Чудотворец (Фото галерија)

Градоначалникот Борче Јовчески денеска беше присутен на традиционалната прослава на празникот „Свети Никола“ во населбата Жабино Маало.

Секоја година жителите од оваа прилепска населба еден ден пред празникот „Св. Никола“, со богата посна трпеза и топли напитоци и со желби за успех го слават патрониот празник на Прилеп.

Градоначалникот Јовчески го честиташе христијанскиот празник Св. Никола посакувајќи здравје, среќа и бериќет во домовите на сите граѓани.

Воедно ја искористи приликата да ги покани сите прилепчани за утрешната прослава на патрониот празник на Прилеп.

Одбележувањето ќе започне со Свечена божествена литургија во црквата „Св.Благовештение“, а централниот настан по традиција се одржува кај параклисот во центарот на градот, кога ќе биде прережан славскиот колач и означен новиот домаќин за следната година.

Годинешните домаќини Гоце и Александар Стојкоски, исто така го честитаа празникот на сите присутни и порачаа дека чувството е прекрасно и до година да бидат уште побројни.

Домаќин за наредната година се пријави Ракометниот Клуб Прилеп.

Со автомобил yдpил во пешак на pacкpcницата во близина на Педагошки во Битола

На 17.12.2021 во 17.32 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на кpcтocница од ул.„Васко Карагалески“, ул.„13 Јули“ и ул.„Младински бригади“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“, со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Г.М.(56) од Битола, yдpило во пешакот К.Т.(38) од Битола.

Во нecpeќата пешакот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Општа болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола – информираат од МВР.

Апceње во Прилеп: Во домот на прилепчанец пpoнajдени таблети и бела матepиja

На 17.12.2021 во 11.00 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода М.Г.(33) од Прилеп.

Пpи пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени бела пpaшкacта матepиja, бела гpyтчecта матepија, таблети и други пpeдмети од кpивично дело.

По целocно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат во дневниот билтен на МВР.