(Галерија) Ѓоковиќ одведен како кpиминaлeц: Со силно обезбедување забележан на аеродромот во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија по 11 драматични денови и низа ckaндали кои тенисот не ги памети!

Од првиот момент кога Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн на 5-ти јануари, па се до моментот кога најдобриот тенисер на светот го напушти тој град, Австралија имаше катастрофален однос кон Србинот.

Со 15 минути доцнење, авионот полетал за Дубаи, а од аеродромот се појавија фотографии на кои се гледа како Новак и неговиот тим придружувани од обезбедувањето се качиле на авионот, што може да се види на фотографиите направени на аеродромот.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ за Австралија замина на 4 јануари. По тој повод испрати порака дека добил медицинско ослободување од вakцинациja. Меѓутоа, еден ден подоцна на Новак не му беше дозволен влез во земјата.

После тоа, Ѓоковиќ мина низ неколку сослушувања и беше ставен во притвор на аеродромот во Мелбурн.

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.

„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.