дома блог страница 1762

Вучиќ за Македонците: Го прифаќаме нивниот јазик и нација, ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, како и многу придобивки за сите граѓани.

Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал. Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото – изјави Вучиќ во интевју за ТВ Пинк.

Во тој контекст, тој потсети дека денес Србија е призната од Македонците како нација и земја која е најблиска до Македонија и нивните граѓани и додаде дека тој добрососедски однос мора да се чува и надградува.

Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме се најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив – додаде Вучиќ.

Српскиот претседател истакна дека добил видео од албанскиот премиер Еди Рама од селанец од северот на Албанија кој на пазарот ги објаснува предностите на „Отворениот Балкан“.

Како што кажа Вучиќ, селанецот рекол дека многу ќе му значи ако може со својата стока да оди во Белград.

Знаете ли што се би можеле да извезуваме, многу повеќе, а што би извезувале би се сменило, затоа што можеме наместо суровини да извезуваме многу повеќе полупроизводи и финални производи, а тоа се повисоки цени – објасни Вучиќ.

Тој потсети дека на овој начин нордиските земји се поврзаа по вековни војни, што им донело само добро.

Браво дечки, Македонија е горда на вас! Дечките од “Дајте музика” го освоија деветтото место на “Детскиот Евросонг” (Видео)

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ имаа одличен настап на овогодишната детска Евровизија во Париз со песната „Green Forces“.

Помеѓу 19 учесници, нашите дечки го освоија одличното деветто место.

Браво дечки, Македонија е горда на вас!

Погледнете го нивниот настап:

(Видео) Најдоброто од Македонија: Браво дечки, веќе победивте!

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ имаа одличен настап на овогодишната детска Евровизија во Париз со песната „Green Forces“.

Браво дечки, Македонија е горда на вас!

Погледнете го нивниот настап.

(Фото) Среќна нова 2202

Улцињ наместо 2022 година ќе ја слави 2202 година.

Тој што го постави новогодишното украсување на кружниот тек во овој црногорски град заслужи 13-та плата.

Поради оваа грешка, Улцињ стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

(Видео) Гимназијалците за Конески: Поетска вечер посветена на 100 годишнината од раѓањето на великанот

Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување дало огромни резултати во македонската литература, во областа на граматиката и во историјата на македонскиот јазик и во областа на културната историја на македонскиот народ.

Неговото прво дело, поемата „Мостот“, ја објавил непосредно по војната во 1945 година, а потоа следуваат „Земја и љубовта“, „Песни“, „Везилка“, „Лозје“, „Записи“, „Стари и нови песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Светото на песната и легендата“ и други.

Автор е на повеќе значајни трудови, меѓу кои и на „Граматика на македонскиот јазик“, „Историја на македонскиот јазик“, „Македонскиот јазик во развојот на словенските литературни јазици и јазикот на македонската поезија“. Во македонската современа општествена стварност, во смисла на одбрана на македонската држава и македонскиот јазик, како темели на македонскиот национален и историски идентитет е позната неговата максима: „Јазикот е нашата единствена целосна татковина“. Покрај другите награди, добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1981 година.

Од 4 јуни 1997 година Филолошкиот факултет во Скопје го носи неговото име.

Блаже Конески е роден во селото Небрегово, Прилепско, на 19 декември 1921 година. Годинава со повеќе настани беше одбележана 100-годишнината од неговото раѓање. Денот кога е роден Конески, 19 декември, е ставен и на листата на значајни јубилеи на УНЕСКО што се одбележуваат во 2021 година.

Во негова чест прилепските гимназијалци одржаа поетска вечер и рецитираа дел од неговата поезија во спомен куќата во Небрегово.

(Видео) Уkpaдиле картичка и купиле грепка: Добиле 4 милиони фунти, но не можат да ги исплатат

Ова е моментот кога пар измамници на лотарија помислија дека освоиле 4 милиони фунти (5,29 милиони долари) на гребка.

Марк Гудрам и Џон Вотсон – и двајцата од Болтон – биле во Клапам, Лондон, кога користеле детали од ykpaдена дебитна картичка на човек со име Џошуа Адиман – за да купат пет грепки.

Најпрво открија дека освоиле 10 фунти на едната грепка, а потоа 4 милиони фунти на втората.

Кога двајцата пријатели се обиделе да ја подигнат наградата, станало јасно дека ја купиле грепката со банкарска картичка на друг човек.

Радоста на двајцата пријатели набрзо се претвори во болка, бидејќи нивната измама беше целосно откриена.

Прилепчани ја одбележаа градската слава Св. Никола и посакаа мир, благосостојба и здравје во сечиј дом (Фото/Видео)

Во центарот на Прилеп денеска по 16-ти пат се празнуваше заштитникот на градот, Свети Никола Чудотворец.

По повод одбележувањето на градската слава изутринава во црквата „Свето Благовештение“ се одржа празнична литургија на која освен домаќинот Тони Тарунџиоски од компанијата „Футура“ присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески и голем број верници.

Празнувањето продолжи пред параклисот на свети Никола во центарот на градот, каде што се изврши водосвет и прережување на славскиот колач.

Домаќин на годинешното чествување беше семејството Тарунџиоски, кои поради пандемијата со Ковид -19, а заради безбедност на сите, во договор со Општината минатогодишната прослава на верскиот празник Св.Никола ја одложија за оваа година. Семејството Тарунџиоски како домаќини за сите посетители подготвија посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав, посни специјалитети и пијалоци.

Пред присутните гости градоначалникот Јовчески им ја честиташе славата на сите граѓани, на домаќинот Тони Тарунџиоски од компанијата Футура, како и кумството на новите домаќини Теракота Инжинеринг, со желби за добро здравје, среќа и бериќет во сите домови.

„Традицијата претставува идентитет на секоја држава, а нешто што не прави горди нас како прилепчани е токму таа, уметничкото творештво, историјата, археолошките локалитети, познати музички, актерски, спортски имиња и презимиња.

Во таа насока јас како градоначалник, ќе продолжам да го развивам актуелното творештво, со се поголем интензитет, а Општина Прилеп ќе ги чува и негува локалните традиции и духовноста обновувајќи го Прилеп како препознатлива дестинација во која ќе може секој еден турист, гостин, добронамерник да не посети и да го доживее духот на вековното традиционално наследство.

Во знакот на празничната симболика би сакал на сегашниот и новиот домаќин да им го честитам денешниот празник и да им посакам Свети Никола да им донесе многу здравје, среќа и бериќет

А на вас мои прилепчани да верувате во моите заложби и ветувања!

Господ да не благослови сите,

Нека е честит големиот празник Свети Никола!

За многу години!” истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Во своето обраќање домаќинот на градската слава Тарунџиоски порача дека благодарение на бога и патронот на град Прилеп Св. Никола, денеска е домаќин на нашата градска слава, и се надева дека годината што следи ќе биде подобра за сите граѓани.

Сопствениците на компанијата „Теракота“ се обратија пред присутните истакнувајќи го задоволството од укажаната чест да бидат домаќини на градската слава наредната година, и во името на сите вработени во нивната компанија и во нивно лично име се обврзаа и догодина достојно како домаќини да ја продолжат традицијата во Прилеп.

Митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, рече дека пораката што денес ја испраќа до присутните е да го следиме примерот на свети Никола, патрон и заштитник на општина Прилеп и дека во рамките на епархијата па и во цела држава Прилеп е единствената Општина која на ваков свечен начин го одбележува верскиот празник посветена на светецот Св. Никола.

Почина легендарниот прилепски актер Трајче Иваноски

Комеморација по повод смртта на актерот Трајче Иваноски ќе се одржи утре во 11.30 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“

ИН МЕМОРИАМ

Трајче Иваноски, (11/03.1945 – 19.12.2021 – Прилеп).

Тој е актер кој спаѓа во најангажираните творци на прилепскиот театар. Заиграл во далечната 1965 година на сцената на прилепскиот театар а во пензија заминува во 2007 година. Со оглед дека и за пензионерските денови активно учествува во тековниот репертоар на театарот, Иваноски бележи 40-есет годишно активно искуство на сцената со приближно одиграни 300 претстави. Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија. Бројката на неговите главни ролји е голема а за дел од нив има добиено и престижни награди. Негови драги, главни и забележани ролји се:

Ликот на Протасов во пиесата „Деца на сонцето“ Креонт во „Антигона„ Агатон во „Нажалена фамилија“ Аџи Трајко во „Бегалка“ Горчин во „Скок преку кожа“ потоа Златан во „Робот и Агата“ Евросим во „Црноборје“ Шандебиз во „Мушички во главата“ Борис поп Стафанов во „Мацедонише Цуштенде“од Јордан Плевнеш, Букара во „Хамлет од Мрдуша“, Големанов во истоимената претставата „Големанов“. Неговата драга улога на Аџи Јанкула во комедијата „Солунски патрдии“ на Миле Попоски. Рампо Рајатоски во претставата „Не сега драга најдобро е поладне“ а со оваа улога влегол како гостин актер во драмски театар во истоимената претстава. Гостин актер бил и во битолскиот народен театар. Потоа улогата на професор Павлович во „Собирен центар“ , Киро во претставата „Полковникот птица“…

Како куриозитет може да се забележи дека во првата претстава со која за првпат е отворена сцената на домот на културата „Марко Цепенков“ е со претставата „Коштана“ во режија на Петре Прличко. Во оваа претстава Прличко ја толкувал и главната улога на ликот Митке, а како алтернација со Петре Прличко, Трајче Иваноски ја толкува истата улога.

Ова е мал дел на улоги а останати улоги ги има остварено во претставите „Манги пијат чај“ „Туѓо сакаме свое не даваме“, „Колобан„, „Аресниј“, „Силјан штркот“, „Спиро Црне“ „Опера за три гроша“ „Молам за секс“ , „Антица“,„Светилникот“, „Рибарски караници“ претставата „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски која што воедно е и претстава за одење во пензија достигнува над сто изведби гледаност. Со претставата, дуодрамата, „Залив“ од Ги Фоази во режија на Коле Ангеливски, Иваноски прославува 30 години работа на сцена.
Играше до последно, до пред извесен период, во претставите „Лажговци“, „Глембаеви“ , во приватниот театарски проект дуодрамата „Мендо и Мајло“.

Учествувал и играл во голем број на ТВ драми, ТВ серии меѓу кои е детската серија„ Втора смена“ „Волшебното самарче“,„Итар Пејо“ како и ТВ серијата „Солунски патрдии“ но и повеќе радио-драмски остварувања. Посебно го негува рецитирањето со кое што настапува на многубројни градски и републички манифестции.
Награди и признанија:

-Прва награда на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за млад актер во улогата на Златан во претставата „Робот и Агата..

-За најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата „Скок преку кожа„ во режија на Бранко Гапо на татарскиот фестивал Војдан Чернодрински-Прилеп

-Главна машка улога за ликот Протасов во претставата „Деца на сонцето“ во режија на Илија Милчин на фестивалот Војдан Чернодриснки -Прилеп
За Креонт во „Антогона“ во режија на Благоја Дамски на фестивалот „Војдан Чернодрински „.

– Во 2003 год на меѓународниот фестивал на комедија во Корча,Р. Албанија ја добива главната награда за најдобро актерско остварување за улогата на професор Павлович во претставата „Собирен Центар“ .

– Во 2016 год повторно на фестивалот во Корча добива нарадата за монодрамата „Јас Илија Шаторот“.

– Во 2011 година ја добива наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“-Прилеп .
Добитник е и на наградата 3- Ноември што ја доделува Собранието на град Прилеп.
Критика:

(Цит:) „Како искусен актер Трајче Иваноски се притајува во одделни сцени за да блесне одеднаш во фуриозно темпо и гест искажувајќи ги длабоките потреси кои се случуваат во неговата душа при што измамува аплауз на отворена сцена …го одигрува со актерска виртуозност и решиси беспрекорно“ за претставата „Залив“ од Тодор Кузманов објавено во неговата книга Театарски минијатури.

– Скоро сите ликови во претставата „Скок преку кожа“се остварени со автентичност, силна животна сугстивност,артистичка креативност која воодушевува. Такво е остварувањето на Трајче Иваноски во ликот на Горчин
…“ќе напише Петре Бакески далечната 1981 во „Вечер“по повод премиераа „Скок преку кожа“…Итн

-„Остварувањето на Трајче Иваноски во претставата „Залив“ влегува во редот на неговите најуспешни актерски дострели заедно со оние во „Робот и агата“ „Деца на сонцето“, „Скок преку кожа“ (ќе напише Иван Иваноски- театарски критичар во „Пулс“ 23.03.1996)

Почивај во мир и Вечна Ти слава!

Последен натпревар од есенската полусезона: РК Прилеп денеска гостува во Битола

Екипата на Прилеп денеска гостува кај Еурофарм Пелистер во Битола, во 16. коло од Супер лигата.

Ова е последниот настап во есенскиот дел од првенството, а потоа следува пауза до 3 февруари.

На денешниот дуел битолчаните се фаворити, а прилепскиот тим е со задача да го даде својот максимум за што подостојно претставување.

Во салата „Боро Чурлевски“ судии се Исмаил Металари и Ненад Николовски, делегат Љупчо Јаневски, сите од Скопје.

Натпреварот денеска од 16 часот може да го следите на линкот во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?v=fQ8M1VoFxcQ

Овој град од соседството замина 200 години напред, ќе ја слават 2202 година (Фото)

На социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од центарот на црногорскиот град Улцињ каде наместо „Среќна Нова 2022 година“ поставени се истите бројки но со различен редослед.

Па така светлечките бројки покажуваат 2202 година.

Дел од јавноста на шега пишува дека Црна Гора е 180 години пред целиот свет.