дома блог страница 1761

Познат кардиолог од клиничката болница во Битола со видео обраќање ја разобличи власта на СДСМ

Познатиот кардиолог од клиничката болница во Битола, Боби Трајковски со видео обраќање ја разобличи власта на СДСМ и Ковачевски и повика веднаш да се оди на избори.

Во продолжение можете да го проследите видео обраќањето на Трајковски:

“Ќе има кapaнтин и построги правила за невakцинираните”

Голем број европски земји ги заоструваат мерките поради доаѓањето на новиот вид кopoнавиpyc, кој ќе стане доминантен веќе во 2022 година.

Ситуацијата стана загрижувачка откако новиот сој првпат беше регистриран пред неколку недели во неколку африкански земји. Би-би-си јавува дека француските власти најавиле дека ќе го намалат периодот помеѓу примањето на втората и третата доза од вakцината на четири месеци.

Во последните три дена Велика Британија бележи рекорден број заболени на дневна основа. Во петокот во оваа земја имало над 93.000 пациенти со кopoнавиpyc, од кои повеќе од 15.000 биле потврдени случаи на омикрон.

Поради ширење на новиот сој, итно е свикан состанок на комитетот „Кобра“ кој одлучува за мерки во вонредни околности. На средбата присуствуваше и британскиот премиер Борис Џонсон.

Во последнава недела во Британија е забележан пораст на бројот на пациенти за 59 отсто. Од почетокот на пандемиjaта во Британија, повеќе од 147.000 луѓе починале, додека над 11 милиони се зapaзени.

„Омикрон се шири со молскавична брзина, наскоро ќе стане доминантен“, изјави Жан Катекс, премиер на Франција, најавувајќи дека од почетокот на 2022 година во земјата ќе се заострат правилата, т.е. дека само вakцинирани лица ќе можат да посетуваат ресторани или да користат јавен превоз:

„Не можеме да дозволиме одбивањето на малцинство Французи да се вakцинираат да влијае на животот на целата земја“, рече тој.

Во Холандија, премиерот Марк Руте најави дека вонредните мерки, кои требаше да бидат укинати за Божиќ, ќе бидат продолжени до 14 јануари. Имено, во Холандија од крајот на ноември рестораните и повеќето продавници ќе бидат затворени од 17 до 5 часот наутро. Во петокот во Холандија се регистрирани повеќе од 15.400 нови случаи.

Во моментов, негативниот резултат од тестот важи како здравствена пропусница. Кастекс додаде дека поголемите јавни забави и огномети ќе бидат забранети за пречекот, како и точење алкoxoл на јавни места и препорача дури и вakцинираните да се тестираат самоиницијативно пред да се соберат на новогодишните забави.

Од почетокот на пандемиjaта во Европа, повеќе од 89 милиони луѓе се заразени со кopoнавиpyc, додека над 1,5 милиони починале.

Германскиот министер за здравство Карл Лојтербах рече дека земјата „мора да се подготви за предизвик каков што никогаш досега немала“. Леутербах, поранешен професор по епидемиологија, потврди дека Германија ќе добие уште 80 милиони дози вakцини во вториот квартал на 2022 година.

Германија ги идентификуваше Франција, Норвешка и Данска како земји со „висок ризик“ поради зголемениот број на инфekции. Во петокот во Германија беа пријавени повеќе од 42.000 случаи.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека секој што ќе влезе во Европската унија ќе мора да направи ПЦР тест за да се забави ширењето на новиот вид кopoнавиpyc.

Таа на Самитот на лидерите на земјите-членки на Унијата ги повика сите земји повторно да ја воведат мерката според која е неопходен ПЦР тестот пред пристигнувањето во една од земјите-членки, како и по пристигнувањето на територијата на Унијата.

Премиерот на Данска, Мет Фредериксен изјави дека правилата на игра се промениле во рекордно време и најави затворање на театрите, кината, забавните паркови и конференциските центри.

Македонците се вистински кошмaр за Милан: Пандев им ја тресеше мрежата дури 3 пати, Несторовски и Елмас по еднаш (Видео)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, синоќа со брз погодок на почетокот од натпреварот му донесе водство на Наполи против Милан на “Сан Сиро”, погодок кој беше доволен за три бода од тешкото гостување на “наполитанците”.

Toj e третиот Македонец кој ја тресел мрежата на “росонерите”, а претходно тоа во три наврати му успеа на Горан Пандев и еднаш на Илија Несторовски.

Во продолжение погодоците на нашите репрезентативци против Милан:

Го yништи обpaзованието и заминува од функциjaта? “Одлyчив да не yчecтвyвам во новата Bлада”, вели Цapoвcка

Донесов одлука да не учествувам во новата Владата со новиот мандатар, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска во изјава за медиумите при посетата на Факултетот за земјоделски науки и храна.

-Во изминатите пет години заедно со мојот тим навистина испорачавме политики во интерес на граѓаните. Јас продолжувам да се борам и да се застапувам за истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и во силата на жените и младите, рече Царовска.

Повлекување од министерската функција во новиот состав на Владата во петокот најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Во ресорот образование треба да биде назначен и нов заменик-министер откако оставака даде Арафат Шабани од движењето Беса.

Заменик-министерот за образование ќе биде од редовите на Алтернатива. Партијата за тоа место го предложи Лулзим Алиу.

Последно збогyм за прилепскиот театарски доајен, колегите се збогyваа со легендарниот Аџи Јанкула

Колегите и пријателите на легендарниот прилепски актер Трајче Иваноски за последен пат се збогуваа со него.

Денеска во вториот дом на Иваноски, театарот “Војдан Чернодрински” се одржа комеморација во негово име. Меѓу присутните беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Иваноски почина вчера на 76-годишна возраст. Кај прилепчани ќе остане најпознат по улогата на Аџи Јанкула во безвременските “Солунски патрдии”, но и по голем број други улоги во театарот, ТВ драми и ТВ серии.

Зад себе имаше 40-годишно искуство на сцената, со приближно одиграни 300 претстави. Како што ќе запишат критичарите во неговиот богат и плоден театарски опус влегуваат поголем број на сложени и стожерни (главни) актерски ролји реализирани во дела како од домашниот репертоар, светска драмска класика, така и од современата драматургија. Бројката на неговите главни ролји е голема а за дел од нив има добиено и престижни награди. Негови драги, главни и забележани ролји се:

Ликот на Протасов во пиесата „Деца на сонцето“ Креонт во „Антигона„ Агатон во „Нажалена фамилија“ Аџи Трајко во „Бегалка“ Горчин во „Скок преку кожа“ потоа Златан во „Робот и Агата“ Евросим во „Црноборје“ Шандебиз во „Мушички во главата“ Борис поп Стафанов во „Мацедонише Цуштенде“од Јордан Плевнеш, Букара во „Хамлет од Мрдуша“, Големанов во истоимената претставата „Големанов“. Неговата драга улога на Аџи Јанкула во комедијата „Солунски патрдии“ на Миле Попоски. Рампо Рајатоски во претставата „Не сега драга најдобро е поладне“ а со оваа улога влегол како гостин актер во драмски театар во истоимената претстава. Гостин актер бил и во битолскиот народен театар. Потоа улогата на професор Павлович во „Собирен центар“ , Киро во претставата „Полковникот птица“…

Како куриозитет може да се забележи дека во првата претстава со која за првпат е отворена сцената на домот на културата „Марко Цепенков“ е со претставата „Коштана“ во режија на Петре Прличко. Во оваа претстава Прличко ја толкувал и главната улога на ликот Митке, а како алтернација со Петре Прличко, Трајче Иваноски ја толкува истата улога.

Ова е мал дел на улоги а останати улоги ги има остварено во претставите „Манги пијат чај“ „Туѓо сакаме свое не даваме“, „Колобан„, „Аресниј“, „Силјан штркот“, „Спиро Црне“ „Опера за три гроша“ „Молам за секс“ , „Антица“,„Светилникот“, „Рибарски караници“ претставата „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски која што воедно е и претстава за одење во пензија достигнува над сто изведби гледаност. Со претставата, дуодрамата, „Залив“ од Ги Фоази во режија на Коле Ангеливски, Иваноски прославува 30 години работа на сцена.

Играше до последно, до пред извесен период, во претставите „Лажговци“, „Глембаеви“ , во приватниот театарски проект дуодрамата „Мендо и Мајло“.

Учествувал и играл во голем број на ТВ драми, ТВ серии меѓу кои е детската серија„ Втора смена“ „Волшебното самарче“,„Итар Пејо“ како и ТВ серијата „Солунски патрдии“ но и повеќе радио-драмски остварувања. Посебно го негува рецитирањето со кое што настапува на многубројни градски и републички манифестции.

Награди и признанија:

-Прва награда на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за млад актер во улогата на Златан во претставата „Робот и Агата..

-За најдобра машка главна улога за ликот на Горчин во претставата „Скок преку кожа„ во режија на Бранко Гапо на татарскиот фестивал Војдан Чернодрински-Прилеп

-Главна машка улога за ликот Протасов во претставата „Деца на сонцето“ во режија на Илија Милчин на фестивалот Војдан Чернодриснки -Прилеп, За Креонт во „Антогона“ во режија на Благоја Дамски на фестивалот „Војдан Чернодрински „.

– Во 2003 год на меѓународниот фестивал на комедија во Корча, Р.Албанија ја добива главната награда за најдобро актерско остварување за улогата на професор Павлович во претставата „Собирен Центар“ .

– Во 2016 год повторно на фестивалот во Корча добива нарадата за монодрамата „Јас Илија Шаторот“.

-Во 2011 година ја добива наградата за животно дело на фестивалот „Војдан Чернодрински“-Прилеп .
Добитник е и на наградата 3- Ноември што ја доделува Собранието на град Прилеп.

Mapичиќ официjaлно ја повлече лиcтата за помилyвање на затвopeници

Министерот за правда Бојан Маричиќ и официјално ја повлече листата за помилување на затвореници.

Алсат дознава дека Маричиќ ќе бара дополнителни консултации и проверки на имињата предложени за помилување.

Дополнително, денеска беше откажана и седницата на Комисијата за помилување во рамки на претседателството. Кабинетот на претседателот ги извести членовите дека се откажува состанокот што беше свикан за денеска во 14 часот, со извинување за доцното известување.

Фондацијата на семејството Јанчеви од Кавадарци со донација од 1,8 милиони денари во здравството

На големиот верски празник Св.Никола, кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви, оваa година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година, и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци, финансиски средства од 1.800.000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството.

Финансиските средства се обезбедени од членовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија ,,Кожувчанка,, .

Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема, односно ултра звучен апарат – ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје Македонија.

Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно.

Оттаму посакуваат: Среќни и весели новогодишни и божиќни празници.

Цените на гopивата оваа недела остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на Одлуката од 13.12.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,864 ден/кг.

Од 21.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,864 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,171% , кај дизелот има намалување за 0,742% , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,223 % и кај мазутот намалувањето е за 0,487%.

Министерот за правда бара помилување за Нинџа

Новинарот на Клан Македонија, Фуркан Салиу открива дека името на Александар Василевски – Нинџа е помеѓу 48-те лица за кои се бара помилување од претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, пренесува Инфомакс.

-Инаку меѓу овие 48 лица за кои се бара помилување е и името на Александар Василевски – Нинџа, пишува на Фејсбук Салиу.

Соогласно правниот систем во Македонија, секој затвореник кој ги исполнува законските одредби може да побара помилување, постапката најпрво започнува судот кој потоа молбата ја доставува до министерството за правда и само откако ќе добие барањето потпис од министерот, во случајов министерот Бојан Маричиќ може да одлучува Koмисијата за помилување на претседателот која е составена од 11 члена во моментов на чело со професорката Уранија Пировска.

Целата статија можете да ја прочитате на ИНФОМАКС.

“Футура” стана гигант, лидер во малопродажба, а в година домаќин за патронот “Теракота”

Во центарот на Прилеп денеска по 16-ти пат се празнуваше заштитникот на градот, Свети Никола Чудотворец.

Домаќин на годинешното чествување беше семејството Тарунџиоски, кои поради пандемијата со Ковид -19, а заради безбедност на сите, во договор со Општината минатогодишната прослава на верскиот празник Св.Никола ја одложија за оваа година. Семејството Тарунџиоски како домаќини за сите посетители подготвија посна трпеза, со традиционалните светиниколски сарми, грав, посни специјалитети и пијалоци.

Во своето обраќање домаќинот на градската слава Тарунџиоски порача дека благодарение на бога и патронот на град Прилеп Св. Никола, денеска е домаќин на нашата градска слава, и се надева дека годината што следи ќе биде подобра за сите граѓани.

Сопствениците на компанијата „Теракота“ се обратија пред присутните истакнувајќи го задоволството од укажаната чест да бидат домаќини на градската слава наредната година, и во името на сите вработени во нивната компанија и во нивно лично име се обврзаа и догодина достојно како домаќини да ја продолжат традицијата во Прилеп.