Шоу на македонската “Фаланга” по натпреварот со Данска – Воодушевен беше дури и голманот Ландин (Видео)

Maкедонија го заврши својот настап на 15-то Европско првенство во ракомет, каде забележа три порази од Словенија, Црна Гора и Данска.

И покрај трите порази популарната македонска “Фаланга” до последен момент ги бодреше избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

На тоа сведоци беа и Данците синоќа од кои загубивме со 10 гола разлика, но тоа не беше причина за македонската навивачка армија громогласно да ги поздрави нашите момци.

Дури и данскиот голман Николас Ландин го сними навивачкото шоу на македонската “Фаланга” и објави на неговото стори на Инстаграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.