дома блог страница 1757

Joвчески втора недела по ред широко ги отвори вратите на општината за граѓаните (Фото)

Како што беше најавено, втора недела по ред градоначалникот Борче Јовчески продолжува со средбите со граѓаните на Општина Прилеп.

Главниот фокус е решавање на проблемите на граѓаните и излегување во пресрет за сите конструктивни идеи кои што произлегуваат за општото добро на сите прилепчани – се вели во соопштението од општина Прилеп.

“Eвротип”, “Голд Слот” и “Голд Фелициа” ги израдуваа дечињата со попpeченост во Дневниот центар во Кичево

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите три фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, им донираа новогодишни пакетчиња на децата од дневниот центар за лица со поcебни потреби во Кичево – информираат од ПР службата на трите компании.

“Традицијата за донирање во оваа установа ја продолжуваме и оваа година. Во 2019 година им дониравме специјална компјутерска столица за нивните секојдневни потреби.” – изјави Томас Јованоски, менаџер на Евротип и Голд Слот клубовите во Кичево.

Во Кичевскиот дневен центар секојдневни активности имаат 20 деца со попреченост.

Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе. Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа и понатаму ќе ја продолжат својата мисија и општествена одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.

Јовановиќ предвидува pacпад на СДСМ? “Целта е на следни избopи со партијата да се пребрише патос”

Hезадоволните членови во СДСМ се спремни за фракционерство или формирање на нова политичка партија? Со овие прашања многу се шпекулира во политичките кулоари, по изборот на Димитар Ковачевски за нов претседател на партијата, иако во реалноста малку што се случува.

Кандидати за фракционери во СДСМ има повеќе, но засега јавно беше спомнато единствено името на Петар Атанасов, поранешниот функционер на партијата, а едно време и заменик министер за образование во владата на Зоран Заев. Обвинувањето кон Атанасов јавно го искажа аналитичарот Ненад Јовановиќ со објава на социјалните мрежи.

– Да ви кажам што е во игра. Да не ве бунат аналитичари, професори, доктори на науки и останата котерија на “угледни” и “информирани”. На сцена ќе одвива расцепување и раслојување на СДСМ. Има најави за нова партија на разочарани од СДСМ. Петар Атанасов се курдисуе (по “скопски”) да откинуе членство (уште еднаш по “скопски”). Што значи тоа? Се брише простор за ВМРО и Мицињата. Целта е на следни избори со СДСМ да се пребрише патос. Изборен. Зборуваше мојата маленкост две години наназад, ама изгледа не бев доволно “етаблиран” за да бидам разбран – напиша Јовановиќ на Фејсбук.

Вљубениците во уметноста од Прилеп ќе имаат можност да проследат изложба од 30 уметници

Изложба на дела „Мал формат“ ќе биде поставена од петок 24 декември 2021 г. напладне во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

Љубителите на уметноста во наредните три недели ќе имаат можност да се запознаат со делата Мал формат од 30 уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои Андријана Мациев, Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Маја Танева, Марија Светиева, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Tаневска, Стефан Хаџи Николов, Христина Зафировска…

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см. претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на секоја година, а темите се слободни. Има дела со кои уметниците се навраќаат кон природата, кон пејзажот, но колорит и композиции кои се апстрактни.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ.

Пратeниците на распуст до 17 јануари?

Денеска нема да се одржи закажаната собраниска седница на која пратениците требаше да им поставуваат прашања на членовите на владата на Зоран Заев, кој вчера ја достави оставката до парламентот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите информира дека седницата за пратенички прашања закажана за денеска, нема да се одржи.

Тој оцени дека е нецелисходно да се одржат пратеничките прашања, бидејќи Владата е во оставка и тоа е воспоставена практика од минатото

Претседателот на парламентот вели дека во вакуумот до избор на нова влада нема да има нови седници, затоа што владата во оставка не би требало да предлага закони.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, вчера изјави дека е крајно невообичаено на седница за пратенички прашања да се констатира оставка, а истовремено да им се оневозможи на пратениците да им поставуваат прашања на министрите со оглед на тоа што тие ќе ја вршат работатат до избор на нова Влада.

Таа потсети дењка од јуни немало седница за пратенички прашања кои, како практика, се одржуваа последниот четврток во месецот.

„. Сега укажувам на еден чуден феномен, а тоа е дека од 24 јуни ние не сме имале пратенички прашања, што значи дека не сме можеле да ја оствариме контролната функција во името на граѓаните“, изјави Силјановска-Давкова.

Цицо, Банако, Џигио, Тома…. Прилепчани синоќа уживаа во врвна кошаркарска претстава која ја приредија легендите од градот (Фото)

Синоќа во салата на “ООУ Добре Јованоски – Прилеп“ се одржа хуманитарен кошаркарски настан, на кој се одиграа ревијални натпревари помеѓу екипите на КК Мега Баскет, ЖКК Мега Баскет и ветераните на КК Гоце Делчев – Прилеп.

КК „Гоце Делчев“ е првиот кошаркарски клуб во Прилеп кој е формиран на 7 март 1948 година, со фузија на двете фискултурни друштва „Гоце Делчев“ и „Прилеп“.

За екипата на КК Гоце Делчев – Прилеп настапија прилепските кошаркарски легенди:

Печијарески Иван – Печио, Стевананџија Тони – Цицо, Вујасонивич Томо, Алексоски Бранко – Арчио, Димитриоски Сашо – Сенката, Костоски Сашо – Џигио, Менде Младеноски – Банако, Диме Ристески – Сидро, Влатко Атанасоски – Лешперо, Дисоски Бранко – Дисо, Горан Ристески – Таленто, Гоце Ристески – Шејнио, Марјан Здравески – Крке.

Тренер на екипата беше Пеце Ангелески – Коритото, а помошен тренер Брсакоски Драган – Брсако.

Судии на натпреварот беа Александар Дамески и Петар Деспотоски.

Се на се, публиката во преполната сала имаше можност да ужива во одличен натпревар, а прилепските кошаркарски легенди покажаа дека се уште умеат да играат и располагаат со одлични потези на теренот.

Натпреварот немаше натпреварувачки карактер, а собраните средства од влезниците ќе се донираат во хуманитарни цели.

На трибините присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој стандардно ги следи сите спортски случувања во градот.

Baгата се pacфpла со пapи, поволен ден за нов договop на девиците, водолиите да бидат внимателни

ОВЕН

Некој на работа ви врши притисок и вие сте принудени некои работи да ги правите побрзо отколку што сте сакале. Партнерот ќе ви го покаже своето вистинско лице. Нема да бидете премногу воодушевени од она што ќе го видите. Можни проблеми со несвестица.

БИК

Многу сте активни во извршувањето на работните задачи и максимално сте посветени на работата. Ве мачи љубомората. Немате доволно доверба во партнерот, се сомневате дека нешто крие од вас.Пробле ми со чувствителниот урогенитален тракт.

БЛИЗНАЦИ

Денес ќе имате многу работа, но и некои промени во работната средина. Можно е некои соработници да си заминат. Влегувате во монотона фаза кога е љубовта во прашање и не сте претерано среќни поради тоа. Прилично лоша крвна слика. Намален имунитет.

РАК

Иако околностите не ви одеа долго време, денес можеби ќе имате среќа да решите некои проблеми. Исплашени сте, сакате да го задржите партнерот со кој сте и ви се чини дека полека ја губите контролата. Кардиоваскуларниот систем е чувствителен.

ЛАВ

Поволен ден за работа, доколку соработувате со личност родена во знакот Стрелец. Можете да очекувате успех. Ако сте во брак, правите се за да најдете изговор да излезете од дома и да се одморите со партнерот. Чувствителен мочен меур.

ДЕВИЦА

Денеска можете да бидете успешни во деловните преговори. Поволен ден за потпишување на договорот за соработка. Делувате мистериозно и со својот став ги привлекувате повеќето припадници на спротивниот пол. Се чувствувате добро. Останете повеќе во природа.

ВАГА

Склони сте кон расфрлање и трошење големи суми пари. Сепак, се препорачува да бидете повнимателни, бидејќи подоцна може да зажалите. Совршенството не може да се постигне преку ноќ, потребно е многу заеднички труд и разбирање. Губење на апетит.

ШКОРПИЈА

Концентрацијата е лоша за вас и не треба да носите важни одлуки денес. Склони сте кон самосожалување, барате внимание и лесно заборавате на сите убави работи што партнерот ги направил за вас. Неопходно е малку да спиете. Уморни сте!

СТРЕЛЕЦ

Исклучително сте нервозни, се чувствувате лошо и каде и да се свртите гледате некои ограничувања за вашиот деловен план. Тажни сте затоа што немате љубов каква што ви треба. Можно е да се идеализира минатото. Предиспозиција за депресија.

ЈАРЕЦ

Може да се потпрете на соработниците и колегите, околу вас имате луѓе на кои можете да им верувате. Доколку имате врска на далечина, денес е добар ден да планирате средба со саканата личност. Ќе ви годи престој на свеж воздух.

ВОДОЛИЈА

Внимавајте да не го уништите односот со претпоставените. Лесно можете да се вклучите во некои интриги. Се однесувате далечно кон саканата личност, а вистината е дека сте всушност повредени и не сакате да го признаете тоа. Болка во грбот.

РИБИ

Поволен ден за патување и потпишување договор. Сè што ќе замислите ќе работи за вас. Можете лесно да освоите личност која ви се допаѓа. Поволниот период штотуку започна. Избегнувајте мрсна, пржена и многу зачинета храна.

Полицajци paзменyвaa нежнocти во jaвен тоалет, но камepaта ги yлови – потоа им се cлyчи и нешто што најмалкy очекyвaa (Видео)

На социјалните мрежи се прошири урнебесно видео кое ни доаѓа од Мексико, на кое се гледа како заљубен пар полицајци се обидува да си разменува нежности.

Имено како што се гледа на видео снимката двајцата биле во еден јавен тоалет, а откако почекаа сите да ја напуштат просторијата сакале да се опуштат малку повеќе.

Откако полицаецот се качи на лабавото за да седне до неговата девојка, двајцата пропаднаа, погледнете.

Видео кое ја одбележа 2021 година во Прилеп…единствено во светот

Од сега веќе бившите локални власти во Прилеп, фамозното милионско мовче во населбата “Сточен пазар” беше окарактеризирано како историско, со еден куп епитети… но така не мислеа граѓаните, за кои овој проект претставува само многу пари за малку.

Иако требаше да биде еден од ударните проекти за нов мандат на СДСМ во Прилеп, мостот по нивно, или мовчето според мислењето на граѓаните отвори големи сомнежи за злоупотреби кои допрва треба да се разјаснат.

Никој не знае колку точно ги чинеше граѓаните. Се спомнуваа суми од 500 до 750.000 евра.

Филипче за Заев: Беше моторот на промените во зравството

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалната мрежа на Фејсбук му се заблагодари на премиерот во оставка Зоран Заев за соработката.

Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години. Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници. Му благодарам на соработката, посветеноста и пред се човечноста која ја покажа при определувањето на приоритетите во Владата, пишува во својата објава Филипче.