Билал Касами, новиот градоначалник на Тетово и лидер на партијата Беса, објави фотографии и видео на својот Фејсбук профил, од кои може да се види како тој, заедно со комуналните работници, со лопата во рака, учествува во расчистувањето на улиците
Касами им се приклучи на вработените во локалното комунално претпријатие во чистење на снег и мраз низ улиците на градот.
„Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“,напиша Касами на Фејсбук.