дома блог страница 1746

Вучиќ: “Се повлекувам од функцијата !”

Десет години сум на чело на партијата, а до мај ќе бидам таму. Мислам дека е доволно, во главата веќе имам четири кандидати за наследник, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

– Време е за нови луѓе, 10 години сум во раководство на партијата. Се повлекувам затоа што не сакам ништо да загрозувам – рече Вучиќ.

На забелешката дека човек со таков рејтинг кој е околу 70% не е логично да замине од политиката, вели „логично ми е“.

-Би се изненадиле дека и јас имам некоја топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам можам ова, а не можам ова. Не сум бил на море ниту еден ден, можеби сакав да бидам нормален, обичен човек – вели Вучиќ.

Зборувајќи за напуштање на политиката, тој вели дека можеби сакал „да не го носи товарот на овој свет, па ни партијата“.

– Да речам скарајте се, не мора да ве смирувам, да видам што прави ќерка ми, да го однесам син ми на џудо, кошарка, вели Вучиќ.

Како што изјави „Дадов се, се борев за државата, за партијата“

На прашањето дали можеби ќе се врати на премиерската функција, Вучиќ рече дека не е многу сигурен во тоа сценарио.

Прилепчани направија забава и пол во Битола (ВИДЕО)

Култниот прилепски бенд и можеби единствените блузери во регионот, Crossroad Blues Band, во средата настапуваа во живо во Pub Bourbon Street во Битола.

Бендот кој сега е во состав: Давид Нешкоски (гитара и вокал), Зоран Настески (тапани), Бранко Нешкоски (гитара), Љупчо Шилоски (бас гитара) и одличните бек вокали Викторија Георгиоска и Александра Трајческа, направија растур забава.

Реакциите на преполниот локал во Битола беа дека досега не слушнале толку добар и толку моќен настап, па со нетрпение ќе ги очекуваат прилепските блузери во скоро време.

Во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата:

6 тони пиpoтexника за вистински cпектакл во Сиднеј: Еве кои земји дoceга влегоja во Новата 2022година (Видео)

Жителите на островите Самоа, Тонга, Кирибати и Австралија ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди.

Тие први во светот влегоа во новата година со огномет, а Самоа донела пет експерти за пиротехника од Нов Зеланд за да направат огномет.

По овие острови, Австралија влезе во новата 2022 година, исто така со огномет.

Во огнометот во Сиднеј беа испукани шест тони пиротехника.

И покрај епидемиолошките мерки, повеќе десетици луѓе го гледаа огнометот во живо на улиците.

Младите виртуози на пијано од Прилеп со максимални стотки освоија први места на Меѓународниот натпревар во Тетово

На меѓународниот фестивал по пијано ARTISTI I RI, кој се одржа на 28.12. во Тетово, младите пијанисти од Прилеп, Анастасија Петреска и Арсениј Ангелески освоија први награди со максимални 100 бода.

Арсениј и Анастасија се ученици во Државното музичко училиште од Битола, во класата на проф. Татјана Божиноска.

Дечките важат за едни од најталентираните пијанисти од Прилеп, а дека тоа е така докажуваат во секој нареден натпревар, каде освојуваат исклучиво први награди.

Анастасија зеде учество и на концертот KRITERIUM MUSIC ARTISTS, кој на 29.12. се одржа во галеријата на KRITERIUM MUSIC.

На концертот настапија 7 млади пијанисти кои чекорат по патот на успехот и имаа чест да музицираат на премиум пијано модел од C. Bechstein.

Инфективното одделение во Прилеп доби признание за справувањето со пандемиjaта од Koвид-19 (Фото)

Докторите специјалисти и медицинскиот персонал вработени во Инфективното одделение во прилепската болница, добија признание од Владата во знак на почит и благодарност за придонесот во справувањето со пандемиjaта од Koвид -19.

-Признанието доделено на нашата болница од Владата на Република Северна Македонија е во прави раце!

Денес Раководството на нашата болница го посети инфективно одделение и им честиташе на истрајноста,посветеноста и спроведувањето во пракса на новите протоколи за работа во однос на лекувањето на болните од Ковид!

Нашите инфектолози покажаа голема храброст и пожртвуваност и голем етички морал и посветено одговорија во справувањето со пандемијата дури и кога на некој не му изгледаше така.

Денес состојбата е порелаксирана,намален е бројот на болните па веќе размислуваме за посилна соработка на сите нивоа на здравствена заштита на институциите во земјава но и поголемо почитување на животната средина.

Честитки за инфективно,но честитки и за целиот здравствен и помошен кадар вклучен во негата и лекувањето на болните – напишаа од болницата “Борка Талески”.

Учениците од денеска на тринеделен зимски распуст

Околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од денеска се на тринеделен зимски распуст, кој ќе трае до 19 јануари. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи треба да се вратат на 20 јануари за да ја продолжат учебната 2021/2022 година.

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со КОВИД-19 и натаму е стабилна, иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.

Во повеќе наврати ресорната министерка Мила Царовска информираше дека состојбата во училиштата е стабилна и дека според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 отсто.

Заев во јуни: “Нема да има покачyвање на цената на cтpyjaта” (Видео)

Премиерот Зоран Заев е убеден дека струјата нема да поскапи, а за да се ублажи растот на цената на електричната енергија условена од целосната либерализација на пазарот, од 1 јули, како што соопшти, ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на пет проценти – ГЛАСИ ВЕСТА КОЈА ЈА ПРЕНЕСОА РЕЧИСИ СИТЕ МЕДИУМИ НА 16 ЈУНИ ГОДИНАВА.

-Со оглед дека во крајната цена огромно е учеството на производствената цена и на преносниот систем, убеден сум дека нема да има поскапување на струјата. Владата испрати јасна порака за поддршка на ЕСМ во делот на цената за поддршка на граѓаните преку намалување на ДДВ. Тоа апсолутно ја става ЕСМ во позиција да формулира цена која нема да предизвика поскапување на струјата заради производствена цена на ЕСМ. Но, секако, Регулаторната комисија е таа што носи конечни одлуки, а тие зависат од дргутие чинители кои учествуваат во составувањето на продажната цена на струјата. Можам да потврдам дека заради ЕСМ и МЕПСО нема да има покачување на цената на струјата. Верувам, барем според нашите експерти – истакна Зоран Заев тогаш.

Цената на електричната енергија за домаќинствата ќе се зголеми за 9,48 проценти, а од 1 јануари се укинува и дневната евтина тарифа, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

Како што рече Бислимовски на прес-конференција, ова е една од најтешките одлуки што ги донела РКЕ од своето постоење.

– Реалното зголемување ќе беше многу поголемо, но успеавме да скратиме многу трошоци, а Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период, истакна Бислимовски.

Според него, евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не биле доведени во прашање.

ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Бидете им благодарни на родителите и почитувајте ги додека сè уште се покрај вас

Бидете им благодарни на вашите родители. Без разлика како се однесуваат и колку пати ви го поставуваат истото прашање, секогаш обраќајте им се со добри зборови.

Ценете ги додека сè уште се покрај вас.

Оваа неверојатна приказна многу ќе ве научи:

Еден 80-годишен маж седел на каучот во неговиот дом, заедно со неговиот образован 45-годишен син. Одеднаш еден гавран застанал на нивниот прозорец.

„Што е ова?“, прашал таткото.

„Гавран“, одговорил синот.

По некое време таткото го повторил прашањето.

„Татко, само што ти кажав, тоа е гавран“, рекол синот.

По некое време, таткото по трет пат го повторил неговото прашање. Сега веќе се забележувала и фрустрација во гласот на синот кога одговорил:

„Гавран е, гавран.“

По некое време, таткото го повторил прашањето и по четврти пат. Сега веќе синот почнал да вика.

„Зошто одново и одново ми го поставуваш истото прашање? Толку пати ти кажав дека тоа е гавран! Зарем не можеш да го разбереш тоа?“

Таткото отишол во неговата соба и се вратил со стар дневник што го чувал уште од раѓањето на синот.

Го отворил дневникот на една страница и го замолил синот да ја прочита.

На страницата пишувало:

„Денес мојот мал 3-годишен син седеше со мене на каучот додека на прозорецот имаше гавран. Синот 23 пати ме праша што беше тоа, а јас 23 пати му одговорив дека е гавран. Го прегрнував секој пат кога ми го поставуваше истото прашање. Воопшто не чувствував гнев туку љубов кон моето невино дете.“

(Фото) Нов прекрасен угостителски објект никнува во центарот на градот

По отварањето на кафеаната во населбата Сточен пазар кај стариот отпад, Прилеп ќе добие и нов репрезентативен угостителски објект. Локацијата е позната за повозрасните, и се наоѓа на местото од старата кафеана “Чардак”… Се гледаме на отварањето.

Следете во живо: Новогодишен концерт на музичкото училиште од Прилеп

Музичкото училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” традиционално во пресрет на Новогодишните празници одржува концерт.

На концертот учествуваат ученици од сите инструментални оддели од училиштето, како и двата хора заедно со оркестарот, под диригенство на Проф. Јулијана Златеска.

Следете во живо во продолжение и уживајте: