Џоле Трајчески со одлична дрон снимка ја пренесува атмосферата и огнометот од Новогодишната ноќ во Битола:
Koнечно добра вест за Еуркомпозит: Уплатени 1,7 милиони евра за неисплатените придонеси
Како Генерален директор на Друштвото 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп сакам да изразам голема Благодарност до Владата на РСМ од мое име и од името на сите поранешни и сегашни вработени за дореализација на Законот за доплата на пензискиот стаж на сите вработени од шести месец 2012 год. до 30.09.2019 год – напиша на ФБ, Милан Тоцев.
-Сакам да ја информирам јавноста дека Владата обезбеди 1.700.000,00 евра кој треба денес да се уплатат за да се подмират трошоците за Пензиско и инвалидско осигурување на вработените.
Голема Благодарност до поранешниот Премиер Г-дин Зоран Заев, како и до Потпреседателот на Владата и Министер за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи и неговиот тим за успешното реализирање на Законот. Ова многу ќе значи за сите вработени во Друштвото, а посебно за моментално пензионираните работници кои во иднина ќе имаат право на повисоки пензии.
На сите Ви посакувам пред се добро здравје во Новата 2022 година, остварување на повисоки пензии и успех – пишува Тоцев.
Две минути по полноќ се poди првото битолчанче во Новата година: Ќе се вика Алексеј
Алексеј е првото родено бебе во битолската Клиничка болница, а се роди само две минути по полноќ и е второ дете на неговите родители.
Мајката е породена по природен пат, бебето е добра состојба, информира директорката на битолската болница, д-р Билјана Гагачовска.
Гагачовска информираше дека утрово се родени уште две девојчиња.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на првороденото бебе му додели штедна книшка со 10.000 денари, а на останатите две по 6.000 денари, како и пригодни подароци.
Годината ќе биде бериќетна: Во Прилеп се poдиja две женски бебиња, првото еден час по полноќ (Фото/Видео)
Речиси еден час после полноќ во новата година во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди женско дете.
Градоначалникот Борче Јовчески утринава ги посети мајката и бебето, и во името на Општина Прилеп им подари штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци за бебето.
Им ја честиташе радоста на родителите за нивното второ дете со желби за прекрасно детство на малечката и да имаат многу љубов и среќа во нивното семејство, а воедно и на персоналот во прилепската болница им ги честиташе новогодишните празници, и како што кажа оваа нова 2022 година да ни биде бериќетна на сите сограѓани и на целата Општина Прилеп, да имаме добро здравје пред се и се разбира успех и просперитет во сите полиња.
Мајката Ивона Смилеска истакна дека ова и е второ исто така женско дете.
„Многу сум среќна и благодарна од тимот на целата болница, посебно од докторката Изабела, пресреќна сум што на ваков ден добив втора ќеркичка“ рече мајката Ивона.
Доктор Изабела Чочева-Талеска исто така ги честиташе новогодишните празници и истакна дека во новата година на свет донесле живи и здрави две женски дечиња а третото било на пат.
„Првороденото бебе е женско, доносено дете 39-та гестациска недела, 3кг тешко и 47см долго во општа добра состојба“ изјави Д-р Неонатолог Лилјана Христоска.
Уште една книга со 365 страници, испишете ги убаво: СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА!
Во новата година ви посакуваме здравје пред се’, како и среќа, љубов, мир и благосостојба. Бидете исполнети и задоволни во вашиот приватен и професионален живот.
Подарете им насмевка и љубов на оние на кои што им е потребна. Верувајте во себе, искористете ги шансите, бидете подобри, помудри и поуспешни.
Бидете безгрижни, здрави, опкружени со љубов и убавини што ќе го топлат вашето срце.
Имајте весели празнични денови исполнети со незаборавни мигови.
СРЕЌНА НОВА 2022 година!
Прво па машко: Се poди првото бебе во Македонија, на свет дојде точно во 00:01 минута
Првото бебе во 2022 година на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се роди во 00.01 часот.
– Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 70 грама и е долго 50 сантиметри. Мајка на бебето е Сузана Стошиќ, родена 1981 година во Скопје и тоа е нејзино петто дете, информираат од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Наш музички предлог, кој веруваме ќе не’ натера сите повеќе да се цениме во Новата 2022 година (Видео)
Изведба на нашата “Ајде слушај, слушај Калеш бре Анѓо” од Манца Измајлова, Рускиот државен филмски симфониски оркестар и хорот Капела Јурлова, во Московската филхармониска сала.
Наш музички предлог кој со сигурност ќе ви ја разубави новогодишната ноќ, и пример кој треба да не’ натера во Новата 2022 година повеќе да се цениме што сме Македонци, затоа што имаме со што да се гордееме.
Уживајте во продолжение:
Црвен тепиx на хуманоста во центарот на Прилеп: Донирајте кој колку може, да го донесеме Божиќниот дyx во секој дом
Сите патишта во Прилеп на 3, 4 и 5-ти јануари нека водат пред параклисот Св. Никола во центарот на градот
-И оваа година поради ковид пандемијата, на наша голема жалост ќе изостанат нашите добро познати ,,Бадникови поворки”
Но, организаторите на оваа манифестација, нема да ви останат должни. За таа цел ќе организираме еден хуманитарен настан во кој ве повикуваме сите вас масовно да земете учество.
Сите сте повикани да дадете свој допринос, и барем малку да допреме до најранливите категории и овие светли денови од големиот празник на Христовото Рождество им донесат радост и утеха од бремето што им натежнало.
Прилепчани се познати по хуманоста, па така нека биде и овој пат. Сите патишта на 03, 04 и 05 jануари нека водат кон параклисот свети Никола пред Божиќната пештера, каде ќе биде организирана хуманитарната акција ,,Црвен тепих на хуманоста”.
Акцијата ќе биде во донирање и поставување на нерасиплива храна пред пештерката од 09:00 до 15:00 часот трите денови!!!
А на 6-ти на Бадник во 10:00 часот детскиот хор при храмот Св. Кирил и Методиј, симболично пештерката ќе ја спроведат од параклисот Свети Никола до бината на плоштадот “Александрија”, каде што хорот ќе се представи со калнди и други Божикни песнички.
Притоа, градоначалникот Борче Јовчески традиционално ќе ги дарува бадникарите со божикни подароци, информираат организаторите на Бадниковите поворки од Прилеп.
Вучиќ: “Се повлекувам од функцијата !”
Десет години сум на чело на партијата, а до мај ќе бидам таму. Мислам дека е доволно, во главата веќе имам четири кандидати за наследник, вели претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
– Време е за нови луѓе, 10 години сум во раководство на партијата. Се повлекувам затоа што не сакам ништо да загрозувам – рече Вучиќ.
На забелешката дека човек со таков рејтинг кој е околу 70% не е логично да замине од политиката, вели „логично ми е“.
-Би се изненадиле дека и јас имам некоја топлина и емоции, понекогаш и јас сум човек, си велам можам ова, а не можам ова. Не сум бил на море ниту еден ден, можеби сакав да бидам нормален, обичен човек – вели Вучиќ.
Зборувајќи за напуштање на политиката, тој вели дека можеби сакал „да не го носи товарот на овој свет, па ни партијата“.
– Да речам скарајте се, не мора да ве смирувам, да видам што прави ќерка ми, да го однесам син ми на џудо, кошарка, вели Вучиќ.
Како што изјави „Дадов се, се борев за државата, за партијата“
На прашањето дали можеби ќе се врати на премиерската функција, Вучиќ рече дека не е многу сигурен во тоа сценарио.












































