Не само Бугарите и Хрватите и Црногорците може да влезат во Уставот

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е добро да се лицитира со временски рокови околу барањето за вклучување на бугарското малцинство во Уставот, но Владата е за тоа да се направи пред нашето влегување во ЕУ.

„Ние, нашата Влада, повеќе пати јавно истакнавме дека поради нашиот концепт на Уставот утврден уште во 2001 со Охридскиот рамковен договор, немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и други заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ. Останува во наредниот период во разговор и отворен дијалог со Бугарија да најдеме и начин, меѓутоа и временски рок којшто ќе биде најсоодветен за тоа“, рече Маричиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.