дома блог страница 1747

Младо момче со пpocтpeлна paна донeceно во прилепската болница

На 29.12.2021 околу 20.00 часот во Полициcкото одделение Ропотово било пpиjaвено дека во с.Житоше, прилепско, А.П.(25) од с.Житоше, додека го чиcтел пиштолот на неговиот татко „М-57“ калибap 7,62 мм, иcпyкал еден кypшум и се здобил со повpeдa на ногата.

Тој бил пренeceн во болницата во Прилеп за yкажување лекapcка помош.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Мицкоски: Ќе инициpaме закон со кој ќе нема yвоз на тyтyн пред да се откyпи и последното ливче домашен тyтyн

Во парламнтот ќе иницираме предлог закон за тутунот, односно да не се купува од надвор се додека не биде откупеено последното ливче од македонските производители, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битила.

Според него не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.

– Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од пелагонискиот регион имаа една прес конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.

– Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби, посочи Мицкоски.

Се запали оџакот на 13-катницата во Прилеп: Само брзата интервенција на пожapникapите спречи катacтpoфа (Фото)

Попладнево околу 13 часот, се запалил оџакот во највисоката зграда во Прилеп, познатата 13-катница

Од Територијалната противпожарна единица Прилеп веднаш интервенирале со две возила и била спречена штета и ширење на пожарот.

Од пожарна апелираат домаќинствата, но и куќните совети во зградите редовно да ги чистат оџаците, затоа што токму тоа е една од најголемите причини за пожари во текот на грејната сезона.

За среќа денешниот настан помина без никакви последици, но во голем број случаи штетите се големи.

Грмеше тапан и ечеше гајда: Одлична забава во старскиот дом “Киро Крстески-Платник” во Прилеп (Видео)

Видео:”Одлична забава со гајда и тапан во Домот за стари лица “К.К Платник”

Највесело од сите прилепски институции во пресрет на Новогодишните празници беше во Старскиот дом “Киро Крстески – Платник”, каде грмеше тапан и гајда…

Видеото погледнете го ТУКА

Претседателот на Регулаторна објави за колку ќе пocкапи cтpyjaта по Нова година

Струјата поскапува за 9,48%, соопшти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

Како што кажа тој, станува збор за една од нajтешките одлуки што ја донесла РКЕ од своето постоење.

„Реалното зголемување, како што кажав, ќе беше многу повеќе, но успеавме да скратиме многу трошоци и дополнително Владата презема обврска да им помогне на државните компании во наредниот период“, рече Бислимовски.

“По 100 евра за сите млади од 16 до 30 години”

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на годишната прес-конференција која се одржа денеска најави парична помош за сите млади на возраст од 16 до 30 години.

„Подготвивме мерка за сите лица на возраст од 16 до 30 години која брзо ќе се спроведе“, рече Вучиќ, а пренесува Нова.рс.

Пријавувањето за оваа мерка ќе започне на 15 јануари и ќе трае до крајот на месецот.

„Оние кои ќе аплицираат треба да имаат сметка во банка, а парите ќе бидат на сметката околу 1 февруари“, објасни Вучиќ.

Тој потсети и дека здравствените работници околу 15 јануари ќе добијат еднократна помош од 10.000 динари (околу 85 евра), а на 10 февруари на пензионерите ќе им бидат исплатени 20.000 динари (околу 170 евра).

„Тоа е голема помош за околу 2,9 милиони луѓе“, нагласи српскиот претседател, додавајќи дека Владата може да го направи тоа поради добрата состојба на јавните финансии.

Понатаму, Вучиќ најави дека од 1 јануари за прво дете луѓето ќе добиваат еднократна помош од државата од 300.000 динари (околу 2.551 евро), наместо досегашните 100.000 динари (околу 850 евра).

„Ќе има и поволности од 100.000 динари за второ, а за прв пат и за трето дете“, додаде Вучиќ.

Тој смета дека комбинацијата на стари и нови мерки ќе биде важна за посиромашните слоеви на општеството и ќе помогне да се развие свеста дека нема иднина без деца.

Претседателот на Србија посочи дека државата ќе биде подготвена и за помош при купување на недвижен имот од 10 до 50 отсто.

ООУ “Кире Гаврилоски – Јане” дел од спортската елита

Федерација на училишен спорт на Македонија ги објави овогодинешните најдобри спортски клубови во државата, а еден од нив е клубот на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” од Прилеп.

“На изборот за Спортисти на Македонија за 2021 нашата федерација имаше две номинации.

За најдобри училишни спортски клубови беа прогласени Кире Гаврилоски-Јане од Прилеп за основни училишта и Св. Наум Охридски од Скопје за средни училишта.

Честитки за добиените награди!”

(Видео) Поклон за збогyм: Филипче го изгyшка Заев и му подари слика оти придонесол многу за здравството

-Сакам да ви врачам подарок за долго сеќавање и да се заблагодарам на поддршката која ја дадовте на здравствениот систем . Да се заблагодарам за она што не кажавте не, за било која инвестиција во здравството и за тоа што успеавме по ваша заслуга, здравствените работници од потценети и исмевани да ги направивме горди и почитувани луѓе во нашето општество, кажа Филипче.

За иронијата да биде уште поголема од она што можеме да се забележи уметничкото дело кое го доби Заев на подарок е најблиску до барокниот стил во уметноста.

Некои од карактеристиките кои најчесто се поврзуваат со барокот се величественост, сетилно богатство, драма, динамичност, движење, напнатост, емоционална изобилство.

Извор: “Инфомакс”

Ова не сте го виделе досега: Со “ринге ринге раја” ја збуниja одбраната и поентираа (Видео)

Интересно видео се шири на Твитер од фудбалска акција која според коментарите потекнува некаде од Азија. Погледнете како ја збунија одбранта и постигнаа гол:

Кожувчанка донираше спортска опрема за децата во Воспитно поправниот дом во Тетово (Фото)

Во текот на годината што изминува компанијата Кожувчанка од Кавадарци донираше многупати онаму каде што помошта е најпотребна. Така и денес, на крајот од истата, оствари донација на Воспитно поправниот дом за деца штитеници од Тетово.

Грижејќи се за здравјето на децата штитеници и нивната физичка активност, Кожувчанка ДОО им подари спортска опрема, тренерки, маици и фудбалски топки. Исто така за потребите на Воспитно поправниот дом обезбеди и средства за дезинфекција и хигиена, како и пијалаци.

Оваа донација на компанијата Кожувчанка, со своето присуство како поддршка, ја поздравија и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ и Претседателот на Основен Суд-Кавадарци, г-динот Лазар Нанев.