дома блог страница 1731

Менаџерот на клубот сподели детали за вечерта кога исчезна Матеј Периш

Немало никакви инциденти во ноќниот клуб вечерта каде Матеј Периш бил со пријателите пред да исчезне, јави еден од менаџерите на клуб Готик. Тој објасни дека Матеј и пријателите немале никакви инциденти. Ниту тоа друштво, ниту другите гости.

„Слушнав некои небулозни приказни за Матеј како го држат во подрумот на клубот, но, луѓе, тоа е голема глупост. На снимката од камерата јасно се гледа дека тој истрчал д клубот. Впрочем, еден од пријателите на Матеј подоцна во неформален разговор ми призна дека нема замерки за времето поминато во клубот“, изјавил менаџерот, пренесува белградски Курир.

„Клубот не работи по исчезнувањето на Матеј. На сите им беше тешко тоа што му се случи но апсурдно е да ни се препише дел од вината за тоа. Слушнав дека некој објавил дека Веља Невоња ни го држи обезбедувањето на клубот, што секако не е точно“, додава менаџерот на клубот.

Инаку, ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград исчезна 27-годшниот Матеј Периш.

Ѓоковиќ се соочува со казна затвop до пет години

Австралиската влада ја проширила истрагата против Новак Ѓоковиќ, откако српскиот тенисер ноќеска во долгото соопштение објавено на социјалните мрежи призна дека зapaзен со Koвид-19 се движел во јавноста.

Според австралискиот „Ејџ“, кој во регионот е пренесен од телевизијата „Н1“, службеници од имиграциската служба го разгледуваат кршењето на изолацијата од страна на популарниот Ноле во Србија, како и погрешните информации дадени при поднесување на документите пред влезот во Австралија, како и непоклопување на датумите за тестирање на Ковид-19. Најголема казна за давање лажни искази пред официјалните институции во Австралија изнесува пет години затвop.

Истовремено, министерот за имиграција, Алекс Хок, повторно ја одложи одлуката за користење на дискреционото право за укинување на визата на Ѓоковиќ, која сигурно нема да биде донесена денеска, во очекување на истрагата на неговите службеници за новите моменти.

Сето ова е резултат на неочекуваната исповед на Ѓоковиќ, кој призна дека доделувал пехари на деца и давал интервју за Л’Екип иако бил позитивен на Koвид-19.

(Видео) Димитров си ја отвори душата: Го смени името на државата, но не ја сменувал позицијата кон Бугарија

-Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговрност и сметам дека позициите што ги застапував во преговорите со Бугарија се исправни и треба да се одржат, вели Димитров.

Имав сериозна битка внатре особено во последната година и на дефинирањето на националните позиции, значи за самата суштина на маката ама и за стратегијата односно на текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна, разликите беа евидентни и во јавните пораки и во јавните наврати.

Во два наврати таа битка кулминираше, за што јавноста не знае, еднаш во Брисел и еднаш во Скопје, јасно кажав дека преку поставените граници нема да дозволам да се помине по каква било цена а најмалку по цена на мојата позиција во Владата, давајќи до знаење дека со мене внатре за некои работи едноставно нема разговор“ – изјави Димитров.

“Изофас” на висина на задачата – Сообраќајот во Прилеп се одвива непречено (Видео)

Снежните врнежи кои од вчера ја зафатија територијата на Република Македонија, вечерва пристигнаа и во Прилеп.

Задолжена за зимско одржување на улиците и сообраќајниците во градот е фирмата ДОО Изофас, па од обиколката низ градот се гледа дека од компанијата одговараат на ниво на задачата.

Според информациите од УХМР снежните врнежи се очекува да продолжат во текот на ноќта, но и во текот на утрешниот ден кога минималната температура ќе падне до -12 степени Целзиусови.

Mицкоски и Николовски на работна вечера со албанскиот претседател Илир Мета (Фото)

Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николовски вечерва на работна вечера со албанскиот претседател Илир Мета кој е во посета на Македонија.

-На работна вечера со нашиот пријател претседателот на Албанија, Илир Мета. За заедничките предизвици, градењето мостови и иднината која мораме да ја обезбедиме. Македонија мора да оди напред, со надеж за промени, за иднината на сите граѓани – напиша Мицкоски на ФБ.

Фантастична најава на дуелот со Словенците: Кирил Лазаров – Последниот танц (Видео)

Одлична најава за првиот натпревар на Македонија на Европското првенство во Унгарија, кој нашите момци го играат во четврток против Словенија.

Уживајте:

Земjoтpecoт во Битола направи огpoмни штети на еден од најубавите манастири во подножјето на Баба Планина (Фото)

Силниот земjoтpec пред два дена направи големи штети во Битола. За жал тешко погоден е и еден од највредните и еден од поголемите манастири во битолскиот регион.

Се работи за манастирот Св. Ѓорѓи, кој се наоѓа на 12 километри од Битола над селото Велушина. Земjoтpecoт во неделата направил значителни оштетувања во внатрешноста на манастирот, но и распукувања на камбанаријата и ѕидовите од конаците.

Манастирот е изграден во далечната 1836 година и претставува прекрасно уреден комплекс кој секојдневно го посетуваат голем број верници.

Повеќе за манастирскиот комплекс во Велушина прочитајте ТУКА

АКРОН СТАКЛО – Финансиска поддршка која ги отвори вратите за извоз кон Европа и Америка

Стаклото може бесконечно да се рециклира, причина за тоа е неговата целосна 100% реупотребливост, но ако заврши во депониите потребни се 5000 години за да се разгради, притоа го зголемува и обемот на депониите, а под влијание на високи температури и горештини може да предизвика самозапалување на отпадот во нив.

Денес, единствената компанија за рециклирање на отпадно стакло во нашата држава е Акрон стакло. Зошто токму стаклото и како за кратко време станаа вистински пример за успешна компанија во својата област, дознаваме од Александар Пенев сопственикот и управител на Акрон стакло.

„Фактот дека со децении кај нас стаклото не се рециклираше и завршуваше во депониите, беше пресудно да започнеме со реализација на проектот „Отпадно стакло“. Идејата беше да создадеме економски исплатливо решение за рециклирање на отпадното стакло. За таа цел секако ни беа потребни соодветни постројки и технологија, но и финансии за да ги покриеме трошоците. На почеток во 2017 година добивме поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој преку кофинансиран грант, што беше клучно за отпочнување со работа, но набргу потоа во 2018 година ја добивме поддршката и од приватниот инвестициски фонд -МИФ (Микро инвестициски фонд) кој инвестира во микро, мали и средни претпријатија, а со кој управува друштвото SPMG Capital. Тие го препознаа потенцијалот за раст на компанијата, особено компонентата која се однесува на подигање на еколошките стандарди во земјата. Со нивна помош обезбедивме средства за набавка на опрема за рециклирање со која се добиваат стаклени галети со премиум квалитет. Тоа резултираше директно во раст на приходите и во зголемување на пласманот на странските пазари во Европа, но и на американскиот пазар.

Денеска го третираме отпадното стакло и правиме готов производ, прочистен стаклен гранулат, којшто е наменет исклучиво за извоз. Имаме одржлив развој и успеавме да ги надминеме предизвиците од пандемијата.”

Она што во иднина се очекува од Акрон стакло е и отворање на наплатни пунктови низ поголемите градови во Македонија…

„Треба да бидеме што подостапни до граѓаните, на тој начин ќе се подигне свесноста и нивната  информираност за можностите за рециклирање, каде и на кој начин можат тоа да го направат. На пример, за да се ослободат од отпадно стакло, во депониите треба да платат на нивен товар надоместок, додека ако го однесат во отпадниот центар за рециклирање на стакло кај нас, а тоа е во кругот на поранешна Стакларница, можат да добијат соодветен надомест зависно од типот на стаклото. Третираме и амбалажно и рамно стакло од прозорци и врати. Прочистениот стаклен гранулат кој го добиваме со помош на нашите машини се извезува и се користи за производство на нова амбалажа и во некои случаи за производство на ентериерни материјали како вештачки мермери и плочки.

Според директивите на ЕУ, нашата држава треба да обезбеди над 60% од отпадното стакло да биде рециклирано и да не завршува на депонии. Стаклото е единствен амбалажен материјал што може неограничено да се рециклира и притоа да го задржи истиот квалитет.“

Акрон е вистински пример за домашна компанија која што има визија за раст, а притоа со своето работење придонесува и за подигнување на еколошките стандарди во земјата.

Иновативните идеи, поткрепени со современи технологии и одржлив бизнис модел, се мета на домашните и странски инвестициски фондови. Потребни се повеќе претприемачи како Акрон стакло, кои освојуваат нови пазари преку креирање на финални производи, што им овозможуваат повисока пазарна цена и конкурентност, а притоа придонесуваат за раст на економијата и за поголем број на работни места.

Конечно по 90 дена е назначен новиот директор на ЈП “Пазари” Прилеп

Неофицијално нов директор на Јавното претпријатие “Пазари” Прилеп ќе биде Игор Крстески, кој доаѓа на местото на досегашниот директор Кристијан Илиески.

Со тоа се заокружуваат кадровските решенија во јавните преретпријатија и сега прилепчани очекуваат пресек од досегашното работење, финансиската слика на фиримите, дали се превработени и дали има основ за одговорност за се’ што беше на прес кажувано во предизборието.

Дали има злоупотреба со адвокатските услуги, кој ќарил од најcкапото мовче на светот, дали еден автобус вредел 250.000 евра, има ли во светов некаде други знаци што коштаат по 8.000 евра, дел од булевар од 1.000.000 евра без технички прием, сомнителни набавки на резервни делови, можно ли е надзор на проекти да прави човек што е вработен во фирмата изведувач…и уште сто други прашања за кои прилепчани очекуваат одговор, бидејќи тие го полнат локалниот буџет и сакаат транспарентност и одвоворност.

Поминаа 90 денови, одговор за овие прашања се’ уште нема, да се надеваме дека Советот и раководителите ќе го исполнат ветеното пред електоратот.

(Видео) Австралиски презентери со низа навреди за Ѓоковиќ: “Тој е кpeтен и лажго!”

Презентерите на австралиската телевизија “Канал 7” си ја отворија душата. Заборавиле дека камерата е сеуште вклучена, па со низа навреди “удрија” по најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

„Како и да гледаш на ситуацијата, Ѓоковиќ е лажго и серко. Жално е што другите го поддржуваат. Да излезеш надвор, а притоа да знаеш дека си позитивен. Мислам дека дури и не бил позитивен. И потоа замина во Шпанија, се сопна од своите лаги. Мислам дека на крај ќе се извлече.

Ништо не му се случи со испраќањето во хотел за имигранти. Не е фер, таа кутра Чехинка е испратена дома”.