дома блог страница 1730

45-годишен прилепчанец ја загyби битката со кopoнавиpyc

Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Направени се 6.173 тестови. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 207 реинфекции.

Речиси половина од новите случаи се во Скопје каде што се регистрирани 871, по што следува Битола со 177 нови случаи и Прилеп со 119 случаи. Во Куманово има нови 86 случаи, во Охрид – 60, Кавадарци и Велес – по 53, Кичево – 46, Штип – 40, Струмица – 38, Тетово – 37, Гевгелија – 28, Гостивар – 27, Неготино – 24, Радовиш – 23, Струга и Ресен – по 22, Кочани – 21, Крушево – 20, Валандово – 15, Делчево – 14, Крива Паланка – 12, Свети Николе – 10, Богданци – 9, Пробиштип – 8, Берово – 6, Македонски Брод – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Кратово и Демир Капија – по 3, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Дебар и Дојран – по 1.

Според податоците на Министерството за здравство, во текот на изминатите 24 часа починати се осум лица и тоа по двајца од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата направени се вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.

Во Австралија измepeни peкopдни 50,7 Целзиycoви cтепени

Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови.

Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.

Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.

Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.

Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување“.

Млад прилепчанец починал од Koвид-19 во Англија oткако одбил да се вakциниpa

Глигор Кедиоски, Македонец кој живеел во Англија и покрај молбите на сопругата не сакал да се вакциниpa. Откако се зapaзил со Koвид-19, тој поминал околу три недели во болница. Тој на 2 јануари починал на 45-годишна возраст како последица на кopoнавиpyc.

Кедиоски бил роден во Прилеп, а живеел во Ливерпул со сопругата Билјана и нивната петгодишна ќерка.

Тој бил познат во заедницата како дарежлив човек и добар пријател кој го живеел животот во потполност. Бил вработен во фабрика, а за време на пандемијата работел и како доставувач, пишува Ливерпул Еко.

Неговите пријатели и семејството сега собираат пари за телото на Глигор по негова желба да биде пренесено во Македонија.

Во декември, откако се зapaзил со Koвид, тој бил примен во болницата во Ливерпул. Тој одбил да се вакциниpa пpoтив кopoнавиpycoт, иако сопругата Билјана постојано го убедувала да го стори тоа.

-Додека тој се уште беше свесен, таа му носеше македонската храна што тој ја сакаше. Беше одличен пријател – еден од оние луѓе што е тука за тебе ако ти треба помош. Беше познат по тоа. Го запознав во Ливерпул, но и двајцата сме од исто место. Тој беше малку постар од мене, вели Роберт Каралиоски, пријател на Кедиоски.

Кога бил примен во болница, само на Билјана ѝ било дозволено да го посети. Последните два дена дури и спиела во болница.

-Кога го ставија во индуцирана кома, таа сакаше да биде покрај него за да може да разговара со него и да му пушта музика. Додека беше свесен, таа му носеше македонската храна што тој ја сакаше. Таа беше тука за него цело време, вели Каралиоски.

Бидејќи освен Билјана никој не смеел да го посети Глигор, семејството од Македонија постојано му се јавувало на телефон и му праќале многу пораки.

-Неговиот татко е се уште жив. Желбата на Глигор и неговото семејство била неговото тело да се врати во Македонија. Семејството секој ден и се јавува на Билјана и прашува кога ќе пристигне телото. „Сите се обидуваат да помогнат. Ова е навистина тежок период, особено за неговата ќерка. Таа постојано прашува кога татко ѝ се враќа од болница, што е најтешко да се одговори, додаде тој.

Роберт рече дека Глигор не сакал да се вакцинира, иако неговата сопруга била целосно вакцинирана.

-Се плашеше од вакцината, не беше сигурен како ќе функционира. Се плашеше дека ќе добие некои несакани ефекти. Билјана постојано го убедувала да се вакцинира, но безуспешно. Затоа сега сакаме да укажеме на важноста на вакцинацијата со оваа приказна, изјави Роберт.

Битиќи уверува: Во брзо време ќе имаме минимална плата од 18.000 денари

Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари ќе се случи во брзо време, најави вечерва вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостувањето на емисијата „Економски Магазин“.

Според него, дијалогот е тој што детерминира кога тоа треба да се случи.

Нема да одговорам во време, но многу брзо ќе се случи покачувањето, информира Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека време на пандемијата државата успеа да задржи 60.000 работни места.

Факт којшто не треба да се занемари. ММФ пред само месец и половина кажа дека ако не беа економските мерки на владата во Македонија, најверојатно ќе беа изгубени 60 000 работни места, наведе Битиќи.

Пpивeдeни двajца пpилепчани за нeлeгaлнo пoceдyвање opyжje

На 11.01.2022 од полициcки cлyжбеници од Полициcкото одделение Чашка биле лишени од cлобода М.Ѓ.(59) и Д.Т.(36), двајцата од Прилеп.

При контpoла на возило „лада нива“, со прилепcки peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од М.Ѓ., каде како сопатник бил Д.Т., извршена околу 17.00 часот на подрачјето на с.Степанци, Чашка, во близина на манастирот „Св.Димитрија“, ловочyвapи и полициcки cлyжбеници пpoнашле две ловни пyшки и соодветна мyнициja за кои двете лица не пoceдувале дозвола.

Лицата се пpиведени, opyжjeто им е одземено и пpoтив нив ќе биде поднесена cooдветна пpиjaва – информираат од МВР.

Убавината на фyдбалот: Со бpoд патyвaa 2.000 км за да стигнат на Афpиканcкиот Кyп и peмизиpaa пpoтив големиот фавopит (Фото)

Фудбалската репрезентација на Сиера Леоне е рангирана на 108-то место на рангирањето од ФИФА и оваа година игра на Африканскиот куп на нации за прв пат после 1996 година.

Навивачите во четвртокот ги испратија фудбалерите бакнувајќи им ги стапалата, а во Камерун пристигнаа со брод, поминувајќи дури 2.000 километри.

На нивниот деби натпревар во групата Е, Сиера Леоне ремизираше со силниот Алжир (0-0) и приреди големо изненадување.

Фудбалерите не можеа да ги задржат солзите од емоции откако ја слушнаа нивната национална химна, а нерешениот резултат го славеа како победа.

Швајцарија го скрати кapaнтинот на пет дена

Швајцарија ќе го намали времетраењето на карантинот на пет дена за да и помогне на економијата да се справи со пандемскиот бран предизвикан од Омикрон варијантата на коронавирус, објави денеска швајцарската Влада.

Здравствените власти го одобрија тоа во вторникот, во време кога десетици илјади луѓе секојдневно се заразуваат со оваа многу заразна варијанта на вирусот.

Официјалните лица стравуваат дека бранот на пандемијата може да го преоптовари здравствениот систем во земја каде што две третини од населението се вакцинирани двапати, а 30 проценти исто така добиле дополнителна доза од вакцината.

Владата, исто така, предложи продолжување на ограничувањата на јавниот живот, заострени минатиот месец до крајот на март и воведување задолжителна вакцинација, како и во соседна Австрија.

– Епидемиолошката состојба е критична и тешко може да се процени, соопшти Владата.

Владата очекува зголемување на бројот на хоспитализирани поради многу големиот број заразени, иако варијантата Омикрон се чини дека е помалку опасна. Денеска се потврдени 32.881 новозаразени.

Миркуловски: “Македонија ќе приреди изненадување”

Најискусен по селекторот во нашата ракометна репрезентација е Филип Миркуловски. Со слична задача како и Лазаров, средниот бек ќе работи и на теренот, но и надвор од него во стручниот штаб.

Пред натпреварот со Словенците, Миркуловски ги изнесе своите очекувања од подмладениот тим.

„Јас доцна се приклучив на подготовките, но сепак гледам дека сите се подготвени. Словенија како што кажаа сите е фаворит. Се работи за играчи кои настапуваат во големи клубови. Резултатите на последните собири им се добри, ама ние сме добро спремни на тактички план. Имаме ковид-проблеми, ама имаме широк ростер. Мора да го дадеме максимумот и да ја добиеме оваа средба во дефанзива. Сметам дека имаме шанси да приредиме изненадување“, смета Миркуловски.

Од 12-ти јануари постапка за избор на Претседател на ОО СДСМ Прилеп – Ивона го има главниот збор?

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со претседатели и секретари на Општинските организации на СДСМ.

На состанокот, генералниот секретар го претстави планот за избор на нови претседатели и раководства на Општинските организации и Градската организација на СДСМ преку широк инклузивен процес, во консултација со членството и месните организации на партијата.

„Да се чуе гласот на секој член и заедно да ги избереме вистинските кандидати за претседател во секоја општинска организација на партијата. Преку еден инклузивен процес кој ќе трае неколку месеци и кој ќе има два циклуси на консултации со месните организации. Да им дадеме шанса на месните одбори да се изјаснат, да дадат свои предлози за кандидати за претседател, а секако дека останува и процесот на самокандидирање а изборот ќе се врши согласно Статутот.

Вториот циклус на консултации ќе продолжи по назначувањето на претседател на општинската организација, за номирањето на предлози за членови за Изврешен одбор, односно раководство на општинската организација. Секој поединец, социјалдемократ, од било кое време, да биде вклучен, да даде придонес. Да го сплотиме целиот наш човечки потенцијал, да ги избереме висинските луѓе“ рече генералниот секретар, Миле Зечевиќ.

– Првиот човек на нашата општинска организација мора да биде со силен личен интегритет, почитуван во средината и во поширокото членство, посветен на интересот на граѓаните и државата. Тој човек сам по себе треба да биде промената што треба да ја воведе во општинската организација, да интегрира и да обединува, додаде Зечевиќ.

Постапката за избор на претседатели на општински организации на СДСМ почнува од утре, 12 јануари, со објава на јавен Оглас, Роковник и Правилник за постапката на официјалната интерент страница на СДСМ.

Состојбата е алармантна: Нови 1.882 позитивни случаи на кopoнавиpyc во земјава

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70г и 77г) и едно починато лице од Скопје (89г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на KOBИД-19:
Скопје – 918, Битола – 198, Прилеп – 98, Куманово – 65, Кавадарци – 55, Охрид – 49, Штип – 42, Гевгелија и Радовиш – по 33, Струмица – 30, Велес – 28, Тетово, Кичево и Крушево – по 26, Неготино и Валандово – по 21, Гостивар и Кочани – по 18, Свети Николе – 15, Ресен – 14, Струга – 12, Делчево и Берово – по 10, Пробиштип – 9, Крива Паланка – 8, Македонска Каменица – 7, Богданци, Македонски Брод и Демир Капија – по 5, Виница и Кратово – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Дојран – 2, Дебар – 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.822), регистрирани се 173 реинфекции.

Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од: Скопје – 406, Охрид – 43, Битола – 37, Прилеп – 31, Кавадарци – 30, Струмица – 25, Куманово и Велес – по 14, Гевгелија – 11, Штип – 7, Радовиш, Неготино и Ресен – по 6, Кичево и Струга – по 5, Делчево – 4, Кочани и Берово – по 3, Гостивар, Крива Паланка, Богданци и Демир Капија – по 2, Свети Николе, Македонски Брод , Демир Хисар и Дојран – по 1.