дома блог страница 1732

Бучковски пуштен низ вода: Владата го разреши на денешната седница

Владата на денешната седница го разреши поранешниот премиер Владо Бучковски од должноста специјален претставник за Република Бугарија, дознава Фокус од високи владини извори, пренесува Фокус.

Според нив, ваква точка поминала како дел од дневен ред за кадровски прашања, без притоа да се наведат причини за разрешувањето.

Инаку, владата на Зоран Заев на крајот на 2020 година го именуваше Бучковски за специјален претставник за Бугарија во време кога се отвори спор меѓу двете земји.

Извор: Фокус

Одлуката за кратење на изолацијата останува за наредниот период, а еве што одлучи комисијата за стартот на второто полугодие

Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.

На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година.

Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, информираат од Министерството за здравство.

Денеска се cpyши црниот peкорд на новозapaзени од почетокот на пандемиjaта

Денеска бројот на новозapaзени ќе ги сруши досегашните рекорди во Македонија, пренесува „А1он“. Повикувајќи се на свои извори, открива дека денешната бројка на новозapaзени е близу 2.000.

Со ова, само се потврдува тезата дека кopoнавиpycoт коси низ Македонија.

Министерството за здравтсво информира дека во периодот од 5 до 10 јануари направено е секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а во 104 од нив (68%) е детектиран Омикрон варијантата.

Ова е конечниот состав со кој Македонија денеска патува за Дебрецен: Во него за жал го нема столбот на одбраната

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација го направи конечниот избор на ракометари кои денеска ќе патуваат за Дебрецен, каде ќе ги одиграат натпреварите од првата фаза на Европското првенство.

Во составот за жал нема да ги има Митревски, Кизиќ, Ојлески и Младеновиќ, кои на вчерашното последно тестирање испаднаа позитивни на Ковид -19.

Ова е составот со кој Лазаров ќе бара пласман во втората фаза на Европското првенство:

Напомена : По 5 дена изолација и направени два негативни тестови, ракометарите зapaзени со Koвид-19 би можеле да се приклучат во тимот.

Си ги испофали своите: Членовите на новата Влада ги одликува чесност, личен интегритет и мотивација за испорака на резултати, вели Битиќи

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи при гостувањето во „Утрински брифинг“ истакна дека основниот принцип членовите на новата влада предводена од СДСМ се чесноста и личниот интегритет на секој еден поединец.

-Во новиот состав на владата има докажани но и нови лица, коишто ги имаат овие особини, чесност и личен интегритет, како и мотивација да променат, суштински да се зафатат со проблемите и да испорачаат резултати во интерес на граѓаните, нагласи Битиќи.

Тој додаде дека секоја личност, во една организација, како што е владата носи нова енергија за промена и подобар резултат.

-Промените во новата влада треба да ги гледаме како добра можност во наредните 2,5 години да се продолжи со испорака на резултати, ефикасност во владеењето и одговорност, нагласи потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“.

Познато е како ќе изгледа полагањето дpжaвна матypa овaa година

Учениците кои завршуваат средно образование и оваа година ќе полагаат државна матура како и минатогодишната генерација која се избори за два наместо три екстерни предмети и за скратени испитни програми. Новата концепција на матура што ја најавуваше Државниот испитен центар (ДИЦ) се подготвува, но ќе почне да се применува за матурантите во идната учебна 2022/2023 година.

Директорката на ДИЦ Елизабета Наумовска за МИА изјави дека новата концепција за матура ја планираат за 2023 година зашто ставот е дека и за овие ученици, како што рече, пандемијата е хендикеп и иако во септември почнаа да одат во училишта, лани и преклани имаа скратени програми.

– Го чекам новиот министер за да договориме широка јавна дебата за новата концепција за матура. Можеби ќе ја организираме напролет откако ќе се смири КОВИД-состојбата која овој месец е поексплозивна. Најпрво сакам да се дебатира со самите средношколци, не само со годинашните матуранти, туку и со тие што в година ќе бидат матуранти бидејќи за нив ќе се однесува новата концепција, како и со професори и директори од средните училишта, со претставници од високото образование и потоа со пошироката јавност, рече Наумовска.

Ѓоковиќ тpeниpaше во Meлбypн (Видео)

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, кој вчера го доби судскиот спор по жалбата за укинување на визата за Австралија, одржа тренинг на централниот терен на Австралија опен – „Род Лејвер Арена“.

Новинарот Бен Ротенберг пренесува дека за време на тренингот на Србинот, биле исклучени камерите кои вообичаено секогаш пренесувале во живо.

Во исто време, австралискиот канал „9Њуз“ сепак доби снимка од тренингот направена со дрон.

Целосно ожолте “новиот тревник” на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп (Фото)

Фудбалскиот клуб Победа денеска објави фотографии пред официјалниот почеток на зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

Црвено-белите до 24 јануари ќе тренираат во Прилеп, а потоа ќе одат на десетдневни подготовки во Дојран, каде ќе одиграат и неколку контролни натпревари.

Од фотографиите кои ги објавија од клубот се гледа и состојбата во која се наоѓа теренот на Градскиот стадион “Гоце Делчев” кој целосно е ожолтен.

Еве како изгледаше тревникот на Градски во месец ноември:

А еве како изгледа денеска:

Победа ги стартува подготовките: Претставени и новите засилувања (Фото)

Денес со првиот собир-прозивка, а потоа и прв тренинг беше означен стартот на зимските подготовки на фудбалерите на Победа. Во очекување целокупниот ростер да се комплетира во наредниве 2-3 дена, Шефот на Стручниот штаб Димитар Капинковски и Спортскиот директор Благоја Гешоски на фудбалерите им го изложија планот на подготовките како и досегашните новости во поглед на играчкиот кадар.

Според планот во Прилеп (комбинирано во салата на ДТВ Партизан и на тренот на Могилата) ќе се тренира до 24 јануари, од кога се заминува на 10-дневни подготовки во Стар Дојран. За време на подготовките во овој наш туристички центар ќе бидат одиграни контролни натпревари со Кожуф (27 јануари) и Беласица (2 февруари), со можност за барем уште 1-2 контролни дуели. По враќањето во Прилеп се закажани контролни средби со Тиквеш (6 февруари) и генералката со Воска (12 февруари).

Од најавените засилувања на денешниот прв собир беа присутни тројца. Тоа се повратниците во Победа Филип Димоски од Саса и Марио Наумоски од Брегалница, како и новајлијата Благој Истатов, напаѓач кој доаѓа од Воска (внук на легендарниот македонски голман и голман на Победа Благој Истатов).

Се очекува на екипата во текот на утрешниот ден во тренажниот процес да и се приклучат уште двајца повратници во црвено-белиот дрес голманот Дарко Тофилоски и играчот за врска Јорданчо Наумоски, кои доаѓаат од прволигашот Тиквеш. Клубот преговара и со играч на стоперската позиција.

Со полесни тренинзи на почеток, а од февруари и со полн интензитет, по успешно минатиот период на рехабилитација, на тренизите се приклучи стоперот Христијан Кукески. На првата прозивка и во првиот дел од овој подготвителен период, кога Капинковски треба да стекне целосен увид во можностите и формата на сите фудбалери, приклучени се и повеќе младинци: Марко Маркоски, Филип Тодороски, Христијан Јосифоски, Михаил Јакопетрески, Беким Алимоски, Давид Дебрешлиоски и Христијан Поп-Антоски.

Од играчите кои настапуваа во есенскиот дел Победа се заблагодари на услугите на Петар Најдов, Дарко Дигаловски и Кирил Неделков, како и стоперот Андреј Петкоски, кој најверојатно кариерата ја продолжува во Силекс.

Битола добива два министри, а Прилеп ја доби Ивона Кузмановиќ за ударна игла

Според неофицијалните информации кои од синоќа ги објавуваат медиумите, Битола ќе добие две министерски места во новата Влада на Димитар Ковачевски.

Информациите говорат дека лидерот на ЛДП, Горан Милевски, ќе го задржи местото во Министерството за локална самоуправа, а нов министер за култура ќе биде пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Новиот предлог владин состав на Ковачевски најпрво вечерва со почеток од 20ч. треба да го помине партискиот филтер, а веќе утре ќе стигне и до Собранието.

За разлика од Битола, Прилеп најверојатно нема да добие ниту еден ресор, но неодамна Општинската организација на СДСМ во овој град доби свој претставник во Извршниот одбор на партијата.

Се работи за Ивона Кузмановиќ, млад кадар на партијата која ја има главната улога при одлучувањето во еден од најголемите партиски ограноци.