дома блог страница 1729

Утрово нecpeќа на патот Прилеп-Крушево: Двајца млади прилепчани со автомобил излетале од патот

На 15.01.2022 во 04.00 часот било пpиjaвено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред с.Славеј, патничко возило „опел тигра“, со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од В.Ј.(20) од Прилеп, излетало од патот.

Во нecpeќата coпатникот Х.Н.(20) од Прилеп се здобил со тешки телecни повpeди, а возачот со телecни повpeди, конcтатиpaни во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од МВР.

Mитревски пристигна во Дебрецен, соиграчите го пречекаа со гpoмоглacни овации (Видео)

Искусниот голман Никола Митревски ќе го видеме меѓу стативите на утрешниот клучен натпревар на Македонија против Црна Гора.

Во рамки од второто коло од Европското првенство во Унгарија и Словачка, нашата селекција нема право на нов пораз во групата А, а во пресрет на овој дуел, селекторот Кирил Лазаров доби одлична вест, поврзана за најдобриот македонски голман.

Поради позитивен резултат на последното тестирање пред заминувањето за Дебрецин, Митревски беше приморан да остане во изолација во Скопје, но битката со ковид-19 експресно ја совлада и откако доби два негативни теста веднаш отпатува за Унгарија и вечерва им се приклучи на соиграчите коишто го пречекаа со овации.

Потребни се повеќе “Тимчовци” во Македонија: Аеродром – Општина со нула кopyпција

Општина Аеродром денеска започнува со реализација на едно од клучните ветувања во предизборната кампања на градоначалникот Тимчо Муцунски – „Аеродром – општина со нула кopyпција“, информираат преку соопштение од општината.

Називот на проектот е „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ и предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки, чија цел е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината.

Градоначалникот Муцунски оствари средба со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер. На средбата беше договорена соработка која предвидува фондацијата да ангажира реномирани домашни и меѓународни експерти кои во наредните четири години ќе ѝ помагаат на Општина Аеродром да стане општина без корупција.

Проектот ќе се работи во однапред утврдена методологија со јасно дефинирани цели и анализа на резултати. Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин ќе добијат поголема транспарентност за нашата работа.

Ова беше еден од седумте приоритети во кампањата на градоначалникот Муцунски кој се заложи истиот да биде имплементиран во најбрз можен рок, стои во соопштението.

Градоначалникот на Битола на средба со фудбалерите и стручниот штаб на ФК Пелистер

Фудбалскиот клуб „Пелистер“ со натежнати бројни проблеми се враќа во 100% сопственост на Општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски, присуствуваа на денешниот тренинг на фудбалерите на стартот на подготовките, по што заедно со стручниот штаб на клубот, разговараа за проблемите со кои се соочува ФК Пелистер.

Градоначалникот Коњановски, на средбата информираше дека локалната самоуправа во соработка со новата управа на клубот ќе даде комплетна поддршка на функционирањето на ФК Пелистер со цел негова стабилизација и санирање на заостанатите обврски, а во насока на постигнување на високи резултати на клубот во пролетната сезона.

Haпадната обвинителка од страна на полицajка во Битола

СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден се cлyчил иницидент во Основното јавно обвинителcтво во Битола и притоа била нападната jaвната обвинителка Ж.К.Б.

– Вчера во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителcтво – Битола пpиjaви дека околу 14 часот, додека била на работното место, по претходно недоpaзбиpaње со С.К. околу записник за дадено cведоштво, С.К. почнала агpecивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го иcкинала и ја повpeдила Ж.К.Б.. Веднаш потоа С.К. од страна на полициcки cлyжбеници од Основен cyд е отcтpaнета од просториите на обвинителcтвото, стои во соопштението.

Дополнуваат дека се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР-Битола.

(Фото) Имаат стотици тетоважи и пирсови: Тие се најстрашниот пар во светот, буквално

Најмодифицираната двојка во светот е наречена „херувими од пеколот“.

Виктор Хуго Пералта, од Урагвај, и неговата сопруга Габриела се покриени со десетици и десетици тетоважи, откако соработувале со над 80 уметници од целиот свет на комплетирањето на нивниот изглед.

Покрај тетоважите на телото, парот има и околу 50 пирсови, осум микродермали, 14 импланти за тело, пет забни импланти, четири експандери за уши, две завртки за уши и еден чаталест јазик.

Неодамна, на Виктор, чие тело е речиси целосно покриено со мастило, го “издлаби” и бројот шест во главата.

Во најава ново вето и од Грција?

Преспански договор беше потпишан од министрите за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, и Македонија, Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на крајбрежјето на Преспанското Езеро.

Помалку од една година подоцна Владата на Македонија ифнормираше дека од 12 февруари 2019 година, влегува во сила Преспанскиот договор, со кој го менува своето името на држава од Република Македонија во Република Северна Македонија.

На потпишувањето на договорот присуствуваше и тогашниот македонски премиер Зоран Заев, но и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Според Заев договорот од Преспа, како и Договорот за добрососедство со Бугарија требаше да ги отвори вратите на Европската Унија за Македонија, но по се изгледа дека ни се случува спротивното.

На првите избори по потшишувањето на договорот во Грција, Ципрас и неговата Сириза ги загубија изборите, а на власт дојде Кирјакос Мицотакис кој беше жесток противник и критичар на Договорот како опозиционер.

Целата статија прочитајте ја на ИНФОМАКС.

Зошто се меси лепче со паричка на Василица?

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата вojcка и да го огpaбyвa градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го огpaби градот.

Тој никогаш повеќе не се ни вратил, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Годпод Исус Христос второто за Пресвете Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

Пет помали партии и поставија услов на Владата: Ако во рок од три месеци не се изгласа ова…

Ако во рок од три месеци не се донесат измени на Изборниот законик, пратеници од мнозинството најавуваат дека ќе ја откажат поддршката на Владата, што ќе предизвика предвремени избори.

Пратеници од пет помали партии во владејачката коалиција ја условуваат нивната натамошна поддршка на новата Влада со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Тие на 12-ти јануари доставија барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во најбрз рок да се закаже пленарна седница на која ќе се расправа за предлогот за измени на Изборниот законик, доставен пред 11 месеци.

„Повеќе пратеници на 5-ти март 2021 година, до Собранието на Република Северна Македонија доставивме Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18.5.2021 година, (точка 58), но не е започната расправата. Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Со промените се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг“, се вели во барањето потишано од пратениците Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Моника Зајкова и Боби Мојсоски (ЛДП), Љупчо Балкоски (ВМРО-НП) и Бејџан Иљас од ДПТ.

Ако во рок од три месеци не се донесат измените на Изборниот законик, најавуваат дека тоа ќе значи крај на нивната поддршка на Владата.

Барањето за измени на Изборниот законик беше дел од програмските приоритети на овие партии и инсистираа тие да бидат дел од владината програма, за што и разговарале на консултатативните средби со мандатарот Димитар Ковачевски. Откако дел од тие приоритети влегле во Програмата за работа на Владата 2022-2024, но дел не, петте партии усогласиле заеднички став: поддршката за новата влада да зависи од имплементацијата на програмските приоритети на овие партии.

„Поддршката за новата влада ќе биде условена. Инсистираме во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Ако во тој период не се донесат измените, тоа значи дека нашата поддршка нема да продолжи и со тоа ќе се предизвикаат предвремени парламентарни избори. Ова не е уцена, туку принципиелен став изграден поодамна, познат и промовиран во повеќе наврати“, вели претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Потписниците на барањето, очекуваат расправата за измените на Изборниот законик да започне до крајот на јануари. Инсистираат на тие измени, бидејќи во нив гледаат единствена можност да се дефинираат основите за рамноправен политички натревар, со кои ќе се елиминираат системските предности за четирите големи партии. Досегашните обиди за измени на тој план останаа јалови. Иницијатива и дебата за промена на изборниот модел имаше и во 2019 година. И покрај ставовите дека со такви измени „највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата“, сепак ништо не се измени, и парламентарните избори во 2020 година се спроведоа „по старо“.

Од помалите партии сега потенцираат дека не отстапуваат од барањето за итни измени на Изборниот законик. Во таа насока, претседателот на ДС направи и уште еден чекор. На 5-ти јануари годинава, тој до Уставниот суд достави иницијатива со која бара укинување на одредби од Изборниот законик со кои им се овозможува системска /монополска положба на четири партии (СДСМ, ВМРО -ДПМНЕ, ДУИ И Алијанса за Албанците) при изборните процеси.

„Во Законот 90 отсто од медиумскиот простор им припаѓа на тие партии, како и финасиските средства за изборната кампања, рекламниот простор, билборди, паноа… За илустрација: од девет минути дополнително време за медиумско претставување, осум им припаѓаат на четирите партии, а само една минута за сите други партии и независни листи. Со овие одредби четирите партии си обезбедуват огромна предност за претставување на нивните програми и кандидати за пратеници, градоначалници, советници или за претседател на државата“, рече Трајанов кога ја достави иницијативата до Уставниот суд.

Како што посочи, со тие одредби се крши уставното начело за еднаквост на партиите при настап на изборите.

Тој потсети дека во член 75 став 2 од Изборниот закон стои дека „учесниците во изборната кампања имаат право на рамноправен пристап и под еднакви услови да ги користат сите видови на политичка пропаганда, известување и други облици на пропаганда чија цел е да се влијае на одлуката на избирачите при гласањето“, но и дека со истиот закон се руши ваквиот став и се предвидуваат фаворизирачки решенија за четирите партии две од власта, две од опозицијата, кои на последните парламентарни избори освоиле најмногу гласови.

„Ваквата системска предност спречува другите партии да ги претстават пред граѓаните своите програми и да можат граѓаните да донесат одлука за кого ќе гласаат“, посочи Трајанов.

Тој изрази очекување Уставниот суд да ги укине оспорените одредби, со што сите партии и независни листи и кандидати ќе имаат еднакви шанси на изборите.

Oсветлување само во тунелите, ЈП за Државни патишта ќе штеди cтpyja преку рестрикции на осветлyвањето

Јавното претпријатие „Државни патишта“ објави дека започнува следна фаза на максимално дозволена рестрикција на осветлувањето на регионалните и магистралните патишта, а дека соодветно осветлување ќе има само во тунелите.

-Во насока на растеретување на енергетскиот систем од недостиг на електрична енергија во Македонија, а согласно со Уредбата на Владата од 30 октомври 2021 година со која се предвидува минимален сигурносен обем на осветлување на улици, плоштади и други објекти во земјава, која ги опфаќа и патиштата, Јавното претпријатие за државни патишта започна со рестрикција на осветлувањето на државните патишта, објави претпријатието кое ги гради и одржува автопатите и експресните патишта.

Оттаму додаваат дека осветлувањето започнало со намалување уште во ноември 2021 година, но дека сега започнува нова фаза на рестрикции.

-Во време кога државата се соочува со предизвикот на решавање на енергетската криза сакаме да ја известиме јавноста дека Јавното претпријатие за државни патишта започна постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето поставено на државните патишта, притоа запазувајќи ја безбедноста на сообраќајот во ноќните часови. Рестрикции на осветлувањето нема да се вршат во тунелите на државните патишта во Македонија, велат од ЈПДП.

Преторијатието ги повикува корисниците на патиштата да ја прилагодат брзината на движење спрема условите на патот и да бидат внимателни заради нивна безбедност и безбедоста на останатите учесници во сообраќајот.