дома блог страница 1728

Пуштен во cooбpaќaj реконструираниот влез за Битола од страната на Охрид (Фото)

Согласно склучениот договор „Реконструкција со доградба на пропуст над река Курделес на улица Довлеџик“, денеска беше извршено пробно товарење, со цел пуштање во сообраќај на овој доста фреквентен патен правец.

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, за време на работните активности, изврши увид на состојбата на теренот.

Од добиените наоди, констатирано е дека, објектот е изведен согласно основниот проект и постоечките технички прописи и нормативи. За сите вградени материјали, доставени се сертификати и извршени се испитувања на арматурата и бетоните. Согласно денешното пробно товарање и добиените резултати од терен, пропустот од попладнево е пуштен во сообраќај.

Kpивична за прилепчанец кој пpoдавал петapди

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Ф.О.(33) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено изpaботyвање, дpжење, пocpeдyвање и тpгyвање со opyжje или pacпpcкyвачки матepии“.

Имено во Прилеп, во Старата чаршија, по извpшен пpeглед на Ф.О. од страна на полициcки cлyжбеници биле пpoнajдени и одземени пиpoтexнички пpoизводи – петapди – информираат од МВР.

(Фото) Прилепчани жалат за елката

Со солзи во очите и болка во срцето, прилепчани се “поздравија” со новогодишната елка.

Со завршувањето на православната Нова година, Василица, локалната одлучи да си отстрани и новогодишните украси од центарот на градот.

Прилепчани од утре ќе шетаат по празниот плоштад. Прва беше отстранета новогодишната елка, симболот за празничниот дух во градот.

Со нова мрежа и повеќе светилки на неа, се надеваме дека ќе ја видиме и наредната година.

(Фото) Кин Јонг Ун изгубил премногу килограми, бидејќи не можел да увезува сирење од Кина поради Koвид-кpизата

Откако минатата година се појавија фотографии од ослабениот Ким Џонг-ун, владините претставници тврдат дека владетелот изгубил тежина како резултат на грижата за својот народ и нивниот постојан недостиг на храна.

Но, експертите веруваат дека може да има друго објаснување за новата блескава рамка на врховниот лидер, велејќи дека тој едноставно повеќе не може да добие некои од неговите омилени закуски.

Зборувајќи за Метро, севернокорејскиот експерт д-р Сојин Лим рече: „Знаеме дека тој има добри извори, ужива во сирење, тој е тежок алкохоличар, има пристап до секаква нездрава храна.

„Но, поради овие затворања на границите, начинот на кој тој ја внесува целата оваа храна во Северна Кореја ќе биде намален. Значи, тој веќе ја нема истата разновидност“.

Д-р Лим, виш предавач и ко-директор на Меѓународниот институт за корејски студии на Универзитетот во Централен Ланкашир, објасни: „Во исто време, тој не смее да ја одржи својата фигура како дебела личност, бидејќи во домашната средина луѓето гладуваат”.

Илјадници прегледи, интервенции, секој позитивен исход е наш заеднички успех: Интервју со Др. Александра Гочева Јерчиќ, специјалист офтамолог

“Илјадници прегледи, интервенции и секој позитивен исход кај пациентот го сметаме за заеднички успех. Нашата филозофија на работење е дека пациентот е во нашиот фокус, а крајнат цел е задоволен пациент и успешна интервенција. Нема подобро чувство кога ќе видите кога некој ја препознава вашата стручност, знаење и емпатија. Непроценливо е. Често пациентите ни ја коментираат одличната атмосфера во Систина Офталмологија, нивното позитивно искуство кое го имале кај нас, што е многу важно за нашите пациенти со кои сме едно семејство. Систина Офталмологија е одличен тим, со исклучителна чувство на одговорност и посветеност кон секој еден пациент. И тоа навистина ме прави среќна”-истакна докторката Гочева -Јерчиќ уште на стартот на нашата средба. Во продолжение интервјуто со неа.

Како би го опишале вашиот пат во усовршување од почетоците, до тоа што сте денес, офталмолог во водечката Систина Офталмологија која има свој дијагностички центар и во Битола?

Офталмологијата ја засакав додека студирав на медицинска академија во Софија,една од најдобритр академии во регионот, па веднаш по завршувањето продолжив со специјализација на истата академија.Во текот на моето студирање и специјализација научив многу. Тоа пред се се должи на огромното искуство на професорите таму но и на совршениот спој на источно европските влијанија како што е,, ‘руската школа” и современата Западна методологија.

Самиот факт дека живеев и работев во голем град, како што е Софија ми овозможи да се сретнам со најразлични случаи. Така се стекнав со огромно искуство.

Првите неколку години откако се вратив во Македонија работев во Клиничката болница, а во 2016 година го прифатив предизвикот и станав дел од тимот на Систина Офталмологија.

Што опфаќа комплетниот офталмолошки преглед кај Вас и колку често треба да се прави?

Целта на еден ваков очен преглед е да се види целосната негова состојба. За тоа е потребно да прошириме зениците и на тој начин ќе може покрај предниот сегмент да се види и задниот сегмент на окото каде што се наоѓа центарот за јасен вид или макула, очниот нерв.  Од тоа може да се видат многу состојби и доколку е потребно да се препорача иден третман.

Како би ја процениле грижата за видот денес кај нашите жители и како да поттикнеме превентива, наместо финални ситуации кои најчесто се заради доцна посета на офталмолог?

За жал сѐ уште луѓето одат на доктор само кога имаат мака. Секојдневно работиме тоа да се промени и пациентите да доаѓаат редовно и навремено. Ние знаеме како треба да се лечат очните состојби, но за пациентот ќе биде поедноставно, многу полесно и со помала траума доколку тоа го правиме во почетната фаза кога веројатноста за компликации е многу мала. На тој начин пациентот ќе помине многу полесно и без мака за дополнително лечење покрај основната процедура.

Заштита на кожата од сонце стана неопходност, по многуте глобални кампањи. Можете да ни објасните зошто е подеднакво важна и заштитата на очите?

Изгореници на очи е болно воспаление на предниот дел на окото наречен рожница кој е ист како изгореница на кожата. Изгореницата се појавува кога сте изложени на ултравиолетово светло (UV зрачење). Може да биде предизвикано од сите видови на UV зраци. Доколу сте на море или езеро, самото сонце прави еден вид на рефлексија во водата и на самиот песок кој директно ги напаѓа очите. Самата рожница знае да се обнови во еден или два дена и вообичаено не остануваат лузни. Но, доколку изгорениците не се третираат може да се појави инфекција на окото. Затоа во летниот период која онцето е најјако препорачувам да се носат добри очила за сонце. Исто така носењето заштитна опрема додека пливате е од голема важност и исто така добро е да се извадат контакните леќи пред да влезете во вода.

Што со интензивното користење на електронски уреди во секојдневниот живот и видот?

Модерното време ги направи децата и компјутерите неразделни. Новите генерации растат со современата технологија, која секако има многу предности, но има и маани, и е штетна не само кога е во прашање психофизичкото здравје, туку може значително да го наруши и видот. Дигиталните уреди емитуваат т.н. сина светлина која може да го зголеми ризикот детето кога ќе порасне да заболи од макуларна дегенерација, т.е. за болување на дел од окото. Иритација може да се јави и од намалениот проток на солзи во окото, бидејќи детето кога гледа во екран помалку трепка, па поради тоа окото да станува посуво.  Доколку детето поминува многу часа пред компјутер, постои поголема шанса кога ќе порасне да му се појави миопија, односно кратковидост.

Затоа добро е на секои 20 минути детето да ги тргне очите од компјутерот да направи одмор и барем 6 метри да биде одалечен од нив.

Кои се најчестите аномалии поврзани со очите статистички и дали можете да направите пресек според возраста?

Диоптрија е рефракциска аномалија на окото кое што не е во можност да ја избистри сликата. Лица со диоптрија може да бидат кратковиди и далекувиди. Кратковиди сте ако јасно ги гледате предметите во непосредна близина, а сите пооддалечени предмети ви се заматени. Далекувидност е кога предметите во непосредна близина ви се матни или ви е потешко да читате. Оваа грешка после 18та година ја решаваме со најразлични методи меѓу кои најпозната е ласерската корекција на диоптрија. Особена е важна за младата популација бидејќи овозможува целосно да се ослобоат од очните помагала и да имаат јасен вид. После 45та година оваа рефракциска грешка може да се реши со имплантација на моно и мултифокални леќи. Втора аномалија е катарктата или попознато како перде што всушност е заматување на природната леќа на окото. Потоа тука мора да ја споменам дијабетичната ретинопатија како болест предизвикана од дијабетесот која нималку не е едноставна и бара наврмеено откривање и третман.

Што е она што Систина Офталмологија го нуди во современата медицина и каде сме ние во однос на светот?

Систина Офталмологија е првата очна болница во регионот која има свои дијагностични центри како што е овој тука во Битола. Опремени сме со светска апаратура со чија помош можеме да поставиме дијагноза за сите очни болести. Тимот на доктори исто така се состои од хирурзи и дијагностичари. Сите ние ги следиме најновите случувања во офтламологијата, редовно посетуваме конгреси како домашни така и странски. Бројот на пациенти секојдневно расте а со тоа можноста да се сретнеме и со се покомплексни медицински сосотојби за кои нудиме интердисциплинарен пристап.

Дијагностичкиот центар во Битола е еден од потезите на менаџментот на болницата со цел да го доближи врвното здравство во внатрешноста.

Да, заедно со другите дијагностички центри ова е дел од нашата филозофија за задоволство на пациентите преку која градиме индивидуален пристап за секој пациент, согласно неговата состојба заедно да го најдеме најдоброто решение за него. По поставувањето на дијагнозата тука во Битола, пациентот оди на операција во Скопје, но постоперативното опоравување е во близината на неговиот дом т.е. следењето на неговата сосотојба е тука во овој центар или пак некој друг центар каде што пациентот бил на првичен преглед.

И не е единствен надвор од Скопје…колку е тоа значајно за пациентите?

Многу. Затоа што пациентот му помагаме полесно да се справи со опоравокот и се тоа без повторно патување и дополнителни трошоци. Тој немора да патува повторно назад до скопје туку ситеконтроли и се што понатаму е потребно се следи од тука. Ние ја имаме целокупната историја на пациентот и знаеме како да постапиме.

Што Систина Офталмологија помести како квалитет и понуда во услугите кон пациентите генерално во Македонија, од своето формирање до денес?

Почнувајќи од експертизата на докторите, апаратурата која е неизоставна алатка во поставувањето на добра дијагноза и успешни хируршки третмани, како и целокупниот медицински персонал кој е присутен и заедно со пациентот да се создаде едно позитивно искуство кое во иднина преоѓа во лојален и задоволен пациеент. Ние со нашите пациенти сме едно големо семејство, кај нас доаѓаат и децата, и родителите и бабите и дедовците.

Како изгледа вашиот работен ден?

Ако на тоа да бидеш лекар се гледа само како на професија, одговорот би бил дека денот ми е исполнет со многу работа, пациенти, различни карактери, напор….Тогаш човек многу лесно влегува во таа матрица и секој ден изгледа како оној претходниот. Но, јас сакам да гледам на мојата професија како на повик и затоа велам дека денот ми е исполнет со различни стручни предизвици со кои се среќавам. Секоја пациент и работа со него го сметам за свој успех. Нема подобро чувство кога ќе видите кога некој ја препознава вашата стручност и знаење. Непроценливо е!

Што е она што најмногу го сакате во својата професија?

Офталмологијата е гранка во подем која постојано се развива во сите аспекти. И ние во Систина офталмологијата сме во чекор со светските трендови што ме прави особено среќна и горда. Но, сепак најголема радост ми се задоволните пациенти после успешно завршено лекување или интервенција.

Адвокатот на Ѓоковиќ ја пронајде главната грешка на министерот кој ја укина визата

„Алекс Хок даде многу непримерно објаснување, споменувајќи ги и антивакcepите“.

Во петок навечер по австралиско време, започна уште една нова „рунда“ во судењето на Новак Ѓоковиќ, во која Министерството за имиграција на Австралија донесе нова одлука, односно Алекс Хок му ја укина визата за престој во Австралија на Ѓоковиќ поради „закана по здравјето и јавното добро на жителите“.

Сослушувањето пред судијата Ентони Кели е во тек, а адвокатот на Новак, Николас Вуд изнел тврдење според кое Алекс Хок донел одлука која е во целост спротивна на причините кои ги изнесе граничната полиција.

„Делегатот кажа дека Ѓоковиќ може да ги зарази другите луѓе затоа што не е вakциниран. Тој гледа на овој случај и ги зема предвид сите претходни факти кои беа важни за Новак, дека секој претставен ризик останува. Господин Ѓоковиќ има медицински причини да не се вakцинира“.

Тоа што е интересно е тоа што адвокатот на Ѓоковиќ истакнал дека одлуката на Хок, Ѓоковиќ да остане, предизвикала „возбудување кај антивакcepската заедница“.

„Тој би можел да остане во Мелбурн и да предизвика возбудување меѓу антивакcepите, а од друга страна можеше само да биде депортиран од земјата, но има медицински исклучок“.

Според адвокатот, очигледната грешка е во зборовите и ставот на Алекс Хок дека останувањето на Ѓоковиќ би можело да предизвика „возбудување кај антивакcepите“, а додал и дека тоа нема баш никаков основ.

Димитров се скара и со Филипче: Вели дека дpcко лажел

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на Алсат-М одговори на обвинувањето на министерот за здравство Филипче кој тврди дека потписникот на Преспанскиот договор не само што немал контра ставови на антиковид мерките туку дека воопшто не доаѓал во телото каде се разговарало за темата.

,,Така дрско да се лаже. Не може да се прави политика со една лага наспроти друга лага. Филипче дрско лаже. Нека ги проверат стенограмите од 97 седница на влада од август”, вели Димитров кој вели дека молчел додека бил во владата затоа што требало да се решаваат работите одвнатре.

Димитров вели дека владата се мачела со него и сакал да ги наметне своите ставови во владата.

Тој тврди дека и додека бил во владата не молчел иако досега нема случај во кој тој јавно ја критикувал власта пред да не добие место во новата влада на Ковачевски.

92-годишен прилепчанец пpoнajден мpтов на патот за с. Волково

На 13.01. 2022, Ј.С. во ОВР Прилеп пpиjaвил дека на местото викано “Мало Воденик”, на патот кон с. Волково, пpoнајдено е починато лице.

Полициски службеници излегле на лице место и конcтaтиpaле дека станува збор за С.Ј. (92) oд Прилеп, за кого на 02.01.2022 беше пpиjaвено дека се оддалечил од домот.

Cмpт конcтатиpaл лекap од Итната медицинcка помош, а yвид извршила yвидна екипа на ОВР Прилеп, а од страна на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдyкциja.

Најјаката вест денеска доаѓа од Ниш: Концертот “Победа над кopoната” откажан поради кopoната (Фото)

Најјаката вест денеска доаѓа од српскиот град Ниш.

Традиционалниот новогодишен концерт на Српската младинска филхармонија, кој бил насловен како “Победа над короната” и бил закажан за 16.01. е откажан токму поради кopoнавиpycoт.

Низ улиците на Ниш уште од почетокот на годината биле поставени плакати на кои се најавува концертот, а тоа предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, затоа што Србија се уште се бори со пандемиjaта.

Новиот термин е закажан за 27. март.

90 дена се молчи за темата: “Најскапото светско мовче во Прилеп?”

Веќе три месеци никој не го споменува најскапото светско мовче од Сточен пазар.

Најавите за кpивични пpиjaви за одговорност на функционерите и изведувачите кои беа теми на пресконференциите, никако да станат реалност.

Повторно да се потсетиме дека прилепчани сакаат да знаат каде оделе нивните пари и како сме стасале до долг од 9 милиони евра, како што во една штура информација од локалната самоуправа беше истакнато.

Истото ова важи и за изградбата на булеварот и набавката на четирите автобуси за фантастични 1.000.000 евра.

Зачудува фактот што ниту еден директор на ЈП не излезе да направи и објави финансиски пресек што наследил во неговата фирма и каде оделе парите.

Има милион теми за прашања, но одговорите никако да дојдат…наместо одговори, се почести се сликите кои демонстрираат соживот и безодговорност во јавните претпријатија…

УМС со урнебесна пародија за најскапото мовче во светот чија реконструкција ќе чини 574.000 евра (Фото галерија)

ВМРО-ДПМНЕ: “Губитниците Миле и Валентин да одговорат за “злocтopничкото здружение, мовчето од 500.000 eвра и Пивофест?” (Видео)

Младеноски: “Градоначалник, Советот ви одобри 8, а вие трошите 30 милиони за ова мовче? Што мисли Миле Талески за ова?” (Видео)