дома блог страница 1727

Вучиќ: Ќе видите како ние ќе ги пречекаме атлетичарите од Австралија во март

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја коментираше пресудата на австралискиот суд со која Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од земјата и нема да ја брани титулата на Австралија опен.

– Пред малку разговарав со Новак, го охрабрив и му кажав дека едвај чекам да дојде во Србија и да се врати во својата земја и да биде таму каде што е секогаш добредојден. Го малтретираа 11 дена и по 11 дена му изрекоа пресуда која ја донеле првиот ден. Видовте во најбесмислениот судски процес колку лаже обвинителот. Едноставно лажат. Велат дека помалку од 50 отсто од има вакцинирани граѓани во Србија, а официјално се 58 отсто. Запомнете дека ова е повеќе отколку во многу земји на ЕУ. Тоа беше бесмислен аргумент, но тоа е можно во драмите на Орвел – рече Вучиќ.

Тој нагласи дека наскоро во Србија ќе дојдат спортисти од Австралија, кои ќе бидат подобро пречекани.

– Австралиските спортисти ќе ги пречекаме на многу подобар начин во март и нема да живееме од нив заради изборите. Тие доаѓаат на шампионатот во атлетика, а ние ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Мислат дека го понижиле Ѓоковиќ, но се понижиле себеси, а тој може да се врати во својата земја и да ги гледа сите во очи со крената глава – додаде Вучиќ.

И денеска голем pacт на новозapaзени со Koвид-19 во Прилеп и во Битола

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 677, Битола – 125, Куманово – 82, Прилеп – 72, Охрид и Струмица – по 47, Велес – 38, Тетово – 36, Штип – 35, Кавадарци – 27, Гостивар – 17, Свети Николе – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Кочани – 12, Струга – 11, Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10, Радовиш и Крушево – по 8, Виница – 6, Делчево – 5, Демир Хисар и Македонски Брод – по 4, Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3, Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од: Скопје – 400, Битола – 83, Прилеп – 53, Кавадарци – 37, Куманово и Струмица – по 31, Охрид – 25, Штип – 20, Велес и Гевгелија – по 16, Кочани – 13, Гостивар – 11, Валандово – 10, Кичево – 7, Ресен – 6, Виница – 5, Крушево – 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Направени се 6.141 тестови преку: ИЈЗ-314, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-106, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-123, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-142, Авицена-169, Биотек-243, Систина-104, лабораторија Лаор-389, Синлаб-19, Ремедика-1, Плодност-119, Генеа-20, Никоб Лаб-615, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-25, Ројал Медика–53, Спектра-ММ-18, Рапид Лаб–33, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.235.

Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132.

Во Прилеп во моментов активни со Ковид-19 се 890 случаи, а во Битола бројката изнесува 1456.

(Галерија) Ѓоковиќ одведен како кpиминaлeц: Со силно обезбедување забележан на аеродромот во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ ја напушти Австралија по 11 драматични денови и низа ckaндали кои тенисот не ги памети!

Од првиот момент кога Новак Ѓоковиќ слета во Мелбурн на 5-ти јануари, па се до моментот кога најдобриот тенисер на светот го напушти тој град, Австралија имаше катастрофален однос кон Србинот.

Со 15 минути доцнење, авионот полетал за Дубаи, а од аеродромот се појавија фотографии на кои се гледа како Новак и неговиот тим придружувани од обезбедувањето се качиле на авионот, што може да се види на фотографиите направени на аеродромот.

Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ за Австралија замина на 4 јануари. По тој повод испрати порака дека добил медицинско ослободување од вakцинациja. Меѓутоа, еден ден подоцна на Новак не му беше дозволен влез во земјата.

После тоа, Ѓоковиќ мина низ неколку сослушувања и беше ставен во притвор на аеродромот во Мелбурн.

Новак Ѓоковиќ беше третиран во изминатата недела, во која траеше сагата со неговата депортација. Србинот по одлуката на судот даде само куса изјава.

„Ќе земам некое време за одмор и за рекуперација пред да дадам поопширен коментар на оваа тема. Силно сум разочаран од одлуката на судот“, изјави Ѓоковиќ.

Апасиев: 11 македонски и 10 албански министри, па ова е рамковна тиранија, полупротекторат, паралелна држава…

Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев во своето денешно обраќање во Собранието рече дека СДСМ има тенденција на „џандаризација“ на новата влада.

Тој упати силна критика на ресорот МВР поради скандалите со фалсификуваните пасоши

– И по сето тоа Оливер Спасовски останува и си ја носи десната рака Славјанка и колешката Грковска кои доаѓаат од МВР, а да не зборуваме за Бисера Костадиновска и нејзиното владиното покривање за биотероризам, рече тој.
Тој рече дека ќе потсети дека кандидатите на ДУИ се пообразовани од кандидатие на СДСМ, а со оваа влада се правело албанизација на Македонија.

-11 македонски и 10 албански министерски места, па ова е рамковна тиранија, полупротекторат, паралелна држава во држава каде младите мекедончиња и албанчиња не комуницираат, непочит кон химна, јазик, а бујар Османи треба да се пази што ќе направи со Бугарија, рече Апасиев.

Талевcки: Игpaвме cpaмно пpoтив Црна Гора, вepyвам дека ќе се издигнеме против Данска

Кај ракометна Македонија владее разочараност по поразот од Црна Гора и математичка елиминација од Европското првенство во Словачка и Унгарија. Лазаров и стручниот штаб пак мака мачеа да го состават тимот кој ќе излезе на мегдан против Црногорците, а позитивниот тест на ковид-19 на Стоилов беше најголемиот проблем.

Македонија остана без искусни ракометари во тимот и тактичката композиција, посебно во одбраната, се поремети.

„Останувам на констатацијата од синоќа дека целата селекција одигра срамен натпревар против Црна Гора. Но, нема враќање назад и мора да се собереме затоа што ни следи уште еден наторевар. Верувам дека ќе одиграме најдобро што можеме против Данска в понеделник.

Данската репрезентација игра моќно, атакува на злато и голем е фаворит против нашата репрезентација. Но, ние секако сакаме да се надигруваме максимално, можеби како што одигравме против нив во Скопје“, смета Филип Талески.

Со овие порази македонската репрезентација ќе има многу потешка задача и во баражот за Светското првенство следната година во Полска и Шведска, бидејќи нема да ја има улогата на носител во ждрепката и ќе добие посилен противник.

УХМР со детална временска прогноза за следната недела

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. В понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне ќе има локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно, а нови врнежи од дожд и снег се очекуваат од четврток кон крајот на денот и во петок.

Фалангата ја згpми онаа нашата – “Излези момче” во салата во Дебрецин (Видео)

Македонската ракометна репрезентација за жак забележа два порази на Европското првенство, а настапот ќе го заврши со натпревар против Данска.

И во салата во Дебрецин забележително беше големо присуство на македонски навивачи – популарната фаланга, кои до последна минута ги бодреа нашите момци.

За одбележување е моментот пред вчерашниот натпревар со Црна Гора, кога од сите звучници во салата грмеше нашата најпозната навивачка песна “Излези момче”.

Се надеваме дека ова е дело на лобирањето на нашата дијаспора во Унгарија.

Познато вpeмето кога Ѓоковиќ ќе биде депopтиpaн од Австралија

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија во 22.30 часот по австралиско време или во 12.30 часот по средноевропско време.

Ѓоковиќ потоа ќе се качи во авионот и ќе одлета за Дубаи каде ќе биде префрлен.

Информацијата ја потврди Пол Сакал – новинар на угледниот австралиски портал „Ејџ“.

Ѓоковиќ ќе лета за Дубаи, а се уште не се знае дали од Емирати директно ќе оди во Белград или можеби во својата резиденција во Монако.

На сајтот на аеродромот „Никола Тесла“ под категоријата „пристигнувања“ пишува дека во Белград во 22 часот и 55 минути пристигнува авион од Дубаи, па можно е таму да биде и Новак.

Оваа информација се уште не е потврдена. Новак Ѓоковиќ ќе го напушти овој континент по единаесет турбулентни денови во Австралија, откако доби налог за депортација од Австралија со одлука на тричлениот Судски совет на Федералниот суд во Канбера, кој го спречи неговото појавување на Австралија опен, турнир на кој има осовено девет титули.

Кај не ни оди, па и не казниja со 2.000 евpa за чорапите со Словенија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) и изрече парична казна на македонската репрезентација во износ од 2.000 евра поради прекршување на протокол поврзан со опремата за време дуелот против Словенија.

ЕХФ наведе дека Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе мора да палти казна поради различна боја на чорапите со кои дел од македонските репрезентативци настапија на натпреварот против Словенија (25:27) во четвртокот.

Македонските ракометари вечерва од 18 часот во Дебрецин против Црна Гора го играат вториот натпревар во рамки на групата А.

Само небото било лимит за нејзиниот тим: Царовска со “филмска слика” се простува од министерската функција

Министерката за образование и наука во заминување, Мила Царовска на социјалните медиуми објави фотографија со своите колеги во МОН, каде напиша дека „За овој тим, небото е лимит“.

На описот на фотографиите исто така напиша „Покажавме дека државата може подобро“.