дома блог страница 1726

Пpилепcки нayчници ќе допpaт длабоко во македонcкото национално ткиво

Прилепскиот Институт за старословенска култура годинава почнува тригодишен, обемен, суштествен проект за валоризација, доистражување и документирање на локалитетите во Пелагонија, Мариово и во Поречието.

Опфатени се десетици локалитети и средини кои аргументирано ќе ја раскажат историјата на овие простори за 10 века, од 7 до 17 век.

Како што објаснува Бранко Ристески, археолог и директор на Институтот за старословенска култура, обемниот проект „Средновековни населби” ќе треба да даде сериозен, објективен одговор за артефактите и духовната, материјалната, социо-економската историја на овие простори.

– Станува збор за мултидисциплинарен проект во кој носечки сегменти се археологијата и историјата на уметност, но подеднакво се вклучени и лингвистиката, етнологијата. Вклучен е голем стручен тим од Институтот. По 10 години пауза Министерството за образование и наука објави конкурс за финансирање научно-истражувачки проекти на јавните научно-истражувачки институции. Во земјава се пет институти. Меѓу седумте прифатени е и овој обемен проект насловен „Средновековни населби” за периодот од 7 до 17 век. Процесите се следат во четири етапи: раниот среден век од 7 до 9 век, полниот среден век од 8-9 век па до средината на 12 век, третата фаза е од средината на 12 до почетокот на 15 век и, она што се нарекува ран отомански период од 15 до 17 век. Ова е периодизација врз основа на археолошките сознанија. Просторно, проектот ги опфаќа трите региони: Пелагонија, Мариово и Поречието. Тие се лоцирани во централните делови на Балканбскиот полуостров кој, според природните карактеристики се принципиелно различни и овозможуваат компаративно, синхроно проучување на процесите: Пелагонија како рамница, Мариово како нагласена висорамнина, која гравитира кон Меглен и Грција и една транзициска линија на Поречието која гравитира кон западно-балканскиот културен простор. Сето овозможува тие фини структурни процеси на цивилизациски достигнувања да бидат евидентирани и на соодветен начин интерпретирани, објаснува Ристески.

Опфатени се три вида населби: градови, урбани и рурални населби и монашки населби и манастири. Има приоритетни локалитети и од втора и трета категорија. За првпат е вклучена и Хераклеја. Ова е финализирање на еден долг процес научни сознанија, но ќе има и доистражување.

– Почнувајќи од 7 век, доселувањето на Словените и византиските придобивки, тука клучен локалитет е Хераклеја. Првпат ја вклучуваме, каде имаме продолжување на византиските процеси. Потоа е локалитетот Градиште кај Дебреште, Долнени, каде имаме видливи манифестации на словенско присуство, раните словенски населби на овој простор. Потоа се античкиот Колобаиса на Трескавец, локалитетот на Баба каде е продолжувањето на византиската култура. Тие се клучните, а второстепените локалитети ќе ги детектираме со проектот. За вториот период (9-12 век) имаме неколку клучни локалитети: монашката населба под манастирот Зрзе, дел од Хераклеја, нешто слично има и на Марковите Кули, локалитетот Градок во Мариово, манастирот Свети Никола во Манастир Мариово. Како низа манифестации во Поречието. За третиот период од 12 до раниот 15 век клучни пунктови се градовите Битола и Прилеп и манастирските комплекси кои се средишта на културното и социо-економско живеење со севкупната духовност. Манастирите се и своевидни универзитети, центри на духовноста, вели Ристески.

Проектот ќе се финализира со монографија каде ќе бидат документирани сите трудови и артефакти. Многу ќе помогне новата лабораторија која годинава треба да добие меѓународна акредитација.

– Објективизирањето на фактите е најбитно. Тоа ќе го добиеме со голема помош на новата лабораторија која прецизно ќе ги датира артефактите, доказите, за да добиеме објективен поглед на нашата историја. Да нема патетика, да нема секој како сака да ја интерпретира. Со тоа ќе бидеме сериозни пред балканската и европската научна јавност. Затоа, покрај пишаните споменици, многу се битни археолошките наоди, материјалното наследство, смета Бранко Ристески, археолог и директор на прилепскиот Институт за старословенска култура.

Уште една новогодишна честитка од Регулаторна: Гopивата повторно пocкапувaaт од полноќ

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 1,94%, соопштија од Регулаторната Комисија за Енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,827 ден/кг.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 76,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 78,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 42,827 (денари/килограм)

Апceња низ Битола и битолско: Кај тројца млади битолчани пpoнajдена мapиxyaна

На 16.01.2022 во 19.15 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода А.Б.(27) од с.Беранци, битолско, бидејќи кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 16.01.2022 на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Л.(29) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава во врска со член 215 од Кривичниот законик.

На 16.01.2022 од страна на полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Г.Д.(22) од Битола, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Прилепскиот Џудо Клуб “Сеишин” на врвот во Македонија

Џудо Федерацијата на Македонија ги објави резултатите за натпреварувачката 2021 година.

Севкупен победник и 1 место на официјалната ранг листа на Македонија е Џудо Клубот Сеишин Прилеп. Од вкупно 21 клуб колку се во конкуренција, прилепскиот џудо клуб Сеишин освои најмногу бодови според востановените правила на македонската џудо федерација.

Црногорецот кој плyкаше на нашите навивачи зapaботи најcтpoга казна од ЕХФ

Ласица се осмели да дојде до македонските навивачи и да ги плукне, нешто што е несфатливо за спортиста. По тој гнасен чин, мораше да реагираат и луѓето од обезбедувањето за да не дојде до посериозен инцидент.

Цроногорскиот ракометен репрезентативец Марко Ласица сега е најстрого е казнет од страна на ЕХФ со парична казна од 5000 евра.

Објаснувањето од Ласица е дека не плукал кон сите навивачи, туку само кон еден од нив и дека во текот на целиот натпревар бил плукан и гаѓан со монети.

Пopaди пандемиjaта Водици во Прилеп ќе биде одбележан симболично

Поради пандемијата со ковид во која што се наоѓаме, и како што пренесуваат сите релевантни здравствени извори, поради големиот број на случаи и во нашиот град, Преспанско-пелагониската епархија и свештените лица од Прилеп истакнаа дека оваа година празникот Богојавление-Водици, ќе се одбележи скромно и симболично во дворот на црквата „Свето Благовештение (Стара Црква) во Прилеп.

Во среда на 19.01.2022 во 09:30 во црковниот двор на светото фрлање на крстот ќе учествуваат неколку дечиња и со тоа ќе се задржи симболиката на овај голем празник но воедно и ќе се запазат рестриктивните мерки и препораки да нема голема масовност. Градоначалникот Борче Јовчески ќе присуствува на светиот чин во црквата.

Во духот на православната христијанска вера и традиција, остануваме со позитивна мисла и верба во Бога, исто така упатуваме апел до сите наши сограѓани да се чуваат и да бидат одговорни и совесни за нивното здравје.

(Видео) Архитекти од целиот свет, обединете се!

Марковите кули, Могилата на непобедените, па мовчето. Вака од прилика прилепчани ги рангираат знаменитостите во градот.

Замислете си една планина со пари, е токму толку беа потрошени за да се изгради ова архитектонско ремек дело.

Постојат две размислувања за мовчето: дел од граѓаните сметаат дека вреди секој денар потрошен за него, а останатите сметаат дека требало да се потрошат повеќе пари.

Според некои неофицијални извори и чаршиски муабети, туризмот во градот се зголемил за 10%, а жителите од оваа населба сметаат дека мовчето е главната причина.

Како и да е, изведувачот и локалната завршија голема работа, па не гледаме причина да се враќаме во минатото и да се вознемируваме со некакви финансиски пресметки.

Ф.Г.

Николоски до Морачанин oд ДОМ: Одоворете зошто ја поддржувате владата, дали сте yценети или кpиминализиpaни?

Во текот на вториот ден од собраниската седница за избор на влада, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на партијата Александар Николоски реплицираше на говорот на пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин и повторно ја повика да се произнесе зошто ја поддржува владата, дали се уценети или криминализирани.

– Вчера јасно прашав, имавте можност да одговорите во медиуми, не одговоривте до денес, па еве да сум фер да ве прашам повторно овде и пред пратениците и пред кандидатите за министри и мандатарот. Континуирано ја поддржувате оваа влада, затоа што се работи за иста влада, па дилемата е двојна, или сте уценети или сте криминализирани? Очекувам да имате одговор зошто се согласивте од два пратеници да имате еден и зошто континуирано заедно со ЛДП, со која сте во коалиција, поддржувате влада која што економски ја тоне Македонија, во која што корупцијата расте, според релевантни меѓународни институции, која што ја доведе најголемата енергетска криза во државата, затоа што навреме не се подготви и која што не наоѓа решение за ниеден од овие проблеми, а најголем дел од министрите остануваат исти?- ја праша Николоски пратеничката од владеачкото мнозинство Маја Морачанин

Николоски истакна дека е фер јавноста да слушне која е причината поради која ја поддржуваат Владата, затоа што звучи наивно образложението дека тоа се прави заради ветувањето за формирање на министерство за клима и енергетика.

– Зошто поддржувате влада во која што имате минимална улога, во која што немате ниту еден свој претставник на министерска позиција и за неколку директорски места поддржувате ваква влада?- праша Николоски.
Николоски и порача дека тоа што ДОМ ја поддржува оваа влада ги прави соучесник на пропаста која и се случува на Македонија дневна основа.

– Јас ве советувам и да си го одржите зборот и да излезете на избори сами и да видите што мисли народот после вакво однесување, ама да сте фер до крај, за да не ни се случи исто како кога преговаравме за отворени листи на локалните избори, кога ние поддржавме отворени листи за на крај вие и другите помали партии бидете против отворени листи, затоа што се пресметавте дека истите не ви одговараат- заклучи Николоски.

Идолот на младите во Прилеп со одлична хуманитарна акција (Фото)

Денеска републичката комисија за спорт при УМС во Прилеп спроведе хуманитарна акција, каде што се донираше спортска опрема на лице кое е активен и млад спортист, а истата таа опрема му е потребна за извршување на спортските активности и тренинзи.

Комисијата за спорт при УМС секогаш е на страната на спортот и секогаш ќе излегува во пресрет на младите спортисти.

-Со овој мал гест сакаме да упатиме апел до сите спортисти и сите граѓани да бидат хумани и солидарни. Спортот почива на начелата на фер игра, хуманост и солидарност. Да бидеме вистински спортисти! – порачуваат од Републичката комисија за спорт при УМС ВМРО-ДПМНЕ.

Директорката се пофали: Започнува реконструкцијата на СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп (Фото)

-Започнува изведбата на проектот за реконструкција на фасада, дренажа, подови, осветлување, бојосување, промена на азбестните плочи на дел од покривот во СОУ ,,Ѓорче Петров,, Прилеп , со средства на Министерството за образование и наука. Нека ни е со среќа, и наскоро и нови проекти. Училиштето ќе добие нов лик, а учениците и професорите ќе имаат подобри услови за изведување на воспитно образовниот процес – информираат од училиштето.