дома блог страница 1725

Бунт во ЛДП? Лидерот го ставил личниот интерес пред Статутот на партијата?

Членови на ЛДП бараат Надзорниот одбор на партијата да поведат дисциплинска постапка против лидерот и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Барателите за постапка против лидерот Милевски за expres.mk велат дека тој го прекршил статутот на партијата.

Според нив Милевски не постапил според статутот кој предвидува Централниот одбор на партијата да донесе одлука за именување на министри во владата што сега не се случило.

На последната седница на ЦО на ЛДП било утврдена позиција за водење преговори со мандатарот Ковачевски а за одлуката Милевски да биде кандидат за министер Централниот одбор на ЛДП никогаш не заседавал со што е прекршен партискиот статут, велат членови на партиските тела за expres.mk.

Според членот 38 став 17 од статутот на ЛДП кандидатите за министри во владата ги утврдува ЦО на ЛДП за што сега воопшто не е донесена одлука.

Барањето за санкционирање на Милевски сега е на дневен ред на Надзорниот одбор на ЛДП во состав од седум члена кои ќе треба да утврдат дали Милевски го прекршил статутот и дали ќе биде санкциониран.

Извор: “Експрес.мк”

Бугарскиот премиер пречекан со половина македонска химна – без делот Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански (Видео)

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска е во официјална посета на Република Македонија.

На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.

Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република.

Во продолжение од петтата минута слушнете го делот со химната:

Прогласени најуспешните работници во “Спорт Лајф”: Koмпанијата им додели вредни ваучери

Водечката компанија во областа на игри на среќа и спортски обложувалници „Sport Life“, на најуспешните 60 вработени за 2021 година, им додели ваучери во износ од 12.000 денари за одмор или летување во посакуваната дестинација. Истите ќе можат да се искористат преку некоја од туристичките агенции, независно дали станува збор за патување во странство или во земјата.

Покрај ваучерите за летување беа обезбедени и дополнителни парични награди за исклучителен придонес на врвни тројца оператори во обложувалниците на „Sport Life“.

Најуспешните вработени се оценувани според повеќе критериуми и параметри базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“.

„Sport Life“ успешно работи повеќе од 20 години, притоа едно од најважните правила по кои се раководи е постојаното инвестирање во развојот на вработените и нивното наградување за постигнатите успеси.

Покрај редовните обуки и тренинзи за стекнување разни вештини во работењето, тие се поттикнуваат и помагаат да стекнат повисоко образование, како на пример магистериуми или докторати. За успесите во работењето се предвидени редовни бонуси и награди, како и можности за кариерно унапредување. Ова се само дел од активностите кои „Sport Life“ ги спроведува за грижа и развој на вработените.

Шоу на македонската “Фаланга” по натпреварот со Данска – Воодушевен беше дури и голманот Ландин (Видео)

Maкедонија го заврши својот настап на 15-то Европско првенство во ракомет, каде забележа три порази од Словенија, Црна Гора и Данска.

И покрај трите порази популарната македонска “Фаланга” до последен момент ги бодреше избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

На тоа сведоци беа и Данците синоќа од кои загубивме со 10 гола разлика, но тоа не беше причина за македонската навивачка армија громогласно да ги поздрави нашите момци.

Дури и данскиот голман Николас Ландин го сними навивачкото шоу на македонската “Фаланга” и објави на неговото стори на Инстаграм.

Денеска сончево и ветровито време, а еве кога ни доаѓаат нови врнежи од снег

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег. Попладне ќе биде претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Минималната температура во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје сончево, претпладне со мала облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 6 степени.

УХМР за во среда и во четврток најавува стабилно време со ниски утрински температури. Влажен бран со врнежи од снег се очекува во петок.

34-годишна poдилка починала во прилепската болница, блиските ја погpeбале, а денеска е извршена екcкyмација и обдyкциja

Ecкyмациja и обдyкциja денеска е напpaвена врз телото на 34-годишна poдилка од Цpнилиште

Според информациите на обвинителcтвотo, овa е извpшено по допрен глac за обезбедување на cyдcко иcтpaжни материјали, кои треба да дадат одговор на прашањето како и од што починала poдилката минатиот понеделник во прилепската болница – oбјави “Канал 5”

Според неофицијалните информациите poдилката на 9 овој месец е примена во болницата како тpeтopoтка. Откако на 10 овој месец триесетина минути по полноќ родила женско дете тешко 3 килограми и 100 грама, а по ова се јавиле пocтпоpoдилни компликации – кpвapeње.

Откако истото не било санирано во poдилната сала, повикана е дежурна екипа за да интервенира во опepaционата сала, каде што е конcтатиpaна cмpта. Во понеделникот нејзините најблиски не дозволиле да се изврши обдyкциja, туку побарале телото да го земат и да го погpeбат.

Раководството на болницата тврди дека според документите cмртта ја пpиjaвиле во надлежната матична служба. Но јавноста не е информирана, бидејќи така сакало семејството. И сега нејзините најблиски јавно не говорат. Но работата ја препуштаат на надлежните истражни и cyдcки opгани.

Зоран Момироски за “Канал 5” ТВ

Добра вест за учениците: Продолжен зимскиот распуст

Кризниот штаб препорача, а Владата вечерва на седница донесе одлука со која се продолжува зимскиот распуст на учениците поради пикот на корона вирусот.

Претходно Главниот кризен штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари, согласно заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик.

Исто така владата донела одлука учебната година да заврши во редовниот термин на 10 јуни и да нема одбработување во саботите, туку второто полугодие да биде по скратена програма.

Верувате ли во неговата одлука? Павле и постави ултиматум на Владата

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов се закани дека помалите партии во владината коалиција ќе предизвикат предвремени избори ако до пролет власта не го смени Изборниот законик, со кои земјата ќе биде една изборна единица. Ваквата измена е неопходна бидејќи Парламентот треба да биде реален одраз на волјата на граѓаните.

– Ако не ги реализираат овие заложби, а се за само декларативно, сум за тоа да предизвикаме предвремени избори. Ниту е закана, ниту пак имам намера да направиме ново мнозиснтво, тоа не доаѓа предвид. Можно е група пратеници, можат да речат ние сме за самораспуштање на Собранието и да одиме на нови избори, со стариот систем, изјави Трајанов во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk.

Трајанов тврди дека помалите партии коалициони партнери на СДСМ имале координација со премиерот Димитар Ковачевски, кој дословно им соопштил дека е подготвен да поддржи изборни реформи со кои земјата ќе биде една изборна единица.

Тој не знае како ќе се однесуваат другите помали партии бидејќи можно е власта да ги премисли преку нудење на одредени повластици.

– И досега имало колебање. Се надевам дека овие се сериозни партии и ќе опстоиме во интерс на земјаата, граѓаните и демократијата. Демократски сојуз стои цврсто на ставот, зборот што сме го дале ќе опстоиме, другите партии не можеме да кажеме, дали ќе сменат став или ќе бараат прологирање на времето, ќе покаже, додава Трајанов.

Според него, големите партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ многу пати досега не сакале да прифатат земјата да биде една изборна единица правдајќи дека нема широк политички консензус меѓу партиите.

– Три месеци е оптимално време да се отвори расправа и да се донесе законот. Ќе предложиме да има јавна расправа, во која ќе учествуваат сите партии, ОБСЕ, ЕУ, невладини сектор, експерти, сите заедно да расрпаваме и врз основа на расправата ќе изготвиме амандмани. Секако ќе расправаме и за изборен праг, вели претседателот на ДС.

Владата може да падне не само поради отсуство на изборни реформи, туку и поради начинот на работа на новиот владин кабинет.

– Ќе ја анализираме работатат на секој, и на мандатарот и на министрите поединиечно. Има министри што добија продолжување на мандатот и тие мора да испорачат резултати. Има нови министри, и тие треба да испорачат резултати. Програмата посилно треба да се реализира. Ќе бараме да се расправа за разрешување на министри ако има индиции за корупција, потенцира тој.

(Видео) Со меѓусебно разбирање и соработка беше одржана и 7-та седница на Советот на Општина Прилеп

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа седмата редовна седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе точки од интерес на граѓаните. Советниците ги усвоија Извештајот за работата на Советот за 2021 година и Програмата за работата за 2022 година.

Со мнозинство гласови се усвои и Програмата за култура за 2022 година, Одлука за прифаќање на спонзорство на Општина Прилеп како и Предлог-Одлука за изменување и дополнување усогласување со Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/2021)на Одлуката за основање на Центар за развој на ПЕЛАГОНИСКИОТ плански регион број 08-1957/4 од 07.02.2008.

На седмата седница беа донесени и одлуките за усвојување на финансискиот план и програмата за работа на ЈКП Пазари – Прилеп за 2022 година, финансиските планови на јавните уставови Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник, Детските градинки „Наша иднина“, финансискиот план и програмата за реализација на дејности за 2022 година за Градската библиотека „Борка Талески“ и финансиските планови за сите основни и средни училишта вклучувајчи го и основното музичко училиште „Ордан Михајлоски Оцка“.

(Видео) Семејното стебло на Алимасковци

Од прадедо до денес, вака изгледа семејното стебло на Алимасковци.

На вчерашната седница, пред гласањето за новата Влада, целото внимание на јавноста беше насочено кон пратеничката од редовите на СДСМ, Марија Георгиевска.

Кој си работи, си работи. Пратеничката вика дека СДСМ има со што да се пофали: Зголемена е бројката на луѓе кои што примаат социјална помош.

Видеото од изјавата можете да го погледнете ТУКА.