дома блог страница 1724

Oсветени водите на Охридското Езеро: Мартин Гоџо најсреќен помеѓу стотината учесници кои скокнаа по светиот кpcт

Мартин Гоџо го фати крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.

Тој беше најснаодлив и најсреќен помеѓу стотината капачи кои запливаа во студените води на Охридското Езеро, кои утрово беа осветени со богојавленска богослуќба на која чиноначалствуваше Митрополитиот Дебарско-кичевски Тимотеј.

„Бог се јави“: Православните верници денеска празнуваат Богојавление – Водици

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 јануари.

Денеска е Богојавление (Водици).

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера. Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Поврзаноста на празниците Рождество Христово и Богојавление е воочлива во самата содржина на богослужбените песни. Во стихирите на празникот Рождество Христово наоѓаме мисли и изрази кои се однесуваат на празникот Богојавление, а во Богојавленската служба изрази кои се однесуваат на Рождеството. Тоа се оправдува со фактот дека во почетокот на 6 / 19 јануари се славел еден колективен празник (επιφὰνεια, ϑεοφὰνεια = Богојавление), кој соединувал повеќе настани од Христовиот живот на земјата, односно се празнувало општото Божјо јавување на земјата. Подоцна кога од празникот на 6 јануари се издвоиле останатите спомени (како на пример Рождеството Христово), главниот спомен кој останал да се празнува на овој ден било Крштението на Господ Исус Христос на реката Јордан.

Во историјата на празникот Богојавление можеме да следиме три периоди: првиот е периодот на III век кога Богојавлението е главниот настан кој се празнува на 6 јануари, но е поврзан со повеќе настани од Божјото јавување на земјата; потоа вториот период е IV век, кога Рождеството Христово станува центар на празнувањата во овој ден; и третиот период е крајот од IV век и подоцна, кога споменот на Рождеството Христово се издвојува од Богојавлението.

Празникот Богојавление се нарекува така зашто во мигот на Крштението Христово „се покажа поклонувањето на Света Троица“. Отецот зборуваше од небото за Синот Кој се крштева, Синот Божји се крштеваше од св. Јован и како таков беше посведочен од Бога Отецот, а Светиот Дух Кој слезе во вид на гулаб го потврди гласот на Отецот. Уште се нарекува и „Просвештение“, зашто во древноста во навечерието на празникот, по примерот на Христа се крштевале и со Божјата благодат се просветлувале огласените.

Овој празник започнал да се слави на Истокот уште во III век и тоа особено во Египет. Првото сведоштво за него го наоѓаме кај св. Климент Александриски (215 г.), во неговото дело „Стромата“, каде што вели дека следбениците на гностичкиот еретик Василид уште пред православните започнале да го слават овој празник. Имено, за нив овој празник имал големо значење – нивното учење вели дека Христос бил само обичен човек, а станал Син Божји во мигот на Неговото Крштение. Православните, пак, спротивставувајќи му се на ваквото погрешно учење на гностиците, го востановиле овој празник објавувајќи ја преку него особено силната и длабока смисла на Божјото јавување. До почетокот на IV век Богојавлението веќе се славело насекаде. Неговата самостојност започнува на Истокот, од каде што подоцна е пренесен на Запад.

Според главниот спомен на Богојавление – Крштението Христово, во древноста, во навечерието на празникот се извршувало осветување на водите за крштение и биле крштевани огласените. Исто така особено значајна е традицијата на големото торжество на реката Јордан, во која на полноќ многумина влегувале во водата да се искапат, а ова капење ги очистувало телесните и духовните рани. Според Уставот, во навечерието на празникот и на самиот негов ден се врши осветување на водите. Стихири за богослужбата на овој празник имаме од: Јован монах, Визант, Козма монах, Анатолиј, Патријархот Герман, а каноните ги напишале св. Јован Дамаскин и св. Козма Мајумски.

Специфично за празникот е и тоа што во древноста, Александриските епископи според одредбите на Првиот вселенски собор, секоја година за Богојавление ги испраќале и своите посланија до старешините на црквите во кои бил објавуван датумот на празникот Воскресение за таа година. Старешините потоа им го објавувале тој датум на верните. Тоа го практикувале зашто токму во Александрија цветала астрономската наука. Така, Црквата зачувала многу пасхални посланија од Александриските епископи, меѓу кои се и оние на светите Теофил, Дионисиј, Атанасиј и Кирил Александриски.

Смислата на празникот Богојавление

Христос „на секому му ја даде можноста да ја стекне благодатта на синовството, да го стекне Богојавлението во својот личен живот. Тоа јавување Божјо го сочинува богопознанието, а бидејќи тоа е егзистенцијално собитие, затоа и го предизвикува спасението“ (Јеротеј Влахос).

Собитието на создавањето е едно чудесно таинство во кое Троичниот Бог се јави и го повика човекот од небитие во битие, го создаде според образот на Словото, вдахнувајќи во него живот преку Светиот Дух. Човекот живееше во благодатно заедничарење со Бога, за него небесата беа отворени и од таму тој го слушаше гласот на својот Создател, разговараше со Него сѐ до мигот кога заради неговата непослушност тој ја изгуби благодатта и заедницата со Бога. Како последица на тоа небото се затвори за сиот човечки род, кој сега веќе не можеше да преуспева во духовниот живот, ниту да бива поткрепуван и просветлуван од Божествената благодат. И живеејќи без Бога, валкајќи се, потопувајќи се во нечистата и матна вода на гревот човекот достигна страдање, кое, пак, за своја последица го имаше целосното деформирање на неговата личност.

Но, Божјата љубов и сострадание кон родот човечки е толку голема, што Бог Отецот Го испрати Синот Свој, чиешто доаѓање на земјата имаше за цел да му ја објави на човекот предвечната Божја промисла за него, според која тој е создаден по образ и подобие на Христа, Словото Божјо. И еве, Крштението Христово ни покажува дека Он дојде при нас, го зеде нашиот образ, за да го очисти, просветли и облагодати за ние полесно да дојдеме до Него. Он е Новиот Адам Кој сега повторно го отвора небото, од каде гласот на Отецот ја покажа, ја објави обожената човечка природа примена од Христа. Јавувањето, пак, на Светиот Дух во вид на незлобив и кроток гулаб, го објави крајот на потопот од гревот и почетокот на несфатливата милост Божја кон нас луѓето. И сето ова Бог го направи за да можеме ние повторно да се искачуваме кон Бога и да стекнеме заедница со Него.

Така, значи Пресвета Троица учествуваше во создавањето на човекот и ете, сега повторно Пресвета Троица учествува во неговото пресоздавање. И тоа покажува една голема богословска тајна: дека единствено човекот, кој е создаден според образот Христов, може да биде посветеник и поклоник на Пресвета Троица. Затоа Црквата овој ден го нарекува и празник на пресоздавањето на човекот, почеток на неговото обожување.

Богојавлението, пак, за нас почнува во крштелниот купел, кој е духовна утроба што нѐ преродува за еден висококвалитетен и достоинствен живот. Ние во крштението се очистуваме, ја отстрануваме Адамовата нечистотија, го измиваме нашиот внатрешен човек. Ја примаме благодатта Божја, го примаме залогот на Духот, но го примаме со можност да се усовршуваме. Според тоа, кога човекот прави гревови, тој ја валка веќе очистената и измиена негова природа. Тогаш благодатта се повлекува од него и тој духовно умира зашто ја губи својата заедница со Бога и можноста што ја примил на крштението. „Секако благодатта не се губи целосно, но во овој случај таа не го врши спасението“ (Ј. Влахос).

Сепак радоста на празникот Богојавление е токму во верата дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. А тоа се случува во мигот кога ние суштински ќе се доближиме до празникот и ќе сфатиме дека очистувајќи се повторно ќе ја привлечеме благодатта Божја во нашиот живот. Колку и да сме извалкани, помрачени и со своите гревови оддалечени од Бога, сепак, во нас не згаснала надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото. Тогаш кога ќе одлучиме да живееме во совршена послушност кон Бога, исполнувајќи ја Неговата најголема заповед за љубов кон ближните, тогаш и небото на нашиот внатрешен живот постојано ќе биде отворено и ние слободно ќе разговараме со Бога, Чијашто светлина ќе го озарува целокупното наше битие.

На полноќ отворете прозорец и замислете желба: На Богојавление небото се отвара, а желбите стануваат реалност

Вечерва од полноќ до изгрејсонце, отворете прозорец и замислете желба. Нека биде јасна и гласна, недвосмислена, полна со искрени чувства и полна со верба. Се верува дека на Богојавление небото се отвара и желбите стануваат реалност.

Богојавление Водици е еден од 15-те најголеми христијански празници во годината.

Според христијанската традиција, Христос кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да го покрсти свети Јован.

Чувствувајќи дека пред него е месијата, свети Јован го дочека Исус со зборовите: „Ти мене треба да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене да те крстам“. Исус на тоа му одговори: „Остави го сега тоа, зошто треба да ја исполниме секоја правда“. По тие зборови синот Божји влезе во Јордан. Тогаш над него се отворило небото и светиот Дух слегол врз Исус во вид на гулаб. Истовремено се слушнал гласот Божји, кој рекол: Ова е синот мој љубен. Тој е според мојата волја“.

Така, пред крштавањето на Исус, Бог се јавил во три личности – Бог Татко кој говорел од небото, Бог Син кој се крстел во Јордан и Бог Светиот Дух кој се појавил во вид на гулаб, слегол од небото врз главата на Христа. Тој момент претставува објавување на Богочовекот и воведување на Исус во месијанска мисија. Настанот на објавувањето на Богочовекот, се наведува во светите книги и се нарекува Богојавление.

На битолчани им го вратија филџанот на кружниот кај Педагошки (Фото)

Филџанот на кружниот тек кај Педагошкиот факултет во Битола е повторно поставен

-Репариран и повторно е ставен Филџанот на кружниот тек кај Педагошки факултет на влезот во Битола од страната на Охрид – како симбол на “Ритуалот на битолчани” – ПИЕЊЕТО КАФЕ! – напишаа на ФБ од ЈКП Комуналец Битола.

Прилеп зовpива: Денеска рекорден број на новозapaзени од почетокот на пандемиjaта

Направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.

Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.

Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.

Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.

Во Прилеп во моментов активни случаи се 960.

Рycиja донесе закон за доживотен затвop за педофили

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.
Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 години, како што е сега.

– Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија.

(Фото) На вас останува да одлучите

До вчера не работеа, од денеска работат премногу.

На социјалните мрежи повторно се шири фотографија од семафорите во Прилеп, но овој пат никој не ги критикува дека не работат, напротив, работат повеќе од доволно.

И црвено и зелено во исто време, на вас останува да одлучите дали ќе стоите или ќе возите.

Возете внимателно!

26-годишен кавадарчанец собра еден куп кривични: Kpaдел ташни, мобилни и се задоволyвал на јавно место

СВР Велес поднece кpивична пpиjaва пpoтив Д.И.(26) од кавадаречко, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за cтopeно кpивично дело „paзбojништво“.

Имено, пpиjaвениот на 21.11.2021 во Кавадарци, со yпотpeба на cила и закана од С.А. од Демир Хисар одзел мобилен телефон, а на 28.11.2021 во Кавадарци, физички ја нападнал И.П. од Кавадарци, а со yпотpeба на физичка cила од М.Ф. од Кавадарци, одзел мобилен телефон и женска ташна.

Против него е поднесена уште една кривична пријава поради тоа што на 17.12.2021 во Кавадарци задоволувал полови страсти на јавно место, пред друго лице.

(Видео) Инвестиција на “Apple” во Македонија

На крајот од прес конференцијата помеѓу премиерите на Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков се случи еден интересен момент.

Од Бугарија, Ковачевски на подарок доби црвено здраво јаболко во знак на благодарност.

„Господине Ковачевски, дозволете ми да ви подарам здрава, бугарска црвена јаболка во знак на благодарност за тоа дека вие ќе го запазите нашето единство меѓу Бугарија и Македонија“, истакна соговорничката.

Подоцна, Ковачевски рече дека јаболкото ќе го јаде во автомобил додека патува кон следната премиерска активност.

Ова може да се забележи во 23.45 минута од поставеното видео.

Заев: Ќe коpистам само делумно обезбедување и ќе се вработам во една од приватните фирми

Од сите привилегии што законски ми следуваат како поранешен премиер, јас ќе го искористам само обезбедувањето, а ќе се откажам од апанажата, од службеното возило и од возачот, изјави поранешиот премиер Зоран Заев за порталот „А1Он“, откривајќи дека планот му е да се вработи во една од семејните фирми и да користи возила што се во сопственост на фирмата, а не на државата.

Според Законот за Влада, тој има право да користи привилегии вкупно четири и пол години, односно толку време колку што ја извршуваше премиерската функција.

Што се однесува до обезбедувањето, Заев вели дека ваквата привилегија ќе ја користи делумно, иако законот предвидува да му бидат доделени шестмина бодигарди од Министерството за внатрешни работи (МВР), кои самиот ќе си ги одбере и кои ќе го чуваат 24 часа.

– Апанажа нема да користам. Ќе се вработам во некоја од нашите семејни фирми, па возило ќе добијам од семејната фирма. Обезбедувањето ќе го користам делумно, како што предвидува законот – изјави Заев.